Модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи, ќе добијат младите кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави министерот за здравство, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Целта на здравствените власти е преку отворањето на овој центар да им понудат помош на повредените, на тој начин што ќе создадат простор за нивна дружба и како што рече, реализација на проекти. Во недостиг на конкретни информации, новиот ...

Тајна е кои фирми и колку пари земале од унгарскиот кредит, за кој се задолжи државата, а македонските граѓани ќе плаќаат камати следните 15 години. Ниту Владата ниту Развојната банка не откриваат податоци за приватните фирми. ДКСК следи дали има можност за корупција, додека кредити веќе се одобрени Дадени се 125 милиони евра што е половина од парите наменети за компаниите од унгарскиот кредит. Ова за Радио Слободна Европа го потврдуваат од ...

Шест лидери од Групата седум (Г7) разговараа за војната на Русија во Украина и конфликтот меѓу Израел и Иран, но не успеаја да постигнат големи договори за тие и многу други важни прашања, затворајќи го самитот што се обиде да покаже како овој клуб на богати земји може да продолжи да ја обликува глобалната политика и покрај предвременото заминување на американскиот претседател Доналд Трамп. На домаќинот на состанокот, канадскиот премиер Марк ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побарале евакуација од територијата на Израел, синоќа (17 јуни) безбедно пристигна на скопскиот аеродром. Се работи за осум лица (четири деца и четири возрасни) кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде што со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до ...

Бидејќи и по пет дена израелските воздушни напади не покажуваат знаци на забавување, илјадници луѓе бегаат од Техеран, создавајќи сообраќајни метежи и недостиг на гориво додека се упатуваат кон север барајќи засолниште во делови од земјата за кои се надеваат дека се безбедни. За многумина, тоа не е доволно далеку. Северните гранични премини (Иран ги дели границите во регионот со Турција и Азербејџан, како и со Ерменија) се преплавени со оние кои ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов. „Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат“. Има таква можност да го ...

Повеќе од 600 странски државјани преминале од Иран во соседен Азербејџан откако Израел започна со напади врз земјата минатиот петок, изјави за АФП, владин претставник во Баку. „Од почетокот на воената ескалација меѓу Израел и Иран, повеќе од 600 граѓани од 17 земји се евакуирани од Иран преку Азербејџан“. Евакуираните, кои ја преминале границата преку контролниот пункт Астара на брегот на Каспиското Море, се транспортираат до аеродромот во Баку ...

Реформски закони, одлуки што ги засегаат малцинствата би можеле да заглават без „Бадентер“ во Собранието. Премиерот „чувствува“ дека ќе се обезбеди, ДУИ смета оти тешко ќе најдат заеднички јазик, а од крилото на Таравари не веруваат дека би излегувале во пресрет на власта, која неодамна ја напуштија Прекројувањето на собраниските редови го отежни носењето на реформските закони и други важни собраниски одлуки за кои е потребно Бадентерово ...

Кога Израел издаде предупредување до жителите на една од најлуксузните и најгусто населените области во Техеран, Дистрикт 3, да се евакуираат, велејќи дека има намера да изврши воздушни напади во областа, веќе зголемената вознемиреност се зголеми уште повеќе. Двете земји извршија воздушни напади една врз друга во последните денови, нанесувајќи голем број цивилни жртви по патот. Но, најинтензивните напади се случија во Техеран. Израелскиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се врати во Вашингтон од самитот на Групата седум во Канада, поради, многу „важни работи“, изјави на 16 јуни портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. Соопштението дојде набргу откако Трамп на социјалните мрежи ги повика жителите на Техеран веднаш да го напуштат градот. „Иран требаше да го потпише „договорот“. Им реков да потпишат каков срам и губење на човечкиот живот. Едноставно кажано, Иран НЕ МОЖЕ ...

Во комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети во Киев рано утрото на 17 јуни загинаа најмалку 14 лица, вклучувајќи еден американски државјанин, а беа повредени најмалку 44 лица, соопштија украинските власти. Официјалните лица изјавија дека руските сили користеле дронови и ракети во нападот, кој погоди неколку области на главниот град. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека девет лица се ранети во градскиот округ ...

Вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел - соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на прес конференција попладнево. Тој истакна дека најдоцна до утрешниот ден, осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет и со авион на Владата, придружени од безбедносен конвој ќе пристигнат во Скопје. „Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот ...

Семејствата и родителите на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска доставија писмен допис до Основното јавно обвинителство во Кочани, со кој бараат непосредна средба со обвинителите. Барањето доаѓа по минатонеделното образложение на обвинителниот акт за трагедијата кое го даде јавниот обвинтел Љупчо Коцевски, а за што на саботниот „Марш за ангелите“ родителите нагласија дека не ги разбрале наводите. – Како што веќе најавивме во саботата, ...

Вкупно 58 пациенти ќе добијат компресивна облека за третман на лузните здобиени во пожарот во Кочани, додека повредените чекаат да почнат да се рехабилитираат во одморалиштето на Пониква. Денеска навршуваат три месеци од пожарот кој одзеде 62 животи, а речиси 200, главно млади, беа повредени. „Психички добро се чувствувам. Физички уште малку, па добро ќе биде и физички. Само споро е тоа“, вели штипјанецот Александар Авукатов, еден од повредените ...

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, изјави министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, по најавите за зголемување на цените на бензините и дизелот. Владата, вели таа, ќе ја следи ситуацијата, а како што додаде, засега цените не се премногу високи. „Ќе следиме што се случува. Сме имале години кога сме имале многу високи цени, сега немаме премногу висока цена на горивата, но да видиме што ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со својот ирански колега Месуд Пезешкијан изјавил дека Турција е подготвена да вложи напори за олеснување на продолжувањето на нуклеарните преговори, објави Дирекцијата за комуникации на турското претседателство. Како што се наведува, турскиот и иранскиот претседател разговарале за меѓународната ситуација, ситуацијата на Блискиот Исток и меѓусебната размена на напади меѓу Иран и ...

