Рано утрото на 24 мај, Киев беше под удар на комбиниран напад на руски дронови и ракети, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко. Тој соопшти дека била активирана воздушната одбрана. „Градот и регионот се под комбиниран непријателски напад“, напиша Кличко на Телеграм. Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на Киев, рече дека остатоците од пресретнатите ракети и беспилотни летала паднале во најмалку четири градски области на ...

Американските воени лидери се сè повеќе загрижени дека Соединетите Држави се соочуваат со можноста глобалните жаришта да се претворат во продолжени, повеќефронтални конфликти поттикнати од главните противници на САД- Русија, Кина, Иран и Северна Кореја. Во услови на заострување на врските меѓу четирите земји, ова веројатно значи дека кратките, географски ограничени војни - видот на конфронтации што американската војска во голема мера ги ...

Седумнаесет лица биле повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад (23 мај) во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА. Жената напаѓач е уапсена, а при асењето не давала отпор. Полицијата верува дека таа дејствувала сама и не била политички мотивирана. Од 2023 година ножевите се забранети на главната станица во Хамбург и во јавниот превоз во ...

Русија и Украина ја започнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на руската инвазија, разменувајќи стотици војници и цивили во процес што се очекува да продолжи во текот на викендот, соопштија официјални лица од двете земји на 23 мај. „Ги враќаме нашите луѓе дома. Првиот дел од договорот за размена од 1000 за 1000 е имплементиран“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм. Зеленски рече дека се ...

Со повеќе настани денеска (24 мај) во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Државно-црковната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во Рим и ...

Европската Унија останува силен поддржувач на евроинтегративниот пат на Северна Македонија и таа припаѓа во европското семејство, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас која денеска (23 мај) престојува во официјална посета на Скопје. Таа повтори дека државата треба да ги заврши веќе преземените обврски и да направи сѐ за да профункционира веќе договорениот план А со ЕУ. Доколку тоа не се случи, Калас ...

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера (22 мај) поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот и организацискиот директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. „На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените ...

Турција уапси 65 војници и полицајци поради наводни врски со починатиот проповедник Фетула Ѓулен, кој е обвинет за организирање на неуспешниот државен удар во 2016 година. Државната новинска агенција Анадолија објави дека се уапсени 56 активни војници на турските вооружени сили, а дека по уште седуммина сè уште се трага. Ердоган ветува дека ќе продолжи со прогонот на следбениците на покојниот Ѓулен. Во меѓувреме, ТВ Халк објави дека се уапсени ...

Тамам ги заборавивме унгарските милијарди, ете ни нови. Шест. Овојпат британски, со Договор за стратешко парнерство, што ја прави Македонија прва земја на Балканот која склучува Договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Први рака си подадоа премиерите Христијан Мицкоски и Кир Стармер, а вчера во Лондон за параф отиде вицепремиерот Александар Николоски. Но, освен фотографии и подавање рака други детали, од оние најважните - нема. Тие ...

По две недели ескалација на реториката што речиси доведе до колапс на дипломатијата, Иран и Соединетите Држави се согласија да ги продолжат нуклеарните разговори - овој пат во Рим. Сепак, додека преговарачите се подготвуваат за средба, двете страни се залагаат за своите основни барања, зголемувајќи ги влоговите за она што би можело да биде одлучувачка рунда дипломатија. Главната пречка останува збогатувањето на ураниум. Соединетите Држави, под ...

Институт за јавно здравје информира дека за прв пат во нашата држава лабораториски се потврдени два случаи на мајмунски сипаници. Од ЈЗУ Институт за јавно здравје, информираат дека од Клиниката за кожни болести им биле упатени два пациенти суспектни за мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ, сифилис и херпес. „Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што ...

Дваесет и девет болни од канцер примиле несоодветни дози терапија и биле несоодветно лекувани на Клиниката за радиотерапија и онологија, утврдено е со медицинските вештачења во истрагата за случајот Онкологија. Се набавувале лекови на реверс без да постои правна основа за тоа, се правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови, нанесувајќи му на тој начин штета на Буџетот. ...

Балансирањето на производството и потрошувачката е полесно ако струјата доаѓа од термоцентралите, но предизвик се фотоволтаичните централи, каде од еден облак зависи колку струја влегува во системот. Регулаторите и експертиите алармираат побрзо да се озовможи складирање на вишокот струја, но и изградба на гасни централи Целата држава остана без струја некаде и повеќе од два часа во текот на минатиот викенд. Тогаш интервенираше Бугарија која ...

По извештаите дека Москва ги зајакнала своите воени бази во близина на границата на НАТО алијансата, Финска изјави дека очекува Русија дополнително да го зголеми бројот на војници по должината на нивната заедничка граница откако ќе заврши војната во Украина. Генерал-мајор Сами Нурми, шеф на стратегијата на финските одбранбени сили, изјави дека војската ги следи маневрите на Москва „многу внимателно“ и дека нивната работа, како дел од НАТО ...

Уставниот суд на Романија денеска (22 мај) објави дека ја отфрлил жалбата на ултранационалистичкиот кандидат Ѓеорѓе Симион по неговиот пораз на претседателските избори во вториот круг за време на викендот. Симион, кој загуби од центристичкиот градоначалник на Букурешт, Никусор Дан, поднесе жалба до Уставниот суд за поништување на гласањето, наведувајќи странско мешање, вклучително и од Франција. „На крајот од своите размислувања“, судот ...

Напливот на интензивна дипломатија околу војната на Русија против Украина, фокусиран на првите директни мировни преговори меѓу Киев и Москва и долгиот телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, заврши без значителен напредок во овој процес. Главната цел поставена од Украина и Западот, односно 30-дневен прекин на огнот, не беше постигната. Руските напади продолжија за време и по ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа (21 мај) во разговор со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во Белград изјави дека Србија останува сигурен партнер за сите кои искрено се стремат кон соработка, напредок и заедничка европска иднина. Во објава на Инстаграм, Вучиќ изјави дека со Калас разговарале за клучни геополитички теми, безбедносната состојба во регионот, европскиот ...

