Секогаш кога сме во авион и се подготвуваме да полетаме ги слушаме овие познати упатства: седиштето и масата во исправена положба, рачната торба под седиштето и мобилниот телефон на авионски режим. Но, ретко кој се запрашал зошто мораме да ги префрлиме телефоните на авионски режим и што навистина значи тоа. Авионскиот режим беше воведен поради загриженоста дека мобилните телефони би можеле да предизвикаат пречки кај авионските инструменти за ...

Младите рапери Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб ја промовираа новата заедничка песна „Место“ во „Лабораториум“ во Скопје. „Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на „Македонски Телеком“ и се надоврзува на нејзината главна идеја, но низ една нова, свежа и креативна перспектива. Во текстот се користат сегменти од делата на Горан Стефановски како инспирација да се создаде нов наратив. „Нашата генерација живее со истите проблеми како ...

Африканските слонови можат да се обраќаат едни на други користејќи индивидуализирани повици налик на човечки имиња, покажа ново истражување. Познато е дека делфините се повикуваат меѓусебе имитирајќи го свиркањето на другиот делфин, а и папагалите се обраќаат едни на други на сличен начин, но слоновите одат чекор подалеку во меѓусебното идентификување. Тие учат, препознаваат и користат индивидуализирани повици како имиња за да им се обратат ...

Француската актерка Марион Котијар ќе глуми во четвртата сезона на ТВ-серијата „Утринска програма“ (The Morning Show). Котијар им се приклучува на Рис Витерспун и Џенифер Анистон, кои ги играат главните улоги. Оскаровката ќе го глуми ликот на Селин Думон, која доаѓа од познато европско семејство. Витерспун и Анистон се и продуцентки на серијата, која е во продукција на „Епл ТВ“. Првата епизода излезе во 2019. „Вараети“ објави дека во ...

Втората групна изложба на која ќе се обединат професори и студенти од уметничките факултети и школи во Македонија ќе се отвори в петок (14 јуни) во 19 часот во Младински културен центар во Скопје. На изложбата насловена „Професори и студенти“ ќе бидат претставени дела на професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН во Скопје, ...

Афроџек, „Вини вичи“ и Мејсио Плекс ќе бидат главни ѕвезди на годинашното издание на фестивалот на електронсата музика Охрид колинг, што ќе се одржува од 31 јули до 3 август во охридската касарна, објави „Авалон“. Вкупно се најавени 19 имиња, а меѓу оние кои првпат ќе настапат во Македонија е и маскираниот германски диџеј и продуцент Клептоне. Најголемото име во поставата е холандскиот хитмејкер Афроџек (фото), кој првпат доаѓа во Македонија, ...

Популарниот српски фолк панк бенд „Бркови“ ќе прослави 20 години работа со голем концерт на отворено во Скопје. Концертот во организација на „Пасворд“ ќе се одржи на 31 август на стадионот на АРМ во Градски парк. Познати по енергични настапи во живо, „Бркови“ го опишуваат својот музички израз како „панк фолк велнес“, кој претставува мешавина на народна музика со други жанрови, како панк, рок и реге. За период од две децении имаат објавено ...

Четириесет и петтото издание на Скопско лето се отвора на 21 јуни со концерт на хрватскиот уметник, пијанист и композитор Звјездан Ружиќ во Куршумли ан. Ружиќ доаѓа во Скопје со својот проект „Пијанотрон“, комбинација од пијано, мелотрон и педали. „Звјездан е човек-оркестар. Иако е академски џез пијанист, тој го опишува ‘Пијанотрон’ како филмска музика, украсена со влијанија од џезот, класичната, поп, рок и етно музика“, велат од скопската ...

Несмасен, темпераментен и често баксуз, Пајо Паторот дебитираше во цртан филм на 9 јуни 1934 и неговата „кариера“ трае до денес. Креаторот Волт Дизни своевремено го нарекол „проблематично дете“ меѓу неговите главни анимирани ликови. Пајо Паторот, чие оригинално име е Donald Fauntleroy Duck, првпат се појави во филмската уметност во краткиот анимиран филм „Мудра мала кокошка“ (The Smart Little Hen) од 1934. Во него е прикажан како лик кој не ...

Речиси една деценија по распаѓањето на глобалниот музички феномен „Уан дајрекшн“, Сајмон Кауел тргнува во потрага по нов бој бенд. „Сајмон ве треба! Се бараат идни мегаѕвезди за нов бој бенд“, вели Кауел во кампањата лансирана во Лондон. Аудициите ќе почнат во Њукасл на 4 јули, а следниот месец ќе се одржат и во Ливерпул, Даблин и Лондон. „Секоја генерација заслужува бој бенд со мегаѕвезди и мислам дека во последните 14 години немало бенд со ...

