Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Ревизорскиот извештај за бонусите во СЈО е причината што и се суди на екс претседателката на антикорупциска, Татјана Димитровска, тврди нејзината одбрана. Таа во 2020тата како вработена во државниот завод за ревизија потпишала дека специјалните обвинители си делеле додатоци за тајност, па сега тоа бил мотив да биде кривично гонета. „Димитровска не постапувала во тој предмет по сопствена воља, туку по барање на Јавен обвинител од Одделението ...
Владата ќе почека официјално да пристигне мислењето од советот на јавни обвинители по што ќе одлучи кого ќе предложи за државен јавен обвинител. Премиерот вели овој документ се уште не пристигнал кај нив. Советот на вчерашната седница донесе позитивно мислење за 4ца кандидати кои претендираат да го наследат Љупчо Коцевски. Во трка се актуелната в.д државен обвинител Анита Тополова-Исајловска, обвинителките Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и ...
Кривичниот суд им определи притвор од 48 часа на двајца осомничени за запленетите пет тони марихуана во Србија. Иако нема детали за што конкретно се осомничени и како се поврзани со канабисот кој беше пронајден во близината на Крушевац, од Обвинителството за гонење организиран криминал велат: -Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности ...
Владата се откажува од намерата да купи нов државен авион. Одлуката доаѓа по острите критики од опозицијата дека набваката на нов авион е непотребен луксуз во време на криза. СДСМ и денеска го обвини премиерот дека го користел владиниот авион за приватни потреби, по што тој им одговори дека досега бил на вкупно 4 патувања, откривајќи детали и за она во Хрватска, кое го спори опозицијата Владиниот Лир Џет е произведен 2004 година а од 2005 е ...
Професорот по правни науки Гоце Наумовски е избран за нов уставен судија. Пратениците го избраа Наумовски со 63 гласа „за“ и 7 „против“, без никаква дебата во собраниската сала, иако опозицијата претходно коментираше дека власта избира уставен судија кој бил советник на премиерот. Тој веднаш стапува на функцијата. Наумовски доаѓа на местото на професорката Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која пред еден месец си поднесе оставка од функцијата ...
Основниот кривичен суд скопје информира дека утрешната расправата за случајот „Пулс“ се одлага заради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани. - Во текот на денешниот ден, претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување кои го известија дека ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година. - Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информира дека судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вчера им одреди краткотраен притвор од 48 часа на две лица осомничени за поврзаност со заплената од 5 тони марихуана во Србија. Обвинителството наведува дека притворот е определен за обезбедување присуство на осомничените додека се преземаат потребните процесни дејствија во ...
Со 63 гласа „за“, седум против и без ниту еден воздржан Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија. По изборот Наумовски даде и потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и ќе ги почитува Уставот и законите. Без расправа и со 68 гласа „за“, како и без ниту еден против и воздржан, Собранието на денешата 85. седница ја донесе и Одлуката за давање овластување ...
Универзитетите да отвораат студиски програми, факултети, насоки или специјализации според потребите на пазарот на труд, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Халил Слопче, кој на денешната собраниска седница праша зошто средношколци по завршувањето на образованието немаат можности да продолжат да студираат на мајчин јазик на акредитирани студии и дали има стратегија за ...
Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска се одржа средба за зголемување на платите во јавното здравство, објави директорот на ФЗО Сашо Клековски. -На средбата со Ѓорѓи Ставридис и Љубиша Каранфиловски од Самостоен синдикат за здравство и Предраг Серафимовски и Перо Спиров од Самостоен синдикат на Клинички центар разговаравме за моделите на зголемување на платите во јавното здравство, наведува Клековски на Фејсбук. Во ...
Според научниците планетите имаат животен циклус: се формираат, еволуираат и на крајот „умираат“. Тие животниот век на Земјата го проценуваат на околу 9,5 милијарди години. - Планетите започнуваат како микроскопски зрнца прашина во дисковите околу младите ѕвезди и растат преку низа судири, изјави за Лајв Сајанс астрофизичарот Шон Рејмонд од Универзитетот во Бордо, Франција.Според Рејмонд гасните планети, како Јупитер и Сатурн, започнале како ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја исклучи можноста Германија да се здобие со нуклеарно оружје во услови на дебата за европско нуклеарно одвраќање, објави ДПА. „Не сакам Германија да размислува за стекнување сопствен независен нуклеарен арсенал“, рече Мерц во епизода од политичкиот подкаст „Промена на власта“ што ќе се емитува денеска. Канцеларот посочи на постојните договори во кои Германија се обврзала да се воздржи од стекнување ...
