Во руски воздушен напад загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи членови на три генерации од исто семејство, во северниот украински град Прилуки, што го поттикна украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги обнови повиците до Меѓународната заедница да изврши притисок врз Москва со „сите расположливи средства“ за да се постигне прекин на огнот. Службениците изјавија дека шест беспилотни летала погодиле станбена област во Прилуки кратко пред ...

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на трибината "Кочани е наш приоритет". Клековски, нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство. Во однос на критиките на дел од пациентите, првиот човек на ФЗО рече ...

Рано наутро на 12 мај, во куќа во северозападен округ на Лондон, пожарникарите реагираа на пријава за пожар на влезот од имотот. Пожарот бил мал, предизвикувајќи мала штета на влезната врата и не бил ништо посебно освен за едно нешто. Куќата, во населбата Кентиш Таун, му припаѓала на британскиот премиер, Кир Стармер, кој ја изнајмил откако се преселил на Даунинг стрит. Тоа бил еден од трите акти на палење што го погодиле имотот поврзан со ...

Дубравка Шуица, комесар на ЕУ за Медитеранот, која е во посета на Сирија, во четврток, 5 јуни, изјави дека пакетот од 175 милиони евра за воено разорената Сирија е „јасна порака“ за поддршка на нејзината обнова. Шуица го објави пакетот за Дамаск во среда (4 јуни), велејќи дека ќе се фокусира на сектори како што се енергетиката, образованието, здравството и земјоделството, помагањето во обновата на сириската економија, поддршката на нејзините ...

Кривичен суд го одобри обвинението против ексдиректорите на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и обвинението против онколозите. „Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „ Онкологија “, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува. По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – ...

Мора да направиме се за да ги зајакнеме капацитетите со цел да бидат способни за одвраќање, но тоа не може да биде одговорност само на САД, изјави американскиот секретар за одбрана Пет Хегсет пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата. „САД се горди што можат да бидат тука и да стојат покрај своите сојузници, но пораката ќе продолжи да биде јасна дека одвраќањето и одбраната преку зајакнување не можат и ...

На 4 јуни, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која повторно ја воведе забраната за патување што ја издаде за време на неговиот прв мандат, наредувајќи нова забрана за влез во Соединетите Држави за граѓани на 12 земји, вклучувајќи ги Авганистан и Иран. Трамп рече дека забраната за патување е неопходна за да се заштитат Американците од терористички напади како што беше нападот на 1 јуни во Колорадо, за кој властите ...

Црногорските власти планираат да започнат со производство на беспилотни летала во соработка со компанија од Соединетите Држави, а првата серија ќе биде донирана на Украина, се вели во документот на Владата на Црна Гора. Владата вели дека иницијативата е во согласност со заложбата на Црна Гора, која, меѓу другото, ќе ја зајакне домашната одбранбена индустрија. „... Да се подобри способноста на Армијата во однос на НАТО, да се поддржат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговиот руски колега, Владимир Путин, многу јасно го предупредил за намерата на Русија да одговори на нападот со беспилотни летала на Украина, кој погоди десетици бомбардери со долг дострел низ руските региони во текот на викендот. Во објава на Truth Social, Трамп го опиша својот последен телефонски разговор со Путин како „добар разговор“, иако забележа дека тоа не е вид разговор што би довел до ...

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на ОН, Рафаел Гроси предупреди на континуираниот ризик од нуклеарна несреќа во Украина, велејќи дека „заканите за нуклеарната безбедност остануваат многу реални и секогаш присутни“. „Присуството на претставници на МААЕ во нуклеарните постројки на Украина останува клучно за спречување на нуклеарен инцидент“, изјави Рафаел Гроси на 3 јуни, по неговата дванаесетта посета на Киев од ...

Европската комисија ѝ даде зелено светло на Бугарија да се приклучи на регионот на единствената валута на еврозоната од 1 јануари 2026 година, што е втор голем чекор на земјата за само една година на нејзиниот пат кон целосна интеграција во Европската унија. Комисијата, која се состана на 4 јуни за да ја пренесе својата одлука за ова прашање, рече дека Бугарија ги исполнува четирите номинални критериуми за конвергенција што се користат за да се ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, го отфрли американскиот предлог за нуклеарната програма на Иран, кој бара откажување од збогатување на ураниум, велејќи дека тоа е клучен дел од нуклеарната програма на земјата. Иран го разгледува американскиот предлог изготвен од претставникот на Белата куќа за Блискиот Исток, Стив Виткоф, но Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања, рече дека Иран го смета тоа за спротивно на ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа. Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа. „Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 ...

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни. На почетокот на расправата на Комитетот за надворешни работи во ЕП, Вајц рече дека имало интензивна дебата околу извештајот, дека тој стои целосно зад неговата содржина и дека неговата улога е да се осврне на состојбите во Македонија – а не да го решава спорот меѓу ...

Американските царини за поголемиот дел од увозното железо и алуминиум денеска ќе се удвојат, на денот кога претседателот Доналд Трамп очекува од трговските партнери да ги дадат своите „најдобри понуди“ за да избегнат воведување царини за останатата стока на почетокот на јули. Трамп доцна синоќа потпиша уредба со која денеска стапува во сила ненадејната најава од минатата недела дека царините за железо и алуминиум, воведени во март, ќе се ...

