
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи. -Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку дојде до таков разговор. Ако не дојде се надевам дека набргу ќе дојде, истакна ...
Патрола на сообраќајната полиција во Оклахома во САД неодамна на автопат запрела необично возило, кое личело на НЛО. Полицаецот Рајан Ван Влек забележал дека „летечката чинија“ не застанала на задолжителниот знак, па решил да дејствува. Во возилото нашол две весели патнички кои се упатиле – сосема неочекувано – на годишниот фестивал на НЛО во Розвел. -Не секој ден запирате НЛО во сообраќајот. Патниците се пуштени без казна, со предупредување, ...
Во последното обраќање во јавноста Риши Сунак, првиот британски премиер со азиско потекло, официјално поднесе оставка од премиерската функција, но и од позицијата лидер на Конзервативната партија. -Извинете, дадов се за оваа работа, но вие дадовте јасен сигнал дека владата на Велика Британија мора да се промени. А вашиот суд е единствениот што е важен, рече Сунак во обраќањето пред резиденцијата во Даунинг Стрит. Тој најави дека ја напушта и ...
Фудбалскиот клуб Вардар денеска од 17 часот на терените во Хиподром ги почнува подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб, Горазд Михајлов ќе ја има првата прозивка на тимот означувајќи го почетокот на подготвителниот период, откако обезбедени се средства за регулирање на актуелните обврски и заостанатите долгови кон фудбалери. Навивачката група „Комити“, како што е познато, претходно информираа ...
Британските лабуристи ја однесоа најубедливата изборна победа во последните 192 години. Првичните резултати по сè уште нецелосно обработени гласови од вчерашните општи избори во Велика Британија покажуваат дека Лабуристичката партија на Кир Стармер освои апсолутно мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент. Според проекциите, лабуристите ќе освојат 410 мандати во 650-члениот британски парламент. Доколку прогнозите се покажат точни, тоа ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски си замина од АЕК Ларнака, но и натаму останува на Кипар, во АЕЛ Лимасол. Искусниот напаѓач по осум години минати во АЕК Ларнака, се раздели со клубот, но ќе остане на Кипар, во АЕЛ Лимасол кој му понуди едногодишна соработка. Тричковски во дресот на АЕК Ларнака одигра 278 натпревари и постигна 138 гола, а имаше и 29 асистенции. Во кариерата Тричковски настапуваше за Легија Варшава, за ...
Грција денеска ќе ја погоди страшно невреме, а на граѓаните и туристите им е испратено предупредување во форма на СМС порака. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас, вчера зборуваше за очекуваното невреме. Граѓани кои престојуваат на Халкидики, веќе почнаа да објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Од утрово небото е сиво, а во Сарти се појави и мало торнадо. -Посебно внимание е потребно поради ова невреме, ...
Заедниците на Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, со која тој му одговори на македонскиот премиер Христијан Мицковски за изјавата дека Договорот за добрососедство може да се репреговара. Радев рече оти „на властите во Скопје им недостига познавање на уставно право“. -Цинизам е претседател на држава кадешто редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за ...
Милиони Британци денеска гласаат на првите парламентарни избори од 2019, по кои се очекува промена на власта и нов премиер да стане лидерот на Лабуристичката партија, Кир Стармер. Владејачките Конзервативци практички го признаа поразот уште пред изборите, предупредувајќи дека Лабуристите би можеле да остварат рекордно убедлива победа. Анкетите исто така предвидуваат голема победа на Лабуристите, со која ќе се стави крај на 14-годишното владеење ...
Македонското и другите малцинства во Албанија најавија дека ќе излезат со заедничка декларација за непризнавање на резултатите од пописот во оваа земја и официјално ќе побараат нов попис. – Подготвуваме заедничка декларација задно со претставниците на грчкото, влашкото и другите малцинства со која не ги признаваме пописните резултати. Во неа ќе наведеме цврсти докази дека истите се фалсификувани, чиста манипулација. Ќе ја доставиме до сите ...
Пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам, изјави вчера директорката на албанскиот Институт за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули по низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година. Таа рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и домаќинствата, во согласност со новите ...
На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза. Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија. Двојки и термини за 1/4финалето: Шпанија – Германија (5 јули, 18 часот) Португалија – Франција (5 јули, 21 часот) Англија – Швајцарија (6 јули, 18 часот) ...
Во претстојната сезона 2024/25 ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за уште еден шампион – нов играч на македонскиот првак е српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ (35). Дефанзивецот со богата кариера доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. Роден во Врбас, Абутовиќ се обврза на едногодишен договор со битолскиот клуб и ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули. Абутовиќ ...
Врховниот суд на САД пресуди дека поранешните претседатели имаат право на одреден степен на имунитет од кривично гонење, драматично намалувајќи ја веројатноста дека федералната кривична постапка против Доналд Трамп поради наводите дека планирал да го запре трансферот на власта ќе продолжи пред изборите овој ноември. Оваа одлука на Врховниот суд ја поништи одлуката на федералниот апелационен суд донесена во февруари оваа година, со која беше ...
