На 18 октомври од 20 часот, во Народниот театар во Штип ќе се одржи меморијален концерт посветен на музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, објави „Макбрас асоцијација“ и Скопскиот брас фестивал. Концертот се одржува во чест на неговиот роденден. Ќе настапат квартетот тромбони „Макбрас“ и истоимениот ансамбл составен од 12 тромбонисти, меѓу кои и легендарниот тромбонист Кирил Рибарски, во ...

Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас Фестивал со особена чест го најавуваат меморијалниот концерт посветен на младиот тромбонист и мултиинструменталист Филип Стевановски, кој трагично го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Концертот ќе се одржи во сабота, на 18 октомври 2025 година, во просториите на Народниот театар во Штип. На сцената ќе настапат тромбонскиот квартет „Макбрас“, како и големиот ансамбл со исто име, ...

Најголемите хитови на Макфест ќе се испеат на последната вечер од јубуилејното издание на фестивалот, кој ќе се одржи на 23, 24 и на 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. „Макфест четири децении е успешна приказна која годинава се враќа со три фестивалски вечери“, рече уметничкиот директор на Роберт Саздов на прес-конференција во Штип. На првата фестивалска вечер ќе настапат 13 млади пејачи, а на втората ќе има 14 песни од ...