Ансамблот „Танец“ ќе одржи велигденски концерт во Скопје, во Националната опера и балет на 19 април од 20 часот. Концертот е насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“ и се одржува во годината кога „Танец“ слави 75 години од основањето. „На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, оркестарот, солистите и играорците, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на пролетта. Ќе се изведат многу вокални и ...

Речиси седум месеци откако беа принудени да ја одложат својата проштална турнеја, „Аеросмит“ се враќа со концерти оваа есен. Рокерите кажаа дека се воодушевени што ги објавуваат презакажаните датуми од турнејата. Таа ќе започне во Питсбург на 20 септември и ќе трае до 26 февруари следната година, кога ќе го имаат својот последен настап во Бафало, Њујорк. Во септември лани, бендот објави дека пејачот Стивен Тајлер има оштетување на гласните жици. ...

Групата „Ареа“ од Гостивар по 14 години ќе одржи акустични концерти, во Филхармонијата на 19 и 20 април. Последните вакви концерти ги имаше во 2010 во Универзална сала. „Свежи се сеќавањата на тие концерти во Универзална, беше многу тажно кога ја гледавме како гори. Кога изгоре Универзална, како да изгоре душата на Скопје и се надеваме дека како Феникс повторно ќе никне. Во таа сала сме имале безброј концерти, сме свиреле на манифестации и како ...

Дел од делата кои беа изложени на изложбата „Храбриот нов свет“ во Ликовниот салон во Велес уметникот Јордан Ѓорчев ги подари на две здравствени установи од Велес. Поводот за ваквиот чин е што и жителите на неговото родно Свети Николе ги користат услугите на Општата болница Велес и Специјалната болница за белодробни заболувања во Јасеново. „Мотивот за подарување дела на овие две јавни здравствени установи е бидејќи тие не се локални, нивните ...

ТикТок ќе се обиде да му конкурира на Инстаграм со нова апликација за споделување фотографии. Од компанијата кажаа дека работат на „простор посветен на фотографии и текст“. Некои корисници веќе добиле известување дека ако сакаат, нивните фотографии ќе бидат споделени во новата апликација TikTok Notes. Пред четири години, Инстаграм ја лансираше видеоалатката Reels налик на ТикТок, па ова е уште еден пример за копирање производи помеѓу социјалните ...

Поп-ѕвездата Каролина Гочева ќе одржи концерт во Велес, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на 27 април од 21 часот, објави „Авалон продукција“. „По распродадените концерти во март во Скопје, Гевгелија, Струмица и Крива Паланка и претстојните концерти во Куманово и Охрид, Каролина доаѓа во Велес со својата програма на најголеми хитови“, велат од продукцијата. Влезниците ќе бидат во продажба од утре на ticketx.mk, нивната продажна мрежа ...

Кристијан Бејл е чудовиштето Франкенштајн во новиот филм на Меги Џиленхол, насловен „Невестата“ (The Bride). Режисерката на Инстаграм објави фотографии од подготовките за снимањето на филмот. Невестата ја глуми Џеси Бакли, која беше номинирана за Оскар за „Изгубената ќерка“, режисерското деби на Џиленхол. Покрај Бејл и Бакли, играат и Пенелопе Круз, Питер Сарсгард и Анет Бенинг. Дејството е сместено во Чикаго од 1930-тите. Филмот ќе игра во ...

Новата книга за деца со најубавите бајки на сите времиња „Си беше еднаш“ ќе биде промовирана утре (11 април) во 19 часот во „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. На настанот ќе учествуваат уредничката Оливера Ќорвезироска, која ги направи изборот и адаптацијата на бајките, илустраторката Наталија Лукомска и книжевната теоретичарка и професорка Калина Малеска, која ќе биде промоторка. Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на ...

Кит Харингтон изјави дека нема да се снима серија за Џон Сноу, која би била продолжение на „Игра на тронови“. „Засега нема такви планови, барем не во догледно време“, изјави Харингтон на промоцијата на неговиот нов филм „Крв за прашина“. „Игра на тронови“ заврши по осум сезони во 2019 и потоа беше најавено дека ќе се снимаат неколку спиноф серии, од кои засега е излезена само „Куќата на змејот“. Притоа се најавуваше дека се развива серија која ...

В сабота (13 април) од 21 часот, во скопскиот ноќен клуб „Пјур“ концерт ќе одржи хрватската поп-група „Магазин“. Сплитската група сега настапува со двајца членови од старата постава, Жељко Баричиќ и Ненад Весановиќ, а пејачка е Андреа Шушњара. „Магазин“ беше една од најпопуларните поп-групи во поранешна Југославија. На концертот во Скопје ќе ги пее своите најголеми хитови, од кои повеќето ги напиша Тончи Хуљиќ. Бившата пејачка на „Магазин“ со ...

