Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во квалификациите за „Ролан Гарос“. Во првото коло, таа загуби од Марго Рувруа од Франција со 1-2 (2-6, 7-5, 4-6) во меч во кој не успеа да воспостави контрола врз својот сервис и тоа беше главна причина за поразот. Од вкупно 14 гема на нејзин сервис, Ѓорческа освои само пет, во првиот сет ги загуби сите четири, а во последниот гем, првите два по што на Рувруа не и беше ...

Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денеска во 16:00 часот по средноевропско време, треба да започне расправата за Предлогот за резолуција за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше спонзорирана од триесет земји. Се очекува десетина ...

Тиквеш е новиот освојувач на Купот на Mакедонија во фудбал, за прв пат во клупската историја. Екипата од Кавадарци пред повеќе од 10.000 гледачи на арената „Тоше Проески“ во Скопје, ја совлада Воска спорт со 2:1. Тиквеш поведе со евроголот на Стојкоски во 41 минута, а Силва во 59-та зголеми на 2:0. Надежта за екипата на Воска дека може да остане непразена ја подгреа Шаркоски во 77 минута по големата грешка на голманот, Ренер. Сепак, тимот од ...

Уривањето на бината, како што пишува претседателски кандидат Хорхе Алварез Мајнез на социјалните мрежи, е предизвикано од ненадеен налет на ветер. Најмалку пет лица загинаа, а уште 50 се повредени откако се урна бина на митинг во предизборната кампања во северната мексиканска држава Нуево Леон, изјави локалниот гувернер. Инцидентот се случил додека централно-левичарскиот претседателски кандидат Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан ...

Познатиот шерпаски планинарски водич Ками Рита го искачи Монт Еверест по рекорден 30. пат, комплетирајќи го своето второ искачување овој месец. Ваков подвиг изведе и минатата година, кога двапати ја совлада највисоката планина на светот за помалку од една недела. Првото успешно искачување оваа сезона го имаше на 12 мај, кога предводеше група странски планинари. -Рита е добро и среќен што го поставил овој рекорд, изјави Мингма Шерпа од „Севн ...

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје го доби и вториот финален меч против Пелистер (80:75) на свој терен од серијата кој прв до три победи и поведе со 2:0. Серијата продолжува в сабота во Битола, каде со уште еден триумф МЗТ Скопје ќе биде старо-нов шампион на Македонија. Пелистер имаше одличен почеток, во осум минути направија огромни 22:8. Но домаќинот успеа да се соземе, да возврати и на полувреме да замине со предност ...

Ирска и Норвешка најавија дека денеска ќе ја признаат палестинската држава, изјави неименуван извор за Ројтерс. Владата во Даблин синоќа најави прес-конференција на премиерот и на министерот за надворешни работи за текот на денешниот ден, без да наведе што ќе биде тема. И владата во Осло соопшти дека скандинавската земја ќе признае независна палестинска држава, објави јавниот сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен. Членките на ЕУ – Словенија, ...

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го освоија овогодинешното издание на Купот во женска конкуренција, откако ова попладне во финалето покажаа доминантна игра против ЖРК Чаир. Избраничките на Симе Симовски покажаа дека се за неколку класи подобри од ривалките и имаа проблеми само во раната фаза од мечот, а потоа целосно го контролирара мечот и лесно стигнаа до посакуваниит трофеј. Ѓорчепетровки победија со 36:24 и тоа најдобро опишува каква беше ...

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодија јужниот дел на Италија. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри. Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на водачот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа. Во интервју за Си-Ен-Ен, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, ...

Ракометарите на Алкалоид вчера направија големо изненадување освојувајќи го пехарот во Купот на Македонија. Младиот македонски тим предводен од селекторот Кире Лазаров по подоброто изведување пенали успеа да го совлада супер-фаворитот Еурофарм Пелистер и да се закити со вредното признание. На крајот на натпреварот резултатот беше 22-22, а по изведувањето на пеналите 25-23 и со што Алкалоид го освои првиот трофеј во натпреварувањето. – Им ...

Поради губење на просториите и седиштето на Демократската партија на Македонците (ДПМ) во Панчево, Србија, отпуштањата, опструкциите, неможноста за политичко организирање, Македонците од ДПМ денеска протестираа пред своите простории и го повикаа раководството на Република Македонија да реагира и да ги заштити, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението до медиумите на ДПМ се наведува дека во пресрет на локалните избори во Србија на 2 ...

Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија. Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1. Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута,кога ...

Во хеликоптерот бил и шефот на иранската дипломатија. Нивната смрт ја потврди иранската државна телевизија. Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со министерот за надворешни работи на Азербејџан Хосеин Амиромабдалохјан, јави иранската државна телевизија. Нивната смрт е потврдена по хеликоптерската несреќа во источен Азербејџан, јави Прес ТВ, не наведувајќи извор. Хеликоптерот со претседателот Раиси и ...