Украинскиот народ ќе отфрли мировен договор со кој силите на Киев ќе се повлечат од источниот регион Донбас и ќе го предадат на Русија, вели претседателот Володимир Зеленски во интервју за американската веб-страница „Аксиос“. Претставници на Киев, Москва и Вашингтон вчера одржаа уште една рунда разговори во Женева за да се стави крај на конфликтот. Регионот Донбас, од кој 10 проценти е сè уште под украинска контрола, останува главна точка на ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс повторно го изрази ставот дека САД се обидуваат да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје по новата рунда преговори што се одржа во Женева, објави ДПА. Претседателот Доналд Трамп „има многу можности и низа инструменти“ за да гарантира дека Исламската Република нема оружје за масовно уништување, рече Венс во интервју за Фокс њуз. Иран ги отфрла тврдењата дека тајно се обидува да развие ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пренесува ДПА. „Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот поткаст Machtwechsel, што ќе биде објавен во целост подоцна денеска. Мерц во него забележа ...
Илјадници антивладини демонстранти, предводени од студенти, се собраа во Белград во вторник барајќи предвремени избори и одговорност за насилството што избувна еден ден претходно на северот од земјата. Во понеделникот во Нови Сад, неколку антивладини демонстранти беа повредени во судири со поддржувачите на Вучиќ, откако демонстрантите се обидоа да го блокираат настанот организиран од државата по повод 200-годишнината од најстариот културен ...
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија. Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции. За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности. Во Ново Лисиче во ...
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека по неповолните временски услови, екипи се испратени на терен, се реагира навремено и координирано. Истовремено, градоначалникот апелира на внимателност. - Екипите се на терен, реагираме навремено и координирано. Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и ...
ЈП Паркови и зеленило – Скопје ги известува граѓаните дека, според најавата од УХМР, денес се очекува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во претпладневните часови. Од претпријатието апелираат возилата да не се паркираат под дрвја, со цел да се избегнат можни материјални штети и други несакани последици. Во случај да се забележи паднато дрво или друга опасност, граѓаните се повикуваат да пријават во Центарот за управување со ...
Водостоите на поголем дел од реките во земјава се намалуваат во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минимално зголемување на нивото од три сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања каде водостојот е зголемен за четири, односно за два сантиметра, и Струмица кај Коњарево ...
Со симболичното предавање на клучот на градот во рацете на карневалскиот одбор, вечерва и официјално започнуваат осумдневните карневалски свечености во Струмица. Градот веќе живее во духот на традицијата и маските, а додека се одбројуваат часовите до почетокот на главната карневалска вечер, струмичките карневалџии деноноќно работат на комплетирање на новите маски. Во карневалските работилници буквално врие од луѓе кои рачно ги изработуваат и ...
Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува, порачаа од владејчката ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција утрово потсетувајќи на јануари 2024тата година кога со амандамни го блокирале пакетот закони со кои, како што тврдат, СДСМ и ДУИ сакале комплетно да ја сменат методологијата за пресметка на платите. Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува, ...
Владата и Министерството за финансии, заедно со УНДП, Меѓународната организација на трудот – МОТ и Економскиот факултет – Скопје, организираат Годишна конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. На конференцијата свое обраќање имаа премиерот Мицкоски, министерката за финансии Кочоска како и министерот за економија Дурмиши, и деканот на економскиот факултет и националниот координатор на УНДП. Владата и ...
Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на радиото „Лидер“, ...
Утре во текот на ноќта и во петок под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на метар квадратен), а локално ќе има услови за појава на грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од ...
Владата на Мицкоски се луксузира на грбот на граѓаните а не сака да ги покачи платите на работниците, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, одбива да ги покачи останатите плати. Работниците се приморани да протестираат на улиците за достоинствени плати. Нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства. А Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска од Штип најави дека се можни промени, односно законски измени, со кои се регулира работата на инфлуенсирите, а за што Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ) има донесено и правилник. - Постои правилник донесен врз основа на измените на законот од 2023 година, кој стапи во сила пред некој месец, со што се бара задолжителна регистрација на инфлуенсерите, ги ...
Припадниците на Одделот за заштита на личности и објекти со децении демонстрираат професионалност, дисциплина и висока подготвеност во извршувањето на задачите, често во сложени и чувствителни околности, при што нивната работа, иако најчесто надвор од вниманието на јавноста, е од суштинско значење за непречено функционирање на институциите и одржување на стабилноста и безбедноста. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче ...
На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско. На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната ...