Градови во Австрија, Естонија и Норвешка ќе бидат европски престолнини на културата во 2024, каде што се подготвуваат културни спектакли. Бад Ишл предводи 22 гратчиња од австрискиот регион Салцкамергут кои заеднички ќе ја слават оваа титула во текот на годината. Кураторката на тамошната програма Елизабет Швегер објаснува дека сакаат да ги истакнат позитивните и негативните страни на целиот регион, а не од тоа да прават некаков фестивал или ...

Познат како хормон на среќата, допаминот ги подобрува чувствата на благосостојба и задоволство. Вежбањето и други физички активности можат да предизвикаат зголемување на допаминот, но и со одредена храна може да се постигне истиот ефект. Храната богата со протеини како риба и јајца е одлична за подобро расположение. Нутриционистите советуваат во исхраната да се додадат намирници богати со протеини. Така рибата е богата со омега-3 масни киселини ...

Кинеската компанија „BYD“ продала повеќе електрични автомобили од „Тесла“ во последните три месеци од минатата година, додека двете фирми се борат за првото место во овој сектор. „BYD“ објави дека продала рекордни 526.000 целосно електрични возила во последното тримесечје од 2023, со што за првпат успеала да ја надмине компанијата на Илон Маск. Сепак, „Тесла“ продала повеќе автомобили во текот на целата 2023, вклучувајќи 484.500 во последните ...

Кога жените доживуваат оргазам, мускулите на пелвисот, околу вагината и на анусот се стиснуваат на ритмички начин, со постојана тензија и релаксација. Некои жени доживуваат чувство кое го обзема целото нивно тело. Жените можат да имаат повеќе оргазми, речиси еден по друг. Ова се случува бидејќи по 10 до 15 минути после оргазмот, клиторисот се враќа на својата првична големина и е спремен за следната стимулација. За многумина од жените сексот не ...

Ако се одредите да ја преминете границата од бакнување и милување кон секс, нека биде секогаш безбеден секс. Во суштина се работи за двa клучни случаи кои се избегнуваат при безбедниот секс – преносот на сексуално преносливи болести и бременоста. Постојат милион начини на контакт при што можат да настанат овие ризици. Добро е да се знае каде треба да бидеме повнимателни. Преносот на сексуалните болести, вклучувајќи го вирусот ХИВ може да се ...

Кожичката под главата на пенисот Френулумот или кожичката која се наоѓа под главата и почетокот на телото на пенисот е една од најчувствителните делови на машкиот орган. Доколку често се лиже при орален секс, може да испушти цунами од задоволство, бидејќи тоа е местото каде нервните завршетоци се вкрстуваат повеќе отколку во било кој дел од телото. Тестирање со јазик на тестисите Линијата која ги дели двата тестиси, позабележителна по подолниот ...

Некои девојки се возбудуваат повеќе за време на нивниот менструален циклус и обично тогаш имаат поголема желба за секс. Истражувањата покажуваат дека гледано од биолошки аспект, тоа е логично да се случи, бидејќи циклусот е периодот веднаш после овулацијата, односно кога жената е плодна. Од зголеменото ниво на женскиот хормон прогестерон, во нејзините гениталии се собира повеќе крв, што обично помага за полесно возбудување. Исто така ...

На многу луѓе им се допаѓа аналниот секс. Други пак се срамат да кажат дека им се допаѓа или мислат дека е нешто нехигиенско. Токму за овие работи, аналниот секс честопати е третиран како табу тема. Анусот е блиску до сексуалните органи, затоа околу него постојат многу нервни завршетоци, што е и причината зошто при оргазмот анусот се стеснува и зошто аналниот секс предизвикува чувство на задоволство. Доколку ве вознемирува хигиената, тогаш ...

Илон Маск размислува да го блокира користењето на Икс во Европа како одговор на новите интернет регулативи во регионот, објави сајтот „Инсајдер“. Тој ги разгледувал опциите да ја направи апликацијата недостапна во Европа или да им го блокира пристапот на корисниците од Европска Унија, изјави еден извор од компанијата. Европската Унија во август го усвои законот за дигиталните услуги, кој, меѓу другото, поставува правила за спречување на ширењето ...

Трејлерот за долгоочекуваната шеста видеоигра „ГТА“ требаше да биде објавен денеска попладне, но протече синоќа, па компанијата „Рокстар“ немаше избор и го пушти 15 часа порано. Фановите, сепак, ќе мора да почекаат уште некое време за да ја играат, зашто „ГТА 6“ излегува дури во 2025 година. Малку се знае за приказната, но краткиот трејлер потврдува дека дејството повторно ќе биде сместено во Вајс Сити, а главниот протагонист за првпат ќе биде ...

