Енис Барди беше меѓу најдобрите поединци во турбулентната сезона на Трабзонспор, со што македонскиот репрезентативец повторно го привлече вниманието на неколку клубови ширум Европа. Барди во јануари не го комплетираше трансферот во Унион Берлин, а според последните информации капитенот на македонската репрезентација сега е блиску до преселба во Серија А. Торино е клубот што сака да го доведе Барди во своите редови во текот на летово, станува ...

Најмалку четири лица загинаа а 26 други се повредени откако патнички воз се судри со товарен воз во Пардубице во Чешка во средата вечерта, изјави регионалниот гувернер. По инцидентот, спасувачки екипи пристигнале на лице место и почнале да ги проценуваат патниците. На социјалните мрежи, премиерот на Чешка, Петр Фиала изрази сочувство за несреќата. Според новинската агенција Reuters, несреќата се случила во Пардубице, дел од главниот железнички ...

Секој француски воен инструктор испратен во Украина би бил „легитимна цел“ за руските вооружени сили, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров откако украинските власти открија дека бараат помош од Франција за обука на нивните војници. – Што се однесува до француските инструктори, мислам дека тие веќе се на украинска територија. Без разлика на нивниот статус, воените службеници или платениците претставуваат легитимна цел за ...

Македонскиот ракометен шампион Пелистер денеска потврди уште едно засилување за следната сезона, а тоа е хрватскиот играч Кајо Цикатиќ кој доаѓа од Горица. Цикатиќ е висок 197 сантиметир и тежок 107 килограми, а во минатото го носеше дресот на Загреб и хрватските младински категории на репрезентацијата, па ова ќе му биде прв интернационален предизвик. Хрватот ќе биде презентиран на крајот на јули во Битола, односно на почетокот на подготовките ...

Словенија стана уште една членка на Европската Унија која ја призна независноста на палестинската држава откако парламентот ја изгласа одлуката со големо мнозинство, при што беше одбиено барањето на опозицијата да се распише референдум за ова прашање. Словенечката влада минатата недела донесе одлука за признавање на Палестина, следејќи го примерот на Ирска, Норвешка и Шпанија, како дел од напорите да се притисне Израел да ја заврши војната во ...

Познатиот македонски доктор-токсиколог Нико Беќаровски одговара на 10 прашања околу неговиот живот… 1. Три најсреќни моменти во животот? – Најрадосни моменти се секако раѓањата на моите две деца, но многу бев среќен на првата титула на РК Вардар и денот кога дипломирав на МФ, кога мислев дека го досегнав небото. 2. Три работи кои се каете што сте ги направиле? – Реално се каам само што дозволивме несоодветни луѓе да ја водат државава триесет ...

Украинските трупи користеа ракети ХИМАРС, обезбедени од САД, за уништување на напреден систем за воздушна одбрана на територијата на Русија. Како што пренесува „Дејли Телеграф“, според извештаите, погоден е системот за противвоздушна одбрана во рускиот град Белгород, кој бил опремен со ракети земја-воздух С-300 или С-400. -Прекрасно изгоре. Тоа е руски С-300, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје ...

Македонската сениорска фудбалска репрезентација претрпе пораз од Хрватска од 3-0 на пријателски меч кој се одигра во Ријека. „Коцкестите“ настапија со комбиниран состав на овој меч, но тоа не им беше проблем рутински да не совладаат на тестот во „Рујевица“. Најубавиот момент се случи во 10. минута кога Мајер со прекрасен гол од слободан удар ги израдува домашните навивачи. Истиот играч зголеми на 2-0 во 45 минута, додека потврда на победата ...

За денеска во Брисел се најавени протести на земјоделците од повеќе европски држави на кои се очекува да го изразат своето незадоволство од земјоделската политика на ЕУ, договорите за слободна трговија на Унијата и регулативите на блокот за заштита на животната средина. Како што соопшти бриселската полиција поради протестите можни се блокади и застои во сообраќајот во градот. Стартот на протестите е закажан за утрово на платото Хејсел, во ...

Според податоците на „Евростат“ за 2021 година, највисоки пензии земаат пензионерите од Исланд (2 762 евра), а најниски оние во земјите од Балканот. Просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45 731 динари (390 евра). Според последните податоци на Фондот за ПИО на Македонија, просечната пензија во март годинава изнесувала 21 209 денари (345 евра). Во Црна Гора, според „Евростат“, просечната пензија е 291 евро, во БиХ – 237 евра, а најмала ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на Српската напредна странка на локалните избори што во недела се одржаа во Србија, како и на повторените избори во Белград, објавија српските медиуми. –Имавме мнозинство во Белград и по декемвриските избори, но сметавме дека тоа не е доволен легитимитет бидејќи некои не сакаа коалиција со нас. Сега наместо 54 мандати ќе имаме 62-63. Неверојатна е победата и во Нови Сад, 45 мандати, речиси ...