Со триумф на репрезентацијата на Франција, вчера во Скопје заврши 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, во рамки на кое учествуваа 32 селекции и беа одиграни 116 натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во финалниот меч денеска Франција со 29:26 ја победи Унгарија и дојде до златниот медал, додека бронзата ја освоија младите ракометарки на Холандија, кои во малото финале ја победија Данска со ...
Според неофицијалните резултати од вчерашниот прв круг на парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание, се наведува во анализата на агенцијата Ифоп. Таа партија, чиј лидер е Жордан Бардела, не би имала апсолутно ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ќе разговара денес со своето семејство за тоа дали ќе ја продолжи трката за реизбор, откако голем број демократи изразија загриженост по дебатата на претседателот против републиканскиот ривал Доналд Трамп. Бајден и неговата сопруга Џил во текот на денот ќе се сретнат со децата и внуците во претседателското одморалиште Камп Дејвид во Мериленд, кажале извори за Ен-би-си њуз. Изворите ...
Во Франција денеска ќе се одржи првиот круг од вонредните парламентарни избори, кои би можеле за првпат по Втората светска војна да ја доведат крајната десница на власт, по убедливата победа на партијата Национален собир (НС) над центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон на изборите за Европскиот парламент. Повеќе од 49 милиони граѓани имаат право на глас и ќе избираат 577 пратеници за долниот дом на францускиот парламент. Вториот ...
Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски имаше успешно деби за својот нов тим, Данди Јунајтед. Тој беше стрелец на гол во триумфот од 2-0 во пријателскиот меч против нисколигашот Анан Атлетик. Трапановски веднаш доби шанса за докажување и го стори тоа на најдобар можен начин. Тој пред неколку дена пристигна во Шкотска, каде ќе биде третиот Македонец, после Бојан Миовски и Давор Здравковски, кои играат во Абердин, односно во Мадервил. ...
Девојка (14) е киднапирана во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице. Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи. Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели ...
Собранието на Црна Гора ја усвои Резолуцијата за геноцид во системот логори Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен. За усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник за, а еден против, пренесува подгорички Вијести. Немаше воздржани. При гласањето, пратениците на опозициските партии ја напуштија салата. Претседателот на собранието Андрија Мандиќ кажа дека е горд што е резолуцијата усвоена. „Ова е резултат на наш договор и наша идеја. Никој во ...
Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат само 2.281 граѓани кои се изјасниле како Македонци. Пред 13 години на последниот попис биле регистрирани 5.512 Македонци и за овој период бројот на наши сонародници се намалил за 58,6 проценти. Во прегледот на ИНСТАТ ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија. Од друга ...
Самитот на Европскиот совет заврши во Брисел, каде лидерите на ЕУ ја предложија актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за кандидат за нов мандат на чело на ЕК, естонската премиерка Каја Калас за кандидат за Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, а поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет. Фон дер Лајен на прес-конференција по самитот на лидерите на ...
Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“. Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер: Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, ...
Бугарскиот претседател Румен Радев, кого го критикуваат за поддржување на Русија, не планира да ја предводи бугарката делегација и да присуствува на самитот на НАТО планиран за јули во Вашингтон, соопшти неговиот кабинет во четвртокот. Како причина е наведена политиката на владата кон Украина. Радев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради несогласувањата со бугарската влада за некои позиции на земјата на самитот, ...
Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, упати честитка до новата Влада и премиерот Христијан Мицкоски во која изразува надеж дека со албанската влада ќе биде потпишан договор за реципрочни права на Македонците во Албанија. Во честитката на единствената партија која ги брани интересите на Македонците во Албанија, се наведува убеденоста дека ќе продолжи градењето на добри односи со Република Албанија. -Ова е значаен момент за нашата ...
Бојан Миовски имаше сезона за паметење во дресот на Абердин, постигнувајќи 26 погодоци за овој клуб во сите натпреварувања, со што македонскиот голгетер го привлече вниманието на бројни клубови ширум Европа. Во изминатиот период се говореше за понуди од Феенорд, Болоња, Саутемптон, Селтик, Глазгов Ренџерс… но директорот на Абердин, Алан Буроус, во изјава за шкотските медиуми изненади обелоденувајќи дека овој клуб не добил ниту една конкретна ...
Во Германија од денеска (27 јуни) стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка коалиција, овозможува лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите ...
Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци – машко и женско младенче. А пак, вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми. Чамчури – 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. ...
Албанската фудбалска федерација се огласи по повод инцидентот на фудбалерот Мирлинд Даку, кој после натпреварот со Хрватска со мегафон ги пцуеше и навредуваше Македонија и Србија. Самиот Даку се извини за инцидентот, а потоа се огласи и УЕФА која покрена постапка против играчот, кому му се заканува суспензија за последниот натпревар од групата против Шпанија. – Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч ...