Двајца поранешни високи американски воени команданти велат дека воздушниот штит на Европа не е подготвен да одговори на размерите на заканата од Русија, додека шефот на оперативната група за воздушна и ракетна одбрана на американската морнарица за Радио Слободна Европа изјави дека пресретнувањето на оган „секогаш е брканица меѓу мачката и глушецот“. Коментарите доаѓаат откако европските земји започнаа масовна програма за повторно вооружување, ...

Во собраниска процедура се законски измени што дефинираат услови кои портали ќе влезат во нов регистар за медиуми, но неизвесно е дали тоа ќе го регулира и рекламирањето кај нив. Досегашната пракса покажа дека дел од парите во кампањите завршуваат кај портали што се формираат пред избори и потоа згаснуваат, кај сајтови што немаат импресум итн. Новинарските здруженија се децидни - потребна е регулација. Порталите во Северна Македонија во закон ќе ...

Новите опсежни царини за производи увезени од Соединетите Држави стапија на сила на 9 април според новата трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, за која тој рече дека има за цел да го ревитализира американското производство. Повисоките увозни даночни стапки за десетици земји и територии вклучуваат огромни царини од 104 отсто за кинески стоки и 20 отсто за производи од Европската Унија. Новите царини доаѓаат по основната ...

Државата прво му ги секна парите, па му ја одзеде лиценцата на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари затоа што во апликацијата им недостасувал еден документ. Вработените сега работат без плати, со донации за храна и прибор. На децата, кои биле питачи, можеби денешното ќе им биде последно заедничко одбележување на Меѓународниот ден на Ромите. „Тука секој ден е интересно, заедно си играме и пишуваме. Понекогаш заедно учиме да држиме ...

По четири дена пад, за прв пат македонската берза излезе од црвено и започна да покажува знаци на закрепнување. Вредноста на најтргуваните акции е за околу пет проценти пониска во однос на почетокот на минатата недела. Причината за „минусното салдо “ лежи во неизвесноста на светските пазари по воведувањето на новите американски царини. Паниката по воведувањето на новите американски тарифи на светскиот пазар на хартии од вредност се прелеаа и врз ...

Уште една недела на воено планирање и дипломатија повторно ќе ги нагласи поделбите меѓу Вашингтон и неговите европски сојузници околу политиката за Украина, со два клучни состаноци во последователните денови во седиштето на НАТО во Брисел. Соединетите Држави ќе отсуствуваат од првиот, а исто така се чини дека нема да играат голема улога во вториот, бидејќи европските земји се обидуваат да продолжат со своите планови. Првиот собир на 10 април ќе ...

Во име на тајност на истрагата обвинителството е „шкрто“ на зборови за работата на тимот обвинители кои ја истражува трагедијата во Кочани. Не се открива дали е разговарано со осомничени кои се лекуваат, но неофицијално веќе почнал распитот на сведоци. Кочани е пред избор на в.д. градоначалник. „Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои, кој ги пеплоса тие ангелски лица“? Оваа реченица полна со емоции одекна во тишината на маршот на 5 ...

Планот на Пакистан да депортира милиони авганистански мигранти наиде на остри критики додека земјата почнува да ја спроведува својата контроверзна политика. Групите за права предупредуваат дека многу повратници се соочуваат со сериозни ризици во Авганистан под контрола на Талибанците, вклучувајќи прогон, насилство и економски тешкотии. Ранливите поединци како што се жените, новинарите, бранителите на човековите права и поранешните владини ...

Според податоци од Националната земјоделска мрежа, годинава се очекува зголемено производство на градинарски култури за 20 до 30 отсто, но тоа не значи и дека овошјето и зеленчукот ќе поевтинат. Министерството за земјоделство ќе ги спојува земјоделците директно со маркетите, за да се избегнат посредниците во синџирот поради чиј ќар цената оди нагоре. Земјоделците ја почнуваат бербата на пролетната зелка додека граѓаните се жалат на високите цени ...

Некои од настраданите во Кочани кои го напуштија болничкото лекување, се јавуваат на Клиниката за Токсикологија, жалејќи се на вртоглавици и главоболки. За првиот човек на Клиниката, Андон Чибушев, тоа е очекувано, меѓутоа стравува од можни посериозни комликации во иднина како „пореметена меморија и неспособност за концетрација“. Докторе Чибишев, колку вкупно од повредените во пожарот во Кочани беа примени во Kлиниката и дали се уште имате ...

