На 9 октомври во Кинотеката на Македонија ќе почнат Денови на словенечки филм, со проекција на комедијата/драма „Спасение за почетници“ во режија на Соња Просенц. По проекцијата ќе има разговор со продуцентот на филмот Рок Сечен. Следниот ден од 19 часот ќе се прикаже новиот детски филм на Клемен Дворник, „Игралиштето не го даваме!”, а на 11 октомври е документарниот филм на Петра Селишкар, „Планината не оди никаде“. Проекциите се на словенечки ...
Во петок во Кинотека на Македонија ќе се одржи комеморација во чест на Илинденка Петрушева, филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“, една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија. „Илинденка Петрушева (4. Август, 1944 – 5. Септември, 2025), остави длабока трага во националната кинематографија со својата ...