
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Новиот папа е Роберт Френсис Превост, поранешен американски кардинал. Неговото папско име е Лав XIV. Во 19:13 часот кардиналот објави на балконот: „Хабемус Папа“. Папата Лав XIV им се обрати на собраните и рече дека Црквата мора да гради мостови и единство. Со бел чад над Систинската капела и со ѕвонењето на камбаните на базиликата „Свети Петар“ во четврток попладне, граѓаните на Рим и светот беа информирани дека е избран 267-от поглавар на ...
Апелациониот суд Скопје му ја зголеми затворската казна на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, од четири на десет години. Зголемување на казната доби и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари кому казната му е зголемена од шест на десет години. Првостепени, четиригодишини затворска казни на Белули и на Мифтари претходно им изрече Основниот Кривичен суд Скопје. Скопска апелација ги одби како неосновани жалбите на ...
Лидерот на Социјадемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче не ја исклучува можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со Арбен Таравари од Алијанса за Алабанците на претстојните локални избори. Одговарајќи на новинарско прашање за можна коалиција меѓу СДСМ и ДУИ и крилото на АА на Таравари, тој рече дека коалицијата од 14 партии е веќе потврдена и се прават заеднички советнички листи според неа. Додаде дека процесот за ...
Индиската влада во четврток (8 мај) соопшти дека Пакистан започнал воздушен напад преку ноќ користејќи „дронови и ракети“, пред Њу Делхи да возврати со уништување на систем за воздушна одбрана во Лахор. „Пакистан се обиде да нападне голем број воени цели користејќи дронови и ракети“, соопшти индиското Министерство за одбрана. Оттаму додаваат дека „тие биле неутрализирани“ од системите за воздушна одбрана. Њу Делхи соопшти дека целните области ...
Соединетите Држави и Велика Британија наводно денеска (8 мај) треба да објават трговски договор што би можел да има импликации врз царините на претседателот Доналд Трамп, но обемот на договорот би можел да биде ограничен. „Њујорк тајмс“ и „Политико“ објавија дека договорот ќе биде склучен со Велика Британија, повикувајќи се на повеќе лица запознаени со плановите, додека „Волстрит џурнал“ пишува дека тоа ќе биде само „рамка“ на договор. Тоа би ...
По пожарот во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 62 млади луѓе, политичарите го избегнуваат Кочани. Но експертите предупредуваат: јавниот гнев, недовербата во системот и барањата за одговорност би можеле да се прелеат на изборите во октомври. Речиси два месеца по трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 62 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, политичките лидери сè уште го одминуваат градот. Трагедијата што го потресе целото ...
Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, беа потребни два дена Германецот Бенедикт XVI да се прогласи за папа. Кардиналите вчера (7 ...
Тоа е главната прослава во рускиот календар, водечкиот настан во напорите на Кремљ да ја возвиши советската улога во победата над нацистичка Германија. Во последниве години, парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад, исто така, послужи како можност за претседателот Владимир Путин да ја „глорифицира“ војната на Москва против Украина, иако според западните проценки, жртвите на Русија (и мртви и ранети) надминуваат три четвртини од милион ...
Мирно е во украинските градови рано изутрината на 8 мај, откако стапи на сила тридневниот прекин на огнот прогласен од Русија. Засега нема извештаи за напади со дронови со долг дострел или лансирање ракети по последователните ноќи бомбардирање. Украинските воздухопловни сили, сепак, соопштија дека руските авиони двапати лансирале насочувачки бомби врз регионот Суми во североисточна Украина во раните утрински часови на 8 мај. Воздухопловните сили ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД „Номагас Скопје“ и избраниот изведувач „Рапид Билд“ од Куманово денеска го потпишаа договорот за изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Според очекувањатана министерката за енергетика, Сања Божиновска, интерконекторот треба да биде ставен во функција во 2027 година. „Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ...