Задар на Адем Мекиќ го растури Сплит во „мајсторката“ и стана старо-нов шампион на Хрватска. Четата на Јусуп му одржа лекција на ривалот на средбата која се одигра во Задар, славје од 93:66 за конечни 3:2 во финалната серија. Домаќините го добија првите три четвртини во кои создадоа предност од 75-47, па завршните десет минути беа чиста формалност во која гостите како за утеха беа подобри во тој дел со 19:18. Ова за Задар беше 22. пехар во ...

Сите ние да го воспееме божествениот и верен Методија, и со љубов да го прославиме како велик пастир на Словените, и чесен служител на Света Троица, и прогонител на ересите, бидејќи за сите нас се моли непрестајно…, вака гласи дел од текстот кој денеска се чита по македонските цркви во слава на големиот сесловенски просветител Свети Методиј Солунски. Денеска се одбележуваат 1.139 години од неговото упокоение на 19 април 885 година во градот ...

Телескопот „Џејмс Веб“ успеа да ја фотографира најдалечната позната галаксија. Галаксијата наречена JADES-GS-z14-0 е откриена само 290 милиони години по големата експлозија, во зората на универзумот. Претходниот рекорд на телескопот беше галаксија видена 325 милиони години по големата експлозија, која се случи пред речиси 14 милијарди години. „Ново набљудуваната“ галаксија, и моментално најоддалечената, е многу посветла од очекуваното, што ...

Младата репрезентација на Македонија до 21 години во интересен и возбудлив контролен натпревар вчера оствари триумф од 2:1 над силната селекција на Полска. Избраниците на селекторот Драги Канатларовски уште еднаш докажаа дека може да се носат со силните и моќни репрезентации, како што беше и вчерашниот противник. Марио Илиевски во 44. минута ја донесе Македонија во предност од 1:0. На самиот старт на вториот дел, Лука Станковски стрела прецизно ...

Сондата лансирана од Кина на почетокот на мај слета на далечната страна на Месечината за да собере примероци. Сондата Chang’e 6, која полета од Центарот за вселенско лансирање Венчанг на тропскиот остров Хаинан, слета како што беше планирано во огромниот басен на Јужниот Пол-Аиткен, еден од најголемите познати кратери од удар во Сончевиот систем. Новинската агенција „Ксинхуа“ пренесе соопштение од кинеската вселенска администрација. Оваа ...

Во синоќешната спектакуларна завршница на финалето на Лигата на шампоните Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 и по 15.пат во клупската историја се искачија на европскиот трон. На „Вембли“, Дани Карвахал и Винисиус Жуниор со головите во 74. и 83. минута го обезбедија 15-от пехар. Борусија доминираше на почетокот на натпреварот и во текот на првото полувреме во кое Реал Мадрид пружи бледа игра, како да се чуваше за второт полувреме. ...

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. -Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР. Според ова правило, ...

Одбојкарската репрезентација на Македонија, по поразот од Белгија, синоќа доживеа нов пораз во Европската златна лига и тоа повторно во пет сета, овој пат на турнирот во Осиек против домашната Хрватска која беше подобра со 3-2 (33-31, 17-25, 27-29, 25-21 и 15-12) Првиот сет донесе вистински маратон во кој за нијанса подобри беа Хрватите кои успеаја да го добијат со 33-31. Во наредните два „спартанците“ беа подобри со 25-17 и 29-27 со што го ...

Данецот со македонско потекло, Андреас Трајковски доби можност да ја претставува Македонија на Европското првенство во 2024 година во Рима и така ќе стане првиот натпреварувач во историјата на Македонија во оваа дисциплина на големите атлетски натпреварувања. Трајковски се најде ан 25. место на ранг листата во скок во далечина и така со ранкингот обезбеди место овој континентален собир. Претходно Дарио Ивановски со остварена норма избори ...

До јули оваа година, сите земји од Европската унија мора да ги укинат отстранливите капачиња на пластичните шишиња до три литри и да ги заменат со неотстранливи, што е дел од директивата на ЕУ објавена во 2018 година, која има за цел да го намали количеството пластичен отпад. . Капачињата од пластичните шишиња се одвоени и често завршуваат на несоодветни места во околината, без да се рециклираат, а истражувањата проценуваат дека производството ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја, објави вчера 12-члена порота во судот на Менхетн. Се работи за случајот во кој Трамп имал за цел да го прикрие поткупот што ѝ го исплатил на поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Сторми Даниелс, непосредно пред претседателските избори во 2016 година. Со ова, Трамп стана првиот американски претседател кој ...