Во само три градови во Северна Македонија има упатни центри во кои жртвите на силување може да добијат помош. Докази може да им се земат само во Институтот за судска медицина, а во моментите на траума, жртвата мора да му ги даде потребните информации на обвинителот. Тоа ги обесхрабрува жртвите да го пријават насилството. Протоколот за постапување на институциите мора да се менува, алармираат од судството и невладините организации. Дваесет и ...

Володимир Зеленски од ТВ ѕвезда стана претседател на Украина со убедлива победа во 2019 година. Сега тој е подготвен да се соочи со уште поголем изборен предизвик: да го стави на гласање неговото воено претседателство за првпат откако Русија ја започна својата сеопфатна инвазија пред повеќе од три години. Во услови на зголемен притисок од западните поддржувачи, украинските власти тивко ја поставуваат основата за нови избори, гласање што ќе ја ...

Владата ја започна постапката за избор на нов судија во Европскиот суд за човекови права, кој треба да дојде на местото на Јован Илиевски, баџанакот на екс шефо на УБК, Сашо Мијалков. Од друга страна, само тројца вработени во Бирото за застапување на Северна Македонија пред Европскиот суд работат десетици предмети поднесени од граѓани против државата до судот во Стразбур. На 25 март, Владата донесе одлука за основање на Комисија за избор на ...

Едни велат од лошо-полошо, други се „потенки“ во извештаите и анализите, трети негираат. Под кренатата прашина по загадувањето на Крива Река и Тораничка река „со цијанид, олово, цинк...“, се појавија многу прашања: Колкава е штетата? Има ли екоцид? Кој е виновен? Кој ќе одговара? Њузлетер 4.4.2025 Изминативе денови се крена, и се уште се крева, многу прашина по загадувањето на Крива Река и Тораничка Река со тешки метали. Од манган и цинк до ...

Соединетите Држави и Русија ги поправаат оградите на дипломатскиот фронт: Кирил Дмитриев, висок советник во Кремљ и шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции, е во Вашингтон на разговори за Украина, што е прв пат висок руски функционер да го посети главниот град на САД по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Но, ситуацијата, која брзо се движи, создаде когнитивна дисонанца во Москва. Очигледната фрустрација на претседателот ...

Новите американски царински давачки повеќе на индиректен отколку директен начин ќе ја погодат македонската економија, велат економските аналитичари. Најпогодени од царините од 33% за извозот во САД ќе бидат услугите кон американски компании и оние фирми кои се дел автомобилската индустрија. Со одлуката на американскиот претседател Доналд Трампза зголемување на царините на 33 отсто за увоз на македонски производи во САД, и македонските производи ...

Градоначалникот на Крива Паланка објави и анализа на ИЈЗ дека во водите на Крива Река има тешки метали, откако претходно објави независна анализа која покажа дека високи концентрации на олово и цијанид се излеале во Тораничка и Крива Река. Обвинителството води предистрага, додека од рудникот Тораница тврдат дека загадувањето не потекнува од нив, но почнале спогодбена постапка со Министерството за животна средина. Водата во Крива Река е сериозно ...

Унгарија објави дека се повлекува од Меѓународниот кривичен суд (МКС) додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во Будимпешта на своето прво патување во Европа откако беше издаден налог за негово апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради наводни воени злосторства во Газа. Унгарскиот министер за одбрана Кристоф Салај-Бобровницки го пречека Нетанјаху на аеродромот во Будимпешта околу 2:30 часот по полноќ, а потоа го ...

Министрите за надворешни работи на членките на НАТО ќе се сретнат во Брисел на 3 и 4 април на редовниот пролетен состанок. Слично на состанокот на министрите за одбрана во февруари, целото внимание ќе биде насочено кон американскиот претставник. Во тоа време тоа беше министерот за одбрана Пит Хегсет. Сега тоа е државниот секретар Марко Рубио. Кога Рубио беше назначен на оваа позиција во новата администрација на Трамп, многу Европејци беа ...

Вчера едно, денес друго. Вчера ПРОТИВ, денес ЗА. Дали аршинот по фотелјата се познава? Њузлетер 21.02.2025 Двојни аршини Од „жестоко“ спротивставување до „експресно“ гласање. Последните измени на законот за работни односи со кои судиите и обвинителите ќе се пензионираат на 67 години, беше предлог кој во 2022 ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше, а сега го усвои. Правните експерти укажуваат на нејаснотија - колку функционери тоа може да го искористат. ...

Протест како синдикална јавна седница за поголем минималец одржа денеска Сојузот на синдикати. Бараат минималната плата да изнесува 30.000 денари, наместо предложените 24.300, а дотогаш пратениците и функционерите да земаат минималец. Владата за прв пат ја одреди висината на минималецот без согласност на синдикатите. Точно во 12часот и 5 минути Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) пред зградата на Собранието ја почна, како што ја нарече, ...

