Со пуштањето на Galaxy S23 серијата, како и обично, Samsung пушти и понова верзија од нивниот One UI оперативен систем направен на основа на Android. Најновата верзија сега е One UI 5.1 и истата е направена на основа на Android 13, како што беше случајот и со One UI 5.0. Овие надградби обично донесуваат по некоја новина, но секако не многу како што е случајот со годишните надградби. Дел од новините кај One UI 5.1 вклучуваат ефекти при сликање на ...

Новата Galaxy S23 серија изгледа крие една одлична функција која е наменета за „гејмерите“. Истата е откриена од страна на „јутјуберот“ NL Tech и како што истакнува, а можеме и ние да потврдиме со нашиот примерок од новите телефони, функцијата не е достапна за сите. Се работи за функцијата „Pause USB Power Delivery“ и истата се вклучува преку Game Booster прилагодувањата. Кога ќе се вклучи, полначот веќе не ја полни батеријата, па телефонот се ...

Microsoft оваа недела ја претстави новата верзија од нивниот Bing пребарувач која ја користи алатката GPT од OpenAI, истата алатка на која работи ChatGPT „чет ботот“ којшто доби огромна популарност при крајот на минатата година. Со ова, Bing станува многу повеќе од обичен пребарувач на веб страни преку клучни зборови. Пребарувањето се проширува со можноста за поставување на цели прашања во „природен говор“, односно исто како што тоа го правиме ...

Mozilla Thunderbird, како што се викаше апликацијата на почетокот, е една од најпознатите апликации за проверка и менаџирање на имејл комуникацијата. За жал, развојот на апликацијата од страна на Mozilla беше намален, па и скоро откажан, па сега апликацијата е развивана од страна на мала заедница на програмери и го носи името Thunderbird. Оваа апликација уште го има стариот изглед од пред 10тина години, па минатата година можевме да прочитаме ...

Тоа што започна како „Search“ копче си икона во првата верзија од Windows 11, потоа беше променето во поголемо копче во кое покрај иконата, додаден беше и текст. Функцијата на копчето остана иста, односно со притискање се отвора делот за пребарување кој во Windows 11 е посебно развиен и добива посебно внимание од Microsoft. Доколку сте како нас и не ви се допаѓа новото копче, добро е што Microsoft ќе овозможи избор, а на тој избор додадена е и ...

Twitter официјално го менува карактеристичниот стил на мрежата со доста големо покачување на ограничувањето на бројот на карактери што може да го содржи една објава. Од почетните 140 кои ја направија оваа мрежа доста поразлична од другите, ограничувањето беше зголемено на 280, што во основа не промени многу. Сега, корисниците ќе можат да објавуваат до 4000 карактери, а со тоа се трга и потребата од објава на повеќе „твитови“ кога се има да се ...

Дојде времето од годината кога Google започнува со тестирање на наредната генерација од Android оперативниот систем, во овој случај Android 14. Достапна е првата тест верзија за програмерите, односно Android 14 Developer Preview 1. Со оваа верзија програмерите ќе можат да почнат да ги тестираат промените кои стануваат дел од Android и навреме да ги прилагодат нивните апликации до пуштањето на бета, па финалната верзија од Android 14. Бета ...

Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот). На овој ...

Apple размислуваат да додадат уште еден телефон во серијата, која сега е намалена повторно на четири поради откажувањето на „мини“ моделот. Во овој случај, дополнителниот телефон би бил уште поскап од останатите, дури и од Pro моделите и не би го заменил iPhone 15 Pro Max како што првично се најавуваше. Според Марк Гурман, телефонот ќе биде целосно нов модел и може да се очекува идната година како iPhone 16 Ultra. Кратко кажано, „знаци“ дека ...

Неофицијалните информации беа потврдени од страна на компанијата, па сега OnePlus и официјално ја претстави својата прва тастатура за компјутерите. Со ова од компанијата влегуваат на нов пазар, па ќе видиме како ќе се погоди овој правец OnePlus. Тастатурата беше претставена на посебен настан во текот на вчерашниот ден кога беше претставе уште еден прв производ за компанијата, OnePlus Pad таблет компјутерот. Името на тастатурата е OnePlus ...

Живемее во еден ултра модерен, урбан и брз свет во кој сите ние користиме разновидни гаџети и паметни уреди кои ни го олеснуваат и разубавуваат секојдневието, а секако огромно е задовоството кога тие припаѓаат на најсовремената врвна технологија. Што е она што прво го правите наутро кога ќе отвоите очи? Се разбира, го земате телефонот во рака почнувате да ги впивате информациите. Следно е шоља кафе секако, но повторно најдобриот пријател е со ...

