Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Елиф Елмас е пред заминување од Лајпциг, а следната дестинација би можела повторно да биде Италија. Познатиот италијански новинар Николо Шира објави дека македонскиот репрезентативец им бил понуден на два од најголемите клубови во Серија А, Наполи и Јувентус. Елмас минатата сезона ја мина токму во Наполи како позајмен фудбалер, настапувајќи на 44 натпревари. На тие средби постигна еден гол и запиша четири асистенции. Македонецот веќе има ...
Најновиот филмски проект на Прицнот Хари и Меган Маркл од Сасекс, „Кралици на колачиња“ (Cookie Queens) во продукција на нивната куќа „Archewell Productions“, доживеа лош старт во американските кина по премиерата на 7 август. Документарецот, кој ја следи традицијата на продажба на колачиња од страна на извидничките во САД, за изминатиот викенд заработи помалку од 250.000 фунти (околу 290.000 евра) од прикажувањето во 446 кина. Со оваа ...
Луиџи Манџоне денеска пред федералниот суд во Њујорк се изјасни за виновен за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на најголемата американска осигурителна компанија „ЈунајтедХелткер“, јави Би-би-си. „Утрото на 4 декември, го застрелав г-дин Томпсон на Менхетен и тој почина“, рече Манџоне. Педесетгодишниот татко на две деца беше застрелан во грб откако го напуштил својот хотел во Њујорк во 2024 година. Семејството на Томпсон тврди ...
Ако го пропуштивте неодамнешното затемнување на Сонцето, следната година ќе имате можност да проследите уште повпечатлив небесен спектакл. На 2 август 2027 година ќе се случи целосно затемнување на Сонцето, кое поради исклучително долгото траење веќе го нарекуваат „затемнување на векот“, пишува „Евроњуз“. Тогаш Месечината ќе се најде меѓу Земјата и Сонцето и во одредени делови од светот целосно ќе го прекрие сончевиот диск. Станува збор за ...
На социјалната мрежа „Инстаграм“ постои мрежа од профили кои ги охрабруваат мигрантите да го направат опасниот премин од Мароко до шпанската енклава Сеута. Тие го претставуваат патувањето како едноставен потфат и наплаќаат совети за нелегален влез. Истрагата беше покрената откако околу 78.000 мигранти пристигнаа во Сеута по море за само неколку часа минатиот месец, а градоначалникот рече дека при тоа загинале стотина луѓе. Иако ситуацијата се ...
Фудбалерите на Арсими стигнаа до првата победа во новата сезона. Во рамките на третото коло, тимот од Чегране на домашен терен славеше над Башкими со минимални 1-0. Двете екипи влегоа во натпреварот со по два порази и со желба да ги освојат првите бодови. На крајот, тие останаа во Чегране, додека Башкими по три одиграни кола останува единствениот тим без бодови, но и без постигнат гол. Како што се очекуваше, дуелот не понуди премногу ...
Шкотскиот актер Џек Лоуден повторно е во центарот на шпекулациите за улогата на Џејмс Бонд, откако британскиот телевизиски водител и писател Ричард Осман откри дека од извор близок до изборот на новиот агент 007 го дознал името на актерот кој наводно е сериозно разгледуван за улогата, пишува „Еуроњуз“. Изборот на следниот Џејмс Бонд и понатаму предизвикува големо внимание меѓу филмските љубители, а во трката досега се споменуваа повеќе ...
Насилството што се случи ноќта помеѓу 14 и 15 август минатата година во српскиот град Ваљево засекогаш ќе биде запаметено во хрониките на тој град. Студентите во блокада на високообразовните институции вечерва одржуваат протест во Ваљево, по повод годишнината од полициската бруталност врз граѓаните, за да се сетат на повредените таа ноќ и повторно да прашаат кој ќе биде одговорен за она што се случи пред една година, пишува Н1. Građani se ...
