
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Automatic, компанијата која стои зад WordPress.com и во голем дел зад развојот на WordPress платформата, претставија нова функција на нивниот познат Jetpack додаток. Новата функција е наречена Jetpack AI Assistant и уште од самото име може да се претпостави што ќе може да се прави со истата. Најголемата платформа за блогери и веќе одамна разни видови на веб страни, целосно очекувано е дека ќе се приклучи на трендот на користење генеративна ...
Скопје, 07.06.2023 – Бизнисот е еден од главните столбови на општеството и економијата, а саемските манифестации се едни од поголемите двигатели за развој на бизнис мрежата во различни индустрии. Како дел од трилогијата „Саеми во пролет“, во организација на Скопски Саем, денес, 07.06.2023, се отвори и третиот саем од оваа трилогија, – Саемот за транспорт. „Саемот за транспорт годинава започнува со значително квалитетна палета на учесници и ...
Twitter официјално ја доби можноста за измена на објавените „твитови“ во октомври минатата година. Оваа можност беше пуштена во ограничен број на земји, а и во нив е достапна само за Twitter Blue корисниците, очекувано со оглед на желбата да се наплаќа не само од рекламите. Кога беше пуштена, можноста за измена на објавите беше ограничена на 30 минути, односно корисниците имаат рок од половина час во кој можат да ги направат измените, по што ...
Во понеделникот беше првиот и за нас најважен дел од WWDC 2023 конференцијата од Apple за програмерите. Првиот ден обично ни е најважен поради тоа што тогаш се презентациите на новите верзии од оперативните системи од компанијата, а и се претставуваат ако има нови компјутери и други уреди. На настанот ги видовме iOS 17, iPadOS 17, macOS 14 (Sonoma), watchOS 10, како и M2 Ultra чипот кој ќе работи на новата генерација од Mac Studio и новиот Mac ...
Во март оваа година Google најави дека Chrome конечно ќе добие режим за читање, односно „reading mode“. Ова е нешто што е веќе одамна достапно кај повеќето, ако не и сите други прелистувачи, а Google јасно е зошто го одложува пуштањето, овој режим ги трга рекламите и останува само текстот. Поради ова и режимот за читање во Chrome нема да биде стандарден каков што е кај другите прелистувачи или каков што е од додатоците. Reading mode во Chrome ...
Како што се претпоставуваше, Samsung оваа година нешто порано ќе го одржи нивниот летен Unpacked настан на кого изминатите неколку години главните уреди се тие на преклоп. Сега од компанијата ја потврдија оваа информација, но не ја објавија точната дата, па се што знаеме е дека Samsung Unpacked ова лето ќе се одржи при крајот на јули, односно идниот месец. Друга промена која доаѓа оваа година е локација на настанот, па за првпат Samsung ...
На главната презентација од WWDC 2023 вчера, ги видовме сите новини кои ги очекувавме од Apple, а остана уште да пишуваме за macOS. Овој оперативен систем чудно беше со најмалку неофицијални најави, па новините кои се дел од наредната верзија, се доста добро изненадување. macOS Sonoma е името на macOS 14, а како главна новина можеме да ја истакнеме можноста за поставување на „виџетите“ од десната лента, директно на десктопот. Со ова корисниците ...
Во рамките на WWDC 2023, поточно почетната презентација која беше вчера, Apple го претстави моментално нивниот најмоќен чип, M2 Ultra. Како што беше случајот минатата година со M1 Ultra, M2 Ultra е направен преку „спојување“ на два М2 Max чипови. Спојувањето се прави со таканаречената UltraFusion технологија од Apple, со која се добива пренос на податоци помеѓу двата дела од 2,5TB/s, а што се однесува до софтверот, компјутерот има само еден ...
Се шпекулираше одреден период, па и ова испадна точно, Apple во својата MacBook Air серија воведе за првпат избор на уште еден уред, а тоа е новиот 15 инчен лаптоп под овој бренд. Корисниците со тоа го добиваат најтенкиот, барем Apple така тврди, 15 инчен лаптоп на пазарот, а тоа треба да се додаде на карактеристиките како доста лесен и без вентилатори, што значи тивок уред. Како што би очекувале, овој лаптоп е само верзија со поголем екран, а ...