Samsung ја претстави Galaxy S23 серијата минатата недела и со тоа стави крај на исчекувањата кои ги имавме, иако повеќето од информациите веќе ги имавме поради неофицијалните објави. Новата серија доаѓа со делумно освежен изглед, Snapdragon 8 Gen 2 за сите корисници во светот, а како и секогаш, Ultra моделот донесува нешто екстра за корисниците кои го сакаат најдоброто. Оваа година, покрај стандардните подобрувања, како и подобрувањата кои ...

По краткото вклучување на нова верзија од Bing, која како што неофицијално се најавуваше е направена на основа на ChatGPT технологијата од OpenAI, Microsoft сега и официјално го најави „новиот Bing“. Тоа што до некаде дојде како изненадување е вклучувањето во овој „пакет“ и на нивниот Microsoft Edge прелистувач кој исто така ќе биде засилен со вештачка интелигенција. „Вештачката интелигенција фундаментално ќе ја промени секоја категорија на ...

Како што очекувавме, на денешното официјално претставување на OnePlus 11 за остатокот од светот, по претставувањето во Кина минатиот месец, OnePlus го претстави и својот прв таблет компјутер, OnePlus Pad. Таблетот е направен со специфичен дизајн, карактеристичен за компанијата, па дефинитивно ќе го привлече вниманието на фановите, но и на останатите корисници. Прво нешто кое е карактеристично за OnePlus Pad е форматот на екранот, кој е направен ...

Корисниците на iPhone сигурно со години веќе се прашуваат зошто Apple не ја воведува можноста за обратно, односно двонасочно безжично полнење, кое е посебно корисно за тие кои имаат и безжични слушалки или часовник. Едно од објаснувањата е дека Apple не сакаат да воведат нешто додека не се сигурни дека ќе може да функционира беспрекорно, но и да им овозможи на корисниците посебно и дополнително корисничко искуство. Според информации од 9to5Mac, ...

Очекувавме дека првпат ќе прочитаме за ова утре на настанот од Google во Париз, но од компанијата, поточно директорот Сундар Пичаи, го најави нивниот конкурент на ChatGPT од OpenAI во текот на вчерашниот ден. Како што можевме да прочитаме од неофицијалните информации, името на алатката, односно сервисот од Google е наречен Bard и истиот е направен на основа на LaMDA – Language Model for Dialogue Applications. Ова кратко кажано е конкурентот на ...

Microsoft во текот на вчерашниот ден закажа настан кој ќе се одржи денеска во нивните простории во Редмонд. Настанот нема да се пренесува во живо, а ќе биде отворен за новинарите. Од компанијата не дадоа информации за што ќе биде овој настан, но можеме да претпоставиме. Се верува дека на овој настан ќе се презентираат работи поврзани со вештачката интелигенција, нешто што беше најавено дека ќе стане поголем дел од производите и сервисите од ...

Падот на бројот на корисници на Netflix, кој се случи минатата година за првпат после 10 години, направи да од компанијата го бараат виновникот за тоа во погрешен правец. Наместо да престанат со продукцијата на „woke“ филмови и серии без никаква содржина, тие решија да ги претворат во корисници кои плаќаат тие кои користат „туѓа“ сметка, наместо своја. Како што е познато, најавите беа дека од компанијата планираат да почнат да наплаќаат за ...

За време на презентацијата на финансиските резултати, Qualcomm објави и предвидување за продажбата на смартфони оваа година. Според компанијата, продажбата на смартфони во првата половина од годината ќе биде послаба или како што тие го нарекуваат „проширување на слабата побарувачка кај телефоните и Интернет на нештата уредите“. Ова предвидување секако е за телефоните и другите уреди кои работат на чиповите од компанијата, но слободно може да го ...

Google presents Live from Paris, е настан од компанијата кој ќе се одржи на 8 февруари со почеток во 14:30 часот по македонско време. Ќе може да се следи во живо преку YouTube, а според најавата, главните теми за кои ќе биде овој настан се поврзани со Google Search и Maps. Повеќе информации за што да очекуваме нема, но секако можеме да претпоставиме. Од Google се што истакнуваат е „Ние одново замислуваме како луѓето пребаруваат, истражуваат и ...

Во телекомуникациската индустрија, технологиите се развиваат со многу брзо темпо. Почетокот на 2022 година кај нас го означи почетокот на нова ера во телекомуникациите со комерцијалното пуштање на мрежата од најновата генерација – 5G. Со 5G се овозможија поголеми податочни брзини, пренос и управување со пообемни податоци, се отвори потенцијал за употреба на Интернет на нештата“ (IoT) и вештачка интелигенција (AI) . Новите мрежни технологии во ...

