Трејлерот за долгоочекуваната шеста видеоигра „ГТА“ требаше да биде објавен денеска попладне, но протече синоќа, па компанијата „Рокстар“ немаше избор и го пушти 15 часа порано. Фановите, сепак, ќе мора да почекаат уште некое време за да ја играат, зашто „ГТА 6“ излегува дури во 2025 година. Малку се знае за приказната, но краткиот трејлер потврдува дека дејството повторно ќе биде сместено во Вајс Сити, а главниот протагонист за првпат ќе биде ...

Кантавторот Зоран Рудан-Цеки сними нова песна со наслов „Цепај сине“. Песната е отпеана со скопски сленг, а текстот е инспириран од истоимената книга на Зоран Спасов-Ѕоф. Вокалот, инструментите, музиката, текстот и аранжманот се на Рудан, а спотот го изработи Зоран Спасов-Sоф со помош на вештачка интелигенција. Придружните вокали ги пеат Калина Велковска и Јулијана Деспотоска. Минатата година, музичарот ја промовираше песната „Џабе живиш у ...

„Вечера за девојки“ е само еден од многуте трендови на ТикТок кои станаа вирални оваа година. Заедно со објавите за годишници, и мини-филмовите во стилот на Вес Андерсон, вечерата за девојки беше еден од најкористените и најдебатираните хаштази на апликацијата во 2023. Овие видеа покажуваат претежно млади жени како ја снимаат својата вечера, која е составена од одбрана храна. „Тоа е едноставно, забавно е, се чувствувате популарни и сити“, изјави ...

Досега Вотсап ги поврзуваше корисниците со помош на нивниот телефонски број или кјуар код што тие можеа да го скенираат за да се поврзат и да испраќаат пораки едни на други. Сега апликацијата работи на уште една опција која би ја зголемила безбедноста на корисниците, но и би го олеснила нивното пронаоѓање и поврзување. Се работи на развој на кориснички имиња кои корисниците би ги користеле наместо телефонски броеви. Поточно, според моментално ...

Научниците осмислија диета за која велат дека може да спаси животи и нахрани десет милијарди луѓе, без да предизвикува катастрофални штети на планетата. Ја нарекоа „планетарна здрава диета“ и иако најголем дел протеини би добивале од јаткасти плодови и мешунки, таа не исклучува месни и млечни производи во целост. Таа треба да ги сврти луѓето кон храната што повеќемина ретко ја јадат, црвеното месо да се ограничи на еднаш неделно, а голем стек на ...

Иако неодамнешното истражување на медицинското списание „Лансет“ покажа дека ниту едно количество алкохол не е добро, ретки се тие кои целосно би се откажале од пиење поради тоа. Стручњаците велат дека една пијачка на ден не остава последици по здравјето. Но, сите оние кои некогаш биле на диета знаат дека притоа треба да се избегнува и алкохол, за да не се внесуваат непотребни калории во организмот. Она што алкохолните пијалоци ги прави ...

Закари Ливи е уште еден актер кој морал да помине низ значајна физичка трансформација за да стане суперхерој. Но, 38-годишната ѕвезда на „Шазам!“, новиот хит на „Ди-Си комикс“, вели дека тоа не му било проблем, бидејќи отсекогаш сакал да биде суперхерој. Неговиот лик е бесмртник кој, меѓу другото, може да крене автобус. „Откога ја добив работата, поминував пет-шест дена неделно во вежбалница. Но, за да набиеш физичка маса, мора и да внесуваш ...

Вчерашното финале на Вимблдон траеше пет часа и ново-стариот шампион Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа неприкосновена физичка издржливост, за која вели дека се должи на растителната исхрана, на која е посветен со години. Српскиот тенисер не сака да се декларира како веган, но е многу доследен по прашањето на здрава исхрана. „Веќе со години јадам на растителна основа. Мислам дека тоа е една од причините што брзо заздравувам и веќе ги немам ...

Британската пејачка Адел ја покажа својата нова импресивна фигура на забавата што по доделувањето Оскари ја организираа Бијонсе и Џеј-Зи. Триесет и едногодишната Адел, која освои Оскар во 2013, изгледаше непрепознатливо откако во изминатите 12 месеци успеала да ослабне за дури 45 килограми и британските медиуми пишуваат дека тоа се должи на таканаречената сиртфуд диета. Адел ја почнала својата трансформација по разделбата од сопругот Сајмон ...

Потребно е навистина многу за да се нахрани Хафдур Јулиус Бјернсон, попознат како Планината од „Игра на тронови“. Не само што има 202 килограми, туку и неговите шест дневни оброци содржат вкупно 10.000 калории. Со таков режим, не чуди што Бјернсон трета година по ред ја освојува титула Најсилен човек на светот и неодамна го собори светскиот рекорд во кревање товар. Преку својот канал на Јутјуб, 25-годишниот Исланѓанец откри како изгледа неговиот ...

