Црвената боја доминираше на свеченото доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. Актерите и авторите на сериите кои се собраа да ги прослават најдобрите за 2023 година се соочија со предизвикот да му помогнат на црвениот тепих да си го оправда своето име, без разлика каква боја е подот под нивните стапала, во случајов сив килим. Сериите „Следоред“ ...

Националниот џез оркестар го најави својот прв концерт под ова име, на 23 јануари во Националната опера и балет од 20 часот. Концертот е насловен „Џез нова“. „Со овој концерт свечено ќе го одбележиме почетокот, односно продолжувањето на нашата работа, но овојпат како Национален џез оркестар. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, така што ветуваме уште еден незаборавен концерт“, велат од Националниот ...

Том Круз повторно ќе се појави како Пит Маверик Мичел во третото продолжение на филмот „Топ ган“. Шеесет и едногодишниот глумец првпат го играше ликот во 1986 и се врати во 2022 за „Топ ган: Маверик“, кој беше хит во светските киносали и заработи над 1.49 милијарди долари. „Парамаунт“ нарачал од сценаристот на „Маверик“, Ерен Кругер, да започне со работа на третиот дел од франшизата. Дополнително, извори за „Холивуд рипортер“ изјавија дека ...

В четврток (18 јануари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи првиот концерт од вториот дел од концертната сезона насловена „80 години – Љубов!“ На концертот „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена Сонатата бр. 1 ...

Сериите „Следоред“ (Succession), „Мечка“ (The Bear) и „Кавга“ (Beef) се големите победници на 75. доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. „Следоред“ по третпат е прогласена за најдобра драмска серија и освои вкупно седум награди, меѓу кои и за актерите Киран Калкин (главна машка улога), Сара Снук (главна женска улога) и Метју Мекфејден (споредна машка ...

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, има решение како да се зголеми излезноста на младите гласачи на годинашните европски избори: на ЕУ само ѝ треба посебен повик од Тејлор Свифт. „Никој не може да ги мобилизира младите подобро од младите. Младите луѓе се тие кои можат да ги мобилизираат младите да учествуваат, повеќе од комесари. Многу се надевам дека некој од медиумскиот тим на Тејлор Свифт ќе ме слушне и ќе ѝ го пренесе ...

Биографскиот филм за Мајкл Џексон, едноставно насловен „Мајкл“, ќе има светска премиера на 18 април 2025. Во насловната улога ќе биде внукот на кралот на попот, Џафар Џексон, кој, како што тврдат продуцентите, бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет. Најавено е дека снимањето ќе почне на 22 јануари, а режисер е Антуан Фукуа. „‘Мајкл‘ ќе донесе возбудлив и искрен приказ на брилијантниот, но комплициран човек кој стана крал на попот. Ќе ...

Повеќе од 20 бендови, музичари и диџеи ќе настапат на 12. издание на фестивалот на свежа независна домашна музика Земјотрес, што ќе се одржи на 3 февруари во Младински културен центар во Скопје. Меѓу најавените учесници се триото на Ади Имери, Андреја Салпе, дуото Добрила и Дориан, „Искра“, „Културно уметнички работници“, Мирко Попов, „Новиот почеток“, „Трендкил“, „Линколн летер“…, со што ќе биде запазена разновидноста на музичките стилови, од ...

На 29 март во Националната опера и балет ќе се одржи шоуто „Глумците пеат“, кое минатата година се одржа во април во истата сала по 17 години пауза. „Ова издание ќе биде тематско, повеќе како претстава. Ги имаме избрано концептот и песните“, изјави Маја Бабиќ, организаторка на настани и продуцентка. Таа е ќерка на актерот Марин Бабиќ, кој ги создаде „Глумците“, а лани со нејзината сестра Ира го вратија шоуто на сцената во негова чест. Марин ...

Графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула е автор на илустрациите за новите промотивни маици и торби на СМАРТ СДК.МК. Кардула вели дека барал модерен дизајн кој ќе се вклопи во концептот на сајтот. „Сакав да направам модерен дизајн и истовремено да си играм со кирилицата. Така се склопија елементите, а се поврзани со вашиот сајт. Во моментот работам дизајн и илустрации за едно ново регионално списание, како и графичка визуелизација на едно ...

Традиционалниот Вевчански карневал годинава помина само со поскромно дефиле на маските, а се откажа забавниот дел од програмата. Градоначалникот Спасе Кочовски кажа дека концертот на кој требаше да настапат Наум Петрески и други фолк-пејачи, е откажан поради смртта на млад жител на Вевчани. Не се изигра ниту традиционалното карневалско оро, а во угосителските објекти нема музика. Станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски кој ...