Двајца вработени во израелската амбасада во Вашингтон биле убиени во среда вечерта (21 мај) додека си заминувале од настан во Еврејскиот музеј. Полицијата соопшти дека осомничениот, кој е во притвор извикувал: „Слободна, слободна Палестина“ . „Двете жртви, маж и жена, си заминувале од настан во Еврејскиот музеј во Капитал кога осомничениот се приближил до групата од четворица и отворил оган, изјави началникот на Метрополитенската полиција Памела ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка. Славески, кој е актуелен претседавач на Советот на град Скопје, е универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии. Претседателката својот предлог веќе го доставила до Собранието, кое новиот гувернер на Народната банка треба да го избере на пленарна седница со просто мнозинство. „При ...

Папата Лав XIV упати итен апел да се дозволи „пристојна количина хуманитарна помош“ во Газа и да се стави крај на непријателствата, за кои рече дека ужасна цена плаќаат децата, старите лица и болните. „Ситуацијата во Појасот Газа е сè позагрижувачка и потешка“, рече папата за време на неговата редовна аудиенција на плоштадот „Свети Петар“, пренесува АФП. Апелот на Папата доаѓа откако невладината организација „Лекари без граници“ го обвини Израел ...

Северна Македонија ќе биде прва земја на Балканот која склучува Договор за стратешко партнерство со Велика Британија. Делегација на македонската Влада предводена од вицепремиерот Александар Николовски утре во Лондон ќе го потпише договорот кој вклучува финансиска рамка од 5 милијарди фунти (6 милијарди евра). Но детали од ова партнерство и условите под кои Северна Македонија ќе ги добие финансиските средства од Обединетото Кралство се уште не се ...

Под раководство на предметниот обвинител што постапува во предметот под кодно име „Бункер“, единиците на МВР од рано утрината вршат претреси на пет локации во Скопје. „Акцијата е резултат на обезбедени докази во рамките на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминалната група „Беланоца-Барон“. Со повеќе информации обвинителството ќе излезе во текот на денот“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и ...

Земјите од Европската Унија денеска (21 мај) се согласија да формираат фонд во вредност до 150 милијарди евра (170 милијарди долари) за заедничка набавка на оружје. Кредитите треба да се користат за инвестирање во воздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, ракети и муниција, беспилотни летала и системи против беспилотни летала, како и за решавање на други потреби, од сајбер криминал до воена мобилност, појасни претседателката на Европската ...

Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование попладнево поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на прекините на работата и блокадите. „Министерството за образование, кое поради своите постапки е едно од одговорните за прекинот на наставата и блокадата на средните училишта низ цела Србија, се обидува да создаде привид на нормалност со ...

Со оглед на тоа што мастилото сè уште се суши на најново потпишаниот 17-ти пакет санкции на Европската Унија кон Русија, веќе се работи на следниот чекор за кој европските лидери велат дека ќе биде „огромен“. Но, некои аналитичари предупредуваат дека, во многу погледи, ЕУ веќе ги искористи своите најдобри карти и нема многу што ѝ останале во рацете, особено во време кога Вашингтон се чини дека не сака да се вклучи, додека ги поттикнува мировните ...

Истече рокот за регистрација на кандидатите за претседателските избори во Боливија, кои треба да се одржат во август, со што заврши обидот на поранешниот претседател Ево Моралес да се кандидира за четврти мандат. Одлуката на Уставниот суд на Боливија минатата недела ја потврди забраната за служење повеќе од два претседателски мандати, спречувајќи го Моралес повторно да се кандидира. Моралес, кој владееше од 2006 до 2019 година и беше првиот ...

Американскиот Сенат во вторник (20 мај) го потврди за амбасадор во Франција Чарлс Кушнер, татко на зетот на претседателот Доналд Трамп, кого Трамп го помилува откако беше осуден за манипулирање со сведоци и затајување данок. Сенатот го потврди Кушнер, кој беше номиниран од Трамп, со 51 глас „за“ и 45 гласови „против“. Сенаторот Кори Букер, кој ја претставува матичната држава на Кушнер, Њу Џерси, беше единствениот демократ кој гласаше заедно со ...

Во декември 2023 година, заедно со десетици илјади други 18-годишни мажи, Александар, од сибирскиот град Улан-Уде, беше повикан на задолжителна воена служба во руските вооружени сили. Четири месеци подоцна и речиси 7000 километри на запад, тој се најде себеси како копа пешадиски ровови по должината на руската граница со Украина. И не долго потоа, се најде себеси како се крие во тие ровови, соочувајќи се со украинските трупи и нападите со ...

Претставници на полското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент постигнаа договор околу Предлог-регулативата за управување со границите, со што ќе им се овозможи на земјите членки постепено да почнат да го воведуваат дигиталниот Систем за контрола на влез и излез (ЕЕС) на надворешните граници на Шенген зоната. „Благодарение на овој договор, земјите членки ќе можат да го користат новиот систем за управување со границите со ...

Уставниот суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Законските одредби, за кои на 26 февруари годинава Уставниот суд поведе постапка, значеа дека независните кандидати и листи за да се најдат на гласачко ливче, треба да соберат потписи од еден отсто од вкупниот број гласачи запишани во конкретната изборна единица (ако ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
1023
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
0.0
67%
1023
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 12ᴼ
1.03
59%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.76
66%
1023
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
5.14
65%
1022
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
4.12
44%
1022
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
63%
1024
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
51%
1024
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
90%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
55%
1022
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599