Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, постави нов државен рекорд откако истрча полумаратон на Европското првенство во Рим за време од 1:04,01 часови, тој го освои 29. место. Ивановски за 44 секунди го подобри неговото претходно најдобро остварување кое го направи пред девет месеци во Битола. За Македонецот ова беше очекувано остварување со оглед на тоа што на ЕП пристигна со 28 време од 57 атлетичари кои ја завршија трката. Првото ...

Група руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе ја посетат Куба следната недела за да ги истакнат „историските пријателски односи“, соопшти кубанската влада. Руската фрегата Горшков, подморницата на нуклеарен погон Казан, флота танкер за нафта Пашин и спасувачкиот шлепер Николај Чикер ќе го посетат пристаништето во Хавана меѓу 12 и 17 јуни, соопштија Кубанските револуционерни вооружени сили. Куба вели дека ниту еден ...

Питон долг пет метри уби 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија локалните медиуми. Мајката на четири деца живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг бидејќи купувачот ќе дојде да му продаде чили. Но, бидејќи поминало долго време откако таа заминала од дома, нејзиниот сопруг и ...

Фудбалскиот клуб Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик ќе биде посилен со четири нови играчи. Дресот на клубот од Кавадарци во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, и Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет доаѓаат од штипска Брегалница. Нов фудбалер на ГФК Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред кој до сега настапуваше во ...

Серија послаби земјотреси се забележани во текот на ноќта во Италија, во околината на Неапол. Магнитудата на земјотресот со епицентар во Кампа Флегреј бил меѓу 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала, пренесува Анса. Како што е наведено на веб-страницата на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, регистрирани се пет земјотреси кои се случиле помеѓу 3.52 и 4.17 часот по локално време. Нема извештаи за материјална ...

Данската премиерка Мете Фредериксен е „шокирана“ откако синоќа беше нападната на плоштад во центарот на Копенхаген, соопштија од нејзиниот кабинет. Маж ѝ се приближил и ја удрил, по што е уапсен. -Премиерката Мете Фредериксен беше удрена во петокот вечер на Култорвет во Копенхаген од маж кој потоа е уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерка, без да се откриваат детали. Полицијата, исто така, ...

Селекторот на младинската ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го скрати списокот и ги одбра ракометарите за настап на Европското првенство до 20 години кое ќе се одржи во јуни во Словенија. Раде Стојановиќ од 35 имиња колку што беа на првичниот список, остави 21 ракометар кои ќе одат во Словенија. Најголемиот дел од ракометарите се од домашното првенство, има само двајца кои настапуваат во странство, Давид Брестовац кој брани во Котбус, ...

Во средиштето на деловниот град Чијанжијанг Сенчури Сити, во рамките на населбата Хангжоу, се наоѓа „Реџент интернејшнал“ – еден од најголемите станбени згради во Кина. Овој џиновски комплекс е висок повеќе од 200 метри и има над 260.000 квадратни метри површина. Дом е на речиси 20.000 луѓе, а може да прими и 30.000 жители. -Она што го прави уникатен е фактот што луѓето никогаш не мора да ја напуштаат зградата за да ги задоволат своите ...

Македонскиот атлетичар Андрас Трајковски не ги помина квалификациите во скок во далечина, односно го освои 22. место на Европското првенство (ЕП) во Рим. Трајковски беше во групата Б и успеа да скокне 7,73 метри, меѓутоа тоа му ја донесе 22. позиција од 29 натпреварувачи на ЕП. Неговиот најдобар обид, во третата серија, беше за 22 сантиметри „покус“ од скокот на Србинот Страхиња Јованчевиќ (7.95 метри) кој како последен, 12-ти, успеа да ...

Европската комисија донесе одлука да ги извести земјите членки на ЕУ дека Украина и Молдавија ги презедоа сите неопходни чекори за отпочнување на преговорите за членство во Унијата, информира денеска портпаролката на ЕК за проширување и соседска политика, Ана Писонеро. Таа додаде дека прашањето за започнување на преговарачкиот процес со Украина и Молдавија е на денешниот дневен ред на заседанието на Комитетот на постојани претставници на ...

