Израел сака нови и поамбициозни преговори со Либан со посредство на САД, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во момент кога новите израелски напади врз јужен Либан повторно го доведуваат во прашање кревкото примирје постигнато во јуни. Портпаролот на Нетанјаху, Дорон Спилман, оцени дека „нападите врз Хезболах треба да им дадат дополнителен поттик на преговорите, наместо да ги попречат“. Според него, Израел очекува ...

Рускиот борец Ислам Махачев постави нов рекорд во УФЦ со 17. последователна победа, откако едногласно на поени го совлада Јан Мачадо Гари. Махачев така успешно ја одбрани шампионската титула во велтер категоријата до 77 килограми во главната борба на УФЦ 330, што изминатата вечер се одржа во Филаделфија. Судиите му дадоа предност со 49:46, 49:46 и 48:47, во исклучително конкурентна борба која во неколку моменти можеше да тргне во двете ...

Зголемен број возила се регистрира на патиштата низ земјава, особено на делниците надвор од населените места, а поголема фреквенција на возила има и на граничните премини, информира Автомото сојузот на Македонија. На ГП „Табановце“ се бележи задржување од околу 30 минути при излез од Македонија, додека, пак, најголемо чекање има на ГП „Богородица“, каде возачите и патниците во моментов се задржуваат околу еден час. На останатите гранични ...

Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови вчера усмртија две повозрасни жени и повредија две бебиња во руралниот северозападен дел на Шпанија, соопштија властите. „Потврдена е смртта на две жени, на возраст од околу 60 и 80 години“, соопштија итните служби на регионот Кастиља и Леон по несреќата во малото село Мансанедо де Валдуеса. Оттаму додаваат дека две бебиња биле згрижени поради модринки, додека, пак, „третото лице кое се ...

Новак Ѓоковиќ рано го заврши својот настап на Мастерс турнирот во Синсинати, САД, во второто коло. Во својот прв меч на овогодинешниот турнир, по речиси три часа игра, српскиот тенисер беше поразен од 14 години помладиот Аргентинец Тијаго Агустин Тиранте со 2:1 во сетови 2:6, 6:4, 6:4. Ова беше првиот дуел меѓу двајцата тенисери. Тиранте сервираше добро на почетокот и запиша три аса во првите два сервис гема, но Ѓоковиќ брзо најде одговор. ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 16 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Во наредните денови ќе бидете под силно влијание на другите луѓе, особено на оние со кои сè уште ги немате расчистено работите од минатото. Љубовната ситуација ќе се подобри благодарение на партнерот, кој точно знае како да ги постави работите на свое место. Бик Почетокот на денот е под влијание на луѓето околу вас. Внимавајте да не ...

Нивото на водата во реката Рајна падна на рекордно ниско ниво, додека Европа сè уште е погодена од топлотен бран, покажаа податоците од Германската агенција за внатрешна пловидба (WSV). Поради отежнатата пловидба, голем дел од товарниот транспорт беше пренасочен кон камиони и возови, објави Ројтерс. Кај Кауб, важна мерна точка на Рајна, нивото на водата се спушти на само шест сантиметри синоќа, додека утрово беше осум сантиметри. Претходното ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните утрински температури се движат од 7 до 18 степени, а максималните дневни температури ќе изнесуваат од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево со слаб ветар од променлив правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

Лидерот ДПА, Мендух Тачи, по оддавањето почит по повод годишнината од смртта на Арбен Џафери, реагираше на тврдењата на лидерот на ДУИ Али Ахмети за наводен документ што предвидувал поделба на Македонија. Тачи истакна дека таков документ никогаш не постоел и дека идејата за поделба била пласирана од, како што рече, псевдоакадемици инструирани од УДБА на Србија. -За поделбата на Македонија не постоел документ. Тоа беше идеја на неколку ...

1534.- Шпанскиот благородник Игнацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основал монашки ред кој имал задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобрил папата Павле Трети на 27 јули 1540 година, па станал столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите била ...

Еден грст бадеми пред ручек може да биде мал трик за сите оние што седнуваат на масата премногу гладни. Наместо едвај да стигнете до ручек, мала ужина може да помогне да се контролира гладот и да се започне оброкот без прејадување. Најголемиот проблем често не е самиот ручек, туку моментот кога ќе седнете на масата премногу гладни. Потоа две кришки леб лесно стануваат четири, а чувството на ситост доаѓа само кога веќе сте изеле премногу. ...