Израел им се закани на жителите на Техеран, велејќи дека тие ќе „платат цена“ откако иранските ракетни напади ги погодија израелските градови Тел Авив и Хаифа, при што загинале осум лица. Националните служби за вонредни ситуации на Израел соопштија дека 23 лица загинале во иранските напади врз Израел од 13 јуни, кога Израел започна воздушни напади врз нуклеарни и воени цели низ Иран поради нуклеарната програма на земјата. Иранските власти велат ...

Високиот комесар за човекови права при Обединетите Нации, Волкер Тирк, ги повика светските влади да преземат итни мерки поради влошувањето на хуманитарната ситуација во Појасот Газа. „Сите во власта мора да се разбудат и да сфатат што се случува во Газа. Сите што имаат влијание мора да извршат максимален притисок врз Израел и Хамас за да се стави крај на оваа неподнослива состојба“, рече Тирк на отворањето на сесијата на Советот за човекови ...

Европската Унија има за цел да соработува со Соединетите Држави за да спречи нагло зголемување на цените на енергијата предизвикано од конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесува ДПА. Зборувајќи пред официјалниот ден на отворање на самитот на Групата седум (Г7) водечките индустријализирани демократии во Канада, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера изјави дека разговарала за ова прашање со американскиот претседател ...

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во САД и да се жали на друга земја. „Луѓето немаат време за тоа“, вели Хил кој смета дека очекувањата се регионот сам да почне да си ги решава проблемите. Поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави (САД) во Србија, Кристофер Хил, не очекува САД да се мешаат во решавањето на проблемите на Балканот, вклучително и спорот меѓу ...

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот сопруг, изјави вчера (15 јуни) гувернерот на Минесота, Тим Волц. Американските медиуми претходно објавија дека 57-годишниот маж е приведен. „Њујорк тајмс“ објави дека е обвинет за убиство од втор степен и обид за убиство од втор степен за убиството на двојката во нивниот дом и обидот за ...

По телефонскиот повик на 14 јуни, кој се фокусираше на новата експлозија на борбите на Блискиот Исток, американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека рускиот претседател Владимир Путин „смета, како и јас, дека оваа војна меѓу Израел и Иран треба да заврши“. Во својот пост за разговорот, Трамп додаде дека му рекол на Путин дека „и неговата војна треба да заврши“. Намерно или не, тој последен коментар се чинеше дека ...

Израел и Иран ги продолжија меѓусебните напади, додека лидерите на Групата седуммина почнаа да се собираат во Канада на самит за кој се очекува да се разговара за борбите и начините за спречување на понатамошна ескалација на конфликтот. Војната во Украина, исто така, ќе биде на дневен ред на тридневниот состанок на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД во Кананаскис, Канада.Украинскиот претседател ...

До овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција од македонските органи за да ја напуштат територијата на Израел и да се вратат во Северна Македонија, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства. „Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно ...

Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање на дијабетес, хипертензија, срцеви и белодробни заболување, најавува новиот министер за здравство Азир Алиу. „Ќе треба да се скенираат сите наши граѓани над 40 години, тоа се европски стандарди. Ќе направиме протокол, ќе има платформа каде онлајн ќе се пријават граѓаните. Европските стандарди покажуваат дека во просек од 30 до 45% се намалуваат ризиците за понатаму ...

Поради влошената состојба на Блискиот Исток, конкретно на територијата на Израел и Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија издаде нов апел – македонските државјани да се воздржат од патување во земјите од овој регион. Што се однесува до граѓаните кои веќе се таму, од МНР апелираат доколку им е потребна конзуларна помош „веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните СОС ...

Во првиот квартал годинава во базата на Регистарот на цени и закупнини се внесени 8.044 трансакции, од кои 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижен имот. Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јануари – март 2025 година во однос на периодот октомври – декември 2024 година е намален за 11 проценти, а за толку е намален и бројот на ...

Во нападите досега има десетици жртви. Нуклеарните преговори на Иран со САД се откажани. За случувањата на Блискиот исток Трамп разговарал и со Путин по што соопшти дека двајцата сметаат оти војната треба да заврши. Цивилите и во Израел и во Иран бараат засолниште додека нови бранови воздушни напади ги погодија големите градови на двете страни во утринските часови на 15 јуни. И покрај меѓународните повици за мир, двете непријателски земји не ...

Целокупниот капацитет на градежната индустрија во земјата преку конзорциум, да се стави во функција на изградба на планираните инфраструктирни проекти, вели економскиот аналитичар Зоран Јовановски во интервју за РСЕ. Тој зборува и за улогата на Народната банка во смирување на инфлацијата и за задолжувањата. Инфлацијата повторно расте. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во мај била 3,3 отсто споредено со истиот месец лани. ...

Не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, остатоци и јагленосани тела Вишваскумар Рамеш, единствениот преживеан од авионската несреќа на „Ер Индија“ во која загинаа 270 лица, изјави дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, остатоци и јагленосани тела. Однесен во локална болница, Рамеш за индиската национална телевизија изјави дека авионот изгледал заглавен во воздух неколку ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1025
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Софија

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
56%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.43
76%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
66%
1022
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.14
46%
1022
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
68%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
48%
1025
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
59%
1023
Currency

61.53

Currency

53.1337

Currency

69.7572

Currency

34.777

Currency

37.9478

Currency

66.5784

Currency

7.47219

Currency

0.65393

Currency

0.34328

Currency

0.52557

Currency

1.25874

Currency

0.599