Најновата објава од Марк Гурман на Bloomberg ни донесува неколку информации, секако поврзани со Apple. Гурман најавува дека првите уреди кои ќе работат на наредната генерација од чипот на Apple, M3, може да ги очекуваме во октомври. Ова е и стандардно за Apple, да после нивниот септемвриски настан на кој ги претставуваат новите генерации од iPhone и Apple Watch, да претстават и други уреди наредниот месец. Уредите кои ќе го донесат М3 на ...

Скопје, 17 јули 2023 година – Samsung Electronics Co., Ltd., денес објави дека ја проширува својата линија на ViewFinity монитори со глобалната достапност на 27-инчниот ViewFinity S9 (модел S90PC). Лансирањето на ViewFinity S9 ја зајакнува линијата на монитори со висока резолуција на Samsung по воведувањето на ViewFinity S8 (модел S80PB) во јуни 2022, кој имаше резолуција со ултра висока дефиниција (UHD). Новиот ViewFinity S9 е оптимизиран со ...

Апликациите од познатиот Microsoft Office пакет, сега Microsoft 365, добиваат нов официјален, односно стандарден фонт. Оваа промена доаѓа две години од најавата дека се планира нешто вакво и ставањето на пет фонтови во игра. Петте фонтови беа додадени во апликациите од Microsoft 365, a Microsoft овие две години ги собираше реакциите од корисниците, па сега ја донесоа и одлуката. Новиот официјален фонт на Word, Excel, PowerPoint и Outlook е ...

Денеска, првата оригинална полска серија на SkyShowtime ќе дебитира на стриминг платформата. Серијата има 11 епизоди со времетраење од по 40 минути, а новите епизоди ќе бидат достапни на SkyShowtime секој понеделник. „Warsawianka“ ќе биде премиерно достапна на сите 22 пазари каде е активна платформата SkyShowtime. „Warsawianka“ е фиктивна драма која ги следи трагикомичните авантури на 40-годишниот плејбој Франек Чулковски (таканаречен ...

Аутомакедонија, водечкиот дистрибутер на корејскиот бренд SsangYong во Македонија, организираше “Off Road” настан за прв пат посветен на новинарите и го обележа влезот на новото 100% електрично Korando на македонскиот пазар. Турата на нерамен терен започна од салонот на Аутомакедонија, а SsangYong автомобилите беа испробани на еден поинаков терен, далеку од градските улици се до прекрасниот регион Барово. Присутните имаа можност да ги возат ...

На Pickbox NOW доаѓаат нови интересни документарни филмови како Уметноста на архитектурата и Уметноста на градината, но и серијата која ја открива приказната за Пети Херст, киднапираната богата наследничка, а и го поставува прашањето дали таа е жртва или злосторничка. Еве кои сè документарни филмови ги препорачуваме за гледање во јули на Pickbox NOW. Уметноста на архитектурата (The Art of Architecture) – доаѓа на 28 јуни Уметноста на ...

Apple стандардно како и секоја година ги претстави наредните верзии од нивните оперативни системи во рамките на WWDC конференцијата. Веднаш после конференцијата програмерите имаат можност да ги тестираат, а оваа година таа можност беше достапна и без потребната претплата како програмер. Како и да е, сепак за повеќето корисници посигурно е доколку сакааат да ги тестираат овие системи, тоа да го направат со јавната бета верзија која е доста ...

Со објавата на Twitter, „Го најавувам формирањето на xAI за да ја разбере реалноста“, Елон Маск го најави неговиот најнов „проект“. За постоењето на оваа нова компанија на Маск можеше да се прочита изминатите месеци, а сега истата е и официјално претставена. Засега нема многу информации за што е тоа на кое ќе работи xAI, a повеќе ќе може да се дознае на Twitter Spaces во текот на утрешниот ден. На страната од xAI се наброени повеќе имиња кои ...

Ако досега се обидувавте да го пробате конкурентот од Google на ChatGPT и Bing, сигурно имате забележано дека тоа не е можно, со едноставната порака дека Bard се’ уште не е достапен во нашата земја. Причината за недостапноста на Bard во нашата земја беше истата со таа за земјите од ЕУ, па сега „проблемите“ се надминати и генеративната вештачка интелигенција од Google е достапна за скоро сите земји во светот и секако во нашата. За да се ...

YouTube, како дел од нивната „feature experiments“ програма, започна со тестирање на функција која треба да провери колку корисниците имаат научено од видеата кои ги гледаат. Проверката на тоа што е научено ќе се прави преку тестови кои се генерирани автоматски од страна на вештачката интелигенција кои ќе се појавуваат на главниот екран од мобилната апликација на YouTube на Android и iOS. Со оглед на тоа дека се работи за експериментална ...