По пуштањето на најновата и јавна верзија од ChatGPT од OpenAI, овој досега најнапреден „четбот“ нагло доби огромна популарност, а слободно може да се каже и дека ги загрижи дел од луѓето со својата способност. Набрзо после тоа можевме да прочитаме дека Microsoft планира да ја интегрира оваа алатка во нивниот интернет пребарувач Bing, нешто што ги има загрижено во компанијата која го има пребарувачот број 1, Google. Од Microsoft најавуваат и ...

Веќе можевме да прочитаме за можното додавање на iPhone Ultra верзија кај смартфоните од Applе, тогаш како замена на Pro Max верзијата. Информацијата која и тогаш ја објави Марк Гурман од Bloomberg, сега излезе со нова информација која повторно ја има можноста за Ultra верзија од iPhone. Според него, Apple размислува за додавање на уште една iPhone верзија во линијата која нема да замени некоја од постојните, па наместо тоа ќе биде позиционирана ...

Microsoft ја најави Microsoft Teams Premium верзијата, односно додатокот, при крајот на минатата година. Замислен е како начин да им се овозможат повеќе функции на компаниите на кои им се потребни, но со додатна претплата. Со ова, одредени нови функции им се ексклузивно достапни само на Premium претплатниците, но сепак функциите кои се дел од стандардната претплата се доволни за повеќето компании. Една од главните новини кои доаѓаат со Microsoft ...

Meta изгледа размислува да го следи примерот на Twitter и да почне да заработува преку наплата за добивање на син беџ, кој сега означува верификуван и потврден профил. Ова и не изненадува толку, кога ќе се земат во предвид намалените приходи од реклами по промените во прилагодувањата за приватност од страна на Apple. Дека од Meta размислуваат за вакво нешто доаѓа преку разгледување на кодот на Instagram апликацијата во која се пронајдени неколку ...

Comic Relief, можеби не толку познати за сите, се британска добротворна организација која својата цел се обидува да ја постигне преку комедија. Како што самите истакнуваат, тие се обидуваат да преку моќта на хуморот и популарната култура, да допрат до луѓето и да ги мотивираат да им помогнат на другите. Од 1988 година, Comic Relief организира настан наречен Red Nose Day со црвен нос како главена икона да се прикаже поддршка за овој настан. ...

Заминувањето на Џони Ајв, едно од неколкуте легендарни имиња во Apple, од компанијата, дефинитивно ги промени очекувањата за иднината на производите. Ова посебно стана случајот по прекинувањето на соработката помеѓу новата компанија на Ајв и Apple, со што Apple може да се каже дека се целосно оставени „сами“ да ја продолжат работата. Сега, според неофицијални извори на Bloomberg, наследничката на Џони Ајв, Еванс Хенки, исто така ќе ја напушти ...

По воведувањето на можноста за сателитска комуникација на новата iPhone 14 серија, се доби впечатокот дека оваа година повеќето телефони, барем од повисоката класа, ќе го следат овој „тренд“. Излезе и неофицијалната информација дека Galaxy S23 можно е да дојде со ваква функција, а тие очекувања делуваа како сигурни по најавата на Qualcomm на Snapdragon Satellite функцијата која беше најавена дека ќе биде дел од телефоните кои работат на ...

Samsung вчера го одржа нивниот прв Galaxy Unpacked настан за оваа година, а како што се знаеше и очекуваше, главните производи беа Galaxy S23 телефоните. Сепак, тие не беа единствените кои беа претставени, па Samsung имаше уште една одлична серија на уреди која дефинитивно го привлекува нашето внимание. Претставена беше нова генерација и од лаптоп компјутерите на Samsung, односно претставена беше Galaxy Book3 серијата. Од тоа што можеше да се ...

Еден од најпознатите авиони во светот, со својата карактеристична „грпка“ на горниот дел, е авионот Boeing 747 кој исто така беше нарекуван Jumbo Jet. Својот прв лет 747 го има во 1969 година, додека официјално влегува во употреба кај авиокомпанија во 1970 година. Во своето време на постоење Boeing 747 добива неколку изменети верзии, а покрај за превоз на патници, тој се користи и како авион за транспорт, се користеше и од страна на NASA, а ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
26%
1010
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
38%
1011
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
46%
1010
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
31%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.32
36%
1011
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
5.14
48%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.63
51%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
44%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1009
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
38%
1011
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
44%
1010
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
55%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52