Со оглед на тоа што температурите не попуштаат, милиони луѓе би можеле да бидат изложени на зголемен ризик од дехидратација, топлотен удар и зголемена чувствителност на сончева светлина. Експертите предупредуваат за одредени лекови можат дополнително да ја зголемат чувствителноста од сонцето и да му отежнат на телото да ја регулира својата температура. Додека за повеќето прогнозата значи уживање на отворено со ладен пијалак, високите ...

Нашите паметни телефони станаа неизоставен дел од нашите животи, следејќи нè во секој момент од денот. Поради нашата постојана интеракција со нив, може да забележиме дека на маските за телефон со текот на времето се насобираат нечистотија, прашина, па дури и бактерии. Редовното чистење на маската за телефон не само што го подобрува нејзиниот изглед, туку обезбедува и хигиенски и добро одржуван уред, пишува „Радио Сараево“. Вообичаени чекори ...

Ако постојано се чувствувате исцрпено, а сите медицински анализи покажуваат дека сте здрави, истакнатиот српски психијатар и теолог, д-р Владета Јеротиќ, објаснува дека причината може да биде многу подлабока. Во својата книга „Човекот и неговиот идентитет“, тој истакнува дека зад хроночниот замор кај луѓето најчесто стои — невроза, пишува „Сенса“. „Станува збор за невроза која го истакнува заморот како свој алармантен сигнал. Тоа ни зборува ...

На 6 август 1945 година, Соединетите Американски Држави фрлија атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима, што беше еден од најголемите настани кон крајот на Втората светска војна. Сега, истражувачите утврдија дека екстремните услови создадени за време на бомбардирањето создале комплексен материјал претходно непознат за науката, а нивните резултати беа објавени во списанието „Напредок во науката“. Членовите на истражувачкиот тим претходно ...

Тимот на Шкендија Арачиново ја оствари првата победа во својата историја во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на „црвено-црните“ успеа да освои големи три бода на гостувањето во Кавадарци, кај Тиквеш, тимот кој оствари две убедливи победи на стартот од новата сезона во Првата лига. Голот вреден победа го постигна Марко Симоновски во 27 минута. Од левата страна Вилдам Керим центрираше, а на шест-седум метри со глава Симоновски го ...

Турција го намали увозот на нафта од руските пристаништа во јули и се очекува дополнително да го намали во август, откако нападите со украински беспилотни летала го нарушија извозот од руските терминали на Црното Море, според податоците од компанијата LSEG и трговците, објавува Ројтерс. Поради ова, количината на нафта натоварена преку CPC во јули беше за една петтина помала. Турција ги критикуваше нападите врз танкерите поврзани со Русија во ...

Голем шумски пожар гори во најголемиот природен резерват во Белгија, најлошиот во поновата историја на земјата, објави денес Би-Би-Си. Досега изгоре една третина од резерватот Висока мочуриште. На жителите на две блиски села им беше наредено да се евакуираат, а локалните власти предупредија дека пожарот може да стигне до куќите. Тие рекоа дека пожарот е сè уште надвор од контрола и дека временските услови и видот на теренот во резерватот, ...

Селена Гомез го возвраќа ударот откако беше обвинета за измама од страна на инвеститорите во проблематичната компанија „Вандермајнд“, која ја основаше со својата мајка Менди Тифи и нивната поранешна деловна партнерка Даниела Пиерсон, пишува “Пипл“. „Обвинувањата дека Селена Гомез на каков било начин учествувала во наводна ’измама‘ или какво било друго незаконско постапување се целосно неосновани, како фактички, така и правно. Со сите сили ќе ...

Тропската бура „Лала“, која го погоди „Големиот Остров“, најголемиот остров на Хаваи, прерасна во ураган, а ветерот моментално дува со брзина од 120 километри на час. Американскиот национален центар за урагани (НХЦ) објави дека „Лала“ станал ураган од категорија 1 и дека се очекува неговиот раб да помине над или близу до јужниот крај на Големиот Остров, најголемиот остров на Хаваи, до крајот на саботата. Се очекува бурата да ги погоди ...

Македонскиот кајак испиша нова значајна страница на Европското јуниорско првенство во кајак на диви води – спуст, кое се одржува во Грандтули, Шкотска. Младиот македонски репрезентативец Благој Гугинов оствари одличен резултат и обезбеди пласман во големото финале, каде што се натпреваруваат најдобрите 15 кајакари од квалификациите, во конкуренција на натпреварувачи од дури 19 европски нации. Самото место во финалето претставува голем успех, ...

