Со триумф на репрезентацијата на Франција, вчера во Скопје заврши 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, во рамки на кое учествуваа 32 селекции и беа одиграни 116 натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Во финалниот меч денеска Франција со 29:26 ја победи Унгарија и дојде до златниот медал, додека бронзата ја освоија младите ракометарки на Холандија, кои во малото финале ја победија Данска со ...

Според неофицијалните резултати од вчерашниот прв круг на парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание, се наведува во анализата на агенцијата Ифоп. Таа партија, чиј лидер е Жордан Бардела, не би имала апсолутно ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден ќе разговара денес со своето семејство за тоа дали ќе ја продолжи трката за реизбор, откако голем број демократи изразија загриженост по дебатата на претседателот против републиканскиот ривал Доналд Трамп. Бајден и неговата сопруга Џил во текот на денот ќе се сретнат со децата и внуците во претседателското одморалиште Камп Дејвид во Мериленд, кажале извори за Ен-би-си њуз. Изворите ...

Во Франција денеска ќе се одржи првиот круг од вонредните парламентарни избори, кои би можеле за првпат по Втората светска војна да ја доведат крајната десница на власт, по убедливата победа на партијата Национален собир (НС) над центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон на изборите за Европскиот парламент. Повеќе од 49 милиони граѓани имаат право на глас и ќе избираат 577 пратеници за долниот дом на францускиот парламент. Вториот ...

Македонскиот интернационалец Кристијан Трапановски имаше успешно деби за својот нов тим, Данди Јунајтед. Тој беше стрелец на гол во триумфот од 2-0 во пријателскиот меч против нисколигашот Анан Атлетик. Трапановски веднаш доби шанса за докажување и го стори тоа на најдобар можен начин. Тој пред неколку дена пристигна во Шкотска, каде ќе биде третиот Македонец, после Бојан Миовски и Давор Здравковски, кои играат во Абердин, односно во Мадервил. ...

Девојка (14) е киднапирана во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице. Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи. Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели ...

Собранието на Црна Гора ја усвои Резолуцијата за геноцид во системот логори Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен. За усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник за, а еден против, пренесува подгорички Вијести. Немаше воздржани. При гласањето, пратениците на опозициските партии ја напуштија салата. Претседателот на собранието Андрија Мандиќ кажа дека е горд што е резолуцијата усвоена. „Ова е резултат на наш договор и наша идеја. Никој во ...

Според резултатите од пописот што денеска ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во Албанија живеат само 2.281 граѓани кои се изјасниле како Македонци. Пред 13 години на последниот попис биле регистрирани 5.512 Македонци и за овој период бројот на наши сонародници се намалил за 58,6 проценти. Во прегледот на ИНСТАТ ја пишува припадноста за сите етнички заедници, освен за Македонците. Кај нив стои Северна Македонија. Од друга ...

Самитот на Европскиот совет заврши во Брисел, каде лидерите на ЕУ ја предложија актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за кандидат за нов мандат на чело на ЕК, естонската премиерка Каја Калас за кандидат за Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, а поранешниот португалски премиер Антонио Коста за претседател на Европскиот совет. Фон дер Лајен на прес-конференција по самитот на лидерите на ...

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“. Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер: Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, ...

Бугарскиот претседател Румен Радев, кого го критикуваат за поддржување на Русија, не планира да ја предводи бугарката делегација и да присуствува на самитот на НАТО планиран за јули во Вашингтон, соопшти неговиот кабинет во четвртокот. Како причина е наведена политиката на владата кон Украина. Радев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради несогласувањата со бугарската влада за некои позиции на земјата на самитот, ...

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, упати честитка до новата Влада и премиерот Христијан Мицкоски во која изразува надеж дека со албанската влада ќе биде потпишан договор за реципрочни права на Македонците во Албанија. Во честитката на единствената партија која ги брани интересите на Македонците во Албанија, се наведува убеденоста дека ќе продолжи градењето на добри односи со Република Албанија. -Ова е значаен момент за нашата ...

Бојан Миовски имаше сезона за паметење во дресот на Абердин, постигнувајќи 26 погодоци за овој клуб во сите натпреварувања, со што македонскиот голгетер го привлече вниманието на бројни клубови ширум Европа. Во изминатиот период се говореше за понуди од Феенорд, Болоња, Саутемптон, Селтик, Глазгов Ренџерс… но директорот на Абердин, Алан Буроус, во изјава за шкотските медиуми изненади обелоденувајќи дека овој клуб не добил ниту една конкретна ...

Во Германија од денеска (27 јуни) стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка коалиција, овозможува лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите ...

Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци – машко и женско младенче. А пак, вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми. Чамчури – 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. ...