Бројот на Американци кои работат на далечина е тројно зголемен од 5,7 на 17,9 отсто помеѓу 2019 и 2021 година. За некои тоа значеше работа во удобноста на домот, додека други избраа постимулативни средини. Според неодамнешното истражување на BDG Studios/OnePoll на над 1.000 членови на генерацијата Z низ Соединетите Држави, речиси 10% од испитаниците рекле дека омиленото место за работа надвор од канцеларијата е кафуле или ресторан. Имаше ...

Договорот помеѓу Microsoft и Activision Blizzard, за купување на втората компанија, иако изгледаше дека има големи шанси да не се реализира, сепак сега може да продолжи според роковите. Обидот за блокирање на договорот од страна на американската FTC беше одбиен од страна на суд во Сан Франциско, па се што му останува на Microsoft е да се договори со британската CMA. Интересно беше што „строгата“ Европска Унија не направи проблем за договорот, ...

Thunderbird официјално го доби својот долго време потребен редизајн, најавуван уште од минатата година. Како што беше најавено, покрај промената на корисничкиот интерфејс, направена е голема промена на кодот, а тука е и промената на функционалноста на овој имејл клиент. Заедно со новото лого претставено во мај оваа година, Thunderbird сега може да се каже дека е целосно модернизирана апликација која ќе може без проблем да им конкурира на ...

Google започна со вградување на нивниот Tensor чип со претставувањето на Pixel 6 серијата со најава дека со тоа може да се очекува подобри перформанси и ефикасност. Тоа сепак не беше случајот, па и најновите верзии од чипот не можат баш да се носат со конкуренција, а посебно не со A серијата од Apple. Според неофицијалните информации, Google не планира да ја остави оваа ситуација, па тие развиваат чип кој е целосно развиен од нивна страна. ...

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија, за првото тромесечие од 2023 година, согласно кои продолжува растот на онлајн трансакциите со тренд на намалување на темпото. Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, ...

Првите зелени коридори на ЦЕФТА и Транспортната заедница кон ЕУ (Грција) одбележуваат една година од имплементацијата. Оваа иницијатива, овозможена преку системот за електронска размена на податоци SEED+, ја преобликува царинската соработка и ја забрзува трговијата меѓу ЦЕФТА и ЕУ. Системот SEED+ кој е целосно финансиран од ЕУ, овозможува сигурна и ефикасна размена на податоци меѓу царинските администрации, подобрувајќи ги анализите на ризик ...

Изјавите на основачот на Nothing дека телефоните во денешно време се станати „досадни“ и веќе нема иновација на пазарот, иако со првиот телефон не личеше дека не важат и за нив, со втората генерација Nothing Phone почнува да се издвојува од останатите. На прв поглед Nothing Phone (2) не изгледа нешто различно од ланскиот модел, покрај минималните промени на поставеноста на компонентите на карактеристичната задна страна, но тој сепак донесува ...

Околу две години поминаа од заминувањето на познатиот Џони Ајв од Apple и основањето на неговата компанија за дизајн, LoveFrom. Не читаме доволно често за работата која ја има оваа компанија, а како дел од клиентите кои ја започнаа својата соработка со легендарниот Ајв беа Ferrari, Airbnbn, а тука беше и Comic Relief со дизајнот за Red Nose Day. LoveFrom повторно е во вестите со нивниот најнов клиент, а тоа е компанијата Linn. Се работи за ...

Корисниците кои уште не ги даваат своите стари верзии од Windows и верно остануваат на нив, сега имаат начин како да инсталираат надградби со што ќе им се подобри безбедноста, приватноста и корисничкото искуство. Надградбите не се од Microsoft, а компанијата нема никаква врска со новата страна која се обидува да ги рекреира старите страни за надградба на Windows, пред тој процес да стане целосно вграден во системот. Windows Update Restored е ...

Meta ја пушти својата најнова апликација, директен конкурент на Twitter, минатата недела и Threads веќе ја користат повеќе од 100 милиони корисници. Во голем дел ова може да се препише на поврзаноста на апликација со Instagram, а апликацијата функционира со сметките од оваа мрежа, па дури и бришењето на Threads е поврзано со бришење на Instagram сметката. Ова и уште неколку други фактори се причината зошто Threads не беше и уште не е пуштена ...

Apple го претстави нивниот прв уред за проширена реалност, Vision Pro, на почетокот од минатиот месец во рамките на WWDC 2023. На претставувањето му претходеа голем број на неофицијални информации, неколку одложувања, а имаше и такви кои тврдат дека уредот не е подготвен за пуштање. Ова може до некаде да се види и во реакциите на некои од познатите „јутјубери“ кои имаа шанса да го тестираат уредот, а посебно се истакнува батеријата која се ...

