Communications Safety е функција достапна кај iOS, iPadOS и macOS, која во главно е наменета за помалите корисници, поточно нивна заштита од отворање и гледање на неприкладни слики прекy Messages апликацијата. Со пуштањето на најновите верзии од овие системи оваа есен, Communications Safety ќе им стане достапна на сите корисници во светот, а засега е достапна само во десеттина земји. Оваа функција во основа прави скенирање на сликите кои се ...

По примерот на новиот Twitter Blue, Meta во февруари започна со тестирање на Meta Verified, нов систем за верификување на корисниците кој доаѓа со месечна претплата. Сега Meta Verified е официјално пуштена, па корисниците во светот ќе можат да се претплатат или барем да се приклучат на листата на чекање доколку во моментот функцијата не им е достапна. Meta Verified доаѓа со месечна претплата од 11,99 долари, односно 14,99 доколку се направи ...

Дали некогаш сте слушнале некој да најде вистинска љубов на Tinder? Најверојатно сте слушнале, но вистинска работа на дејтинг апликација – сигурно не. Ниту ние, сѐ додека во текот на јуни на спомнатата апликација не осамнаа необични профили со пораките: „Бараме запалени“, „Кој вели дека уживањето мора да трае кратко?“, „Доколку сакаш врзување, ова е место за тебе“,… Во прашање е првата кампања за вработување во регионот, објавена исклучиво на ...

Брендот на Android добива ново освежување, кое го добива на неколку години, а овој пат изгледа со пуштањето на Android 14 ова лето. Промената овој пат не може да се нарече баш голема и драстична, но е доволна за да се забележи, а посебно малата промена во начинот на пишување на името на системот. Логото, кое до пред некое време беше препознатливо по „роботот“, а од него остана само главата, сега добива мало 3Д освежување. Конкретно, логото ...

Microsoft во 2021 го претстави нивниот нов сервис, Windows 365. Овој сервис овозможува пристап до целосна инсталација на Windows на серверите од компанијата, до која корисниците можат да пристапат од било кој уред, а секако основниот услов е тој да е поврзан на интернет. Овој сервис беше претставен за бизнис корисниците, а на нив им овозможува неколку предности, како што е немање зависност од хардверот на компјутерите, редовно ажурирање на ...

Преку информација до која имаат дојдено од The Wall Street Journal, се дознава дека Google повторно сакаат да влезат на пазарот на стриминг на игри, овој пат преку нивниот YouTube сервис. Според информациите, новиот сервис е наречен YouTube Playables и моментално се тестира внатре во компанијата и на вработените им е достапна само една игра. Не е познато дали се планира овозможување на игри какви што требаше да бидат достапни преку сега ...

Корисниците на Windows 11 кои не се најавуваат со Microsoft сметка, иако од компанијата тоа не го сакаат баш, сега ќе можат да ја користат една од новите функции кои дојдоа со овој оперативен систем. Делот за „виџети“ сега е достапен и за овие корисници, односно овој дел сега функционира и без Microsoft сметка. Корисниците ќе можат да ја гледаат временската прогноза, како и вестите, а како што ќе стануваат достапни повеќе „виџети“ од трети ...

По информациите дека новиот пакет со реклами на Netflix се има покажано одлично, од компанијата го укинаа основниот пакет, кој досега беше најевтин, во Канада. Ова е една од земјите каде Netflix ги започнува промените, па тоа беше и случајот со почетокот на наплата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство. Корисниците во Канада сега ќе имаат избор помеѓу основниот пакет со реклами, стандардниот пакет и премиум пакетот. Со други ...

NFC Forum, организацијата која стои зад развојот на стандардите за NFC технологијата, а е составена од компаниите како Apple, Google, Qualcomm, Sony, Huawei и други, ги најави плановите за развојот на оваа технологија до 2028 година. Оваа технологија е најпозната по нејзиното користење за бесконтактно плаќање преку мобилните и часовниците, како и за брзото поврзување помеѓу два уреди. Плановите за наредните неколку години ќе ја направат ...

ПроКредит банка, во соработка со фотографот Велиан Јагев, ве поканува на „ИЗЛОЖБА И АУКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПТИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“, која ќе се одржи на 27 јуни (вторник) од 19 часот до 21 часот, во просториите на Централна Управа на ПроКредит банка. Со хуманитарната аукција на изложените фотографии се заокружува патувачкиот караван „НЕзаштитена природа“, од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија. Изложбата посети шест ...