Албанската фудбалска федерација се огласи по повод инцидентот на фудбалерот Мирлинд Даку, кој после натпреварот со Хрватска со мегафон ги пцуеше и навредуваше Македонија и Србија. Самиот Даку се извини за инцидентот, а потоа се огласи и УЕФА која покрена постапка против играчот, кому му се заканува суспензија за последниот натпревар од групата против Шпанија. – Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч ...

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година. – Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување ...

Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора од 26:23 на Светското првенство кое се одржува во нашата земја. Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, прво кое го реализираа со 12:10 и второ во кое не беа на посакуваното ниво и му дозволија на противникот да направи пресврт и слави во СЦ „Борис Трајковски“. Ова значи дека избраничките на Дарко Јанев ќе разигруваат за пласман од 13-то до 16-то место на ...

Шеснаесет години по укинувањето, Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Воениот воен рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана вели дека се е подготвено за воведување воен рок, а политичката процедура се уште се чека, јави ХРТ. Деталите се уште се разработуваат. –Помеѓу два и три месеци се планира задолжителен воен рок. Она што е важно да се нагласи е дека ги ...

Без сала за тренизни и финансиска поддршка од државата течат „подготовките“ на македонската олимпијка Милијана Рељиќ за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот професионален тренер Александар Ефтимов. Тој вели дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени каде што нема соодветни реквизити и дека годинава не добиле ниту денар од државата и приватните компании. – Веќе една недела сме без сала ...

Ракометот во Холандија сериозно напредуваше како спорт во последните неколку години, а тоа придонесе да го видиме и првиот играч од оваа земја на мак-сцената. Вардар денеска се пофали со потписот на холандскиот репрезентативец Ларс Коиј, кој се согласил да потпише едногодишен договор со најтрофејниот клуб во нашата земја. –Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. ...

Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...

Викендов во Солун се одржа Анти-расистички фестивал на кој со свој штанд учествуваше и Центарот за Македонски јазик од Лерин, објави денеска Матица на иселениците од Македонија. Во објавата на Фејсбук-страницата на Матица на иселениците се наведува дека на штандот биле претставени печатени дела посветени на борбата за македонски јазик и култура во Грција. -Центарот за Македонски јазик ја претстави борбата за македонскиот јазик и култура во ...

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК). – Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е ...

Силно невреме со град кој направи штети ги зафати Босна и Херцеговина и Србија. Предупредување за силен дожд и ветер е издадено и во Хрватска. Во БиХ според објавите на социјалните мреж и во медиумите градот бил со големина на тениско топче. Оштетени се автомобили. Градовите и регионите меѓу Бањалука, Тузла и Брчко, како и поширокото подрачје на Бијелина се на удар на невремето. Силен град ја погоди Србија. Најпогодено беше во градот Крупањ, во ...

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски може да заврши во шампионот на Босна и Херцеговина, најавуваат медиумите во оваа сезона. Имено Шишковски е интересен за тимот на Борац Бања Лука кој во Шишковски гледа идеална замена за Марко Милошевиќ кој си замина од клубот. Многу промени има во тимот на Борац, сменет беше и тренерот, позиција која пак ја презема Младен Жижовиќ, стратег добро познат на македонската јавност со оглед на тоа што во ...

Албанската фудбалска федерација официјално објави дека нивниот репрезентативец, Мирлинд Даку добива суспензија во траење од два натпревари поради навредливите скандирања кон Македонците и Србите по мечот со Хрватска на Европското првенство. УЕФА реши да го суспендира Даку на само два меча, што автоматски значи дека тој нема да биде во составот за мечот со Шпанија и за него настапот во Германија е скоро сигурно завршен. Тој по завршувањето на ...

Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија, изјави Метју Нимиц за „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. -Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и ...

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. -Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан, се наведува во ...

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа триумфираше во дуелот против Ангола со 28:24 и го продолжи настапот во втората фаза од Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје. По поразот од Исланд, избраничките на Дарко Јанев одиграа одличен натпревар доминирајќи против Анголките низ сите 60 минути за сосема заслужена победа. Македонија уште од 15 минута на мечот се стекна со предност која постојано ја одржуваше за да на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
6.17
37%
1018
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
3.09
47%
1020
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
33%
1022
weather icon

Софија

5ᴼ / 0ᴼ
5.66
70%
1018
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.57
54%
1017
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.16
36%
1021
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
6.17
67%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
5.66
28%
1015
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
24%
1017
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
5.66
33%
1020
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 1ᴼ
10.29
87%
1014
Currency

61.535

Currency

56.1293

Currency

72.0919

Currency

33.5855

Currency

39.3938

Currency

65.6861

Currency

7.71011

Currency

0.65017

Currency

0.38348

Currency

0.52457

Currency

1.47703

Currency

0.65431

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15050.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.22

Сребро

951.36

Злато

97653.48

Бакар

8.82

Паладиум

29032.12

Платина

28870.48

Родиум

175221.57

Цинк

2.65