Легендарни се подбивањата на скопјани дека Битола нема аеродром, но затоа Битола го има единствениот метал фестивал во Македонија. „Метал дисчарџ“ (Metal Discharge) стигна до мал јубилеј и ова петто издание беше најобемно и најамбициозно досега: првпат со две вечери, најмногу бендови (14), најмногу странски бендови (четири), камп, промоција на албум („Трендкил“), беспрекорна организација на необична, но практична локација (асфалтирано ...

Платите се секогаш популарна туристичка атракција, а „Дејли паспорт“ издвои седум највпечатливи палати, од Шпанија до Сеул и Индија до Истанбул, кои туристите најмногу ги посетуваат. Версајската палата беше познатата резиденција на француските владетели, Луј XVI и Марија Антоанета. Версај го започнал животот во 1623 година како скромна ловечка куќа. Сепак, „скромно“ не е збор што би се применил за Версај што можете да го посетите сега. Во ...

Бројката од над 900 учесници на втората детска трка „Мини трчај бе“ што денес се одржа во Битола, ги надмина и најоптимистичките очекувања на организаторите. Стотици деца на возраст од 4 до 12 години трчаа на Градското шеталиште на една од најмасовните детски трки во Регионот и пошироко. Ако лани, на првата трка имаше 380 деца, сега тој број беше скоро три пати поголем. Децата трчаа распоредени во девет категории на патеки со должина од 150 ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт на Хераклеја во Битола, на 5 јули. Гостин ќе биде Дарко Гелев – Брејк. Минатата година, бендот одржа пет акустични концерти во Филхармонијата со Брејк како гостин. „Кога бев многу млад, поминував покрај Дом на градежници, тогаш уште ги имаше оние стари вентилатори. Слушнав бенд како свири, ѕирнав зад вентилаторот од надвор, и внимание ми привлече пејачот, не ми беше познат. Години подоцна, патиштата ни се ...

Независен експерт ќе ги истражува настаните околу овогодинешната Евровизија во Малме, по низа контроверзии, како што се дисквалификацијата на холандскиот натпреварувач и пропалестинските протести. Меѓународниот музички натпревар го дисквалификуваше холандскиот натпреварувач Јост Клајн поради „инцидент“ во кој тој наводно вербално се заканувал на вработен во продукцијата, а израелскиот натпреварувач Еден Голан настапи за време на влошената ...

Жените кои се подолг период на медитеранска исхрана живееле многу подолго од оние кои не ја применувале, покажа новото истражување кое следело повеќе од 25.000 жени во текот на 25 години. „Нашата студија покажува дека следењето на медитеранската шема на исхрана може да резултира со околу една четвртина намалување на ризикот од смрт. Исто така, таа е природен борец против ракот и за кардиоваскуларните болести смртност“, вели кардилогот д-р ...

Четиринаесетотто издание на Филозофскиот филмски фестивал во Скопје ќе се одржува од 7 до 14 јуни, а пет долгометражни и 16 кратки филмови се во официјалните селекции за наградата „Златен був“. Мотото на фестивалот е „Неред меѓу редови“, а го организира Филозофското друштво на Македонија, во соработка со Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фестивалот се отвора на 7 јуни во 21 часот во летното кино на Кинотеката со ...

Второто издание на проектот „УГД – Чекор кон светот“ од 6 до 9 јуни продолжува во Братислава, каде што студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип ќе настапат во рамки на Интернационалниот фестивалот на танцови универзитети под наслов „Шер“ (Share). Како што велат од УГД, проектот се одвива под менторство на професорката Рисима Рисимкин, деканка на Филмската академија и доцент Адријана Данчевска, во ...

На 11 јуни од 20 часот во Македонскиот народен театар, „Танец“ ќе го одржи концертот „Седенка се збира“. Концертот е посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, еден од легендарните македонски музичари од сферата на народната музика. Во „Танец“ се вработил во 1954 и тука останал до крајот на својот работен век во 1978, кога се пензионирал. 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и ...

Бендови од Полска, Македонија и Србија ќе настапат на четвртата и последна вечер на 23. издание на Офф-фест. Целата програма ќе се одвива во Младински културен центар. Од 20 часот настапува полскиот гудачки квинтет „Волоси“, чиј звук е под силно влијание на етно, рок, џез, амбиент и филмска музика. Македонскиот неофолк бенд „Калата“ (фото) ќе ја преземе сцената во 21:15 часот. Основана во 2018, групата ја сочинуваат Минела Богдановиќ (вокал), ...

Третата вечер на 23. Офф-фест невообичаено ќе донесе само еден концерт. Таа ќе му биде посветена на шпанскиот гитарист Висенте Амиго, кој ќе настапи во Националната опера и балет од 20 часот. Роден во 1967 година, Амиго почнал да свири гитара уште во детството, првиот албум го објавил во 1991 и денес е еден од најплодните и најиновативни современи музички творци. Тој ужива висок рејтинг во светот на фламенкото и многумина во него гледаат ...