На полиците во една од многуте продавници во кинеска сопственост овде во вториот по големина град во Србија, Нови Сад има слушалки спакувани во бела картонска кутија на која пишува „iPod“. На прв поглед, потрошувачите би можеле да помислат дека купуваат производ од американскиот технолошки гигант „Apple“. Меѓутоа, повнимателните набљудувачи, освен екстремно ниската цена - помалку од два долари - за слушалките кои вообичаено чинат околу 20 долари ...

Прашањето како да се настапи на локланите избори ги изнесе на површина несогласувањата во коалицијата Вреди. Додека Таравари отворено критикува, дел од партнерите се оптимисти дека ќе настапат заедно на избори. Засега, никој не го доведува во прашање учеството во Владата. За дел од аналитичарите ова е внатрекоалициско позиционирање за локалните избори. Несогласувањата во коалицијата Вреди (Влен) се очигледни во пресрет на локалните избори во ...

За брз и добар одговор во кризни ситуации - пожар, земјотрес, поплави, децата треба да бидат обучени со што пореални сценарија, препорачуваат експертите. По пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ власта најави зајакнување во подготовка на учениците, но нема податоци дали и колку се прават вежби. Симулација на пожар во струмичкото основно училиште „Сандо Масев“. За помалку од шест минути, над 600 ученици и триесет наставници се надвор од ...

Во последниве недели, Соединетите Држави, Русија и Украина скицираа рамки за прекин на огнот - една која има за цел заштита на енергетската инфраструктура како што се електрани и далноводи, а друга насочена кон намалување на воената активност во Црното Море. Едно од најголемите барања на Москва беше јавно соопштено: олеснување на санкциите. Во соопштението на Кремљ објавено по договорот за прекин на огнот во Црното Море на 25 март, Москва објави ...

По пожарот во Кочани, институциите во потрага по противпожарни апарати, а онаму каде имаат, спроведуваат набавки за нивно сервисирање. Ваквиот потег не го доведуваат во корелација со трагедијата во „Пулс“, туку тврдат дека се дел од годишните планови за набавки. Дирекцијата за заштита и спасување е преплавена со барања за инспекциски надзори на згради, клиники и училишта, а имаат само третина инспектори од законски предвидениот број. Трагедијата ...

Големи количини опасен „мазут“ со лош квалитет влегуваат во земјава, а никој не знае точно колку, вели поранешната директорка на ДИЖС Ана Петровска во интервју за РСЕ. Таа вели дека Царината не ги мери сите параметри, додека фирмите прават голем профит, а загадувањето останува нерешено. На почетокот на месецов имаше апсења за случајот со увоз на мазут со лош квалитет. Како според вас било ова овозможено, кој се замижувал за да се увезе тоа ...

Одговорност за трагедијата во Кочани, но и за случаите со „Беса транс“, „Дурмо турс“, модуларната болница во Тетово, побара граѓанската иницијатива „Кој е следен“. Во пресрет на собирот, оттаму им порачаа и на власта и на опозицијата дека не сакаат политичка, туку институционална поддршка. Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ побара јавноста да ја добие на увид целокупната документација за постапувањето на институциите за работата на ...

Тешко е да се каже дали американските напори во преговорите за крај на војната во Украина ќе имаат ист успех како Дејтонскиот мировен договор за БиХ. Покрај сите други причини, околностите во случајот со Украина и Русија дополнително се комплицираат со тоа што Путин е обвинет пред Меѓународниот кривичен суд. Првиот пат кога се обидоа да ги седнат на иста маса, тоj обид заврши неуспешно. Дваесет и еден ден подоцна постигнаа договор со кој заврши ...

Обвинителството истражува сомневања за наместени тендери со мазут, но не и неговиот (не)квалитет. Царинската управа знаела дека фирмата РКМ се обидува да внесува сомнителен мазут. Термоцентралата Неготино каде се согорувал нема обврска за мерење на штетни емисии и не се знае што е согорено. Екологистите бараат проширување на истрагата на фирмите кои користеле штетно масло. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1015
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
89%
1017
weather icon

Загреб

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
85%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.93
80%
1017
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
97%
1019
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
72%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.02
80%
1016
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
64%
1017
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
88%
1014
Currency

61.595

Currency

52.6462

Currency

70.4748

Currency

34.4361

Currency

37.7541

Currency

65.9917

Currency

7.37879

Currency

0.62866

Currency

0.35213

Currency

0.52552

Currency

1.26622

Currency

0.59374