На масовните протести што денеска се одржаа низ цела Франција на повик на синдикатите против владините предлози за драстично намалување на буџетските трошоци, уапсени се 309 лица, а за 134 е одреден притвор, соопшти вечерва француската полиција. На протестите, според власта, учествувале околу 500.000 луѓе, додека организаторите тврдат дека бројката достигнала еден милион. Во немирите биле повредени 26 полицајци, а јавниот превоз и дел од ...

Над еден милион луѓе низ цела Франција учествуваа на демонстрациите организирани од осум француски синдикати, со цел да влијаат врз новиот премиер и неговите буџетски одлуки. Овој број е поголем од оној на последните големи протести против пензиската реформа во јуни 2023 година, кога според синдикатите, се собраа 900.000 луѓе. Синдикатите кои повикаа на штрајк се залагаат за повлекување на предложените намалувања на буџетот, замрзнување на ...