Кантавторот Зоран Рудан-Цеки сними нова песна со наслов „Цепај сине“. Песната е отпеана со скопски сленг, а текстот е инспириран од истоимената книга на Зоран Спасов-Ѕоф. Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Рудан, а спотот го изработи Зоран Спасов-Sоф со помош на вештачка интелигенција. Придружните вокали ги пеат Калина Велковска и Јулијана Деспотоска. Минатата година, музичарот ја промовираше песната „Џабе живиш у ...

„Вечера за девојки“ е само еден од многуте трендови на ТикТок кои станаа вирални оваа година. Заедно со објавите за годишници, и мини-филмовите во стилот на Вес Андерсон, вечерата за девојки беше еден од најкористените и најдебатираните хаштази на апликацијата во 2023. Овие видеа покажуваат претежно млади жени како ја снимаат својата вечера, која е составена од одбрана храна. „Тоа е едноставно, забавно е, се чувствувате популарни и сити“, изјави ...

Досега Вотсап ги поврзуваше корисниците со помош на нивниот телефонски број или кјуар код што тие можеа да го скенираат за да се поврзат и да испраќаат пораки едни на други. Сега апликацијата работи на уште една опција која би ја зголемила безбедноста на корисниците, но и би го олеснила нивното пронаоѓање и поврзување. Се работи на развој на кориснички имиња кои корисниците би ги користеле наместо телефонски броеви. Поточно, според моментално ...

Научниците осмислија диета за која велат дека може да спаси животи и нахрани десет милијарди луѓе, без да предизвикува катастрофални штети на планетата. Ја нарекоа „планетарна здрава диета“ и иако најголем дел протеини би добивале од јаткасти плодови и мешунки, таа не исклучува месни и млечни производи во целост. Таа треба да ги сврти луѓето кон храната што повеќемина ретко ја јадат, црвеното месо да се ограничи на еднаш неделно, а голем стек на ...

Иако неодамнешното истражување на медицинското списание „Лансет“ покажа дека ниту едно количество алкохол не е добро, ретки се тие кои целосно би се откажале од пиење поради тоа. Стручњаците велат дека една пијачка на ден не остава последици по здравјето. Но, сите оние кои некогаш биле на диета знаат дека притоа треба да се избегнува и алкохол, за да не се внесуваат непотребни калории во организмот. Она што алкохолните пијалоци ги прави ...

Закари Ливи е уште еден актер кој морал да помине низ значајна физичка трансформација за да стане суперхерој. Но, 38-годишната ѕвезда на „Шазам!“, новиот хит на „Ди-Си комикс“, вели дека тоа не му било проблем, бидејќи отсекогаш сакал да биде суперхерој. Неговиот лик е бесмртник кој, меѓу другото, може да крене автобус. „Откога ја добив работата, поминував пет-шест дена неделно во вежбалница. Но, за да набиеш физичка маса, мора и да внесуваш ...

Вчерашното финале на Вимблдон траеше пет часа и ново-стариот шампион Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа неприкосновена физичка издржливост, за која вели дека се должи на растителната исхрана, на која е посветен со години. Српскиот тенисер не сака да се декларира како веган, но е многу доследен по прашањето на здрава исхрана. „Веќе со години јадам на растителна основа. Мислам дека тоа е една од причините што брзо заздравувам и веќе ги немам ...

Британската пејачка Адел ја покажа својата нова импресивна фигура на забавата што по доделувањето Оскари ја организираа Бијонсе и Џеј-Зи. Триесет и едногодишната Адел, која освои Оскар во 2013, изгледаше непрепознатливо откако во изминатите 12 месеци успеала да ослабне за дури 45 килограми и британските медиуми пишуваат дека тоа се должи на таканаречената сиртфуд диета. Адел ја почнала својата трансформација по разделбата од сопругот Сајмон ...

Потребно е навистина многу за да се нахрани Хафдур Јулиус Бјернсон, попознат како Планината од „Игра на тронови“. Не само што има 202 килограми, туку и неговите шест дневни оброци содржат вкупно 10.000 калории. Со таков режим, не чуди што Бјернсон трета година по ред ја освојува титула Најсилен човек на светот и неодамна го собори светскиот рекорд во кревање товар. Преку својот канал на Јутјуб, 25-годишниот Исланѓанец откри како изгледа неговиот ...

Килијан Марфи се префрлил на ригорозна диета заради насловната улога во филмот „Опенхајмер“, при што јадел само еден бадем на ден. Овој детаљ го откри неговата колешка од филмот Емили Блант. „Знаеше да јаде само еден бадем на ден. Толку беше слаб“, изјави Блант за списанието „Екстра“. Марфи за „Њујорк тајмс“ кажа дека морал доста да ослабне зашто „таткото на атомската бомба“ живеел на мартини и цигари и изгледал изнемоштено. „Сакам да се играм ...

