Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата министер за здравство и денеска ја достави до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. „Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за ...
Речиси истите пораки кои ги слушнавме од претходните посети во соседните земји, беа упатени и денеска од страна на претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, кој како дел од балканската турнеја го посети и Скопје. Проширувањето е заедничка цел и ова е најдобрата геостратешка инвестиција во мирот и безбедноста, порача Кошта повторувајќи го она што и другите меѓународни претставници ни го кажуваа досега, а тоа е дека местото на Северна ...
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека гледа можности за напредок во завршувањето на војната во Украина и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на разговорите во Истанбул. „Сè уште сум внимателно оптимистичен дека би можело да се постигне некаков пробив во следните неколку недели, изјави Руте на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во турскиот град Анталија. Сепак, Руте рече ...
Владата на Швајцарија предупреди дека ќе бара да го ограничи слободното движење на луѓето од ЕУ ако нето имиграцијата или зависноста од социјална помош надминат одредени граници. Швајцарија и ЕУ во декември минатата година постигнаа договор за продлабочување на економската соработка и покрај противењето на националистите, за кои Европска Унија е закана по суверенитетот на земјата. Договорот се соочува со долг процес на ратификација, при што ...
Делегации од Русија и Украина ќе одржат директни мировни преговори лице в лице за прв пат по повеќе од три години во Истанбул, иако тимовите ќе бидат составени од технократи од пониско ниво, откако претседателот Владимир Путин изјави дека нема да присуствува. Делегациите треба да се состанат на 15 мај во палатата Долмабахче во Истанбул и ќе се одржат во тајност без пристап за медиумите, објавија руските медиуми. Според извештаите украинскиот ...
Европската гаранција за деца како механизам на ЕУ за спречување на сиромаштијата и социјалната исклученост е особено важна за Северна Македонија, каде што секое трето дете живее во сиромаштија, апелираше денеска (14 мај) министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. „Ова е значително повисока стапка од општата стапка на сиромаштија кај вкупното население. Особено ранливи се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние ...
Папата Лав Четиринаесетти изјави дека е подготвен да посредува меѓу лидерите на земјите кои се во војна, наведувајќи дека тој лично „ќе направи сè за да владее мирот“. Новиот поглавар на Католичката црква, кој минатата недела ја презеде должноста водач на 1,4 милијарди католици низ целиот свет, им се обрати на верниците собрани во салата Павле Шести во Ватикан на настанот посветен на јубилејната 2025 година и 23 источни католички цркви. „Од ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека во периодот што следува ќе бидат номинирани нови имиња на местото на Алијанса за Албанците, крилото на Арбен Таравари, откако излегоа од владината коалиција. „На редовниот Извршен комитет синоќа разговаравме за актуелната економска и политичка состојба во државата. Членовите на ИК ме овластија во периодот којшто следи да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на оние коишто одлучија да одат во ...
Претседателот на Европскиот совет Кошта, а по него и Каја Калас доаѓаат во мај во Скопје, а во јуни најверојатно еврокомесарката за проширување Марта Кос. Се очекува да дојдат со иста порака - уставни измени, па почеток на преговори. Симонида Кацарска од ЕПИ смета дека посетите треба „да се искористат за градење позитивен политички наратив за конкретни резултати, наместо да се фокусираме на пречките“. Првите луѓе на Европската Унија прв пат ...
Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, се сретна со новиот привремен претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, поранешен бунтовнички лидер кој помина години во затвор на американските сили откако беше заробен во Ирак. Средбата се одржа пред Трамп да го заврши престојот во Саудиска Арабија и да отпатува за Катар, како дел од турнејата на Блискиот Исток, која ќе вклучува и посета на Обединетите Арапски Емирати. Трамп и ал-Шара се сретнаа ...
Одеднаш, Украина и Русија се подготвуваат за она што би можеле да бидат нивните први директни мировни преговори од пролетта 2022 година, кога преговорите започнаа кратко по целосната инвазија на Москва врз нејзиниот сосед. Патот до разговорите што се очекуваат во Турција на 15 мај беше краток. На 7 мај, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, рече дека директните преговори меѓу Русија и Украина се приоритет. На 10 мај, европските лидери му се ...
ЕУ во среда (14 мај) одобри нов пакет санкции за Русија, со кои се ограничува „нафтената флота во сенка“, додека Европа се заканува со понатамошни казни ако Москва не се согласи на примирје во Украина. Новите мерки против Кремљ, или 17-тиот круг санкции од ЕУ од целосната инвазија на Русија во Украина во 2022 година, беа во подготовка пред европските лидери да го издадат својот последен ултиматум до Москва во врска со мировните напори предводени ...
Румен Радев повика на нелегален референдум за еврото. Речиси сигурно нема да помине, а претседателот го знае тоа. Покрај тоа, неговата идеја не го загрозува статус квото. Зошто тогаш би го предложил ова? Еве го одговорот: за да го нацрта својот политички профил и да каже кои луѓе би сакал да ги претставува. Деветти мај, петок. Русија одбележува 80 години од крајот на „Големата патриотска војна“, како што таму се нарекува Втората светска војна. ...
Претседателот Володимир Зеленски наводно рекол дека ќе се сретне само со својот руски колега, Владимир Путин, а не и со други руски претставници на мировните преговори закажани за Истанбул оваа недела, на кои американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека можеби ќе присуствува. Понудата на Трамп да се придружи на разговорите меѓу Украина и Русија закажани за 15 мај предизвика повик меѓу американски и европски дипломати кои продолжуваат да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Саудиска Арабија за да ја започне четиридневната посета на регионот на Персискиот Залив, фокусирајќи се повеќе на економските договори, отколку на безбедносните кризи, од војната во Газа до заканата од ескалација на нуклеарната програма на Иран. Тој со себе донесе група моќни американски бизнис лидери, вклучувајќи го и извршниот директор на „Тесла“ и советник на Трамп, Елон Маск. Прво ќе го ...
