Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Дали знаете како правилно се динста кромид за да биде мек, златен и вкусен? Искусните готвачи имаат едноставен одговор – во него додаваат сода бикарбона и малку шеќер. На овој начин, кромидот брзо омекнува, поубаво заруменува и го добива тој убав, сладок вкус. А кога е правилно подготвен, не мора потоа со часови да го проветрувате целиот стан поради мирисот на пржен кромид. Динстаниот кромид е основа за безброј јадења, од гулаш и варива до ...
Повеќето од нас поминуваат со часови со телефонот во рака, скроламе, прегледуваме, гледаме видеа, а тоа веќе почнува сериозно да се познава и на нашето лице. Скролањето изгледа како сосема безопасна навика, неколку минути додека го чекаме автобусот, малку одмор по работа или пред спиење. Меѓутоа, кога тие минути ќе се претворат во неколку часа секој ден, телото почнува да ги чувствува и да ги покажува последиците. Погледнете како долгото ...
Понекогаш е доволен еден неочекуван настан за да откриеме како навистина реагираме кога сме под стрес. Некои веднаш бараат поддршка од другите, други се обидуваат да воспостават ред и да направат план, додека на трети им се потребни мир и осаменост, пишува „Сенса“. Замислете дека одите по непозната улица кога одеднаш почнува да врне силен дожд. Пред вас има девет места на кои можете да се засолните. Кое би го избрале? Погледнете ја сликата и ...
По астролошки интензивна недела, викендот од 14 до 16 август би можел да донесе малку полесна и пооптимистична енергија. Затемнувањето на сонцето во Лав е зад нас, Марс неодамна влезе во Рак, а во сабота има уште еден интересен астролошки настан – Меркур и Јупитер се среќаваат во Лав. Во астрологијата, Јупитер е поврзан со експанзија, оптимизам, среќни околности и нови можности, додека Меркур претставува комуникација, информации, преговори и ...
Еден навидум безопасен дел од секојдневието може незабележливо да ја намали блискоста меѓу партнерите. Станува збор за користењето на телефонот во кревет, особено во часовите пред спиење, кога времето што би можело да биде посветено на разговор, нежност и интимност често го заменува бескрајното гледање во екранот, пишува „Вајс“. Телефонот како „трет“ во спалната соба Освен ако двајцата партнери не се согласуваат со отворена врска или не ...
Здравствените власти соопштија за втор смртен случај од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Починал 72-годишен пациент, кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се лекуваат 24 пациенти, од кои неколкумина се на механичка вентилација. Пред неколку дена, од вирусот почина 83-годишен човек од Скопје, кој бил лекуван на Инфективна. Кај пациентот биле присутни и вкочанетост на ...
Вчера пред крајот на работното време, се случил инцидент во државна институција во Скопје, соопшти МВР без да открие за која институција станува збор. 42-годишна обезбедувачка во институцијата пријавила дека била нападната од шест години постара жена, која потоа била агресивна и кон полицаец кој дошол да интервенира. „На 13.08.2026 во 18:50 часот во СВР Скопје, Б.П.(42) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на влез во државна институција, ...
Ѕвездата од култниот филм „Американска пита“, Шенон Елизабет, откри дека заработила неверојатни еден милион долари за само девет дена на платформата Онлифанс. Педесет и две годишната актерка која стана еден од најпрепознатливите секс-симболи на крајот од 90-тите со улогата на чешката студентка Надија во познатата комедија од 1999 година, докажа дека фановите сè уште имаат огромен интерес за неа дури 25 години подоцна. „Ја поминав границата ...
Неверојатно спасување се случило во неделата во Ломза, Полска, кога тројца мажи спасиле мало девојче кое паднало од петиот кат на зградата, објави Мирор. Кога било забележано детето дека виси од балконот веднаш биле повикани екипите за итни случаи, но тројца похрабри соседи не чекале туку веднаш реагирале – земале ќебе, го оптегнале и чекале детето да падне на него. По падот девојчето за среќа поминало со помали повреди. ‼️ O włos od ...
Голем пожар денес ја зафати вилата на Тито во Бугојно, Босна и Херцеговина. Голем облак од густ црн чад се издигна над вилата и се закануваше да се прошири, јавува Кликс. Вилата на Тито на ридот Горица над Бугојно беше една од неговите најлуксузни и омилени резиденции. Бугојно беше од посебно значење за Тито првенствено поради богатите ловишта и природните убавини, па затоа го посети овој комплекс повеќе од десет пати помеѓу крајот на ...