Прилепчанец, кому му изгорела плевната во која чувал поголемо количество тутун, нападнал пожарникари кои дошле да го гасат огнот, откри директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Кога пожарникарите пристигнале и се обиделе да го изгаснат објектот, кој бил во пламен, човекот ги оттурнувал и ги спречувал да гасат. Ангелов претпоставува дека тој бил нервозен затоа што очекувал пожарникарите побрзо да пристигнат, без да ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез стапија во брак на интимна церемонија во нивната луксузна вила вредна 30 милиони фунти, сместена во ексклузивната населба Кинта да Мариња во Кашкаиш. Свадбата се одржа во најстрога тајност, а на неа не присуствуваше ниту мајката на Роналдо, Долорес, пишува „Сан“. Меѓу присутните беа единствено нивните деца и четири сведоци. Познатиот фудбалски милијардер и поранешната продавачка се во врска веќе десет ...
Додека жителите ширум Британија го следеа најголемото делумно затемнување на Сонцето во последните три децении, песната на Бони Тајлер од 80-тите ечеше низ улиците на нејзиното родно место. Со препознатливиот рапав глас Гејнор Хопкинс стана светска сензација токму под уметничкото име Бони Тајлер, пишува „Би-би-си“. Нејзиниот легендарен хит „Total Eclipse of the Heart“, дури 43 години по објавувањето, сè уште ја има титулата една од ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18:00 часот денеска, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се осум пожари, под контрола се два, а 10 пожари се изгаснати. Активни пожари – 8: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Велес: с. ...
Во Бирмингем оваа недела се одржува Европското првенство во атлетика, а италијанскиот спринтер Филипо Деца привлече огромно внимание уште со самото појавување на патеката. Деца настапи на трката на 200 метри и успеа да победи, но по неговиот настап многу повеќе се зборуваше за неговата фризура. Италијанецот на патеката се појави со изглед кој фановите го прогласија за една од најчудните фризури што некогаш ги виделе. Дел од косата му беше ...
Хрватскиот град Дубровник денеска објави јавен повик за мерката „30×45“, со која ќе се доделат 30 неповратни грантови од по 45.000 евра на млади луѓе и млади семејства за купување, изградба, проширување или надградба на станбена зграда, објави Индекс. Претходната мерка, со финансиска поддршка од 30.000 евра по корисник, годинава беше зголемена на 45.000 евра. Градот Дубровник потсетува дека зголемувањето е овозможено со промена на даночниот ...
Откако пред два дена Министерството за здравство соопшти дека е прогласена епидемија на западнонилска треска во неколку скопски општини и во една во скопската околина, низ градот започнаа вонредни дезинсекции против ларви од комарци за заштита на здравјето на граѓаните. Епидемијата беше прогласена во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, откако во Скопје беа евидентирани 26 заболени, главно повозрасни граѓани. Во текот ...
Тамара Тодевска помина убави моменти во друштво на легендарните сестри Маријана и Росана, кои периодов повторно се заедно во Македонија. Маријана Новачевска, која повеќе од три децении живее во Австралија, летово е дојдена на одмор во родната земја, а престојот го користи за дружење со семејството, пријателите и за повторни музички дуети со сестра ѝ. Тамара објави заедничка фотографија со Маријана и Росана на Фејсбук. „Каква вечер… со моите ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години претрпе пораз од Република Ирска (58:83) во првиот натпревар од разигрувањето за пласман од деветтото до 16 место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Нашите кадети одиграа рамноправно прво полувреме. По првата четвртина Ирска имаше минимална предност од 20:19, додека на паузата резултатот беше 37:35 за ирската селекција. Клучниот момент на натпреварот дојде во третата четвртина. ...
Турција се заканува дека ќе го ескалира дипломатскиот одговор заедно со Катар и Египет доколку САД не го принудат Израел да го почитува моментално застојаниот договор за транзиција во Газа, објави „Туркие тудеј“. Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, изјави дека палестинските фракции ги исполниле своите обврски во втората фаза од договорот. Тој го обвини Израел дека намерно го забавува процесот и одбива да ги преземе следните ...
Кристијано Роналдо и Георгина Родригез стапија во брак на интимна церемонија во нивната луксузна вила вредна 30 милиони фунти, сместена во ексклузивната населба Кинта да Мариња во Кашкаиш. Свадбата се одржа во најстрога тајност, а на неа не присуствуваше ниту мајката на Роналдо, Долорес, пишува „Сан“. Меѓу присутните беа единствено нивните деца и четири сведоци. Познатиот фудбалски милијардер и поранешната продавачка се во врска веќе десет ...