Советот на Европската унија во четврток одлучи да потпише договор со Србија за оперативни активности со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), што ќе го замени договорот за статусот кој сега е на сила. Договорот ќе овозможи организирање на заеднички операции на Фронтекс и српската гранична служба, распоредување на тимови на Фронтекс за управување со границите во Србија. Исто така, ќе и овозможи на Фронтекс да и помогне ...

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во три држави. Македонија беше извлечена во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а мечевите ќе се играат во Вараждин, Хрватска. Селекторот Кирил Лазаров веднаш се присети на настапот на Македонија на СП 2009 година, кога на Мундијалот нашата репрезентација заврши на 11-тото место, а Вараждин беше градот од каде што ...

Во недела, на 2 јуни, ќе се одржат локални избори во 90 градови и општини во Србија, меѓу кои Белград, Нови Сад и Ниш. Предизборниот молк пред локалните избори во Србија почнува на полноќ и ќе трае до затворање на гласачките места на 2 јуни во 20 часот, јави Бета. Во тој период, на медиумите и јавните собири им е забрането да презентираат кандидати и партиски програми, да ги повикуваат гласачите да гласаат и да објавуваат оценки за изборните ...

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на нагло зголемување на случаите на сипаници, а бројот во 2024 година би можел да го надмине исто така високото ниво од 2023 година. Според последните податоци, во првите три месеци официјално биле пријавени 56.634 случаи на сипаници, вклучително и во 45 од 53 земји од Европскиот регион на СЗО. Во 2023 година биле пријавени вкупно 61.070 случаи – повеќе од половина од пациентите биле ...

Температура од 52,3 степени Целзиусови е забележана во Њу Делхи, главниот град на Индија, што е температурен рекорд за целата земја, соопшти метеоролошката служба. Рекордна температура денеска ја регистрира индиската метеоролошка служба во Мунгешпур, предградие на Њу Делхи, соборувајќи го претходниот национален рекорд регистриран во пустината Раџастан за повеќе од еден степен Целзиусови. Во Њу Делхи, претходно денеска беше објавено дека во ...

Триесет и деветгодишна жена ја избодела својата свекрва (67) неколкупати со нож, синоќа во селото Дубионица, во српската општина Сјеница. Како што пишуваат српските медиуми, снаата брутално ја убила својата свекрва, а сцената на местото на настанот беше опишана како застрашувачка. Полицијата соопшти дека несреќната жена починала од повеќето убоди. Инцидентот се случил во семеен дом, а случајот бил пријавен кај надлежните. Според пренесените ...

На денешен ден во 1991 година, фудбалскиот клуб Црвена звезда го освои најзначајниот трофеј во богатата историја. Во финалето на во тогашниот Куп на шампионите, Црвена звезда го совлада Олимпик Марсеј со 5:3 по изведување пенали. Дел од таа шампионска генерација беа Македонците, Дарко Панчев и Илија Најдовски. Натпреварот се играше во Бари, а бидејќи во регуларните 90 минути немаше голови, се играа продолженија. Во дополнителните 30 минути ...

Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски оостанува уште една сезона во НЦАА со тоа што по четири години на Вашингтон Стејт, сега ќе биде член на Универзитетот Колорадо. Веќе в петок тој се враќа во САД каде ќе работи следните два месеца со цел што поподготвен да ја дочека новата сезона. Неговиот ангажман можеби најмногу ќе ја погоди репрезентацијата на која ѝ е потребен во продолжение од квалификациите за Европското првенство. Сепак, ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1025
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
2.06
79%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
4.2
63%
1023
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.83
76%
1027
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
4.92
74%
1019
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
69%
1020
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
5.14
36%
1023
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1022
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 1ᴼ
4.12
87%
1022
Currency

61.535

Currency

56.1293

Currency

72.0919

Currency

33.5855

Currency

39.3938

Currency

65.6861

Currency

7.71011

Currency

0.65017

Currency

0.38348

Currency

0.52457

Currency

1.47703

Currency

0.65431

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

14536.20

Рутениум

20190.67

Калај

36.19

Сребро

958.57

Злато

95579.50

Бакар

8.68

Паладиум

28421.26

Платина

28597.51

Родиум

175221.57

Цинк

2.66