Дванаесет години затвор доби Васил Јованов, кој пред пет месеци на булеварот „Партизански одреди“ ја прегази младата Фросина Кулакова. Тој е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Јованов доби и забрана за управување возило во траење од пет години. Видно вознемирен и незадоволен од пресудата, таткото на Фросина, ја напушти судницата извикувајќи „Судот - мафија“. Мајката и сестрата на Фросина ...
Лидери од цела Европа ќе се соберат на 16 мај на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Тирана за самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Таа заедница е идеја замислена од францускиот претседател Емануел Макрон како директен одговор на војната во Украина и се состанува на највисоко ниво двапати годишно, а домаќинот ротира помеѓу 27-те земји-членки на ЕУ и 20-те земји надвор од ЕУ. Сега е ред на Албанија, а овој настан ќе биде еден вид ...
На 12 мај, Министерството за внатрешна безбедност на САД објави крај на привремената заштита за некои Авганистанци кои живеат во Соединетите Држави, наведувајќи ги подобрените безбедносни и економски услови во Авганистан. „Ги разгледавме условите во Авганистан со нашите меѓуагенциски партнери и тие не ги исполнуваат условите за статус на привремена заштита (TPS)“, изјави министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем. „Авганистан има подобрена ...
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да излезе од владината коалиција. Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција, објави Таравари по состанокот. „Се враќаме меѓу граѓаните, на локалните избори во октомври ќе имаме многу подобар резултат“, рече Таравари и додаде дека промените што ги ветивме не ги испорачавме за ...
Врз основа на првичните индикатори, реални се шансите во првиот квартал економскиот раст на државата да биде меѓу 3,5 и 4 отсто и да бидеме еден од најдобрите во Европа, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот Македонија 2025, што се одржува од денеска (12 мај) во Скопје. Според него, ако состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија се подобри, тогаш има шанси за уште повисоки перформанси што ...
Новиот папа Лав Четиринаесетти повика на ослободување на новинарите затворени низ целиот свет. Папата денеска(12 мај)одржа средба со новинари, што е негова прва таква средба откако беше избран за наследник на папата Франциск, кој почина на 21 април. За време средбата, Лав Четиринаесетти ја изразил солидарноста на Црквата со новинарите кои моментално се во затвор затоа што се обидуваат да ја кажат вистината. Папата Лав Четиринаесетти повика на ...
Бугарските студенти рецитираат на руски јазик. Руска институција дистрибуира снимки од нив. Објавите во медиумите и социјалните мрежи зборуваат за руска пропаганда во училиште. Бугарски министер и директор на училиште не гледаат никаков проблем. Но, зад многу од дејствијата опишани како пропаганда, всушност стои руската држава. Ученичка од Јамбол стои пред камерата, веројатно во својот дом. Таа носи бел дуксер. Таа почнува да чита. На руски. И ...
Тврдокорните талибански владетели на Авганистан го „суспендираа“ одржувањето на шаховските натпревари во земјата, повикувајќи се на „религиозни причини“ и тврдејќи дека тоа претставува форма на „коцкање“. Талибански функционер на 11 мај рече дека ќе биде донесена одлука за можното продолжување на шахот под покровителство на спортскиот оддел на земјата, но не беше дадена временска рамка. Откако се вратија на власт во Авганистан во август 2021 ...
Соединетите Држави и Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд. Зборувајќи во Женева, американскиот секретар за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115 проценти“ откако се согласија на 90-дневна пауза. Кинеското Министерство за трговија ја потврдува суспензијата на „сите царински контрамерки“ преземени против САД ...
Според официјалните резултати објавени од албанската Централната изборна комисија, до денеска претпладне (12 мај), избројани се гласачките ливчиња од 1624 гласачки места или 31,07 отсто од вкупно 5225 на колку што се гласаше во текот на вчерашниот ден. Податоците од до сега преброените гласачки ливчиња потврдуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска ...
Во промената на политиката што ги вознемири функционерите во Израел, Соединетите Држави под водство на претседателот Доналд Трамп повеќе не ги условуваат цивилните нуклеарни амбиции на Саудиска Арабија со нормализацијата на одосите со Израел. Овој потег, првпат објавен пред посетата на Трамп на Ријад на 13 мај, означува остро отстапување од пристапот на администрацијата на Бајден, која ја поврза нуклеарната соработка и безбедносните гаранции со ...
Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош. Хамас е прогласена за терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија. Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е „подготвен“ да се сретне за разговори за прекин на огнот со Русија, означувајќи го повикот на рускиот претседател Владимир Путин за директни преговори како „позитивен знак“ за завршување на војната. Пишувајќи на X, Зеленски на 11 мај рече дека е „позитивен знак дека Русите конечно почнале да размислуваат за завршување на војната“, додавајќи дека „првиот чекор“ е да се согласи на ...
Тоа што се прави после трагедијата во Кочани е селективна етничка, партиска, политичка поларизација за да се заштитат своите по секоја цена, вели потпретседателот на ДУИ Бујар Османи. Во интервју за РСЕ зборува дека нема договор со Таравари, за најавените протести, барањето за двојни избори. Зошто ДУИ повторно најавува протести? Вашиот лидер Ахмети кажа дека доколку ексминистерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во ...
Попладнето (10 Мај) во Koчани се одржа протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во ноќта меѓу 16-ти и 17 март. Родители и блиски на жртвите од пожарот повторно ја минаа истата маршрута на петтиот по ред протест во Кочани за да им порачаат на институциите дека очекуваат правда за своите чеда. „Бараме правда“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија, „Не чекај твоето дете да биде следно“, ...