Како што очекувавме, вчерашната главна презентација на почетокот од WWDC 2023 конференцијата беше одлична и во главно ги потврди сите неофицијални информации поврзани со Apple екосистемот. watchOS 10 беше една од поважните презентации и како што беше најавено, оваа верзија од системот за паметните часовници од Apple, ги донесе најголемите промени уште од претставувањето. Главната новина кај watchOS 10 е додавањето на „виџети“, нешто што ...
На WWDC 2023 вчера, секако беше претставена и наредната верзија од iPadOS, односно iPadOS 17. Оваа верзија донесува неколку потребни промени, како и новини кои се заеднички со другите системи од компанијата. Главната новина е поврзана со „заклучениот екран“ и е нешто што не ни е јасно зошто не беше дел од ланската верзија, кога оваа новина беше презентирана со iOS 16. Како и да е, со година дена доцнење, iPad уредите ги добиваат прилагодувањата ...
Тоа време сме од годината, кога се одржува WWDC конференцијата за програмерите од Apple, но и време кога ги дознаваме сите информации поврзани со наредните верзии од оперативните системи од компанијата. iOS 17 е еден од најважните системи од компанијата и како што беше најавувано неофицијално, оваа верзија не остана само со мали подобрување во главно поврзани со перформансите и стабилноста. Новините се во главно поврзани со дел од апликациите ...
Apple вчера официјално го претстави нивниот прв уред за проширена реалност и со тоа ги потврди шпекулациите кои ги имаше доста, а посебно оваа година. Во одредени периоди не беше сигурно дали од компанијата ќе го одложат претставувањето, но како што видовме, Apple Vision Pro „очилата“ се подготвени за продажба. Како што се очекуваше, Apple Vision Pro е уред кој се носи на главата и овозможува гледање на околината и истата ја проширува, односно ...
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили ја промовираа новата онлајн услуга: електронска регистрација на новороденче. ,,Задоволство ми е што денеска сме во Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Мајка Тереза” – Чаир, за промовирање на ...
Cortana, име кое повеќето корисници го немаат слушнато одамна и го имаат заборавено, ќе биде тргната од Windows каде моментално е достапна како посебна апликација која доаѓа инсталирана со системот. Оваа новина тешко дека ќе ги погоди корисниците, а е логична со оглед дека овој персонален асистент никогаш и не успеа да добие некоја посебна популарност. Microsoft ја пушти Cortana во обид да им конкурира на Siri од Apple, како и Alexa од Amazon, ...
Зачекорете во светот на напредната технологија уште денес, со неверојатната понуда за Redmi Note 12 серијата. Доколку купите некој од моделите на Redmi Note 12 серијата – Redmi Note 12, Redmi Note 12S, Redmi Note 12 Pro, Redmi Note 12 Pro 5G или Redmi Note 12 Pro + 5G, во период од 5 јуни до 2 јули, ќе добиете не само едно, туку две изненадувања: Redmi Buds 4 Lite слушалки и Redmi Band 2 паметена алка. Оваа понуда е навистина неверојатна, а во ...
Microsoft постепено планира да почне да овозможува користење на новиот Bing, поточно Chat функцијата на прелистувачи кои не се Edge. Ова го најави во одговор на Twitter, Микаил Паракин, кој е главен за рекламирање и веб сервиси во Microsoft. Целосно очекувано, сега Bing Chat може да се користи само преку Microsoft Edge, во главно поради познатата практика од компанијата да ги насочува корисниците кон своите производи, некогаш и на начини кои ...
Motorola официјално ја претстави нивната наредна генерација од легендарниот RAZR, телефон на преклоп, а како што кажуваа неофицијални информации, оваа година серијата има два модели. Двата нови телефони се наречени Motorola RAZR 40 и Motorola RAZR 40 Ultra, а во одредени региони, не и нашиот, истите ги носат имињата Motorola RAZR (2023) и RAZR+ (2023). Главното внимание го привлекува RAZR 40 Ultra моделот, секако, а како што беше неофицијално ...
15 години поминаа од претставувањето на App Store, продавницата за апликации која целосно го промени начинот на којшто ги користиме мобилните телефони, исто како што тоа го направи првиот iPhone една година претходно. App Store беше пуштена 2008 година, а на програмерите им донесе заработка од 320 милијарди долари заклучно со минатата година. Симнати се повеќе од 370 милијарди апликации од 2008 до 2022, а денеска се достапни 1,8 милиони ...