Instagram Reels видеата добија можност да бидат симнати и зачувани на уредот на корисникот. Ова секако се однесува на јавните видеа, а приватните ќе останат без оваа можност. Сопствениците на профилите кои објавуваат јавно ќе ја имаат можноста да изберат дали сакаат нивните Reels видеа да можат да бидат симнати, што значи дека останува можноста тие да ги „заштитат“ нивните видеа. Можноста за симнување на видеата е достапна преку „Share“ ...

Асоцијацијата поврзана со Chromebook уредите најчесто е со просечен или слаб уред, кој има ниска цена и во главно се користи од страна на образовните институции и студентите. Сепак, овие уреди кои работат на Chrome OS од Google не се секогаш во таа категорија, па има и такви кои се доволно добри и за нешто посериозна работа, па дури и игри. Ова посебно стана точно по воведувањето на можноста за инсталација на Android апликации, како и Linux ...

Скопје, 22 јуни 2023 година – За премиум искуство со голем екран, компанијата Samsung подготви специјални поволности и подароци при нарачка на телевизори од сериите на Neo QLED и QLED. Со избирање на модел од 98 инчи од сериите Q80C, QN90A и QN100B, Samsung нуди заштеда до 500 евра, бесплатна испорака и монтажа, како и подарок што вклучува одредени модели на гејмерски монитори Odyssey G95. Искусете ја моќта на 4K резолуцијата Samsung Neo QLED ...

DuckDuckGo веќе одреден период не е само интернет пребарувач, па од компанијата почнаа да пуштаат дополнителни сервиси поврзани со приватноста, како и „најголемата“ од сите апликација, интернет прелистувач. Прелистувачот од компанијата подолг период е достапен за корисниците на мобилните, а од крајот на минатата година им стана достапен и на корисниците на Mac. Најавите дека DuckDuckGo работат на развој на прелистувач за десктоп компјутерите ...

Брисел, 20 јуни 2023 година – Експертите од ЦЕФТА страните се согласија за нов сет на правила кои ќе ја промовираат професионалната мобилност и ќе ја олеснат трговијата: Одлука за воспоставување генерален систем за признавање на професионалните квалификации и Одлука за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост. Поттикнување на професионална мобилност Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат професионалците како што ...

Обично е предизвик да се најде добра серија која ќе биде доволно интересна за да ви го задржи вниманието уште од самиот почеток. Сите оние серии кои беа популарни изминатите години веќе ги знаете и многу веројатно сте ги слушнале сите „спојлери“ за нив. Затоа, во продолжение ви препорачуваме две нови серии кои премиерно ќе почнат да се прикажуваат ова лето. Django Делумно заснована врз култниот филм на Серџо Корбучи, Django раскажува приказна ...

Microsoft, засега како тест, планира тргање на дел од можностите кои им се достапни на корисниците како дел од Folder Options во File Explorer во Windows 11. Овој тест е дел од верзијата 23481 во Windows Insider, поточно dev каналот. „Отстрануваме неколку стари поставки под Folder Options во File Explorer како дел од напорите да се исчисти бројот на поставки за File Explorer. Многу од нив се стари поставки кои постојат одамна и не се редовно ...

Во март оваа година, OnePlus потврди дека работат на развој на уред на преклоп и го најавија истиот за подоцна во годината. Неофицијалните информации говорат дека претставувањето може да се очекува во август, па веќе и не сме толку далеку од настанот. Познатиот OnLeaks во соработка со Smartprix, објавија слики кои наводно се од OnePlus Fold или OnePlus V Fold, како што можеби ќе биде името на овој уред. Од сликите гледаме дека се работи, како ...

Скопје, 21.06.2023 година – Компанијата “Теламон – Европа“ денес го претстави новиот, втор производствен погон со површина од 2.200 m2 во кој се планира инсталирање на 2 дополнителни центри за кримпирање на кабли. Овој деловен потег претставува дел од инвестицискиот план за експанзија на “Теламон – Европа“, фирма ќерка на американската корпорација “Теламон“ (Telamon Corporation), со седиште во Индијана, САД. Според динамиката за работа, ...

Одамна читаме за планот на најверојатно најпознатиот сервис за „стриминг“ на музика, Spotify, да воведе повисок квалитет, односно HiFi. Конкурентите веќе со години нудат ваков квалитет, а дел од нив не ни наплаќаат повеќе за него. Оваа година можевме да прочитаме дека плановите во компанијата остануваат, иако делува дека нема ништо од нив. Секако, со оглед на конкуренцијата јасно е дека Spotify не може да си дозволи никогаш да не ја воведе ...