„Сирово: од движење до виртуозност – 20 години извонредност во современиот танц“ е мотото на 20. издание на Танц фест во Скопје, кое почнува на 11 април во Националната опера и балет (НОБ). Дваесеттото издание започнува со програмата насловена „Паралели“, која ја означува соработката помеѓу фестивалот и НОБ и во која ќе се прикажат три современи кореографии на домашни автори. „Програмата ‘Паралели’ претставува една парабола која го поврзува НОБ ...

Објавен е трејлер за „Joker: Folie à Deux“, продолжението на хит-филмот со Хоакин Феникс. Режисерот и сценарист Тод Филипс изјави дека збореле со Феникс за продолжение уште додека го снимале „Џокер“, а Леди Гага, која ја игра Харли Квин, ја опиша како магична. Претходно беше најавено дека „Joker: Folie à Deux“ ќе биде и мјузикл. Филмот вклучува обработки на 15 добро познати песни, но би можело да има и оригинални нумери. Покрај Феникс, играат и ...

Хрватската група „Нови фосили“ по 35 години одржа концерт во Скопје сношти во Филхармонијата и нѐ потсети на старите добри времиња, како што вели нејзиниот најголем хит. Последно, „Фосили“ одржа неколку концерти по ред во Универзалната сала, која гореше токму вчера. Групата сега ја има додавката „Сања, Зец и Маринко“, затоа што од некогашната постава настапуваат пејачката Сања Долежал и гитаристите Маринко Колнаго и Владимир Кочиш-Зец. „Ги ...

Гудачки оркестар ќе го придружува српскиот поп-пејач Жељко Самарџиќ на концертот во Скопје, кој ќе се одржи в сабота (13 април) од 21 часот во салата „Борис Трајковски“. „Концертот е насловен ‘Жељко и пријателите‘ затоа што ќе има специјални гости. Присутните ќе имаат ретка можност на иста сцена да ги слушнат и видат најдобрите ѕвезди од рок и поп музиката, соработници, но и големи пријатели на Самарџиќ“, велат од „Прагма продукција“, ...

Палестинската диџејка Сама Абдулхади ќе го има својот прв настап во Македонија, што ќе се случи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Позната како „кралица на палестинската техно сцена“, 34-годишната Абдулхади работи како диџеј и продуцент. Таа се запознала со техно сцената додека студирала во Бејрут, а самата почнала да пушта музика по преселбата во Каиро. Во 2018 го имала првиот настап на „Бојлер рум“, а својот стил денес го ...

Со претставата за деца „Книголандија“, Народниот театар во Штип стартува со четирите премиери колку што се планирани за првите шест месеци од оваа година. „Стартуваме со ваква претстава со која сакаме кај нашата најмлада публика да го пробудиме чувството за важноста на книгите. Преку повеќе интересни приказни споени во една целина се открива магијата за читање“, рече директорот на Центарот за култура во Штип, Горан Трајков, додавајќи дека децата ...

В четврток (11 април) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Езотерија“, на кој како солист ќе настапи рускиот виолинист Сергеј Крилов. Тој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација, а успешен е и како диригент. Оркестарот на Филхармонијата ќе ги изведе Симфонијата бр. 1 „Класична“, оп. 25, најпопуларната симфонија од Сергеј Прокофјев, Концертот за виолина и оркестар бр. 1, оп. 26 во Г-мол, ...

Илон Маск објави дека „Тесла“ ќе претстави „роботакси“ на 8 август, што следува откако се појавија информации дека таа се откажала од плановите за производство на евтин електричен автомобил. Според „Ројтерс“, Маск ќе се посвети на создавање „роботакси“, засновано врз платформата за мал автомобил на „Тесла“. Компанијата долго време ветуваше дека ќе прави подостапни електрични автомобили со почетна цена од околу 25.000 долари, при што Маск во ...

Били Ајлиш објави дека нејзиниот долгоочекуван трет албум ќе излезе на 17 мај. Насловен „Hit Me Hard and Soft“, Ајлиш кажа дека во меѓувреме нема да објавува синглови. „Сакам да ви го дадам целиот одеднаш. Не можам да бидам погорда на овој албум“, изјави Ајлиш. Таа и на новиот албум соработува со нејзиниот брат Финис, со кого неодамна го доби вториот Оскар за најдобра оригинална песна, за филмот „Барби“. „Hit Me Hard and Soft“ доаѓа три години ...

Милиони луѓе во Мексико и Северна Америка сведочеа како Месечината го блокира Сонцето, создавајќи целосно помрачување. Патеката на небесниот спектакл се протегна 6.400 километри, од Масатлан во Мексико, преку 15 американски сојузни држави, до Њуфаундленд во Канада, покривајќи област во која живеат 44 милиони луѓе. Најдолго траеше над делови на Тексас – четири минути и 27 секунди. Целосните помрачувања на Сонцето се случуваат некаде низ светот на ...

