Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска во семејниот дом на брачен пар во Оранж, на југот на Франција. Според информации од извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случило само еден ден откако мајката вчера родила здраво дете, пишува Ле Паризиен (Le Parisien). Извор запознаен со случајот наведува дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го родила своето ...

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија. По земјотресот издадено е предупредување за цунами. Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу. По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не ...

Големиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, предизвика пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош, јави јапонската телевизија НХК. По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушна експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата. На снимките на НХК се гледаат ...

Порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беше испратена до жителите и сите оние кои се наоѓаат во пет села на Парос поради пожарот во јужниот дел на островот, а противпожарните сили се засилуваат со пожарникари од Атина и соседните острови, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот гори отпад и ниска вегетација, а областа не е густо населена, туку постојат само расфрлани куќи, но сепак преку пораката од 112 првично ...

Неверојатен медицински случај од Индија ги изненади стоматолозите – од вилицата на седумгодишно момче биле отстранети дури 526 ситни забни структури. Случајот се случил во 2019 година во Ченај, Индија, кога родителите го однеле момчето во болница поради оток и болка во долната вилица. По направените прегледи и снимки, лекарите забележале необична маса во пределот на вилицата. Кога хирурзите ја отвориле областа, откриле стотици мали структури ...

На 27.07.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.М.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 27.07.2026 од 22:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.С.(45) и 42-годишната Д.В. од ...

Во Секторот за внатрешни работи - Скопје ноќеска во 1:27 часот после полноќ било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар има повредено лице со остар предмет. - Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н., 24-годишник од Скопје, со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. - Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, понижен систем, систем којшто беше ...

Македонскиот државјанин Андреј Танасковски (19), по кого беше распишана меѓународна потерница поради обид за убиство, е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, каде што се криел во таен стан по вооружениот напад врз Марко Љубиша – Кан во Будва минатата година. При акцијата е приведен и 34-годишниот црногорски државјанин Нено Марковиќ, кој според полицијата му помагал да избегнува апсење. Според црногорските медиуми, кои се повикуваат на извори од ...

Еден од најомилените и најпрепознатливите актери Гоце Тодоровски ќе биде погребан на Градските гробишта Бутел во Скопје. Посмртната церемонија ќе се одржи во капелата од 13 часот, додека погребот е закажан за 14 часот. Актерот почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе богата актерска кариера и бројни незаборавни улоги. Еден од најомилените и најпрепознатливите актери Гоце Тодоровски ќе биде погребан на Градските гробишта Бутел во ...

Оризопроизводителите од Кочанско бараат државата да им овозможи слободен увоз на препарати за заштита на оризот од плевели, болести и штетници, со цел да се намалат трошоците и да се зголеми конкурентноста на домашното производство. Во моментов, земјоделците се принудени препаратите да ги купуваат по значително повисоки цени од оние по кои се продаваат во земјите каде што се произведуваат. Во одредени случаи, цените на македонскиот пазар се и ...

Во државава годинава регистрирани се четири случаи на маларија, три на денга и еден зика, информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој повторно упати повик при патување да се следат препораките за вакцинирање и профилакси од Светската здравствена организација. Од осумте случаи на западнонилска треска, за кои Министерството за здравство информираше вчера, шест лица се на Клиниката за инфективни болести, а другите два случаи ...

Едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а уште седум лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, во близина на селото Другово. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 јули во 13:35 часот, а во неа учествувале три патнички возила – „Фолксваген Тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 76-годишниот Љ.М. од Прилеп, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна ...

- Не сум фокусиран на предвремени избори, туку на работа и проекти за доброто на граѓаните - вели премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали поради тоа што во Собранисто има „заглавени“ неколку законски решенија дали поради немање бадентерово мнозинство или филибастеринг ќе прави дополнително консултации со опозицијата или размислува за предвремени избори. Владата, нагласи тој, ја завршила својата работа, и сега на ...

Извештајот на Светска банка според кој Македонија е со најголем раст на авиолетови и туризам во Европа и Централна Азија е мотив за уште поголема работа, порача денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук стaтус. Николоски потенцира дека државава забележува рекордна статистика во растот на туризмот преку авиосообраќајот во услови на светска криза, потенцирајќи дека тоа е ...

Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert). Научниот тим се сосредоточи ...

Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...

Во северозападната кинеска провинција Чингхај утрово се регистрирани два умерени земјотреса. Првиот земјотрес бил со интензитет од 5,7 степени, а по 18 минути уследил уште еден земјотрес со магнитуда од 5,8 степени. Епицентарот на двата земјотреса бил на околу 244 километри од главниот град на Чингхај, Синин на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Во северозападната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Израел и со претседателот на Украина. Бенјамин Нетанјаху и Володимир Зеленски ќе присуствуваат на комеморацијата на починатиот американски сенатор Линдзи Греам. Тоа ќе биде прва средба Трамп – Нетанјаху од почетокот на војната на Блиски Исток. – Ова средба е голема чест, но и голема одговорност. Ќе разговараме за сите теми … но пред сè за Иран. Нашата ...

Резултатите од најновата анкета на Ројтерс и Ипсос покажуваат дека еден од тројца Американци ја поддржуваат војна со Иран, што е најниско ниво откако пред пет месеци почна конфликтот. За поголемиот број испитаници претседателот на САД, Доналд Трамп не успеал јасно да ги објасни своите цели. Анкетата покажа дека 69 проценти од Американците, од кои четворица од 10 републиканци, веруваат дека Трамп „не ги објаснил целите на американското воено ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе напиша отворено писмо до навивачите по Светското првенство во 2026 година. Во натпреварот за третото место, Франција загуби со 4:6 од Англија. – Се вративме дома без трофеј. Боли, но нема да ве лажам. Ќе биде вака уште некое време. Никогаш не нè напуштивте – дури и во најтешките моменти, дури и кога најмалку ја заслужувавме вашата поддршка. Оваа приказна ја напишаа милиони раце, а не само ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8 отсто од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување на капиталните инвестиции, ...

Никој во Африка не умре поради тоа што администрацијата на Трамп го укина финансирањето на сомнителни невладини организации преку УСАИД, дециден е милијардерот Илон Маск, кој во новиот мандат на американскиот претседател првично го презеде управувањето со ДОЏ (DOGE – Одделот за владина ефикасност). Негова задача беше токму да ги укине или намали програмите на УСАИД првенствено во Африка, Источна Европа и Западен Балкан, под сомнение дека ...

По веста за смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, бројни негови колеги, пријатели и обожаватели денеска се простуваат од човекот кој остави неизбришлива трага во македонската култура. Особено емотивна порака упати неговата ќерка Сашенка Тодоровски, која на социјалните мрежи ја сподели болката по загубата на својот татко. „Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина. Фамилија Тодоровски ја објавува најтажната вест после ...

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, реагираше по вандализмот врз просториите на Српскиот културен центар во Куманово, каде беа испишани натписи „УЧК“. Стоилковиќ оцени дека, како што наведува, „ксенофобијата со примеси на шовинизам“ е постојано присутна во јавноста, а особено била изразена во последните две години, период во кој ДПСМ е дел од владејачката коалиција. „Незаслужениот молк на јавноста почнува да дава видливи ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87