Утре, со почеток во 18:00 часот по македонско време, ESA – Европската Вселенска Агенција, ќе го пушти првиот досега „стриминг во живо“ од орбитата на Марс. Тоа ќе го направи преку камерата на своето летало Mars Express кое својата мисија ја започна во 2003 година. Снимките од Марс ќе бидат пуштени како прослава за 20 годишнината од почетокот на мисијата на Mars Express која воопшто не било планирано да трае толку долго време. Стримингот сепак ...
Instagram веќе одамна не е едноставната мрежа за споделување на слики како кога започна. Затоа и објаснувањето како функционира алгоритамот на мрежата, од пред некоја година, веќе не може да остане како доволно добро објаснување, па Адам Мосери, главниот на мрежата во Meta, објави статија, но и подолго видео каде точно и детално ни објаснува како функционира оваа мрежа. За почеток тој истакнува дека Instagram нема еден алгоритам, како што обично ...
Авио превозникот Air New Zealand најави дека ќе побара од нивните повеќе од 10.000 интернационални патници да ја измерат својата тежина пред да влезат во авионот. Мерењето е планирано да се прави на влезовите од салоните и портите, а ќе биде целосно доброволно и анонимно. Вакво мерење веќе е направено за домашните патници, односно за домашните летови. Целта на оваа активност е подобрување на безбедноста на летовите, а како што истакнуваат од ...
Во рамките на Build 2023 конференцијата, Microsoft ја претстави апликацијата Dev Home преку која Windows 11 треба да привлече повеќе од вниманието на програмерите кои обично се на некоја од Linux дистрибуциите или на macOS. Оваа апликација треба да претставува еден контролен центар за прогремерите од каде ќе можат да ги инсталираат сите потребни апликации, да ги постават потребните околини и слично, а ќе можат да се поврзат и со нивната GitHub ...
Јапонската компанија Canon успеа да развие материјал кој би се користел во Quantum Dot технологијата за екраните која веќе се користи од страна на производителите, а изминатите години и во OLED панелите. Предноста на QD е што овозможува поголема светлина и појасни и посилни бои, во споредба со OLED, па затоа и комбинацијата на овие две технологии моментално ги дава едни од најдобрите панели кои некогаш се користеле кај телевизорите и мониторите. ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновациите на македонските компании. Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно ...
Поддршката за Windows 7, Windows 8/8.1 заврши во јануари оваа година, а со тоа и поддршката за повеќето интернет прелистувачи за овие верзии од Windows. Mozilla сепак не го направи истото, па продолжи да го поддржува нивниот Firefox на овие веќе доволно стари, но се’ уште популарни системи. Оваа одлука на Mozilla е очекувана кога ќе се земе во предвид падот на популарноста на Firefox. Овој прелистувач едно време се очекуваше дека ќе може да го ...
Во понеделник идната недела, поточно 5ти јуни, започнува годинешната WWDC конференција наменета за програмерите. Како и кај другите слични конференции, WWDC е местото каде ќе ги дознаеме повеќето новини поврзани со оперативните системи од Apple, а се очекува и претставување на неколку нови компјутери, како и првиот уред за проширена реалност. Од компанијата ги истакнаа неколкуте начини на кои може да се гледа настанот во живо, односно преку ...
Проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ. Редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку директно гласање ја избираа за прв човек на најстарата образовна институција во земјава. – Навистина сум среќна за мојата нова функција. Сакам да бидам предводник на промените кои ќе го подобрат УКИМ. За добар квалитет во високото ...
При крајот на март оваа година стана достапна нова апликација за музика од Apple, специјално направена за слушање на класична музика. Apple Music Classical е тука да овозможи посебно искуство при слушање на овој вид на музика, а дојде како резултат на купувањето на компанијата Primephonic во 2021 година. Апликацијата беше најавено дека ќе биде достапна и на Android, како што е достапна „основната“ Apple Music апликација, па од оваа недела ...
ARM, компанијата која стои зад дизајнот на повеќето чипови кои ги користиме кај мобилните, таблет компјутерите, како и се поголем број на компјутери, ја претставија наредната генерација од нивните дизајни за процесори кои ќе се користат од производителите. Подобрувањата на перформансите во споредба со минатата година на прв поглед не делуваат како големи, но кога ќе се земе во предвид намалувањето на потрошувачката, новата генерација на ...