Килијан Марфи се префрлил на ригорозна диета заради насловната улога во филмот „Опенхајмер“, при што јадел само еден бадем на ден. Овој детаљ го откри неговата колешка од филмот Емили Блант. „Знаеше да јаде само еден бадем на ден. Толку беше слаб“, изјави Блант за списанието „Екстра“. Марфи за „Њујорк тајмс“ кажа дека морал доста да ослабне зашто „таткото на атомската бомба“ живеел на мартини и цигари и изгледал изнемоштено. „Сакам да се играм ...

Италијанската нутриционистка Марика Манчино, која пораснала на медитеранска исхрана, за „Инсајдер“ кажа кои се нејзините четири омилени појадоци. Манчино рече дека секој оброк треба да содржи протеини, јаглехидрати, масти и влакна. Истражувањата покажуваат дека начинот на исхрана на Манчино има повеќе здравствени придобивки, меѓу кои и спречување срцев и мозочен удар. Се базира на зеленчук, здрави масти како маслиново масло, немасни протеини, ...

За намалување на вишокот килограми, меѓу другото, важно е да се внимава и на пијалаците што ги консумираме. Американскиот сајт „Ит дис“ состави листа од најдобрите пијалаци за оваа намена. Црното кафе без додаден шеќер и млеко може да биде корисен напиток за слабеење. Кофеинот во кафето може да го забрза метаболизмот и да го стимулира согорувањето на мастите. Покрај тоа, кафето е богато со антиоксиданси, кои го олеснуваат процесот на слабеење. ...

Руската компанија „Очаково“ лансираше нова палета газирани пијалаци, кои треба да ги заменат легендарните западни брендови без кои рускиот пазар остана како резултат на инвазијата на Украина. Место „кока-кола“, „фанта“ и „спрајт“, Русите ќе можат да пијат „кул кола“, „фенси“ и „стрит“. „‘Кул кола‘ го има легендарниот вкус на кола“, напиша компанијата на својот сајт, додека другите два пијалака се очигледна асоцијација на „фанта“ и „спрајт“. Иако ...

„Тоблероне“ ќе ја отстрани силуетата на планинскиот врв Матерхорн од своето пакување зашто производството на ова чоколадо делумно ќе се пресели од Швајцарија во Словачка. Американската компанија „Монделез“ кажа дека препознатливата слика ќе биде заменета со некој погенерички врв. Според строгите швајцарски правила усвоени во 2017, националните симболи не смеат да се користат за промовирање производи на база на млеко кои не се ексклузивно ...

Додека археолошките локалитети на Перу привлекуваат милиони туристи годишно, тамошната кујна остана една од најдобро чуваните тајни на Јужна Америка. Таа доби голем поттик откако „Сентрал“ во Лима беше прогласен за најдобар ресторан на светот за 2023. Ова е првпат јужноамерикански ресторан да ја освојува титула, а Лима има уште три ресторани во најдобрите 50, што претставува голем триумф за перуанската кујна, која се претвори во глобален бренд ...

„Бруклин кет кафе“, кафуле во Њујорк кое во исто време е и прибежиште за мачки, сега на своите гости им нуди нова можност, да вежбаат јога со мачки. Оригинално отворено во мај 2016 година, кафулето неодамна се пресели на многу поголема локација и отсега организира и часови по јога, во коишто учествуваат и неговите домаќини – мачки. Кафулето го води непрофитна организација за заштита на животни, чија мисија е да спасува њујоршки улични мачки, ...

Тајландската масажа е најновото име на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, со што беше призната како нешто што треба да се зачува за идните генерации. Позната под името Нуад Таи, таа оригинално потекнува од Индија, но со векови се практикува во Тајланд, додека на светско ниво се популаризираше со отворањето на специјално училиште во 1962 година. Оттаму излегле повеќе од 200.000 професионални масери кои работат во 145 држави. Нуад ...

Словенија е позната како земја на здрави води, со над 13 сертифицирани природни бањски одморалишта и многу други бањи со различна големина. Термопанонскиот регион на истокот на Словенија е познат по ваквите водни чуда, кои имаат лековити ефекти благодарение на калта богата со минерали. Релаксацијата започнува брзо, бидејќи топлата кал брзо почнува да дејствува, а додека топлината навлегува во мускулите, стресот се намалува. По третманот, ...

Индискиот премиер Нарендра Моди ја промовира јогата како начин на создавање „имунолошки штит“ од коронавирусот, додека земјата се соочува со неговото нагло ширење и моментално е четврта на светот според бројот на заразени. Моди, кој редовно практикува јога, испрати порака преку Јутјуб во пресрет на Светскиот ден на јогата, што Обединетите нации пред шест години го прогласија на негова иницијатива. „Сите знаеме дека никаде на светот досега не е ...

