Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34 – велат од Центарот за јавно здравје Скопје, во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново. Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево. „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат денеска е детектиран случај оттаму. Има канали, базени, застојани води и ...

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира. Во ексклузивно интервју Ал Џезира, кое ќе се емитува во недела, Ердоган рече дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Во интервју за емисијата „Ал Мукабала“, претседателот на Турција рече дека добил ветување од американскиот претседател Доналд Трамп ...

Во Црна Гора, според најновите податоци, активни пожари има во пет општини, а најкритична ситуација е над Ѓеновиќи и во Улцињ, каде што пожарникарите се обидуваат да ја одбранат трафостаницата и црквата, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесуваат црногорски медиуми. Оперативен комуникациски центар (ОКЦ) на МВР соопшти дека во Херцег Нови, според податоците од 14 часот, имало активен пожар на потегот од Бијела до Зеленика. ...

Музичарот Васил Хаџиманов на својот сподели емотивна приказна за своите родители, легендарните Сенка Велетанлиќ и Зафир Хаџиманов. Тој објави текст на српскиот портал „Нова“ за големата љубов на неговите родители, познатата пејачка и македонскиот актер, пејач и композитор. Нивната љубов започнала во 1960-тите во Тбилиси, Грузија, а Зафир често се присетувал на нивната прва средба и првиот бакнеж. „Во Грузија, во Тбилиси, Сенка и јас се ...

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута, користејќи солзавец, хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња, објави новинската агенција ЕФЕ, повикувајќи се на безбедносни извори. Немирите избувнаа во планинска област на околу три километри од границата со Сеута, на периферијата на мароканскиот град Фнидек. ...

Мароко денеска ги протера новинарите на шпанската агенција ЕФЕ и Спениш ТВ кои известуваа за состојбата со нелегалните мигранти во градот Кастиљехос на границата со шпанската енклава во Северна Африка, Сеута. Хотелите каде што престојуваа новинарите ги информираа дека добиле наредби од локалните власти новинарите веднаш да ги напуштат просториите на хотелот, објави агенцијата ЕФЕ. Претходно, претставник на мароканското Министерство за ...

Фудбалерите на РБ Лајпциг претрпеа пораз од Баерн Минхен со 3:1 во рамките на Телеком Купот. Луис Дијаз донесе водство за Баерн во 13 минута, па израмни Груда во 52 минута на 1:1. Само пет минути подоцна баварскиот гигант повторно беше во предност преку Браун, а конечниот епилог го постави Мусијала (81`). Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не беше во составот на РБ Лајпциг поради повреда на тренинг и поради беше изоставен од тимот за ...

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар. Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска во 16.10 часот. Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот ...

Со векови, локалната музика дава увид во нијансираната историја на една дестинација и честопати, таа е лесна и достапна за патниците да ја пронајдат. Можете да се најдете во локален бар, со срцето затоплено од прогонувачките мелодии на старите народни песни или да застанете да ја слушате музиката на уличен изведувач, пишува „Нешнал џиографик“. За да навлезете малку подлабоко, можете и да резервирате најразлични тури, работилници и цели ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета на шалтер и дополнителна административна постапка, барањето ...

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина, Полска го одбележа својот традиционален Ден на вооружените сили во саботата со парада на војници и ултрамодерна воена опрема што се протегаше на неколку километри. Околу 2.000 војници маршираа низ центарот на Варшава, објави новинската агенција ПАП. Исто така, беа изложени бројни видови воени возила и воена опрема, вклучувајќи модерни јужнокорејски тенкови К2 Црн Пантер, од кои 180 ...

Доброволната противпожарна служба на Трогир објави видео од борбата со големиот пожар што се прошири од областа Локва Рогозница до Омиш и околните градови. Видеото покажува како пожарот се гаси во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот, каде што ситуацијата беше најтешка, јавува Индех.хр. Членовите на ДВД-то на Трогир, заедно со бројни колеги, вложија вонредни напори за спасување на луѓе и имот. Видеото што го објавија ги ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека украинските сили ја погодиле руската воена воздухопловна база Саваслејка и клучен објект на Роскосмос во Самараската област со домашни ракети „Фламинго“. Целите се оддалечени стотици километри од украинската граница, а нападите се извршени како дел од пошироки операции против руската воена инфраструктура, пишува „Киев Индепендент“. „Нашите „санкции“ со долг дострел стигнаа и до ...

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе со големо возбудување го поздрави враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Напаѓачот изрази увереност дека искуството и менталитетот на португалскиот специјалист ќе му помогнат на шпанскиот фудбалски гигант повторно да освојува трофеи. Мбапе оваа недела ги продолжи тренинзите во Валдебебас и веќе се подготвува за почетокот на новата сезона. Мурињо е на клупата на Реал по втор пат во својата кариера, ...

Загрижувачки момент го одбележа финалето на Телеком Купот помеѓу фудбалерите на Баерн и РБ Лајпциг. Во 83 минута, Џамал Мусијала одеднаш падна на теренот, по што неговите соиграчи веднаш го повикаа медицинскиот тим. Докторот истрча на теренот, и во тој момент на Алијанц Арената завладеа целосен молк. Сè се случи само две минути откако Мусијала постигна гол за 3:1. Германскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме, а во 81 минута ...

Хрватската музичка сцена со години привлекува огромно внимание од јавноста, а зад сјајот на сцената и спектаклот стои сериозна индустрија во која се вклучени неверојатни суми. Кога ќе се подвлече линија по летната сезона, некои изведувачи ќе бидат побогати за стотици илјади евра. Сепак, важно е да се напомене дека бројките споменати во медиумите претежно претставуваат бруто хонорари, од кои се плаќаат трошоците за придружните музичарите, ...