Американското архитектонско студио „Оме Дезин“ реновира голема куќа во Брентвуд, Калифорнија. Студиото користеше смирувачки бои и го истакна погледот на ридот. Резиденцијата Бенмор со шест спални беше дизајнирана и изградена во 1960 година од познатите локални архитекти А Квинси Џонс и Фредерик Емон. Во куќата има кујна од дабово дрво, а за реновирањето беа избрани природни материјали и неутрални бои. Кога Џеси Рудолф и Џоел Кутнер од „Оме ...

Сумба во Индонезија, брегот на Црното Море во Турција и Албанија се меѓу дестинациите кои „Си-Ен-Ен“ ги избра како неоткриени места кои треба да се посетат во 2024. Сумба се препорачува поради тивките села, недопрените шуми и древните обичаи. Таа е спротивност од гужвата на Бали, кој е на само еден час лет. Можеби сè уште не е меѓународно познат, но тоа не значи дека е мал. Сумба е со големина од 10.000 квадратни километри, што е двојно повеќе ...

Хеланките во 1980-тите беа еден од најисмејуваните модели, и ниту еден моден стручњак не се надеваше дека продажбата на хеланки ќе биде индустрија од повеќе милијарди долари до крајот на 2020-тите. Со оглед на тоа што продажбата на хеланките е процента на 32,89 милијарди долари во 2022 година, глобалниот пазар на хеланки се очекува да достигне вредност од 57,97 милијарди долари до 2031 година, според анализата на компанија за истражување на ...

Српската поп-пејачка Јелена Томашевиќ сношти на концертот во Филхармонијата доби силен аплауз откако ја испеа „Судбо моја“, македонската народна песна која своевремено ја пееше Васка Илиева. Томашевиќ ја има оваа песна на репертоарот на концертите откако ја испеа како преработка на албумот на Гарабет Тавитјан и браќата Тавитјан, „Македонското срце чука во 7/8“. „Ова е мојата омилена македонска народна песна. Оние кои ми ја следат кариерата знаат ...

И христијани и муслимани вртат традиционален битолски мазник со паричка на христијанскиот верски празник Василица во Битола, ако се најдат во заедничко друштво или на исти работни места. Празникот кој по традиција се одбележува на 13-ти јануари вечерта и 14-ти во семејствата, ги зближува граѓаните од различна вероисповед. Обичајот да се врти мазникот и вербата дека на оној што ќе му се падне паричката цела година ќе го следи среќа, се повеќе се ...

Српската трибјут група „АББА РИНГ“ на 9 февруари ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата. Составот кој ги пее најголемите хитови на светски познатата шведска група „АББА“ во моментов е на турнеја и настапуваат во Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Русија и Србија. Бендот има осум членови, а на настапите се облекуваат во костуми кои потсетуваат на оние на „АББА“. Нивната кореографија е слична со некогашните настапи на шведската музичка ...

По соработката со домашни и странски диџеи и продуценти и по настапите низ целиот свет, продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ стана меѓународно позната. Ја основаа Зоран Илиев, познат како Били Естебан и неговите деца Моника и Никола (Nickarth) во 2017, а концептот го имале од 2009. Името Били Естебан е поради потеклото од виничкото село Истибања. „Сега работиме со над 4.000 диџеи и продуценти од целиот свет, меѓу кои Армен Миран, Меркан Деде, ...

Двајца архитекти од Лондон дошле до решение за враќање на убавнината на дел од Сараево, откако поминаа повеќе од 30 години кога главниот град на Босна и Херцеговина, некогаш модел за мултикултурна хармонија, стана воена зона каде што секојдневно се гинеше. Во 47-месечната опсада на Сараево за време на босанската војна во 1990-тите, повеќе од 11.000 жители беа убиени, а 50.000 ранети, главно од минофрлачки гранати и снајперисти. Шеесет и пет ...

По двомесечен престој во Кина, тенорот Никола Стојчески на крајот на 2023 се врати во Скопје, каде што периодов се подготвува за следното оперско гостување во Франција. Стојчески, кој е вработен во Националната опера и балет (НОБ) и има 20-годишна кариeра, вели дека оперските почетоци му се од најрана возраст, вежбајќи ја познатата наполитанска песна „О соле мио“ заедно со неговата баба Бруна, која била љубителка на оперското пеење. Во 2000 се ...