Министерството за здравство на Либан соопшти дека најмалку 11 лица се убиени во израелските напади врз јужен Либан во саботата, еден од најсмртоносните напади во последните неколку недели откако земјата се согласи на мировен договор со Израел, посредуван од САД. Израелската војска соопшти дека ја нападнала инфраструктурата на Хезболах преку ноќ во безбедносната зона во јужен Либан, како што ја опиша областа, како одговор на дејствијата ...

Вардар обезбеди пласман во финалето на турнирот „Струга 2026“, откако убедливо го совлада скопскиот ривал Бутел со 36-24. „Црвено-црните“ уште од самиот почеток ја презедоа контролата над натпреварот, а на полувреме имаа убедлива предност од 21-13. Во продолжението Вардар продолжи во ист ритам и без поголеми проблеми ја потврди победата. Најефикасен во составот на Вардар беше Матео Фадуил со осум голови, додека Јака Малус постигна четири. ...

Една од најфасцинантните личности што некогаш живееле, Наполеон Бонапарта е тема на истражување низ вековите. Роден на денешен ден, пред 257 години, за овој француски генерал, кој станал император, а потоа и историска икона, постојат голем број факти, приказни и легенди. Иако е познат како брилијантен воен тактичар и исклучително влијателен државник, понекогаш се чини дека е попознат по својот низок раст. Можеби изненадувачки, со оглед на ...

Кнежевската куќа на Лихтенштајн објави дека ги менува правилата за наследување и дека жените ќе можат да бидат на престолот на кнежевството во иднина. Принцот-наследник на престолот и регент на Лихтенштајн, Алојз Филип Марија, ја објави промената во говор по повод националниот ден на Лихтенштајн во среда. Тој рече дека промената е одобрена со потребното двотретинско мнозинство од членовите на семејството кои можат да гласаат за вакви ...

Одбранбениот фудбалер Џед Спенс (26) официјално се пресели од Тотенхем во редовите на милански Интер, соопштија клубовите денес. Како што објавија од италијанскиот клуб, 26-годишниот репрезентативец на Англија потпиша договор до јуни 2031 година. Англиските и италијанските медиуми објавија дека трансферната сума изнесува 35 милиони евра. „Ова е огромен клуб и голем чекор за мене и моето семејство. Воодушевен сум што сум тука и подготвен сум ...

Рубриката „Човекот зад името“ започнува таму каде што завршува јавната слика. Честопати мислиме дека ги познаваме успешните личности, но најчесто ги познаваме само нивните улоги. Денес, зад името ја откриваме Дита Старова Ќерими, но не како уметница, сликарка, професорка, туку како човек. Која е онаа детска радост или навика која ја изгубивте по пат, а чие отсуство понекогаш Ви недостига повеќе од што било друго? – Најмногу ми недостига онаа ...

Силекс стигна до вториот триумф во првенството, откако го совлада тимот на Скопје со 3:0 на свој терен во третото коло во Првата македонска фудбалска лига. И во првиот дел кратовскиот тим имаше доминација, но недостасуваше реализација, или подобро Наумовски имаше одлични интервенции. Голманот на Скопје најпрво го одбрани ударот на Анѓелески во 33 минута, а потоа во 38 минута Богдановски ја погоди пречката со глава. Три минути подоцна нова ...

Техеран денес го повика Вашингтон да признае воен пораз, додека американскиот претседател Доналд Трамп им порача на граѓаните на САД дека, поради блокадата на Ормускиот теснец од страна на Иран, треба да се подготват за високи цени на горивата. -Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран. Додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да живеете во фантазии, Иран ќе продолжи да ја спроведува блокадата, ...

Новата натпреварувачка сезона 2026/27 во Втората фудбалска лига на Македонија започна денеска со првите натпревари од првото коло. Работнички ја оствари најголемата победа во саботата откако на домашен терен на стадионот „Борис Трајковски“ – Маџари, Скопје, го совлада тимот на Кожуф Гевгелија со 3:0. Стрелци на головите беа Кудијан од пенал во 18 минута, за 2:0 се погрижи Подграџа во 71 и Богданоски во 85 минута. Брера Струмица ги освои ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87