Новиот претседател на Јужна Кореја Ли Џе-Мјунг изјави дека изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето на воена состојба од страна на поранешниот претседател Јун Сук-Јеол и неговата Партија на народната моќ, која не го спречи во тоа. Победата на вчерашните вонредни избори на Ли, кој вети дека ќе ја изведе земјата од политичката криза и ќе ја оживее ослабената економија, е најава за промени во четвртата по големина азиска економија по ...

Министрите за одбрана на НАТО се состануваат на 5 јуни на последен министерски состанок пред големиот годишен самит на НАТО на 24 и 25 јуни, кога 32-цата шефови на држави и влади на воената алијанса, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се соберат во Хаг. Состанокот е само за едно нешто: пари. Тогаш официјалните лица треба да се договорат за следната цел за трошење на НАТО. Бидејќи повеќето членки на алијансата сега трошат ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја обвини Русија за „намерно“ таргетирање на цивилната инфраструктура откако во бран воздушни напади рано утрото на 3 јуни загинале три лица, а најмалку 20 биле повредени во регионот Суми, кој се наоѓа веднаш до руската граница. „Русите започнаа дивјачки напад врз Суми - директно таргетирајќи го градот и неговите обични улици со ракетна артилерија. Тоа беше целосно намерен напад врз цивили“, ...

Николај Денков, поранешен премиер и копретседавач на парламентарната група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, изјави дека опозицијата ќе поднесе предлог за изгласување недоверба на владата откако ќе биде утврден датумот за прием на Бугарија во еврозоната. Според него, овој датум се очекува да биде објавен кон крајот на јуни или почетокот на јули 2025 година, при што тој се надева дека Бугарија ќе стане дел од еврозоната од 1 ...

Пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. Во Извештајот се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршил избор на судии и претседатели на судови, избор и разрешување на судии поротници, констатирал престанок на судиската функција, утврдил нестручно и несовесно вршење на судиската функција со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања во врска со осомничениот во истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, Асмир Јахоски и како му е издаден пасош за еден ден, рече дека прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати предметната патна исправа на осомниченото лице, а не зошто МВР постапило согласно одлуката на Судот. „МВР постапува согласно одлука донесена од страна на Судот. Како и за ...

Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по Кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска (3 јуни) еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската политика на блокот. „Бугарија и Северна Македонија треба ...

По повеќемесечни политички превирања, Јужна Кореја денеска (3 јуни) треба да избере нов претседател кој ќе го наследи конзервативецот Јун Сук-Јол, кој беше соборен од краткотрајната, но шокантна вонредна состојба во оваа азиска земја, јавија американските медиуми. Анкетите покажуваат дека либералот Ли Џе-Мјунг е голем фаворит за победа на денешните предвремени избори, бидејќи јавноста е разочарана од потегот на Јун да воведе вонредна состојба во ...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди областа Мармарис во југозападна Турција рано во вторник (3 јуни), при што еден тинејџер загинал, а десетици лица беа повредени, изјави министерот за внатрешни работи. Земјотресот, за кој турската агенција за катастрофи AFAD соопшти дека се случил во 2:17 часот наутро (23:17 часот по Гринич во понеделник) на околу 10 километри од брегот на Мармарис, бил почувствуван и во Грција и дури во Египет. ...

Во Брисел денеска (3 јуни) ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската Унија. Тоа ќе биде прва рудна дијалог со Петер Соренсен откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари. Делегацијата од Белград ќе биде предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ. Дијалогот требаше да продолжи на 15 јануари, но Петковиќ ги прекина и ги ...

Кога Европската комисија минатиот месец почна да ги информира земјите-членки на ЕУ за следниот пакет санкции што се очекува да ѝ се наметне на Русија, 27-те земји-членки очекуваа да следат конкретни писмени предлози. Тие сè уште чекаат. Нормално, вакви документи - во овој случај потенцијалната 18-та рунда рестриктивни мерки откако Кремљ ја започна целосната инвазија на Украина пред повеќе од три години - се доставуваат само неколку дена по ...

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, претпладнево (2 јуни) се пријавил во Кривичниот суд Скопје, со што ја исполнил обврската за редовно пријавување во судот во рамки на истрагата за злоупотреби со мазутот за ТЕЦ Неготино, потврдуваат од Кривичен за МИА. Како што соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Јахоски, осомничен во врска со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, бил на патување надвор од државата. Во ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во претходниот период земјата се соочила со „добро организиран обид за државен удар“ во кој биле вклучени „сите државни институции“. „Од основни и средни училишта, преку факултети и обиди во здравството, до сите електрани од кои зависи животот во Србија. Да не ја спомнуваме полицијата. Застрашувачки податоци ќе излезат на површина само кога ќе видите кој „пумпал“ и кој со кого се договарал“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска (2 јуни) изјави дека пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ ќе поддржи предлог за една изборна единица со право да гласа и дијаспората. „Да го видам законот. Јас еве и во парламентот дадов предлог да имаме една изборна единица со можност да гласа и дијаспората онаму каде што законите и Уставот на државите дозволуваат тоа да биде и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва. Јас тоа го кажав. Онаму каде што ...

Иран бара гаранции од САД дека ќе ги укине санкциите како услов за нуклеарен договор, откако Белата куќа наводно испрати предлог што го смета за „прифатлив“. Со оглед на тоа што Иран и САД водат разговори за нуклеарната програма на Техеран од април, предлогот на Вашингтон за договор дојде откако протечениот извештај на ОН вели дека Иран го зголемил производството на високо збогатен ураниум. Врховниот дипломат на Иран и водечки нуклеарен ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
56%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.43
76%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
66%
1022
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.14
46%
1022
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
48%
1025
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599