
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Болоња е првиот голем град во Италија кој ја ограничи брзината на возењето во урбаниот центар на 30 километри на час. Претходно, мерката Città 30 (Град 30) беше воведена и во Олбио на Сардинија. Градските власти на Болоња велат дека новото ограничување има за цел да ја подобри безбедноста на улиците и да го намали загадувањето. Сепак, мерката беше проследена со протести и скепса, дури и од министерот за транспорт Матео Салвини. Максималната ...
На само 26 години, Макс Шранц живее во светол стан на петти кат со висок плафон со поглед на главен град, на десет минути од централната железничка станица и во непосредна близина на кино, театар и барови. Тој плаќа 596 евра за двособниот стан од 54 квадратни метри, што е само дел од вообичаената кирија за станови со слични големина и локација во другите големи европски градови. Исто така, тој не морал да остави депозит и неговиот договор за ...
Американскиот град Хјустон слободно може да го понесе епитетот рај за љубителите на кучиња. Истражувањето што го споведе организацијата „Protect My Paws“ покажа дека во Хјустон има дури 52,1 куче на 100 жители, што е најмногу на светот. Истражувањето било спроведено во 54 градови во светот, а при правењето на завршниот извештај биле користени две мерни единици: најмногу кучиња на квадратен километар и најмногу кучиња на 100 жители. Со околу 1,2 ...
Изложбата „Кризата игра“ на Игор Станоески ќе се отвори на 22 јануари во 20 часот во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ). Станоески, познат како Иги Ман, е мултимедијален автор, музичар, композитор, текстописец, академски скулптор и продуцент. По дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во 2013 работи паралелно на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа звук ...
Португалското архитектонско студио „ООДА“ го објави дизајнот на нов облакодер во Тирана составен од 13 скалесто наредени коцки. Станбената зграда „Хора вертикале“ ќе почне да се гради напролет и ќе биде висока 140 метри. „ООДА“ ја опиша зградата како „уникатно вертикално село сместено среде голем зелен град“. Иако варираат во изглед, секоја од 13-те коцки има димензии 22,5 со 22,5 метри и седум ката, што, според студиото, е типична височина на ...
Креаторот на „Следоред“ (Succession), Џеси Армстронг, ја отфрли можноста за снимање спинофи на хит-серијата на Ејч-Би-О, која неодамна освои седум награди Еми за последната четврта сезона. Иако тие претходно беа најавени, Армстронг сега вели дека не е заинтересиран за тоа. „Јас и мојот тим сценаристи доста пишувавме за ликовите“, изјави Армстронг. На оваа опција се осврна и британскиот актер Метју Мекфејден, кој на последното доделување на Еми ...
Неколку дена откако го напушти данскиот престол по цели 52 години, сега веќе бившата кралица Маргрет Втора ќе добие своја верзија на хит-серијата на „Нетфликс“, „Круна“. Серијата со работен наслов „Af Guds nåde“ (By the grace of God) ќе се случува во палатата Амалиенборг, официјалната кралска резиденција во Копенхаген, почнувајќи од 1940, кога е родена Маргрет. „Приказната ќе биде раскажана од перспектива на членовите на кралското семејство и на ...
Двајца фанови ја тужат Мадона зашто нејзиниот концерт во Њујорк почнал касно, а тие следното утро морале рано да станат за да одат на работа. Во тужбата поднесена во судот во Бруклин, Мајкл Фелоус и Џонатан Хаден велат дека тие имале карти за концертот од 13 декември, при што било најавено дека тој ќе почне во 20:30 часот. Место тоа, 65-годишната Мадона излегла на сцената дури во 22:30 часот. „По заминувањето од концертот по еден часот по ...
Метал вечер со бендови од Шведска, Хрватска и Македонија ќе се одржи утре (20 јануари) во Скопје, што ќе биде првиот концерт во Младински културен центар оваа година. Шведските групи „Френтик амбер“ и „Рикет“ ќе ја посетат Македонија во рамките на нивната балканска турнеја, а гости ќе им бидат „Поразиум“ од Хрватска и домашниот бенд „Саидон“, кој лани го издаде својот прв албум, што сега и во Скопје ќе го промовира во живо. Настапот на „Френтик ...
Горан Бреговиќ со својот „Оркестар за свадби и погреби“ ќе одржи јубилеен и роденденски концерт во Скопје, на 23 март во салата „Јане Сандански“. Јубилејот е 50 години од основањето на култната сараевска група „Бијело дугме“, чиј лидер беше тој, а концертот ќе се одржи ден пред неговиот 74. роденден. Бреговиќ го основа „Бијело дугме“ во Сараево во 1974, заедно со тогашниот вокал Жељко Бебек, тапанарот Ипе Ивандиќ и клавијатуристот Владо Правдиќ, ...
