Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра и опфаќа над 16 илјади невработени, од кои очекувањата се 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата. „Со овој план се ...
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка со која ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” спрема уште едно лице, кое исто така е осомничено како соизвршител за -Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. „Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека ...
Две фабрики за дронови во близина на Москва се погодени во голем украински напад со дронови, јавија денеска (28 мај) локалните медиуми, а пренесе ДПА. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека една од целите се наоѓала во градот Зеленоград, северозападно од главниот град. Засега нема извештаи за жртви или сериозна штета, објави тој на Телеграм. Руските канали на Телеграм јавија дека фабрика за дронови е погодена и во градот Дубна, ...
Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти денеска (28 мај) е на дневен ред на собраниската Комисија за надворешни работи, како и на 52. пленарна седница. По постигнатиот договор за стратешко партнество со Обединетото кралство меѓу премиерот Христијан Мицкоски и ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина. „Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат“, рече Зеленски во коментарите објавени во среда (28 мај). Тој, исто така, рече дека „многу би сакал“ Трамп да ги ...
Изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за дозвола на Украина да испукува ракети што ги добива од Западот кон воени цели длабоко на руска територија ја разгореа дебатата за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Киев. И сето ова се случува кога од германските медиуми дознаваме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 28 мај. Украина долго време бара германско-шведски систем за оружје, кој може да испорача ...
Белгија и уште 16 земји од Европската Унија објавија заедничко соопштение во кое изразуваат „длабока загриженост“ поради кршењето на основните права на ЛГБТ+ лицата во Унгарија и ја повикуваат да ги ревидира новововедените мерки и да се усогласи со своите меѓународни обврски. „Длабоко сме загрижени поради неодамнешните правосудни и уставни амандмани кои ги кршат основните права на ЛГБТКЈУ+ лицата, усвоени од унгарскиот парламент на 18 март и 14 ...
Високиот претставник на ОН за човекови права, Фолкер Турк, изјави дека воените акции на Израел во Појасот Газа повеќе не се опфатени со принципот на самоодбрана според меѓународното право. „Зборуваме за протерување кое е многу, многу сомнително“, изјави Турк за австриското радио, осврнувајќи се на ефектот од војната врз цивилното население. „Она што го видовме во последните месеци нема никаква врска со почитувањето на основните принципи на ...
Двајца мажи кои биле повредени во судир меѓу мигранти во камп во близина на Сараево се во опасност, објави Министерството за внатрешни работи (МВР) на сараевскиот кантон на 27 мај. Според полицијата, од шесте повредени мажи, кај пет биле констатирани сериозни телесни повреди, додека за еден маж лекарите не коментирале за степенот на повредите. Двајца мажи чии животи се во опасност се во Клиничкиот центар во Сараево. Меѓу повредените се еден ...
Поранешен близок соработник на основачот на грузиската владејачка партија, Биѕина Иванишвили, е уапсен во близина на границата со Ерменија, соопштија властите, неколку месеци откако тој тајно избегал од земјата за време на кривична постапка за која вели дека е политички мотивирана. Во соопштението од 27 мај, Државната безбедносна служба на Грузија соопшти дека Ѓорѓи Бачиашвили бил приведен еден ден претходно откако добила, како што наведува, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска (27 мај) посочи дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет. „Мнозинството е стабилно. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од „Влен“. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн ...
Државниот завод за ревизија укажува дека сè уште не е завршена дигитализацијата на матичните книги и покрај тоа што започнала пред повеќе од една деценија и во неа се вложени над 520 милиони денари. Скенирани се 52 проценти од записите во матичните книги, а внесени во електронскиот матичен регистар се 49 проценти од записите. Ваквиот степен на реализација, како што соопшти денеска ДЗР, не овозможува поедноставување и забрзување на услугите за ...
Педесет и тригодишен Британец на 26 мај со минибус се заби во толпа навивачи на Ливерпул кои ја славеа титулата на градот во Премиер лигата, при што беа повредени повеќе од 45 лица, додека навивањето се претвори во вресоци на ужас. Се верува дека уапсениот возач е единствениот вмешан, а инцидентот не се истражува како терористички чин, соопшти полицијата. Амбулантни возила однесоа 27 лица во болница, вклучувајќи двајца со сериозни повреди, а ...
На 27 мај, Европската Унија формално ќе ја одобри својата програма од 150 милијарди евра за зголемување на трошоците за одбрана во блокот. Таканаречената регулатива SAFE (Безбедносна акција за Европа) првпат беше предложена во март од страна на Европската комисија како одговор на повиците на земјите-членки за финансиска и политичка поддршка за исполнување на новите одбранбени цели промовирани од НАТО и за потенцијална интервенција во корист на ...
Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се откажал од идејата активистите и таа партија да ја блокираат зградата на судот во Нови Сад. Тој за телевизијата „Балкан њузмакс“ изјави дека Вучиќ му посочил дека нивната блокада „ќе ја отежни работата на судот уште повеќе, кој треба да одлучува и за други важни случаи за граѓаните“. На 20 мај, лидерот на ...
Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за ...