Трета година по ред, на традиционалниот Василичарски концерт во Операта, се пееја познати оперски арии. Концертот почна со полонеза од операта „Евгениј Онегин“ од Чајковски, на која настапи балетот при Националната опера и балет. Вокалниот дел го отвори Наде Талевска со арија од операта „Грофица Марица“ од Калман. Настапот на секој од солистите, публиката го испрати со аплауз, најмногу поради добриот избор на ариите. Секоја беше вокално точно ...

Огромен древен град е откриен во Амазонија, каде што илјадници години бил скриен од бујната вегетација. Научниците велат дека ова откритие го менува она што сме го знаеле за историјата на луѓето кои живееле во Амазонија. Куќите и плоштадите во областа Упано во источен Еквадор биле поврзани со неверојатна мрежа на патишта и канали. Областа се наоѓа во подножјето на вулкан, што создал богати почви, но исто така можеби довел до уништувањето на ...

Сер Елтон Џон е музичка легенда, но неговиот театарски сценски стил го направи и модна икона. Многу од неговите најпознати креации се дизајнирани од Версаче, а сега одлучи да ја продаде неговата гардероба на аукција. Колекцијата со наслов „Версаче на Елтон“ се отвора на 9 февруари и ќе трае до 27 февруари, а освен облека, ќе има и сувенири од неговиот дом. Аукцијата ќе понуди 73 парчиња облека, вклучувајќи свилени кошули со графички принтови од ...

„Бизнисот на задоволството“, дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, ќе учествува на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал на Карипското Море (FICMARC), кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари на островот Маргарита во Венецуела. Ова ќе биде третпат филмот да игра во Латинска Америка и претходно доби награда за најдобар филм на фестивали во Перу и Панама. Политичкиот трилер на Цветановски досега беше селектиран на повеќе од 20 ...

Македонската кујна се најде на 61. место на листата на 100-те најдобри кујни на светот, што ја состави светскиот атлас на храната „Taste Atlas“. Притоа се истакнати 42 популарни и традиционални јадења, производи и пијалаци во Македонија, од кои најдобро оценети се ајвар, пастрмалија, тавче гравче, зелник и таратор. На првото место се најде италијанската кујна, пред јапонската, грчката, португалската и кинеската. Хрватска е на 19-то, а Србија на ...

Филмските куќи „СтудиоКанал“ и „Монјументал“ го објавија првиот трејлер за биографскиот филм за Ејми Вајнхаус, „Back To Black“, во режија на Сем Тејлор-Џонсон. Филмот ќе го следи Вајнхаус низ нејзините динамични рани години во Лондон и интензивното патување до славата. Покојната пејачка ја глуми 27-годишната англиска актерка Мариса Абела, која зад себе нема голема колекција улоги, но се појави во „Барби“. Џек О‘Конел го игра бившиот сопруг на ...

Британски научници открија гигантска прстенеста структура во вселената, за која велат дека е толку голема што го предизвикува нашето разбирање на универзумот. Таа има дијаметар од 1,3 милијарди светлосни години и ако се набљудува од Земјата, изгледа 15 пати поголемо од Месечината на ноќното небо. Астрономите ја нарекоа Голем Прстен и е составена од галаксии и кластери на галаксии. Таа не може да се види со голо око зашто е доста далеку, а ...

Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов ќе биде промовиран на 12 јануари во 19 часот во бифето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Романот е објавен во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов. Издавачот вели дека „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно семејство од Дримкол, инспирирана од вистинска приказна и претставува ...

Повеќе од 1.400 фински уметници им се придружија на исландските музичари во барањето на Израел да му биде забрането да учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија поради наводни воени злосторства во Газа. Ако Израел не биде исклучен од натпреварувањето кое ќе се одржи во шведскиот град Малме во мај, финската радиодифузна компанија треба да го бојкотира и да одбие да испрати учесник, велат тие. „Не е во согласност со нашите вредности ...

Во 2020 Луксембург стана прва држава во Европа со бесплатен јавен превоз во обид да ги намали сообраќајниот метеж и аерозагадувањето, но оваа мерка не ги даде очекуваните резултати. Четири години подоцна, официјалните податоци на министерството за транспорт покажуваат дека бројот на патниците во возовите не пораснал, туку паднал под нивото од пред пандемијата, објавија локалните медиуми. Со исклучок на возовите од прва класа, јавниот превоз во ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
66%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
73%
1025
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
74%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 8ᴼ
0.0
71%
1027
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.14
70%
1027
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
71%
1025
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
71%
1024
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
55%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1025
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
92%
1026
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1026
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Калај

43.15

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Паладиум

53788.20

Бакар

10.93

Рутениум

29192.88

Платина

62683.26

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92