Третиот по ред базар за облека, книги, играчки и други прозводи од „втора рака“, но и рачно изработен накит и аксесоари, ќе се одржи во сабота (8 јуни) од 11 до 15 часот во „Јавна соба“, на кој ќе има 35 штандови, односно најмногу досега. -Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарање во ‘Јавна соба’ оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови, велат ...

Бугарските гласачи во недела ќе одат на нивните шести предвремени парламентарни избори во последните три години, но аналитичарите велат дека шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали. Бугарија, најсиромашната членка на Европската унија и една од нејзините најкорумпирани држави, се бори со честите промени на владата откако антикорупциските протести во 2020 година помогнаа да се ...

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ не успеаја да ја одбранат титулата во ВТБ-лигата откако, во финалната серија, загубија со 4:1 од ЦСКА од Москва. Титулата беше решена во Казањ откако не успеа Уникс да го одбрани домашниот терен, губејќи со 55:66. Димитријевиќ го заврши мечот со скромни девет поени, без ниту една тројка од пет обиди, а најефикасен кај Уникс беше Рејнолдс со 18 поени. На спротивната страна, ...

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка за прв пат по 5 години, намалувајќи го притисокот врз должниците во целата еврозона. ЕЦБ ја намали каматната стапка на 3,75 отсто од рекордните 4 процентии направи чекор пред американската централна банка и Банката на Англија, кои допрва треба да ги намалат каматните стапки. Финансиските пазари со нетрпение го очекуваа првото намалување во еврозоната од септември 2019 година, што ќе ...

Енис Барди беше меѓу најдобрите поединци во турбулентната сезона на Трабзонспор, со што македонскиот репрезентативец повторно го привлече вниманието на неколку клубови ширум Европа. Барди во јануари не го комплетираше трансферот во Унион Берлин, а според последните информации капитенот на македонската репрезентација сега е блиску до преселба во Серија А. Торино е клубот што сака да го доведе Барди во своите редови во текот на летово, станува ...

Најмалку четири лица загинаа а 26 други се повредени откако патнички воз се судри со товарен воз во Пардубице во Чешка во средата вечерта, изјави регионалниот гувернер. По инцидентот, спасувачки екипи пристигнале на лице место и почнале да ги проценуваат патниците. На социјалните мрежи, премиерот на Чешка, Петр Фиала изрази сочувство за несреќата. Според новинската агенција Reuters, несреќата се случила во Пардубице, дел од главниот железнички ...

Секој француски воен инструктор испратен во Украина би бил „легитимна цел“ за руските вооружени сили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров откако украинските власти открија дека бараат помош од Франција за обука на нивните војници. – Што се однесува до француските инструктори, мислам дека тие веќе се на украинска територија. Без разлика на нивниот статус, воените службеници или платениците претставуваат легитимна цел за ...

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, а тоа е хрватскиот играч Кајо Цикатиќ кој доаѓа од Горица. Цикатиќ е висок 197 сантиметир и тежок 107 килограми, а во минатото го носеше дресот на Загреб и хрватските младински категории на репрезентацијата, па ова ќе му биде прв интернационален предизвик. Хрватот ќе биде презентиран на крајот на јули во Битола, односно на почетокот на подготовките ...

Словенија стана уште една членка на Европската Унија која ја призна независноста на палестинската држава откако парламентот ја изгласа одлуката со големо мнозинство, при што беше одбиено барањето на опозицијата да се распише референдум за ова прашање. Словенечката влада минатата недела донесе одлука за признавање на Палестина, следејќи го примерот на Ирска, Норвешка и Шпанија, како дел од напорите да се притисне Израел да ја заврши војната во ...