Италијанската нутриционистка Марика Манчино, која пораснала на медитеранска исхрана, за „Инсајдер“ кажа кои се нејзините четири омилени појадоци. Манчино рече дека секој оброк треба да содржи протеини, јаглехидрати, масти и влакна. Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана на Манчино има повеќе здравствени придобивки, меѓу кои и спречување срцев и мозочен удар. Се базира на зеленчук, здрави масти како маслиново масло, немасни протеини, ...

За намалување на вишокот килограми, меѓу другото, важно е да се внимава и на пијалаците што ги консумираме. Американскиот сајт „Ит дис“ состави листа од најдобрите пијалаци за оваа намена. Црното кафе без додаден шеќер и млеко може да биде корисен напиток за слабеење. Кофеинот во кафето може да го забрза метаболизмот и да го стимулира согорувањето на мастите. Покрај тоа, кафето е богато со антиоксиданси, кои го олеснуваат процесот на слабеење. ...

Руската компанија „Очаково“ лансираше нова палета газирани пијалаци, кои треба да ги заменат легендарните западни брендови без кои рускиот пазар остана како резултат на инвазијата на Украина. Место „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, Русите ќе можат да пијат „кул кола“, „фенси“ и „стрит“. „‘Кул кола‘ го има легендарниот вкус на кола“, напиша компанијата на својот сајт, додека другите два пијалака се очигледна асоцијација на „фанта“ и „спрајт“. Иако ...

„Тоблероне“ ќе ја отстрани силуетата на планинскиот врв Матерхорн од своето пакување зашто производството на ова чоколадо делумно ќе се пресели од Швајцарија во Словачка. Американската компанија „Монделез“ кажа дека препознатливата слика ќе биде заменета со некој погенерички врв. Според строгите швајцарски правила усвоени во 2017, националните симболи не смеат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се ексклузивно ...

Додека археолошките локалитети на Перу привлекуваат милиони туристи годишно, тамошната кујна остана една од најдобро чуваните тајни на Јужна Америка. Таа доби голем поттик откако „Сентрал“ во Лима беше прогласен за најдобар ресторан на светот за 2023. Ова е првпат јужноамерикански ресторан да ја освојува титула, а Лима има уште три ресторани во најдобрите 50, што претставува голем триумф за перуанската кујна, која се претвори во глобален бренд ...

„Бруклин кет кафе“, кафуле во Њујорк кое во исто време е и прибежиште за мачки, сега на своите гости им нуди нова можност, да вежбаат јога со мачки. Оригинално отворено во мај 2016 година, кафулето неодамна се пресели на многу поголема локација и отсега организира и часови по јога, во коишто учествуваат и неговите домаќини – мачки. Кафулето го води непрофитна организација за заштита на животни, чија мисија е да спасува њујоршки улични мачки, ...

Тајландската масажа е најновото име на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, со што беше призната како нешто што треба да се зачува за идните генерации. Позната под името Нуад Таи, таа оригинално потекнува од Индија, но со векови се практикува во Тајланд, додека на светско ниво се популаризираше со отворањето на специјално училиште во 1962 година. Оттаму излегле повеќе од 200.000 професионални масери кои работат во 145 држави. Нуад ...

Словенија е позната како земја на здрави води, со над 13 сертифицирани природни бањски одморалишта и многу други бањи со различна големина. Термопанонскиот регион на истокот на Словенија е познат по ваквите водни чуда, кои имаат лековити ефекти благодарение на калта богата со минерали. Релаксацијата започнува брзо, бидејќи топлата кал брзо почнува да дејствува, а додека топлината навлегува во мускулите, стресот се намалува. По третманот, ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ја промовира јогата како начин на создавање „имунолошки штит“ од коронавирусот, додека земјата се соочува со неговото нагло ширење и моментално е четврта на светот според бројот на заразени. Моди, кој редовно практикува јога, испрати порака преку Јутјуб во пресрет на Светскиот ден на јогата, што Обединетите нации пред шест години го прогласија на негова иницијатива. „Сите знаеме дека никаде на светот досега не е ...

Во услови кога на теретаните и фитнес центрите сѐ уште не им е дозволено да продолжат да работат, јога вежбите во Торонто почнаа да се одржуваат на отворено. Ова е овозможено со поставувањето на 50 приватни, чисти куполи кои гарантираат безбедна физичка дистанца меѓу оние кои вежбаат. „Сега повеќе од кога било е важно да работиме заедно за да им обезбедиме на луѓето сигурни и креативни начини да останат здрави и активни додека истовремено се ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
76%
1025
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1025
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1024
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.84
74%
1027
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
77%
1025
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
75%
1024
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
58%
1024
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
74%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
92%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1025
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.58202

Злато

139298.91

Алуминиум

2.92

Паладиум

53788.20

Кобалт

58.42

Цинк

3.04

Сребро

2105.58

Калај

43.15

Рутениум

29192.88

Платина

62683.26

Бакар

10.93

Иридиум

145787.60

Родиум

258813.51