Стеван Феди од Црна Гора ја доби Гран при наградата на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој годинава се одржа во Културниот центар во Битола. Феди го пееше хитот на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“ (The Hardest Thing) и победи во конкуренција на пејачи од Словенија, Хрватска, Украина, Црна Гора, Македонија, Казахстан и други земји, кои ги пееја песните на оригиналнот јазик на кој се снимени. Минатата година, овој фестивал се одржа ...

На вториот фестивал „Песните на Тоше Проески“, одржан во организација на Естрада мултимедија центар, а во соработка со фондацијата „Тодор Проески“ и под покровителство на Светската асоцијација на фестивали (ВАФ), највисокото фестивалско признание, „гран при“ му беше доделено на Стеван Феди од Црна Гора. Фестивалот се одржа во Културниот центар во Битола на 18 октомври, а за најдобрите одлучуваше професионалното жири. – Голема чест ни беше да го ...