Операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија, ќе се изведе утре (23 мај) од 20 часот на Мајските оперски вечери (МОВ) во Националната опера и балет. Ќе диригира Паоло Бресан од Италија. „’Тоска’ е музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој оперски трилер“, ...

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, ...