Четири земји во Централна Азија – Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан денеска пријавија масовни прекини на електричната енергија, за кои казахстанското Министерство за енергетика соопшти дека се предизвикани од „ненадејна промена во протокот на електрична енергија“ од централноазиската мрежа, објави „Ројтерс“. Министерствата за енергетика на сите четири земји, чии мрежи се меѓусебно поврзани, потврдија прекини на електричната ...
По десет години, „Инстаграм“ го промени својот препознатлив дизајн на лого, односно натписот со името на платформата. Новиот дизајн задржува дел од карактеристичниот ракописен стил, но носи различни форми на букви и помодерен изглед, пренесува „Тек кранч“. Претходниот натпис беше воведен во 2016 година, кога „Инстаграм“ претстави голем редизајн на својот визуелен идентитет. Новата верзија сега комбинира рачно напишани и класични форми на ...
Хрватската полиција денеска пронашла тело додека вршела увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција.Големиот пожар што синоќа избувна во Локва Рогозница се прошири кон Омиш и загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани, јави „Индекс“. „Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето ...
Алберт Риера денеска и официјално беше промовиран како нов тренер на Црвена звезда, каде што доаѓа на местото на Дејан Станковиќ. Шпанскиот стратег веднаш по потврдата на ангажманот испрати порака до навивачите, а со својот потег дополнително ги воодушеви „црвено-белите“. Риера се обрати на српски јазик порачувајќи: „Звездаши, оздравете, па да се враќаме“. Станува збор за позната реплика од филмот „Убавите села убаво горат“, која навивачите ...
На социјалните мрежи од утрото се шират драматични снимки од пожарот што во текот на ноќта ја зафати областа Омиш во Хрватска, а за стравот што владееше меѓу жителите од прва рака проговорила инфлуенсерката Вероника Баришиќ, на Тикток позната како verekraljica. „Евакуирани сме, во моментот се наоѓаме во предградието Омиш, ситуацијата е подобра, но сè уште има многу чад. Мојот личен имот, му благодарам на Бога, не е оштетен само затоа што ...
Францускиот уставен совет, телото кое проверува дали законите се во согласност со Уставот, ја блокираше забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 15 години, велејќи дека законот не обезбедува доволни правни гаранции за да се потврди возраста на сите корисници и да се заштити слободата на изразување, пренесе „Ројтерс“. Одлуката е удар за претседателот Емануел Макрон, кој силно се залагаше за забраната и сакаше таа да стапи на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати посебна благодарност до младиот тракторист Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци, кој со својот трактор помогнал да се спречи ширењето на големиот пожар кој беснееше вчера. Ангелов рече дека Аце Чепиговски покажал извонредна вештина во управувањето со својот трактор, при што се изложил на голем ризик за да помогне во гаснењето и локализирањето на ...
Водата од јавниот водовод во Демир Капија е забранета за пиење и подготвување храна, објавија попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Како што информираат оттаму, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати. „Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со ...
Зинедин Зидан повторно ќе работи со својот поранешен соиграч од репрезентацијата на Франција. Легендарниот голман Фабиен Бартез денеска е назначен за нов тренер на голманите во националниот тим. Зидан и Бартез заедно ја испишаа историјата на францускиот фудбал. Двајцата беа дел од генерацијата која во 1998 година ја освои светската титула, а две години подоцна се искачи и на европскиот трон. Бартез за Франција забележа 87 настапи, а ...
Композиторот и продуцент Дарко Димитров го сподели најуникатното видео од летото на Халкидики– пливање во близина на делфини. Димитров објави кадар од Посиди, на Касандра, на кој се гледа делфин во морето, додека тој е во вода. „Летање со делфините“, напиша Димитров покрај објавата, а за музичка подлога ја избра песната „Делфина“ од 1977 година, на неговиот татко, познатиот македонски композитор Славе Димитров. View this post on Instagram A ...
Поранешниот украински офицер, Роберт Шегаев кој бил командант на украинската подморница „Запорожје“, па преминал на руската страна, е убиен вчера во експлозија во Севастопол, објави Укринформ. Како што се наведува, Шагеев, кој бил заменик-командант на 4-та посебна подморничка бригада на руската Црноморска флота, која лансирала ракети „Калибар“ кон Украина, бил убиен кога експлозивна направа експлодирала во неговата близина. „Поранешен воен ...