Фото: Shutterstock.com

Microsoft одамна се познати по „тактиките“ кои ги користат за насочување на корисниците или задржување на некој од нивните производи, а тоа посебно важи за Edge прелистувачот.

Сега, според пријави од корисниците, од компанијата вклучуваат анкета која се појавува во лентата на десната страна од екранот. Тука од компанијата ги интересира зошто корисниците имаат потреба од друг прелистувач, па имаат цела листа на можности кои корисниците можат да ја изберат како одговор.

Ова сепак не е најлошата работа која ја прават од компанијата за да ги задржат корисниците на Edge. Обично тие поставуваат различни банери и слични додатоци кои се обидуваат да ги мотивираат корисниците да останат со Edge.

Иако едно време популарноста на Edge почна да се зголемува, тој тренд сепак не продолжи до ниво да ги загрози конкурентите, а посебно не Google Chrome.

Една од причините за тоа мислам дека е и константното форсирање на функции во прелистувачот кој ретко кој ги користи, а посебно оваа година по почетокот на имплементацијата на ChatGPT функции во сите производи од компанијата.

Повеќето корисници ја сакаат едноставноста на Chrome, а тие што сакаат нешто повеќе имаат голем избор на додатоци во Chrome Web Store.

ИЗВОРNeowin
Претходна статијаОдржана отворена дискусија на МИОА со претставници на ИТ секторот
Следна статијаДали добро спиеме? Samsung одговара на вечното прашање со глобалната студија за здрав сон
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.