Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години со пораз од Бугарија (62:102) го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое во изминатите денови се одржуваше во нашата земја. Во натпреварот за 13 место, Бугарија беше подобар противник и заслужено стигна до победата. Македонските кадети не успеаја да го повториот пристапот од претходните натпревари, па противникот постепено ја зголемуваше предноста во текот на ...
Вршителот на должност генерален директор на унгарскиот јавен радиодифузен сервис MTВA, Андраш П. Хорват, испратил најмалку пет, а според некои информации дури и десет вработени кои го подготвуваат дневникот на јавниот сервис, вклучувајќи ги и уредниците, на 30 дена принуден одмор, дознава унгарскиот портал ХВГод неколку инсајдерски извори. Како што пишува порталот ХВГ, принудниот одмор значи дека на овие вработени им се исплаќа плата, но тие ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години со голем пресврт ја совлада Унгарија со 95:76 и обезбеди пласман во натпреварот за 13 место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Нашиот селектор Дејан Стојановски, беше задоволен од реакцијата на своите избраници во второто полувреме, но посочи дека тимот повторно имаше лош почеток на натпреварот. „Лошо прво полувреме. Повторно паѓаме после нивна серија од 11:0. Пак не бевме добри во ...
Репрезентативецот на Аргентина, Кристијан Ромеро (28) е новиот играч на Атлетико Мадрид, соопшти денеска шпанскиот фудбалски клуб. Централниот бек потпиша договор со Атлетико до 30 јуни 2031 година, а во Мадрид доаѓа од Тотенхем за 41 милион евра, со потенцијални бонуси, објави „Скај Спортс“. Минатата сезона одигра 32 натпревари за Тотенхем, во кои запиша шест гола и четири асистенции. Ромеро одигра седум натпревари на овогодинешното Светско ...
Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата војска го погодила рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...
Морето и плажата се место за забава и релаксација за целото семејство, сепак, иако на прв поглед изгледаат безопасно, за миленичињата можат да претставуваат вистинска опасност. Негрижата на сопствениците или прекумерната игра во брановите можат брзо да предизвикаат итна интервенција од ветеринар. За сите скриени опасности што ги демнат милениците на брегот, „Слободен печат“ разговараше со д-р Сара Аврамовска, доктор по ветеринарна медицина. ...
Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската криза, стравувајќи дека ќе бидат исклучени од преговарачкиот процес, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на петмина европски функционери. Според изворите на весникот, европските престолнини ги сметаат решавањето на украинската криза и односите со Русија за од витално значење за европските нации, па затоа не сакаат да бидат оставени ...
Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на вчера 21 часот и 15 минути полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. -Претходно, ...
Поранешниот професор на Универзитетот во Кембриџ Џејсон Ардеј, кој се најде во центарот на скандал поврзан со плагијат, е пронајден мртов. Службите за итни случаи соопштија дека вчера попладнето, на адреса во јужен Лондон, бил пронајден маж кој не давал знаци на живот. Ардеј минатата недела поднесе оставка од функцијата професор по социологија на образованието на Кембриџ, по обвинувањата за плагијат и сомнежите во врска со некои од неговите ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 343, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.8.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со визуелната уметница Сандра Котевска, добитничка на наградата „Борислав Траиковски“ на ДЛУБ: Спомен од просторот меѓу сонот и јавето – разговор со филмскиот сценарист и режисер Трифун Ситниковски за премиерата на краткиот филм ...
Актер Рубенс Муратовски сподели приватни моменти на социјалните мрежи од неговата летување. Тој ги насмеа своите пријатели со фотографии од необична авантура на вода. Актерот се качи на СУП-даска, а друштво му правеше големо куче од расата бернардинец, кое мирно седеше на предниот дел од даската додека Муратовски веслаше. „Бистра сурферка. Бернардинка на СУП-даска!“, напиша Муратовски покрај фотографиите, а потоа се пошегува: „П. С. Утре ја ...
Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри повеќе детали за своето еднонеделно отсуство од земјава, бидејќи бил на патување што е дел од воспитувањето што го имаат со неговите синови – еднаш годишно да посетуваат еден европски град. Четири дена премиерот бил во Бриж, а три дена во Брисел каде имал средба со инвеститори кои на есен, според Мицкоски ќе донесат три инвестиции во Македонија. Мицкоски влезе во детали за своето патување зашто како ...
Едно лице загина, а 43 се повредени во катастрофалниот пожар на подрачјето на Локва Рогозница и Омиш кој избувна вечерта на 13 август и за неколку часа зафати околу илјада хектари трева, ниска вегетација и борова шума. Три возрасни лица (двајца мажи и една жена) кои се тешко повредени во големиот пожар на подрачјето на Омиш и Локва Рогозница и натаму се на респиратор во Клиниката за трауматологија во Загреб. Покрај тоа што се на механичка ...