Легендарниот Winamp повторно се врати после години на неразвивање и промена на сопственоста, во април оваа година. Очекувано беше дека апликацијата нема да биде само модернизирана верзија од старата, па сега Winamp во главно е место за откривање на нови и независни креатори на музика. Се разбира, тука е и можноста за слушање на локалната музика на уредот на корисникот, а достапен е и избор на повеќе радио станици од целиот свет. При пуштањето ...

Надоврзувајќи се на првиот филм „Стани дел од екипата на Flip“ објавен минатиот септември, новото видео за кампањата ја продолжува истата тема повикувајќи ги луѓето да му се препуштат на своето воодушевање кон иновациите. На забавен и разигран начин, филмот ги прикажува уникатните начини на кои можат да се користат телефоните на преклоп, и како овие уреди го менуваат сето она што корисниците го знаат за обичните паметни телефони. Акцентот е ...

Новата апликација од Meta, која „паметно“ е пуштена преку брендот на Instagram, според информациите веќе ја има надминато бројката од 100 милиони корисници. Threads засега покажува голем потенцијал да земе дел од вниманието и корисниците од главниот конкурент Twitter. Иако бројките не може да се сметаат како целосно точни, тие покажуваат дека корисниците досега објавиле 95 милиони објави, а тие биле „лајкнати“ 190 милиони пати. Треба сепак да ...

Откако не се остварија предвидувањата за претставување на нови iMac компјутери за оваа година на WWDC, сега може да се каже дека предвидувањата се нешто пореални. Сега, Марк Гурман најавува дека нови верзии од iMac се тестираат, но може да се очекуваат дури идната година, барем овие за кои тој говори. Се работи за 32 инчни iMac компјутери кои ќе работат на M3 чипот кој ќе биде направен на 3nm процес од TSMC поради што се очекуваат добри ...

Веќе можевме да прочитаме дека по претставувањето на Windows 11, а со тоа менување на политиката дека Windows 10 ќе биде последниот Windows, Microsoft се имаат вратено на претходниот тригодишен циклус на пуштање нова верзија од овој оперативен систем. Со ова неофицијалните извори сакаат да кажат дека може да се очекува пуштање на Windows 12, а според тоа кога беше претставен Windows 11, такво нешто може да се очекува во 2024. Сега гласините ...

Shazam, најпознатата апликација за препознавање на музика, сега оваа способност ја проширува и на музика од други апликации кои ги користи корисникот. Конкретно, корисниците сега ќе можат да препознаат некоја песна која ја слушаат на апликации како TikTok, Instagram или YouTube, па за истото веќе нема да им треба втор уред со инсталирана Shazam. Според краткото објаснување на самата апликација, корисниците се што треба да направат е да ...

Една од предностите на YouTube Premium претплатата е можноста за тестирање на нови функции пред останатите корисници. Дел од овие функции стануваат подоцна официјално достапни, но тоа не е случајот баш со сите. Најновата тест функција која им е достапна на овие корисници, иако изгледа не на сите, е можноста за заклучување на екранот додека се гледа некое видео. Ова треба да ги спречи несаканите допири и притискања на екранот додека се гледа ...

Apple моментално ги има едни од најпопуларните мали безжични слушалки на пазарот, а според неофицијалните информации, од компанијата планираат да ги направат многу покорисни и со повеќе функции од тие за слушање на музика. Марк Гурман, од Bloomberg, најавува неколку функции кои во годините што следат треба да станат дел од AirPods слушалките, а некои од нив може да ги видиме и поскоро. Една од новините која ја најавува Гурман е тест за ...

На кратко, се работи за турнир во 3×3 баскет кој се одржува во 28 држави ширум светот, а завршува со светското финале во Белград, кое ќе се одржи од 16-18 септември на Калемегдан. Со повеќе од 15.000 очекувани натпреварувачи, Red Bull Half Court е најголемиот глобален натпревар во 3х3 баскет. Идеја и цел на Red Bull Half Court? Red Bull Half Court се базира на играње брза и возбудлива кошарка која има за цел промовирање офанзивна кошарка со ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.6
75%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
0.89
73%
1019
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
74%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
0.0
57%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.24
93%
1018
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.7
91%
1021
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
77%
1011
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
5.14
47%
1015
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
78%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
59%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
83%
1012
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Алуминиум

3.18

Сребро

2840.84

Платина

60154.05

Кобалт

66.14

Бакар

10.68