Познатиот македонски доктор-токсиколог Нико Беќаровски одговара на 10 прашања околу неговиот живот… 1. Три најсреќни моменти во животот? – Најрадосни моменти се секако раѓањата на моите две деца, но многу бев среќен на првата титула на РК Вардар и денот кога дипломирав на МФ, кога мислев дека го досегнав небото. 2. Три работи кои се каете што сте ги направиле? – Реално се каам само што дозволивме несоодветни луѓе да ја водат државава триесет ...

Украинските трупи користеа ракети ХИМАРС, обезбедени од САД, за уништување на напреден систем за воздушна одбрана на територијата на Русија. Како што пренесува „Дејли Телеграф“, според извештаите, погоден е системот за противвоздушна одбрана во рускиот град Белгород, кој бил опремен со ракети земја-воздух С-300 или С-400. -Прекрасно изгоре. Тоа е руски С-300, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација претрпе пораз од Хрватска од 3-0 на пријателски меч кој се одигра во Ријека. „Коцкестите“ настапија со комбиниран состав на овој меч, но тоа не им беше проблем рутински да не совладаат на тестот во „Рујевица“. Најубавиот момент се случи во 10. минута кога Мајер со прекрасен гол од слободан удар ги израдува домашните навивачи. Истиот играч зголеми на 2-0 во 45 минута, додека потврда на победата ...

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина. Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот. Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во ...

Според податоците на „Евростат“ за 2021 година, највисоки пензии земаат пензионерите од Исланд (2 762 евра), а најниски оние во земјите од Балканот. Просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45 731 динари (390 евра). Според последните податоци на Фондот за ПИО на Македонија, просечната пензија во март годинава изнесувала 21 209 денари (345 евра). Во Црна Гора, според „Евростат“, просечната пензија е 291 евро, во БиХ – 237 евра, а најмала ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори што во недела се одржаа во Србија, како и на повторените избори во Белград, објавија српските медиуми. –Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63. Неверојатна е победата и во Нови Сад, 45 мандати, речиси ...

Задар на Адем Мекиќ го растури Сплит во „мајсторката“ и стана старо-нов шампион на Хрватска. Четата на Јусуп му одржа лекција на ривалот на средбата која се одигра во Задар, славје од 93:66 за конечни 3:2 во финалната серија. Домаќините го добија првите три четвртини во кои создадоа предност од 75-47, па завршните десет минути беа чиста формалност во која гостите како за утеха беа подобри во тој дел со 19:18. Ова за Задар беше 22. пехар во ...

Сите ние да го воспееме божествениот и верен Методија, и со љубов да го прославиме како велик пастир на Словените, и чесен служител на Света Троица, и прогонител на ересите, бидејќи за сите нас се моли непрестајно…, вака гласи дел од текстот кој денеска се чита по македонските цркви во слава на големиот сесловенски просветител Свети Методиј Солунски. Денеска се одбележуваат 1.139 години од неговото упокоение на 19 април 885 година во градот ...

Телескопот „Џејмс Веб“ успеа да ја фотографира најдалечната позната галаксија. Галаксијата наречена JADES-GS-z14-0 е откриена само 290 милиони години по големата експлозија, во зората на универзумот. Претходниот рекорд на телескопот беше галаксија видена 325 милиони години по големата експлозија, која се случи пред речиси 14 милијарди години. „Ново набљудуваната“ галаксија, и моментално најоддалечената, е многу посветла од очекуваното, што ...

Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар вчера оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски уште еднаш докажаа дека може да се носат со силните и моќни репрезентации, како што беше и вчерашниот противник. Марио Илиевски во 44. минута ја донесе Македонија во предност од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лука Станковски стрела прецизно ...

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e 6, која полета од Центарот за вселенско лансирање Венчанг на тропскиот остров Хаинан, слета како што беше планирано во огромниот басен на Јужниот Пол-Аиткен, еден од најголемите познати кратери од удар во Сончевиот систем. Новинската агенција „Ксинхуа“ пренесе соопштение од кинеската вселенска администрација. Оваа ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
36%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
45%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
46%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.62
44%
1014
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
51%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
42%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
47%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.51
33%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
43%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
42%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
53%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75