На 34-годишна возраст почина порториканскиот боксер Причард Колон, десет години откако во рингот се здоби со тешки повреди на мозокот. Мечот кој се покажа како кобен за Колон се одржа во октомври 2015 година, а негов противник беше Американецот Терел Вилијамс. Во деветтата рунда, Вилијамс му зададе недозволени удари во тилот на Колон, но борбата не беше прекината. На крајот, Вилијамс беше прогласен за победник по дисквалификацијата на Колон. ...

Порториканскиот боксер Причард Колон почина вчера на 33-годишна возраст - речиси 11 години откако падна во кома по контроверзниот меч со Терел Вилијамс. Смртта на талентираниот боксер ја потврди неговиот татко и поранешен тренер Ричард Колон, преку социјалните мрежи. „Добро утро, луѓе мои. Со жалење ве известувам за смртта на мојот син Причард од овој земен свет. Тој сега е во подобар свет. Направив сè што е можно за да му ја исполнам ...