Португалскиот фудбалер Рафаел Леао (27) дефинитивно ќе го напушти Милан овие денови, само треба да се почека и да се види кој клуб ќе го избере за да ја продолжи кариерата, според италијанските медиуми. Многу се очекуваше од Леао во Милан, и тоа не без причина, но се чини дека напаѓачот никогаш целосно не го покажа својот потенцијал. На Сан Сиро беше критикуван за неговата доследност, во смисла дека играше одлично три-четири натпревари, а ...

„Која е мојата цел?“ е прашање што речиси секој човек си го поставил барем еднаш. Според традиционалните толкувања на хиромантијата, обликот на дланката, должината на прстите и линиите на неа можат да дадат интересни насоки за нашите склоности, таленти и начинот на размислување, пишува „Сенса“. Сепак, во хиромантијата не постои една единствена „линија на животната цел“. За да се добие поширока слика, се разгледуваат повеќе карактеристики на ...

Нов пожар се шири брзо во близина на Луглон, во францускиот регион Ланд, неколку недели откако шумските пожари ги опустошија шумите на југозападот од земјата. Пожар зафати 1.600 хектари шума Пожарот избувна во четврток и досега зафати околу 1.600 хектари шума и грмушки, според локалните власти. Околу 650 луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост. Луглон, кој се наоѓа на околу 100 километри јужно од Бордо, лежи во средината на огромна ...

Краткиот игран филм „Клупа“ на филмскиот сценарист и режисер Трифун Ситниковски својата светска премиера ја имаше на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга, каде беше награден и од жирито и од публиката. Приказната за филмот „Клупа“ е извлечена од реалноста. По погреб семејството седнува на заеднички ручек, каде почнува борбата на идеолошки разлики и суети. Главното дејство се случува меѓу двајца браќа, чии ликови ги играат Јордан Симонов и Суад ...

Пет лица се повредени во пукање што се случило рано утрово на Државниот универзитет на Вирџинија во САД, при што едно од повредените лица е во критична состојба. Според информациите од универзитетот и полицијата, пукањето се случило околу 1.28 часот по локално време, во близина на студентскиот станбен комплекс „Quad Annexes“, јавува НБЦ Њуз. Во инцидентот учествувале повеќе лица, соопштија надлежните. Сите повредени биле пренесени во ...

Денес, на 15 август, Меркур и Јупитер се среќаваат во знакот Лав, што се случува само еднаш на секои 12 години. Овој редок астролошки момент носи голема тежина, секоја порака, понуда, откритие или одлука што ќе ви се појави на патот може целосно да го промени вашиот живот. Според астролозите, овој спој започнува нов циклус на брз напредок, каде што долгите месеци на неизвесност конечно завршуваат. Што може да влезе во вашиот живот во ...

Исламскиот проповедник Елведин Пезиќ од Босна и Херцеговина вчера е депортиран од Косово. Тој бил приведен пред промоција на книга во близина на Пеќ. Официјалните причини за депортирањето не се откриваат, но според косовските закони, странски државјанин може да биде депортиран од земјата доколку претставува ризик за јавниот ред, државната безбедност или јавното здравје. Лани во август Пезиќ држел молитва во струшкото село Октиси а имал јавен ...

Во светскиот фудбал се подготвува потег што би можел фундаментално да го промени начинот на кој функционира Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА. Според работен документ што го виде „Ле Монд“, УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) сакаат драстично да ги намалат овластувањата на претседателот на ФИФА и да ја претворат позицијата во претежно репрезентативна и церемонијална улога. Според предлогот, претседателскиот мандат ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за ...

Официјално нов играч на КК ТФТ е Григориј Ѓорѓевиќ, како еден од најголемите македонски кошаркарски таленти. Младиот репрезентативец на неодамнешното Европско првенство до 18 години имаше просек од 13,4 поени, 4,7 скокови и 6,4 асистенции, што воедно беше и трет најдобар асистент на целиот шампионат. Ѓорѓевиќ дополнително го потврди својот квалитет и на М18 „фајнал-форот“, каде што беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалниот турнир ...

Втор земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил 7 километри северозападно од градот Пематангсиантар, на север од островот. Сепак, земјотресот се случил на прилично голема длабочина, 180 километри под површината. Немало ризик од цунами, соопшти EMSC. Земјотресот, кој се случил синоќа покрај брегот на ...

Само една дополнителна кесичка чипс во секојдневната исхрана може да биде поврзана со поголем ризик од нарушување на когнитивните функции, вклучително и намалено внимание и деменција, покажува ново истражување на научници од Универзитетот Монаш во Австралија, пишува „Е-клиника“. Истражувањето, објавено во научното списание „Алцхајмерс енд деменша: Дајагноусис, асесмент енд дизиз мониторинг“, покажало дека зголемувањето на дневниот внес на ...

Барселона постигна договор за фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Родри, тврди новинарот на „Марка“, Матео Морето. „Граѓаните“ ја прифатија третата понуда на Каталонците од 70 милиони евра, а договорот вклучува и бонуси. Претходните две, за 50 милиони евра и 60 милиони евра, беа одбиени. Порано, агентот на играчот – Пабло Баркеро, потврди дека 30-годишниот Шпанец ја избрал Барселона за свој нов клуб, иако Реал Мадрид претходно се ...

Активни се шест пожари низ државата во моментов, а три се под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи, информирајќи за денешните регистрирани пожари на отворен простор до 13 часот. Од активните, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица. Ниска ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75