На 1 јуни во Филхармонијата заеднички концерт ќе одржат гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, објави „Авалон“. Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот г остува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. „Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на македонски народни песни. Од „Авалон“ велат дека овој албум е едно од нивните највредни изданија досега. Билетите ќе бидат во продажба преку ...

На 9 април од 19:30 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје ќе има претставување и разговор со писателката и сценаристка од Хрватска Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски. Ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, со кој беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“. „Пци“ ја раскажува приказната за млада жена која откако ќе ...

Групата „Меморија“ ја промовираше новата рок-балада „За тебе“, за која членовите велат дека стилски наликува на нивните постари хитови „Оган под ѕведите“ и „Зошто Боже“. Автор на песната е лидерот на бендот Петар Георгиевски-Камиказа, а снимена e во студиото „Тра-Ла-Ла“ на Мите Димовски. Во најава се уште неколку песни од новиот албум кој „Меморија“ го подготвува. Автори ќе бидат и дел од останатите членови на групата, а следен сингл ќе биде ...

Петар Грашо ќе одржи и трет концерт во Скопје, во Филхармонијата на 29 април, по распродавањето на првите два на 26 и 27 април, објави продукцијата „Прагма“. Хрватскиот кантавтор во Скопје ќе настапи со симфониски оркестар и ќе ги пее своите најголеми хитови. На повеќето од неговите концерти тој пее и песни од легендарниот Оливер Драгојевиќ. Драгојевиќ бил пријател со семејството на Грашо и му помогнал на пејачот како помлад да ја избере ...

Велешанката Јагода Пачемска, како единствен цветен моден креатор беше учесник на „Моден викенд Скопје“ со своја ревија. Таа се претстави со три нејзини креации од природно зеленило. Пачемска има свое уметничко студио за цвеќе „ФА-БУ“ во Велес, и освен цветни аранжмани изработува и фустани од цвеќе. Уникатните фустани изработени од цвеќе и природно зеленило, таа ги прикажа на модниот настан и доби пофалби од публиката. Пачемска првиот фустан од ...

Ејч-Би-О ги избра главните актери за уште една приквел серија на „Игра на тронови“, насловена „A Knight of the Seven Kingdoms: The Hedge Knight“. Заснована врз романите „Приказните за Данк и Ег“ на Џорџ Р. Р. Мартин, дејството на оваа серија е сместено еден век пред настаните во „Игра на тронови“ и ги следи младиот, наивен, но храбар витез сер Данкан Високиот (Питер Клафи) и неговиот млад придружник Ег (Декстер Сол Ансел) кои лутаат низ ...

Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада се надеваат на ведро небо во очекување на еден од најголемите небесни спектакли – целосно помрачување на Сонцето, што ќе се случи денеска. Метеоролозите предвидуваат облачно време во западно Мексико, Тексас и во регионот на Големите Езера во САД, додека на другите места би требало да биде далеку подобро. Околу 31,6 милиони луѓе живеат на патеката на целосното помрачување, кое прво ќе дојде на копното на ...

Холандското архитектонско студио „29“ изгради комплекс куќи од бамбус во шума во Лимбург, Холандија, со цел да ги поврзе своите жители со околните шуми. Комплексот е наречен „Парк вила“ и се наоѓа на местото на поранешен воен терен. Поделен е на пет дела кои се поставени околу дрвјата во шумата. Внатре во куќите има пространо приземје и кујна на отворено, распоредена околу централниот двор, а три спални соби се наоѓаат на првиот кат. Холандското ...

Рис Витерспун се враќа на еден од нејзините најуспешни проекти, хит-филмот „Русокоса од Харвард“. Иако уште не е познато дали пак ќе ја игра улогата на популарната Ел Вудс, „Дедлајн“ објави дека таа ќе биде извршен продуцент на новата серија, која е продолжување на филмот. Заедно со Витерспун, продукцијата ја потпишува дуото од серијата „Озборувачка“, Џош Шварц и Стефани Севиџ. Филмот излезе во 2001, а благодарение на големата популарност доби и ...

По цели 40 години, Момчило Бајагиќ- Бајага и „Инструктори“ сношти се вратија во скопскиот Младински културен центар (МКЦ) за да го отсвират нивниот прв албум „Позитивна географија“ од 1984. „Се вративме во МКЦ по 40 години. Овде не сме свиреле од 1984“, рече српскиот кантавтор кој годинава со бендот слави четири децении кариера. Тој во декември минатата година одржа поголем концерт во салата „Јане Сандански“ за 30 години „Авалон“, а овој беше ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
76%
1027
weather icon

Загреб

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.23
77%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.45
96%
1026
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1027
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
2.24
85%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
94%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
82%
1028
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Иридиум

145787.60

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Сребро

2105.58

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93