Со познатите стихови од евергринот „И кога те нема најприсутен си тогаш“ на концертот што синоќа се одржа во Битола, беше опишана бесмртноста на музичките хитови што зад себе ги остави легендарниот македонски композитор, инструменталист и диригент Кире Костов (1949-2023). Во преполната сала на Центарот за култура, во неговата родна Битола, млади интерпретатори во придружба на маестралниот Камерен оркестар повторно ги оживеаја безвременските ...

ЦБД маслата ги има веќе некое време, но никогаш не станаа популарни во однос на трендовите на „жешките треви“. Веројатно затоа што маслените екстракти од канабис не звучат баш секси – дури и кога се наменети да го направат вашиот сексуален живот пожежок. Но, некои луѓе тврдат дека ТХЦ и ЦБД вагиналните масла се многу поеротски отколку што звучат. Идејата е дека овие масла (кои можат да се вметнат во вагината) можат да го подобрат сексуалното ...

Јапонската актерка Шоко Ито вечерва (7 јуни) од 19 часот ќе ја изведе нејзината претстава „Баба самурај” во Големиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Ито е театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со богата меѓународна кариера, која во текот на 35 години настапила во 80 земји. Дипломирала јапонско сликарство, а во 1986 го основала театарот Ито-Гуми, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: ...

Независниот издавач „Шарла рекордс“ вечерва (7 јуни) во скопското кафуле „Ла Кања“ (20 часот) ќе го промовира своето 100. издание – истоимениот албум на бендот „Карла Левински“. Се работи за најновиот музички проект на ветеранот Сеад Хаџиќ-Сецко. Албумот е снимен во домашното студио на Хаџиќ, а миксот и продукцијата се на Горан Трајкоски. Како соработници на овој материјал се јавуваат Огнен Мангаровски (гитара и сајзери), Андреј Коларовски ...

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ вечерва (7 јуни) ќе настапи на фестивалот Софиски музички недели во Софија,.„Профундис“ првпат настапува на овој фестивал на класична музика кој постои 55 години. „Многу сме возбудени и со задоволство ја прифативме поканата да настапиме на фестивалот. Вечерашниот концерт е посебен за нас, не само поради репертоарот, туку и поради можноста да споделиме музика со нашите пријатели и колеги од Бугарија”, ...

Вечерва (7 јуни) во 20 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе се отвори изложбата „Линијата што избледнува: Приказни на работ на легалноста“ на Албан Муја од Косово. Куратор на поставката е Владимир Јанчевски. Муја создава видеоинсталации, филмови, цртежи, слики, фотографии и јавни уметнички дела под влијание на тековните процеси на општествената, политичката и економската трансформација во неговото родно Косово и на ...

Популарниот српски актер Никола Ѓуричко се враќа во Македонија, овојпат не со претстава, туку како музичар. Ѕвездата на филмовите „До коска”, „Молњи”, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” и „Зона Замфирова” и на хит-серијата на „Нетфликс“, „Чудни нешта”, ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје на 3 јули со неговиот бенд „Џони Миднајт трио“. Основан во Лос Анџелес во 2021, бендот го сочинуваат Никола Ѓуричко – гитара и вокал, Александар Пантиќ – ...

Денеска (7 јуни) од 20 часот, во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концертот „Летај галебе“ во чест на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина на 27 јули 2023. Ќе свири Камерниот оркестар на Битола, а хитовите на Костов ќе ги пеат Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска и Андреа Томовска. Раде Врчаковски-Врчак, чиј татко д-р ...

Втората вечер на 23. издание на Офф-фест се отвора со холандскиот бенд „Бои аки“, чиј настап е закажан од 20 часот во Националната опера и балет. Овој состав повеќе од 25 години го предводат пејачката Моника Акихари и гитаристот и композитор Нилс Броувер и во нивната музика можат да се почувствуваат примеси на музичките традиции од сите страни на светот, како индиската, меланезиската, африканската и европската, но и импровизации. „Овој звук ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
8.75
45%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
66%
1021
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
89%
1024
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1018
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
6.44
72%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
95%
1023
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
53%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
63%
1017
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
37%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.14
69%
1020
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
36%
1025
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
70%
1019
Currency

61.635

Currency

52.7767

Currency

71.1449

Currency

37.5335

Currency

38.5584

Currency

66.6514

Currency

7.69643

Currency

0.69862

Currency

0.3297

Currency

0.52534

Currency

1.16849

Currency

0.55626

Платина

62147.39

Бакар

11.92

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2365.28

Паладиум

46200.62

Цинк

0.00

Калај

49.49

Злато

147447.44

Алуминиум

3.54

Родиум

321507.47

Рутениум

52984.43