Групата „Нокаут“ ја сними новата песна „Месечевиот рај“, која во дует ја пеат вокалот на бендот, Никола Перевски-Пере и неговата ќерка Миа Перевска. „Досега ја слушавте како придружен вокал на нашите песни и на нашите концерти, а сега и во дует со нејзиниот татко Пере. Задоволство ни е да ја промовираме оваа соработка помеѓу бендот и Миа Перевска“, велат од “Нокаут“. Музиката за песната ја напиша Никола Перевски, кој е автор и на аранжманот ...
В сабота (20 јануари) од 21 часот, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи промоција на новата винил компилација на македонска музика „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура“, издадена за „ПМГ Џез“. Оттаму велат дека ова е прва плоча со македонска музика снимена во живо по концертниот албум „Акустична траума“ на „Леб и сол“ од 1982 година. „Плочата е снимена во најдобриот скопски интимен концертен простор ‘Аудиокултура‘ ...
Американскиот музичар и дизајнер Фарел Вилијамс ја претстави својата долгоочекувана втора колекција за „Луј Витон“ на Париската модна недела. Во машката колекција есен-зима 2024, Вилијамс маестрално ја прикажува својата уникатна визија, мешајќи ги дизајните на домородните Американци со модерниот луксуз. Меѓу гостите на ревијата беа и актерите Бредли Купер, Омар Сај и Кери Малиган, а самата колекција беше енергична прослава на американскиот дух. ...
Венеција почна да ги продава билетите за туристите кои сакаат да го видат градот од април, како дел од пробната шема за контрола на зголемениот број еднодневни посетители. Билет за еден ден чини пет евра и ќе важи од 8:30 до 16 часот. Новата мерка ќе стапи на сила на 25 април. Билетите ќе бидат потребни за следните десет дена и за повеќето викенди до средината на јули. Ќе се купуваат преку интернет, при што корисникот ќе добие кју-ар код што ќе ...
„Епл“ го презеде водството на глобалниот пазар на смартфони, симнувајќи го „Самсунг“ од врвот за првпат по 12 години. Една петина од телефоните испорачани лани биле од американскиот технолошки гигант, објави Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ). „Самсунг“ зафаќал 19,4% од пазарот, следен од кинеските производители „Шјаоми“, „ОППО“ и „Трансион“. Според ИДЦ, лани биле продадени речиси 1,2 милијарди смартфони, што е намалување од 3% во ...
Популарниот српски рапер Марчело се враќа во Македонија по долги години и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 24 февруари. Четириесетгодишниот Марчело, чие вистинско име е Марко Шепиќ, во Скопје ќе го промовира својот последен албум „Ноева варка“. Почетната цена на билетите е 500 денари, а потоа ќе бидат 700, односно 900 денари. Марчело ја почнал соло кариерата во 1995 откако ја напуштил групата „Рајм енимал“, а првиот ...
Новиот календар на Скопскиот џез фестивал ќе биде промовиран на 19 јануари во „Макка бар“ во Скопје, а настанот ќе се одржи од 13 часот. Промоцијата е замислена како џез матине и ќе биде придружена со настап на триото на гитаристот Тони Китановски, во кој членуваат и Виктор Филиповски (тапани) и Гоце Трпков (диџеј). Календарот содржи фотографии од настапите од ланското 42. издание на СЏФ, дело на словенечкиот фотограф Жига Коритник. (Фото: СЏФ) ...
По синоќешната премиера во Белград, филмот „Недела“ за српскиот фолк пејач Џеј Рамадановски од 26 јануари ќе игра во скопското кино Синеплекс. Рамадановски, кој потекнуваше од ромско семејство од Македонија, почина во 2020 на 57 години. Филмот во режија на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ.е насловен според една од најпознатите песни на Рамадановски. Во насловната улога е Хусеин Алијевиќ, а играат и Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј ...
Ска/панк/рок бендот „Ноу даут“ е најавен меѓу главните ѕвезди на годинашниот фестивал Коачела, што ќе биде негово своевидно обединување по речиси десет години пауза. Предводен од Гвен Стефани, „Ноу даут“ го имаше последниот настап во 2015 и засега не се најавени други концерти. „Ноу даут“ е формиран во 1986, но се прослави во 1990-тите откако Гвен Стефани стана главната пејачка. Деби албумот го објави во 1992, а големиот пробив дојде со третиот ...
„Хардфејсд“, еден од најпопуларните и најангажирани бендови на македонската хард кор/метал сцена, ќе одбележи 20 години работа со концерт во Младински културен центар на 23 март. Гости на концертот ќе бидат легендарниот бугарски хард кор бенд „Лест хоуп“ и скопската група „Ју“. Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 и првиот албум го објави три години подоцна. Последното, четврто студиско издание „Бессона ...