Не сум дојден да ви делам совети и да ги сеам како семиња наоколу, но не дозволувајте да бидете жртва на изнуда кога станува збор за членство во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска (7 мај) престојува во официјална посета на Северна Македонија. „Совети секако добивате и од други страни, од соседите, од меѓународната дипломатија, од ЕК. Не се сите тие паметни и корисни за вас, работете по свое. Вие сте оние ...
Русија и Украина извршија меѓусебни ноќни напади со беспилотни летала врз главните градови, во кои беа повредени луѓе во пожари предизвикани во Киев, додека во Москва не се пријавени повредени или штети. „Паѓањето остатоци од уништени дронови предизвика пожари во станови и згради во три киевски области“, соопшти украинската воена администрација на социјалните медиуми. Нападот со беспилотни летала се случи само неколку часа откако Русија испали ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) се собираат во Варшава на 7 и 8 мај на неформален состанок на советот, а потоа, еден ден подоцна, ќе одат во Лвив во знак на солидарност со Украина додека Русија го слави Денот на победата. Ниту еден од состаноците не е официјален совет на ЕУ, па затоа е малку веројатно дека ќе објават нешто конкретно. Сепак, се очекува министрите за надворешни работи да иницираат формирање на специјален ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска (7 мај) ја почнува четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на комеморацијата на Денот по повод победата во Втората светска војна во Русија. Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина. Меѓународните прашања ќе ги вклучуваат војната во Украина и тековните преговори меѓу Русија и ...
Пакистан соопшти дека осум лица биле убиени рано на 7 мај во ракетни напади лансирани од индиските вооружени сили и го нарече нападот „бесрамен чин на војна“ во услови на зголемени тензии меѓу соседите вооружени со нуклеарно оружје. Нападот е најлош во насилствата кои траат повеќе од две децении и следи по нападот на исламистички напаѓачи во кој загинаа 26 хинду туристи во Кашмир, контролиран од Индија минатиот месец. Индија ги обвини ...
Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, кој е осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, и ја преиначи одлуката на Кривичниот суд така што мерката „притвор“ се укинува со прифаќање на гаранција со ставање хипотека на имот во износ од 986 илјади евра и готовина во износ од 1,17 милиони евра. Истовремено на обвинетиот му се определуваат мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и јавување во ...
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на својот ирански колега Масуд Пезешкијан дека Москва сака „фер“ нуклеарен договор меѓу САД и Иран и дека е подготвена да помогне во унапредувањето на разговорите, соопшти Кремљ. „Руската страна ја потврди својата подготвеност да придонесе за унапредување на овој дијалог со цел постигнување фер договор врз основа на принципите на меѓународното право“, соопшти Кремљ по телефонскиот разговор меѓу ...
Зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група која, на иницијатива на МОН, ќе ја координира Градежниот факултет на УКИМ. Нивната изградба, во близина на Ректоратот на Скопскиот универзитет, почна во 2015, беше запрена во 2019, а повеќе од шест години нема никаква теренска ...
Човештвото доживеа неочекувано и „вознемирувачко“ забавување на развојот во 2024 година, бидејќи глобалното постпандемиско закрепнување почна да губи интензитет, долго пред претседателот Доналд Трамп драматично да ја намали меѓународната помош на САД, предупреди ООН во годишниот извештај објавен на 6 мај. Според Индексот за човечки развој на ООН, кој ги мери животниот стандард, здравството и образованието, светот се опорави од шокот од ...
Кардиналите се вселуваат во своите простории во Ватикан пред конклавата за избор на нов папа по смртта на папата Франциск. Повеќе од две недели по смртта на Франциск, 133 кардинали ќе се соберат утре (7 мај) во Систинската капела на конклава што може да трае со часови, денови или дури и месеци. Кардиналите традиционално престојуваат во пансионот Санта Марта во Ватикан, кој има приватни бањи и услуга во соба во хотелски стил, но нема доволно соби ...
Украина лансираше повеќе од 100 дронови кон цели во 11 региони низ Русија, вклучувајќи ја и Москва, предизвикувајќи големи прекини во работата на аеродромите во руската престолнина, соопштија воени претставници. Во меѓувреме, Русија го таргетираше вториот по големина град во Украина, Харкив, со речиси 20 дронови во текот на ноќта на 6 мај, при што беа повредени најмалку четири лица, соопштија локалните обвинители. Нападите со дронови доаѓаат во ...