Косовскиот премиер и лидер на Движењето Самоопределување, Аљбин Курти вчера ги примил лидерите на коалицијата Вреди. На средбата им честитал за изборниот резултат во Македонија, нагласувајќи дека за првпат албанска опозиција освоила над 100 илјади гласови. Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, ...

Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот, рече Бабак Махмуди. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи. Махмуди додаде дека несреќата се случила во областа Калибар и Варзган. -Доновите на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 во финалето на плејофот, откако вечерва на домашен терен го совлада Пелистер со 82:77 (28:23, 22:17, 15:23 и 17:14). Капитенот на аеродромци, Дамјан Стојановски беше најдобар во победничкиот тим со 16 поени, Душан Танасковиќ реализира 13. Најефикасни во тимот од Битола беа Јуре Планиниќ со 19, Андреј Маслинко и Александар Костоски дадоо по 16. Вториот натпревар од серијата на ...

Неколку домови беа откорнати од светот денеска откако реката Monsoon dei Sassi излета од коритата во близина на градот Кампосампиеро во Падова и предизвика поплави поради еднонеделните поројни дождови што ја зафатија северна Италија, јави италијанската новинска агенција АНСА. На помош на лицата кои останале во изолираните домови со помош на амфибиско возило и пумпи им дошле екипи на противпожарната служба. Екстремните временски услови особено ...

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ја започнуваат финалната серија од кошаркарскиот плејоф, а двете екипи се со една цел, да стигнат до шампионскиот трофеј. Аеродромци ја имаат предноста на домашен терен во првиот меч, но и традицијата. МЗТ е актуелен, но и 10-кратен првак на Македонија, додека Пелистер уште нема ниту една титула. Ова е трета сезона по ред овие две екипи да играат во финалето што е знак дека навистина се најдобрите две. ...

Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ. -Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по ...

Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13). Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен. Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го ...

Тринаесет лица се повредени во судирот на возови што се случи вчера кај Панчевачкиот мост во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, повредените биле примени во Ургентниот центар, а четворица од нив се со тешки повреди. Девет патници биле пуштени дома бидејќи немале посериозни повреди. -Мораше да бидат згрижени 13 лица, меѓу кои машиновозачот, контролорот и двајца патници – сите четворица се пренесени во Ургентниот центар, ...

Грција ќе го направи она што е предвидено доколку Договорот од Преспа е прекршен, изјави денеска министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, коментирајќи ги изјавите на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова и идниот мандатар на македонската влада Христијан Мицкоски.. Според него, „нема сомнеж дека доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ стане премиер и продолжи со ваквите изјави, Мицотакис ќе го поништи Договорот од Преспа“. ...

Полуматуранти од основното училиште во Долна Горица, Црна Гора, како што се наведува го запалиле училиштето за време на матурската прослава. На страницата на „Инстаграм“, „Подгорички времеплов“, е објавено видео од пожарот, каде што е наведено дека тој бил предизвикан од факел. -Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Долна Горица, се наведува во објавата, пренесува Макфакс. Поради ...

Вандалите и насилниците си царуваат во Скопје? Едноставно, кога ќе им притреба залекување на сопствените фрустрации само си тргнуваат во кршење, палење, уништување на општествен-градски имот. А на таквите лица фрустрациите и другите внатрешни проблеми им се големи, па прават и големи зулуми. И проблемот да биде поголем – разноврсни се во искажувањето на својата девијантност. Последен таков испад е завчерашното искорнување на новозасадените ...

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обидел да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок. Според локалните извештаи, полицијата ...

Ракометарите на Е. Пелистер се први финалисти во Купот на Македонија откако во полуфиналната пресметка триумфираа со 29-33 против Тиквеш на Ф4 турнирот од најмасовното домашно клупско натпреварување кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. „Пелистерци“ сосема заслужено дојдоа до победата, и покрај тоа што Тиквеш во првото полувреме максимално парираше на големиот фаворит, доаѓајќи и до предност од 12-11 и 13-12 на пет минути пред крајот ...

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија, имал страшна сообраќајка несреќа во која тој не се здобил со потешки повреди. Несреќата се случила во Аксаково, близу до Варна. Според бугарската БТВ, загинал шоферот на Петков, како и две лица во другиот автомобил при сударот Според првични информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години, излетал ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа од понеделник треба да настапува во квалификациите за пласман на Ролан Гарос, вториот годинашен гранслем-турнир. Ѓорческа е на листата на учеснички во квалификациите објавена на интернет-страница на организаторите на гранслем-турнирот во Париз, што ќе се игра на земјена подлога. Таа осми пат ќе настапи во квалификации за учество на гранслем-турнир, вторпат за Ролан Гарос (претходно во 2017 година), според ...

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Силјановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации. На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
44%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 24ᴼ
0.51
57%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
56%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.38
47%
1015
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.54
73%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
4.02
43%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
53%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
30%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1015
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
4.12
48%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
60%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75