Кога не успеа раниот обид за избор на претседател на парламентот, опозициската политичарка Хикмете Бајрами ги потсети косовските пратеници на наводниот опис на Ајнштајн за тоа што е лудило, односно правење на истото одново и одново и очекување на различен исход. Еден месец подоцна и по вкупно 21 неуспешен обид за продолжување на процесот на формирање влада по изборите во февруари, многумина во Косово се прашуваат дали Бајрами имала право. ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изрази надеж дека меѓународните партнери ќе го следат европскиот пример и ќе го зголемат притисокот врз Русија поради војната во Украина. Нападите врз Киев се ужасни, Русија очигледно го зголемува притисокот врз Украина, рече Калас пред почетокот на денешната седница на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел. „Од нас зависи да извршиме притисок врз Русија, за ...
Повеќе од 2000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство ќе учествуваат во големата воената вежба „Брз одговор 2025“ која од денеска (26 мај) до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак во земјава. Оваа вежба е дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа. Северна Македонија ќе учествува со 950 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „целосно полудел!“ по серијата смртоносни напади и предупреди дека ако се обиде да ја освои цела Украина, тоа ќе доведе до „пад“ на Русија. Ова е најсуровиот јавен коментар што Трамп некогаш му го упатил на лидерот на Кремљ. „Отсекогаш сум имал многу добар однос со Владимир Путин од Русија, но нешто му се случи. Тој полуде целосно!“, напиша Трамп на својата ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен телефонски разговарала со американскиот претседател Доналд Трамп за неговата најава дека ќе воведе царини од 50 отсто на увозот од Европската Унија од 1 јуни. Во објава на платформата Икс, Фон дер Лајен оцени дека имале „добар разговор“ со Трамп и нагласи: „ЕУ и САД имаат најзначајни и најтесни трговски односи во светот. Европа е подготвена за брзи и одлучни разговори“. Таа додаде дека ...
Владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела (ОСП), предводена од претседателот Николас Мадуро, убедливо победи на вчерашните парламентарни избори, соопшти Националниот изборен совет. Партијата на Мадуро го задржа апсолутното мнозинство во Националното собрание, освојувајќи 82,68 отсто од гласовите. Истовремено, на локалните избори социјалистите на Мадуро обезбедија 23 од 24-те гувернерски места во венецуелските држави, со исклучок ...
Косовското Собрание ниту во 21 обид не е конституирано, бидејќи денеска немаше кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање. На денешната седница (25 мај) беа присутни 90 пратеници, а 53 гласаа „за“ и еден „против“. Во последните 12 обиди, седницата не успеа по истата точка - предлогот на претседавачот Авни Дехари да се премине од отворено на тајно гласање за избор на претседател на Собранието. Првата конститутивна седница на деветтиот ...
Владејачката партија ВМРО-ДПШМНЕ смета дека нема потреба од нова лидерска средба. Прашан за коментар за изјавата на лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче дека ќе предложи точки за лидерска средба, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција (25 мај), изјави дека нема потреба од такво нешто. „Првенствено би сакале Венко Филипче да не ги користи приликите за лидерска средба за да си го крева рејтингот. ...
Протераната белоруска опозициска лидерка Свјeтлана Циханускаја изјави за „Тајм“ на РСЕ/РЛ дека Латвија и Литванија треба да ги задржат своите граници со Белорусија отворени и покрај растечките тензии околу мигрантите. Нејзините коментари дојдоа неколку дена откако Литванија поднесе жалба до највисокиот суд на ОН барајќи акција против Белорусија во врска со ова прашање. Латвија, Литванија и Полска имаат зголемен број мигранти кои сакаат да влезат ...
Во тек се подготовки за она што би можел да биде најделикатниот самит на НАТО во последниве години и првиот вистински тест за Марк Руте како генерален секретар. Соодветно за најдолгогодишниот холандски премиер во историјата, тој ќе се одржи во позната околина - неговиот роден град, Хаг. Според претставници на НАТО во контакт со Радио Слободна Европа на Руте ќе му бидат потребни сите негови дипломатски вештини за да се осигури дека самитот ќе ...
Рано утрото на 25 мај, украинските власти соопштија дека рускиот напад со беспилотно летало врз Киев погодил неколку станбени згради, при што загинале најмалку 12 лица, а 70 други биле повредени. Експлозии биле пријавени и во повеќе региони во текот на ноќта, вклучувајќи ги Харкив, Конотоп, Суми, Тернопил, Николаев, Одеса, Чернигов и Запорожје, во она што украинските власти го опишаа како втора ноќ по ред на големи воздушни бомбардирања во кои ...
Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е политиката на проширување да се спроведе, вели во интервјуто за Слободна Европа, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според Давкова, министерката за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајзингер, разговорите за решавањето на овој спор, би сакала да се случат во Виена. Ингеренциите на ...
Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со мајмунски сипаници и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран вирусот, како што информира ИЈЗ, се во добра состојба. Од Институтот соопштуваат дека нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање. „Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб страната на ...
Европската комисија се закани со мерки против Унгарија доколку владата на премиерот Виктор Орбан усвои контроверзен закон со кој се ограничува работата на невладините организации. Воведувањето на законот за „транспарентност во јавниот живот“ би наметнало строги прописи за невладините организации финансирани од странство, кои се сметаат за ризик за суверенитетот на Унгарија, пишува ДПА. Според Комисијата, предлог-законот, поднесен до унгарскиот ...