Повеќепати најавуваната посета на Москва од страна на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е под лупа поради можни последици за европскиот пат на Србија. Вучиќ ја објави својата одлука да присуствува на парадата по повод Денот на победата над фашизмот на 9 мај на почетокот на март, по телефонски разговор со Путин. Во случај Вучиќ да отпатува во Москва, каде што треба да се сретне лично со Путин за прв пат од почетокот на руската инвазија ...
Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска (6 мај) треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија. Шефот на германската влада го избираат пратениците на парламентот преку тајно гласање, без претходна дискусија, врз основа на предлог од претседателот. Како по правило, кандидатот е од партијата што освоила најмногу гласови на парламентарните избори. Овој пат, таа партија е на Мерц. ...
Во првите 100 дена на функцијата, една клучна цел на надворешната политика на Соединетите Држави не беше остварена од американскиот претседател Доналд Трамп: завршување на војната против Украина. Трамп се кандидираше за претседател со ветување дека брзо ќе ја заврши војната. Во интервју за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) што се емитуваше на 4 мај, тој изрази надеж дека сè уште може да се постигне мировен договор, а истовремено посочи дека неговото ...
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди попладневната средба со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на едното крило од Алијанса за Албанците. Од средбата, Мицкоски очекува Таравари да каже дали ќе остане во Владата или ќе оди со ДУИ. „По мене, има две опции за избор. Едната опција е оваа која што ја нуди оваа Влада на реформи, на промени, на испорака за граѓаните и втората опција е онаа опција која што години наназад, би рекол повеќе ...
Британската полиција уапси осум мажи - вклучувајќи седум ирански државјани во две очигледно неповрзани антитерористички операции, соопштија полицајците на 4 мај, додека властите се обидуваат да утврдат дали постојат „понатамошни ризици“ за јавноста. „Ова беа две големи операции кои одразуваат некои од најголемите антидржавни закани и антитерористички операции што ги видовме во последниве години“, изјави министерката за внатрешни работи Ивет ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија ќе се соберат неделава во Варшава на неформален состанок на Советот, а потоа ќе одат во Лвив во знак на солидарност со Украина пред големата прослава на Денот на победата во Русија. Малку конкретни одлуки се очекуваат во Полска на 7 и 8 мај, како и еден ден подоцна во западниот украински град Лвив, бидејќи ова не се официјални состаноци на Советот на ЕУ. „Во согласност со неформалниот карактер ...
Романците гласаат за избор на нов претседател речиси шест месеци по неочекуваното по ништување на првиот круг од изборите поради обвинувања за русковлијание. Анкетите пред гласањето на 4 мај покажаа дека ултранационалистичкиот кандидат Георг Симион (38) води пред останатите 10 кандидати. Меѓу водечките претенденти се и поранешниот премиер Виктор Понта, градоначалникот на Букурешт Никусор Дан и Крин Антонеску од владејачката коалиција. До 16 ...
Дали Алијанса за Албанците останува во Владата или ќе замине во опозиција ќе се знае по утрешната средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на Алијанса и министер за здравство Арбен Таравари. На оваа средба која денеска ја најави премиерот, се очекува да бидат отворени клучните прашања од кои зависи и опстојувањето на сегашната владина коалиција во овој состав. Мицкоски како што нагласи, на таа средба јасно сака да слушне дали е точно ...
Последните претседателски избори во Романија беа поништени во декември, откако беше утврдено дека победникот имал бенефит од руско мешање. Денеска, додека Романците повторно гласаат, нему не му е дозволено да се кандидира. Кога утрово на 4 мај се отворија избирачките места за претседателските избори во Романија, фокусот не е само на тоа кој ќе победи — туку и дали ќе може да се избегне дебаклот од минатите избори. Минатиот пат, во ноември, ...