Британскиот супермодел Кејт Мос денеска наполни 50 години, останувајќи културна икона каква што беше и кога се појави на сцената пред повеќе од три децении. Родена во јужен Лондон, Мос била откриена од водечки моден агент кога имала само 14 години, а две години подоцна почна да се појавува во реклами и списанија, станувајќи една од омилените ѕвезди на „Вог“. „Таа беше дрско дете од Кројдон. Не изгледаше како манекенка, но знаев дека ќе биде ...
Црвената боја доминираше на свеченото доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. Актерите и авторите на сериите кои се собраа да ги прослават најдобрите за 2023 година се соочија со предизвикот да му помогнат на црвениот тепих да си го оправда своето име, без разлика каква боја е подот под нивните стапала, во случајов сив килим. Сериите „Следоред“ ...
Националниот џез оркестар го најави својот прв концерт под ова име, на 23 јануари во Националната опера и балет од 20 часот. Концертот е насловен „Џез нова“. „Со овој концерт свечено ќе го одбележиме почетокот, односно продолжувањето на нашата работа, но овојпат како Национален џез оркестар. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, така што ветуваме уште еден незаборавен концерт“, велат од Националниот ...
Том Круз повторно ќе се појави како Пит Маверик Мичел во третото продолжение на филмот „Топ ган“. Шеесет и едногодишниот глумец првпат го играше ликот во 1986 и се врати во 2022 за „Топ ган: Маверик“, кој беше хит во светските киносали и заработи над 1.49 милијарди долари. „Парамаунт“ нарачал од сценаристот на „Маверик“, Ерен Кругер, да започне со работа на третиот дел од франшизата. Дополнително, извори за „Холивуд рипортер“ изјавија дека ...
В четврток (18 јануари) од 20 часот, оркестарот на Филхармонијата ќе го одржи првиот концерт од вториот дел од концертната сезона насловена „80 години – Љубов!“ На концертот „Почеток“ како солист ќе настапи македонскиот кларинетист Здравко Ангелов, а диригент е маестро Алфонсо Скарано од Италија. На програмата се симфониската поема „Ноќ на голото брдо“ и суитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, а премиерно ќе биде изведена Сонатата бр. 1 ...
Сериите „Следоред“ (Succession), „Мечка“ (The Bear) и „Кавга“ (Beef) се големите победници на 75. доделување на телевизиските награди Еми, кое се одржа со четири месеци одложување поради штрајкот на холивудските актери и сценаристи. „Следоред“ по третпат е прогласена за најдобра драмска серија и освои вкупно седум награди, меѓу кои и за актерите Киран Калкин (главна машка улога), Сара Снук (главна женска улога) и Метју Мекфејден (споредна машка ...
Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, има решение како да се зголеми излезноста на младите гласачи на годинашните европски избори: на ЕУ само ѝ треба посебен повик од Тејлор Свифт. „Никој не може да ги мобилизира младите подобро од младите. Младите луѓе се тие кои можат да ги мобилизираат младите да учествуваат, повеќе од комесари. Многу се надевам дека некој од медиумскиот тим на Тејлор Свифт ќе ме слушне и ќе ѝ го пренесе ...
Биографскиот филм за Мајкл Џексон, едноставно насловен „Мајкл“, ќе има светска премиера на 18 април 2025. Во насловната улога ќе биде внукот на кралот на попот, Џафар Џексон, кој, како што тврдат продуцентите, бил избран по обемна потрага по актер низ цел свет. Најавено е дека снимањето ќе почне на 22 јануари, а режисер е Антуан Фукуа. „‘Мајкл‘ ќе донесе возбудлив и искрен приказ на брилијантниот, но комплициран човек кој стана крал на попот. Ќе ...
Повеќе од 20 бендови, музичари и диџеи ќе настапат на 12. издание на фестивалот на свежа независна домашна музика Земјотрес, што ќе се одржи на 3 февруари во Младински културен центар во Скопје. Меѓу најавените учесници се триото на Ади Имери, Андреја Салпе, дуото Добрила и Дориан, „Искра“, „Културно уметнички работници“, Мирко Попов, „Новиот почеток“, „Трендкил“, „Линколн летер“…, со што ќе биде запазена разновидноста на музичките стилови, од ...
На 29 март во Националната опера и балет ќе се одржи шоуто „Глумците пеат“, кое минатата година се одржа во април во истата сала по 17 години пауза. „Ова издание ќе биде тематско, повеќе како претстава. Ги имаме избрано концептот и песните“, изјави Маја Бабиќ, организаторка на настани и продуцентка. Таа е ќерка на актерот Марин Бабиќ, кој ги создаде „Глумците“, а лани со нејзината сестра Ира го вратија шоуто на сцената во негова чест. Марин ...