Членот на јужнокорејската група БТС, Ви, откри дека веќе околу две и пол години се соочува со сериозни проблеми со слухот, при што десното уво му функционира значително послабо од левото, пишува „Ролинг стоун“. Пејачот, чие вистинско име е Ким Тае-хјунг, првпат јавно проговори за состојбата за време на пренос во живо со обожавателите. „Ако слухот на левото уво ми е 100, на десното е само околу 30“, откри Ви, без да наведе што точно ја ...
Џан Монтеро, Мекинли Рајт, Мфионду Кабенгеле, Џордан Нвора… Тоа се само дел од играчите кои минатата сезона направија голем исчекор во Евролигата. Кој би можел да направи нешто слично во претстојната сезона? Има многу кандидати. Тука се дебитантите во Евролигата со сериозно кошаркарско педигре, играчите кои веќе се докажаа во европската кошарка, но сè уште немаат вистинско искуство на највисоко ниво, како и оние кои минатата сезона ја ...
Атерот Џони Деп, кого публиката најмногу го знае по улогата во „Пиратите од Карибите“, сè повеќе се посветува на сликањето. Тој најави нова изложба во Шангај наречена „Figures of the Fringe“, преку кој ја истакна својата вистинска личност, на страна од филмското платно. Изложбата комбинира негови слики, видеа, лични текстови, пренесува „Мајмодернмет“. Преку нив, Деп ги истражува емоциите, сеќавањата и прашањето: што кријат маските што ги ...
Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар, порача денеска опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ). „Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави. Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и ...
Промоција на монографијата „Таки М. Павловски / 55 години творештво / 1966-2021“ (17 тома) и отворање на изложба – селективна поставка „Објекти – градби, 1970-1980“ на 15 август, во 20 часот, ќе се одржат во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид. Станува збор за второ издание – дополнето на претходното „Едиција – Таки Павловски / 50 години творештво / 1967-2017“ (10 тома), издадена во 2018 година. Куратор на проектот е Емил Алексиев, а ...
Само што ќе заврши традиционалниот ракометен турнир во Струга, возбудувањата на македонската ракометна сцена продолжуваат во соседниот Охрид, каде следната недела ќе се одржи турнирот „Крсте Андоновски“. Денеска беше објавен и комплетниот распоред на натпреварите, а Македонија ќе има два претставника, Вардар и домаќинот Охрид, кој ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен минатата година. „Црвено-црните“ се дел од групата Б, каде што ќе ги ...
Американскиот музички продуцент и пејач Бени Бланко се најде на мета на критики на социјалните мрежи откако ја претстави насловната фотографија на својот нов албум „Hermoso“. Дел од корисниците го обвинија за културно присвојување и расистичка карикатура, додека други застанаа во негова одбрана и тврдат дека ликот на обвивката е само претерана карикатура на самиот Бланко, пишува „Лед бајбл“. Триесет и осумгодишниот музичар подготвува албум ...
Во рамките на меѓународната соработка помеѓу обвинителствата и надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога на Македонија, Косово и Грција, денеска во Солун се откриени 326 килограми марихуана скриени во камион, а уапсени се еден македонски и еден косовски државјанин, соопштија полицијата и Обвинителството. „Како резултат на повеќемесечната координирана истрага, денеска во Солун се лишени од слобода еден македонски и еден ...
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го посети Израел следната недела за да се обиде да ги надмине разликите меѓу двата сојузници околу американскиот план за Газа, изјави извор од Комитетот за мир на Трамп. Заедно со Николај Младенов, високиот претставник на Комитетот за мир, Кушнер ќе отпатува во Израел и Египет, клучна земја-посредник во преговорите, објави „Ројтерс“. Посетата доаѓа откако ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, уште еднаш покажа дека знае да привлече внимание и кога не е на тенискиот терен. Белорусинката ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со нова атрактивна фотографија. Сабаленка позираше под кошаркарскиот обрач, облечена во црн костим за капење, а со фотографијата го истакна и својот спортски изглед. Објавата за кратко време предизвика голем интерес кај нејзините фанови ширум ...
