Еден од клучните сведоци, Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното судско рочиште за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, информираат од Јавното обвинителство. Денешното рочиште продолжи со прикажување видео-снимки како докази од страна на Обвинителството. Гоце Трајковски е еден од клучните сведоци во случајот со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој требаше да се појави на ...

На 26.01.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во соработка со Државен пазарен инспекторат ги привеле Р.М. (53), Х.Р.(43), А.А.(52) , С.Ф. (69), Ф.Ј. (43) , А.С.(74), Н.И.(70), А.И.(56) и еден малолетник, сите од Куманово, затоа што на Градскиот пазар и пазарот во с.Долно Којнаре, кумановско, биле затекнати при вршење нелегална продажба на тутун. Притоа, кај нив биле пронајдени и одземени 269 килограми тутун. Тие биле ...

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Карпош. „Во општината Чаир е интервенирано на улицата Славеј Планина, во непосредна близина на скопското Теќе, каде што се подигнати 15 кубни метри отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина. Приближно 10 кубни метри претежно мешан комунален отпад е ...

На 26.01.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје – Средно Водно се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(60) и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(34), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Ј., а со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички М.К.(34) и ...

Првообвинетиот за убиството на 14 годишната Вања и велешанецот Панчо, Љупчо Палевски Палчо на денешното рочиште се обрати директно до државниот обвинител Љупчо Коцевски со барање за изземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска и цело ОЈО Скопје. „Не сум оптимист за вашата правична одлука, но нека остане пишан документ каква криминална истрага спровеле вашите вработени. Причините и доказите се содржани во двата обвинителни акти кои се ...

Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо смета дека Обвинителството во Скопје, треба да биде изземено гонењето за убиството на Вања и Панче да го преземе друго обвинителство. Витановски, посочи и кон обвинетиот Боре Видевски и кон пиштол кој наводно тој го поседувал. Според адвокатот, можеби токму со ова ќе се расчистел случајот, ако се поврзело тоа оружје со чаурата најдена на едно од местата каде се случија убиствата. „Обвинетиот ...

„Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот“, велат преку соопштение од Општина Центар. „Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и градоначалничката ...

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани ...

Пространа куќа со уредена градина во која идилично живееле озлогласениот командант на логорот Рудолф Хес и неговото семејство, веднаш до Аушвиц, планира да ги отвори вратите за јавноста, јавува Си-Ен-Ен. Токму во овој семеен дом Рудолф Хес, командантот со најдолг стаж на СС во Аушвиц, го смислил најефикасниот начин да ги убие милионите Евреи, Роми, хомосексуалци и политички затвореници кои Третиот рајх реши да ги елиминира. Тој беше оној кој ...

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата да Ви го честитам празникот Свети Сава и Ви посакам многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава: Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија. И ...

„Упатувајќи ви срдечни честитки за празникот Свети Сава ‒ Националниот ден на Србите во Македонија, најискрено посакувам големиот празник да го поминете во хармонија и во радост, исполнети со љубов и среќа“, вели претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и додава: Свети Сава несомнено е еднa од наjзначајните личности во српската национална, образовна, културна и духовна историја. Првиот српски архиепископ остави дело кое ги надминува ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го продолжи своето 31-годишно владеење со убедлива победа на претседателските избори кои западните влади ги отфрлија како фалсификат. „Можете да и честитате на Република Белорусија, ние избравме претседател“, рече на прес-конференција Игор Карпенко, шеф на републичката централна изборна комисија. Според прелиминарните резултати објавени на сметката на Телеграма на Централната изборна комисија, ...

„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални“, велат од ВЛЕН и додаваат: Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор. Откако се најде на ...

„Дали Филипче влијаел за доделување на тендери на веледрогеријата Пановски во висина над 35 милиони евра?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава: Вештачката криза што се случува години наназад, поради тоа што веледрогеријата Пановски, која е во блиска релација со Филипче, го уценувала македонското здравство за што поголем профит. Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да ...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје е најавено продолжение на судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство. Денеска во суд треба да се ...

Се пишува дека исламистичките борци убиле најмалку 20 нигериски војници, вклучително и еден командант, по напад на воена база во зафрлениот град во североисточниот дел на Борно, јавува Ројтерс. Борците на Боко Харам и на западноафриканската провинција (ISWAP) дејствуваат главно во Борно, гаѓајќи ги безбедносните сили и цивилите, убивајќи и раселени десетици илјади луѓе. Во последниот напад, членовите на ISWAP пристигнаа со камиони опремени со ...

Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, а нивниот бунт се шири и кај граѓаните. По блокадите излегоа на улица и бараат да се исполнат нивните барања преку секојдневни акции. Државата се обиде на многу начини да го задуши нивниот бунт, но нивниот протест продолжува бидејќи не се исполнети сите нивни барања. Студентите во блокадата за 27 јануари најавија 24-часовна блокада на сообраќајната клучка Автокоманда, под симболичното име ...

На светските пазари цените на нафтата значително паднаа минатата недела, по четири недели раст, бидејќи американскиот претседател побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари. Падот на цените во голема мера е резултат на ...

Кој ќе нѐ лекува? Треба да почнеме да си го поставуваме ова прашање. Докторите, техничарите, медицинарите – не гледаат иднина во Македонија. Екипата на „Претрес“ беше на „Онкологија“, каде вработените не го криеја своето разочарување. „Не можам да кажам што ме задржало, но ова ми е како втор дом. Сигурно годините направија да останам тука. Не верувам и дали ќе останам до крај“, вели вработена која посочува дека иднината си ја гледа надвор од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е во разговори со повеќе луѓе за купување на TikTok и дека најверојатно ќе донесе одлука за иднината на популарната апликација во следните 30 дена. „Разговарав со многу луѓе за TikTok и има голем интерес за TikTok“, им рече Трамп на новинарите на Air Force One за време на летот за Флорида. Претходно во саботата, Ројтерс објави дека две лица запознаени со дискусиите рекле дека администрацијата ...

Северна Кореја изврши тестирање на стратешка крстосувачка ракета во саботата, објави во неделата државниот медиум КЦНА. Лидерот на земјата Ким Џонг Ун го надгледувал тестот, се вели во извештајот, кој го опишува како пробно пукање на „голем систем за оружје“. Стратешките крстосувачки ракети „подморница-земја“ поминале 1.500 километри и летале помеѓу 7.507 и 7.511 секунди пред да ги погодат своите цели, објави државната новинска агенција KCNA. ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 14 јануари девојката влегла во трговски центар и додека плаќала на една од касите ја забележал осомничениот кој пазарел во истата продавница. Ја следел извесно време додека девојката влегла во ...

По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли. Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни ...

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во Израел. Таа како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните најблиски роднини. Претставници од еврејската заедница од Македонија, како и претставници од роднините на Леви, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување базирано на ...

Поарди густа магла се откажаа летови аеродромот во Скопје. После 16 часот, не успеаја да слетаат авионите на „Сан експрес“ од Анталија, како и на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Летот од Меминген беше пренасочен кон Приштина, додека авионот од Баден Баден слета во Софија. Исто така, авионот на „Лот“ од Варшава не успеа да слета и се врати назад во Полска. Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул. Видливоста е 200 метри. ...

Градоначалничката Данела Арсовска и Зоолошката градина го демантираат советникот во Град Скопје Стефан Ќирков кој речe: „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска“. „Тврдењата кои ги пронесувате од лицето Стево Ќирков дека „Зоолошката градина е позната како куќата на стравот, и дека менаџментот на зоолошката градина и градоначалничка не си го сака Скопје и зоолошката градина, со тоа што ...

Во автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште имало патници, кои навреме се евакуирале. Пожарот настанал од моторот и се проширил. Само едно лице побарало помош. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Денеска (25.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај кружниот тек во с.Сопиште, скопско, настанал пожар во автобус на ЈСП во движење. Притоа, едно лице вдишило чад и на местото му е ...

На 23.01.2025 околу 19.10 часот во с.Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека ...

Автобус на ЈСП, кој возел на линијата 58 изгоре, а луѓе панично бегале. Не е познато дали станува збор за патници, но очевидци сведочат дека имало жени кои плачеле од вознемиреност Автобусот се запалил во момент кога се наоѓал покрај куќа. „Скопје1“ во низа наврати пишуваше за неисправните автобуси кои остануваа дефект низ скопските улици. Граѓаните се шегуваа дека со ЈСП никогаш не се знае последната станица. View this post on Instagram A ...

На 24.01.2025 во 13.45 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, во с.Градец, кривопаланечко, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(74) од Крива Паланка, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(80) од Крива Паланка и бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде што починал. Додека со телесни ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
43%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
58%
1011
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
55%
1010
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
42%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
50%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.45
60%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
3.13
45%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
45%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
55%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52