Во услови кога на теретаните и фитнес центрите сѐ уште не им е дозволено да продолжат да работат, јога вежбите во Торонто почнаа да се одржуваат на отворено. Ова е овозможено со поставувањето на 50 приватни, чисти куполи кои гарантираат безбедна физичка дистанца меѓу оние кои вежбаат. „Сега повеќе од кога било е важно да работиме заедно за да им обезбедиме на луѓето сигурни и креативни начини да останат здрави и активни додека истовремено се ...

Дали е безбедно да се оди во теретана за време на пандемијата на коронавирусот? Ако ширењето на заразата е слабо контролирано во вашата средина, подобро е да се избегнува, велат експертите. Во подобри услови, ризикот може да се минимизира. „За да се обезбеди сите да вежбаат на растојание од два метра, теретаните би требало да ги поместат справите, да заградат одредени подрачја и да го намалат бројот на корисници“, вели д-р Мерибет Секстон, ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека 80 отсто од младите луѓе не водат здрав живот. „Секое движење се брои. Сите ние секојдневно мора да се движиме, на безбеден и креативен начин“, вели шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус. Нема дилема, вели СЗО, дека карантините и рестрикциите воведени поради пандемијата на ковид-19 го отежнаа здравиот начин на живот, но од друга страна, здравјето никогаш не било поважно. Децата и ...

Родена е во Македонија, живее во Австралија, но вели дека срцето и душата ѝ се во Африка. Билјана Јуруковски во изминатите девет години повеќепати била во Африка и тоа во оние најдивите и најзафрлени предели, каде што со својот фотоапарат прави извонредни фотографии на најизолирани африкански заедници – племиња, кои ги зачувале своите традиција и култура, но се на работ на исчезнување. Нејзините фотографии од овие патувања биле изложувани во ...

„Лонли планет“ ја објави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување за годината што следува. Австралискиот издавач специјализиран за водичи за патувања, кој оваа година слави пет децении постоење, избра по десет најдобри дестинации во пет категории, а за држава број еден ја прогласи Монголија. „Ова е најретко населената земја во светот и монголската влада е подготвена да почне малку да ја пополнува. 2023, 2024 и 2025 се ...

Од следната година, велосипедистите ќе можат да возат по нова, 2.000 километри долга маршрута, која поврзува осум балкански држави. Трансдинарската патека ќе ги носи велосипедистите низ регион со исклучителна природна разновидност: од бујните шуми на Словенија, преку планините на Црна Гора и Македонија и кристално чистите реки на Србија и БиХ, до прекрасното крајбрежје на Хрватска и Албанија и националните паркови на Косово. „Откако патеката ќе ...

Академијата за урбанизам во Лондон го прогласи малиот холандски град Амерсфорт за Европски град на годината. Оваа установа обединува научници, политичари и специјалисти од цел свет од областа на урбан и регионален развој. Жирито го пофали Амерсфорт за квалитетот на животот, прогресивното урбанистичко планирање и за иновативноста, додека истовремено ги зачува карактерот и наследството на градот. „Амерсфорт се фокусира на добросостојбата и среќата ...

Првпат досега, цел регион ќе биде Европска престолнина на културата. Покрај норвешкиот град Боде и Тарту во Естонија, на 1 јануари оваа титула ја презема и австрискиот регион Салцкамергут. Со повеќе од 200 проекти во текот на 2024 година ќе учествуваат 22 гратчиња од овој регион, од кои како главен ќе се води Бад Ишл, каде што ќе се одржи големото отворање на 20 јануари. Салцкамергут се карактеризира со неверојатни планински и езерски пејзажи и ...

На просторот голем колку девет фудбалски терени, на кој денес има над 3.000 тезги, наводно била поставена првата новогодишна елка во историјата. Така тврдат летонските научници, кои велат дека токму во Рига била накитена првата новогодишна елка. Традицијата наводно почнала на најголемиот пазар во Европа, каде што денес се наоѓаат над 3.000 тезги, што во еден викенд ги обиколуваат и до 100.000 луѓе. УНЕСКО го вклучи ова место во својата листа на ...

Џунгарија е огромно подрачје во северозападна Кина каде што се наоѓа точка која е запишана во Гинисова книга на рекорди. Таа забележа дека таму се наоѓа најоддалечената копнена позиција од отворено море – 2.648 километри. Најблиските мора се Арктички Океан на северот, Индиски Океан на југот и Жолто Море на истокот. Најголемиот град во тоа подрачје е Урумчи, чии жители живеат најдалеку во копнениот дел на Земјата, при што до најблискиот морски ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
4.12
37%
1007
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
49%
1003
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
83%
1004
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.14
32%
1008
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
6.54
25%
1005
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
89%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
56%
1011
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
57%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
4.63
65%
1010
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
38%
1007
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
89%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
53%
1012
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641