Италијанскиот голгетер Чиро Имобиле на 36 години реши да стави крај на професионалната фудбалска кариера. Одлуката доаѓа пред стартот на новата сезона, иако искусниот напаѓач имаше договор со Париз до летото 2027 година. Од клубот официјално потврдија дека Имобиле побарал предвремено да го раскине договорот, со образложение дека по 17 години професионален фудбал сака повеќе време да поминува со семејството. „Чиро Имобиле и Париз ја ...
Уметничката Емануел Муро за првпат го донесе својот препознатлив колоритен стил во Хонгконг, со своето ново уметничко дело „100 colors no. 54 FLOW“. Поставено над ескалаторите во новиот крајбрежен комплекс „Central Yards“, оваа необична структура го претвори затворениот пешачки мост во живописен тунел низ времето и боите, пишува „Мајмодернмет“. Атрактивниот простор е исполнет со околу 4.000 рачно изработени броеви, обоени во нејзината ...
Џеф Безос и дефинитивно договори купување на повеќе од 30 отсто од Ливерпул,а со трансакцијата англискиот гигант се проценува на повеќе од седум милијарди долари, додека „Фенвеј спортс груп“ (ФСГ) останува мнозински сопственик и ја задржува контролата врз клубот. Каква е улогата на Џеф Безос? Групата „1892 холдингс“ ја предводи Амит Батија, зетот на индискиот милијардер и магнат во челичната индустрија Лакшми Митал. Името на компанијата не е ...
Ако кон крајот на август планирате патување во Грција, на 28 август ве очекува необична можност да ги посетите некои од најзначајните антички локалитети во земјата – и тоа бесплатно, под светлината на полната Месечина, пишува „Еуроњуз“. Секоја година грчкото Министерство за култура отвора повеќе од сто археолошки локалитети, споменици и музеи во вечерните часови, како дел од одбележувањето на августовската полна Месечина. Годинава ...
На магистралниот пат Струмица – граничен премин Ново Село, во атар на село Турново, синоќа се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „сеат леон“ со струмичка регистрација и мотор без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица. Во несреќата почина 19-годишна девојка, а мотоциклистот кој ја возел е уапсен. „Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј. ,сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал ...
Словенечки пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарите во Хрватска. Тројца пожарникари од Домжал им помагаат на своите колеги на островот Брач. Во исто време, на островот Брач, четири пожарникари од Домжал, кои се таму на образовна размена, учествуваат во гаснењето на пожарот, објави Индекс. Огромен пожар избувна вчера во Хрватска во Локва Рогозница, по должината на Јадранската магистрала. Пожарот се прошири сè до центарот на Омиш. ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа над Унгарија со 95-76 и обезбеди место во битката за 13. позиција на Европското првенство од Б-дивизијата. Избраниците на македонскиот тим имаа тежок почеток, бидејќи пред самиот крај на вториот период се најдоа во огромен минус од 18 поени (33-51). Сепак, младите кошаркари не се предадоа и постепено почнаа да ја намалуваат разликата. Целосниот пресврт се случи во ...
Актерот и шоумен Игор Џамбазов повторно се најде на мета на навредливи коментари на социјалните мрежи. Тој на својот инстаграм-профил сподели скриншот од известувањата што ги добил, меѓу кои се најде и коментар со навредлива и вулгарна содржина упатена директно кон него. Наместо да влезе во расправија со авторот на коментарот, Џамбазов одговори со кратка порака во која се осврна на почитувањето и односот меѓу луѓето. „Толку за животот, ...
Хрватската Горска служба за спасување започна потрага по 34-годишна државјанка на Босна и Херцеговина која исчезнала на подрачјето на Омиш за време на големиот пожар, пренесува Индекс. На терен се околу 20 припадници на ХГСС од Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и на останатите служби. Потрагата е насочена кон подрачјето околу возилото од кое жената се оддалечила пред да исчезне. Полицијата потврди дека ...
Анкета спроведена во Турција на почетокот на јули покажала дека сè уште непостоечката нова политичка опција, предводена од сменетиот лидер на опозициската ЦХП, Озгур Озел, би добила 35,6 отсто од гласовите, наспроти 27,8 отсто за владејачката АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Разликата е 7,8 процентни поени, пренесува „Созџу“. Истражувањето на агенцијата „Равест“, спроведено со поддршка на фондацијата „Фридрих Еберт“, било спроведено ...