Поранешната холивудска ѕвезда Бриџит Фонда е фотографирана во средата во Лос Анџелес, за време на едно од нејзините ретки јавни појавувања. Пензионираната 62-годишна актерка била фотографирана додека излегувала од ресторан со својата асистентка. Бриџет носела маица со пруги и црни панталони, со црна чанта на рамо и косата собрана во пунџа. View this post on Instagram A post shared by Celebrity central ⚡ (@celebritycentral.us) Фонда ретко ...
Одличен старт на сезоната имаше тимот на Тиквеш во Првата македонска фудбалска лига. Триумф над Арсими од 5:1, а потоа победа над Башкими со 5:0. Вкупно 10 постигнати голови, и само еден примен за моментно прво место на табелата. Сега за кавадарчани престои нов предизвик во тимот на Шкендија Арачиново. Тиквеш посакува да ја продолжи победничката серија, да дојде до третата победа и да покаже дека оваа сезона има амбиции да се бори за горниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на отварањето на новата спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода, изјави дека се надева дека со новите измени во Кривичниот законик ќе има и казнени одредби за лица коишто свесно создаваат хистерија, односно, како што рече, „вршат своевиден хибриден напад, создаваат чувство на немир, чувство на страв кај кај граѓаните“. На 12 август на социјалните мрежи се појави дезинформација дека скопската ...
Судењето на Линдзи Кленси, мајката од Масачусетс обвинета за убиството на своите три деца – петгодишната Кора, тригодишниот Досон и осуммесечниот Калан во 2023 година, ја подели Америка и ја разгоре дебатата за едно од најтешките прашања за менталното здравје по породувањето: што се случува кога сериозната психичка криза кај мајката е лошо медицински менаџирана. Случајот предизвика широка јавна дебата за постпородилната депресија, ...
Доколку сакате летниот одмор да го поминете подалеку од преполните плажи и туристичките гужви, една хрватска плажа на островот Паг може да биде идеалната дестинација. Плажата Беритница е прогласена за најдобра скриена плажа во Европа на листата што ја составила глобалната страница за споредба на цени и резервација на автомобили „Дискавер Карс“ (DiscoverCars.com). На листата се најдоа десет помалку познати плажи од различни европски земји, ...
Новак Ѓоковиќ се враќа на теренот по еден и пол месец одмор. Српскиот тенисер денеска ќе игра против Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте во второто коло од Мастерсот во Синсинати, САД. Се очекува мечот да започне околу 18.30 часот по средноевропско време. Дуелот на Ѓоковиќ е закажан како втор меч од дневната програма на централниот терен „P&G Stadium Court“. Програмата започнува од 17.00 часот со дуелот меѓу Зејнеп Сонмез и Аманда ...
На денешен ден, 15 август 2000 година, регионот го потресе веста дека Ена Беговиќ, една од најхаризматичните актерки на југословенската и хрватската кинематографија, загина во сообраќајна несреќа на Брач. Имала само 40 години, на врвот на својата кариера и штотуку започнала сосема ново поглавје во својот живот – неколку недели претходно станала мајка на девојчето Лана. View this post on Instagram A post shared by Darko Jakšić ...
Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема. Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Срам и брука. А одговорност нула! Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од ...
Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на 17 и 18 август Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ќе ја спроведе третата терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце. Дезинсекцијата се спроведува со цел сузбивање на возрасните форми на комарци и други штетници, согласно претходно изготвен план за динамиката на активностите и техничката спецификација. Третманот ќе се изведува во вечерните ...
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што информираат од републичкото Основно јавно обвинителство, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе ...
Страшна трагедија го потресе светот на велосипедизмот. 20-годишниот британски велосипедист Финлеј Тарлинг, член на „NSN Development Team“, го загуби животот по тешка несреќа за време на осмата етапа на „Волта а Португал“. Тарлинг учествувал на осмата етапа од познатата португалска трка, која се возела меѓу Мелгасо и Фафе. По веста за неговата смрт, организаторите официјално се огласија и ја потврдија трагедијата. „Организаторите на 87. ...
Метју Меконахи има богата филмска кариера и Оскар на својата полица, но филмот што и по повеќе од две децении му носи најголема заработка не е некоја од неговите наградувани драми. Станува збор за романтичната комедија „Како да изгубиш момче за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) од 2003 година, во која глумеше со Кејт Хадсон. Гостувајќи во поткастот „Happy Sad Confused“ на 13 август, 56-годишниот актер го опиша популарниот филм како ...
Откако премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју, Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Некој еднаш рече дека првата исламска република што ќе поседува нуклеарно оружје ќе биде Исламската Република Велика Британија. Ве уверуваме дека нема да има друга тука, во Иран, изјави Нетанјаху во поткаст, што наиде на широко негодување. Портпаролот на британската ...
Партијата Левица откако беше поднесено обвинение за Артан Груби преку прес-конференција реагира за квалификацијата на кривичното дело. Од партијата прашуваат како докази што во минатото биле обезбедени, исчезнале во нивната правна анализа за шест месеци и како истрагата за дело со казна од најмалку четири до дваесет години завршило со обвинение за дело за кое казнената рамка оди најмногу до пет години. ВМРО-ДПМНЕ со години го претвораше ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле водени разговори меѓу ...