Скопје, 21.06.2023 – Шест тематски работилници за развој на креативноста кај децата ќе се рeализираат летово во Музејот на Град Скопје. Под слоганот „Халки шарено лето“, Халкбанк АД Скопје и ова лето се погрижи најмладите да добијат можност да учествуваат на интересни активности кои во исто време ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. Летниот распуст е одлична можност, дел од слободното време, децата да го искористат ...

Покрај гледањето на видеа без реклами, пристап до YouTube Music и по уште некоја функција за претплатниците на Premium претплатата, Google во април претстави уште пет нови функции кои ќе ја направат оваа претплата доста попривлечна. Една од тие функции е 1080p Premium квалитетот кој овозможува нешто подобар квалитет на видеата, за тие кои би можеле да ја забележат разликата. Квалитетот за бесплатните корисници останува ист, а Premium ...

Opera во април го претстави Opera One, целосно редизајнирана верзија од прелистувачот која требаше да биде пуштена до крајот на годината. Оваа верзија според компанијата сега е подготвена за пуштање, па корисниците можат да ја симнат. Како главна карактеристика на Opera One се истакнува интеграцијата на вештачката интелигенција, но не како додаток, туку целосно во самиот код од апликацијата. Вештачката интелигенција е наречена Aria и е ...

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките ...

Samsung Unpacked ова лето ќе се одржи во Сеул, наместо како претходните години во Лондон или Њујорк, на пример. Исто така, како што прво беше неофицијално најавено, настанот ќе се одржи нешто порано од претходните години, па наместо на почетокот од август, Unpacked оваа година ќе го гледаме при крајот на јули. Оваа информација официјално ја потврдија од компанијата, но се’ уште не ја објавија точната дата. Како што обично е случајот, доволно ...

Минатиот месец неофицијално беше пуштена информацијата дека од Intel планираат да ја тргнат една од најпознатите ознаки на пазарот, ознаката „i“. Како што најчесто и излегува, информациите се покажаа како точни, па од компанијата официјално ја најавија оваа промена. Почнувајќи од Meteor Lake, односно наредната генерација процесори од компанијата, истите веќе нема да ја имаат ознаката „i“ во нивните имиња, па едноставно ќе бидат нарекувани ...

Наредната верзија од iOS и iPadOS, поточно седумнаесетта верзија од системите, донесува новина која треба да го заштити видот, а посебно тој на децата, кога се’ уште е рано за одредени оштетувања. Новата функција е наречена Screen Distance и како што кажува самото име, уредот ќе ги предупредува корисниците кога подолг период го држат блиску до очите. Како блиску ќе се сметаат 30 сантиметри, а за проценката ќе се користи камерата која се ...

Дека Microsoft планира унифицирање на неколкуте апликации за имејл и календар што ги има, со една нова и модерна, можевме да прочитаме уште во 2021. Новата апликација, која едноставно се нарекува Outlook, односно новиот Outlook засега, започна да се тестира минатата година, а оваа веќе е доволно развиена да корисниците можат да ја користат како главна апликација за сите нивни имејл и календар потреби. Новата апликација може да се симне преку ...

Скопје, 19 јуни 2023 – Без разлика дали се работи за слушање на вашата омилена музика или едноставно уживање, Galaxy Buds2 Pro нуди врвен звук за секого. Со воведувањето на новиот подобрен амбиентален звук (Ambient Sound), Samsung продолжува да им помага на лицата со потешкотии при слушањето подобро да уживаат во звуците околу нив. Ја правиме технологијата подостапна и поинклузивна Претходно достапна со три нивоа на прилагодувања, ажурираната ...

Valve оваа недела официјално ја пушти новата верзија од нивната Steam десктоп апликација. Новата верзија беше тестирана во бета форма одреден период, па сега е подготвена за сите корисници. Како што нагласуваат од компанијата, иако има освежување на корисничкиот интерфејс, сепак главната новина доаѓа во позадината, односно во кодот на апликацијата. Оваа промена ќе овозможи пред се пуштање на новините на сите достапни платформи во исто време, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
75%
1017
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
73%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
57%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.03
93%
1018
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
92%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1011
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
6.69
43%
1015
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
72%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
60%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
84%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Паладиум

45911.27

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Платина

60154.05

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Цинк

3.07

Бакар

10.68