Нагло поскапе суровата нафта на светските берзи. Само денеска цената за барел скокна за 7% и повторно надмина 90 долари. Ова доаѓа по денешните нови напади на Блискиот Исток. Вчера и завчера цената на нафтата се стабилизираше и тоа ѝ даде оптимизам на Владата дека од следната недела може да има поевтинување на горивата. „Важно е што како држава остануваме со најевтина цена на дизелот и на безоловниот бензин имајќи предвид дека ова се ...

Украина е подготвена да ѝ помогне на Франција во борбата против разорните шумски пожари кои беснеат на нејзината територија, посебно преку испраќање специјалисти за тој вид катастрофи, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со францускиот колега Емануел Макрон. Зеленски на социјалните мрежи соопшти дека го информирал Макрон за содржината на своите разговори во Белата куќа и во американскиот Сенат, во ...

Шумски пожари денеска избувнаа ширум западна Турција, уништувајќи неколку домови, принудувајќи евакуација на други домаќинства и на една јавна болница, како и затворање патишта, додека пожарникарите се борат со огнените стихии, јавија локалните медиуми. Како што пренесе ДПА, засега нема информации за жртви. Властите предупредија на опасноста од ширење на шумските пожари поттикнати од екстремните температури и силните ветрови. Најмалку седум ...

Дрон удри американски танкер за превоз на гас во египетското медитеранско пристаниште Дамиета, соопшти британската организација за поморска безбедност „Амбри“, повикувајќи се на првичната проценка на инцидентот. Компанијата за пристанишни услуги „Инчкејп“ додаде дека два танкери со гас се зафатени од пожар во Дамиета. Дронот го удрил танкерот со име „Енергос Винтер“ предизвикувајќи пожар кој потоа се проширил на друго пловило – „Газлог ...

Вон контрола е големиот пожар што избувна околу 14.30 часот јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и поради силниот ветер брзо се прошири, а во кој додека интервенираа во гаснењето загинаа двајца пожарникари, додека пак од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите на осум села за евакуација, а евакуации беа спроведени и по морски пат, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително засилени и ...

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. МИА Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината ...

Припадниците на Армијата остануваат во Гостивар за да продолжат да им помагаат на жителите во справувањето со недостигот од безбедна вода за пиење, преку дистрибуција на вода и поддршка на надлежните институции. Нивното присуство значи сигурност и солидарност во моменти кога на граѓаните им е најпотребна помош, додека институциите работат на целосно нормализирање на водоснабдувањето, изјави денес при посетата на штипската касарна министерот ...

Новиот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ не е задоволен од резултатите кои во моментов се испорачуваат од општинската администрација. Според него проблематично е и што голем дел од општините се соочуваат со недостиг на кадар. Решение гледа во стартот на проектот „Месеци на практиканство“ , со кој во следните два месеца 60 студенти ќе имаат можност да стекнат практично искуство во своите матични општини. Досега околу 40 општини ...

Се заоструваат односите во албанскиот блок во Собранието меѓу опозициските ДУИ и Лигата на Села со владејачката Вреди и собранискиот спикер Гаши. Втор пат во помалку од 10 дена, опозиционерите Албанци преку процедурални забелешки се обидуваат да го блокираат почетокот на собраниските седници, тврдејќи дека Гаши ја прекршува процедурата и користејќи ги итните постапки брзо закажува седници. По ваквите реакции Гаши повика на вонредна ...

По вчерашниот пад, цената на суровата нафта денеска расте и таа се тргнува нешто под 90 долари за барел. Владта сепак очекува пад на цените на горивата од понеделник, но и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кажа дека намалувањето на акцизите и данокот на додадена вредност државната каса ја чини десетици милиони евра, но за сметка на тоа Македонија имала најниски цени во регионот и ...

Законот за проектот што треба да го стави Скопје на европската културна мапа е спорен за антикорупционерите. Предлогот на групата пратеници кој предвидува Град Скопје да формира посебна фондација која нема да има обврска да го применува законот за јавни набавки за ДКСК е неприфатлив. Антикорупционерите реагираат дека прескокнувањето на системските закони претставува директна закана за трошењето на јавните пари. – Секое законско решение со кое ...

Појава на нова бактерија во водоводната мрежа го пролонгира враќањето на питката вода во Гостивар. Иако повеќе не се присутни фекални бактерии, сепак долгото некористење на водата од инсталациите придонело за појава на нова бактерија, па водата е се уште небезбедна за пиење и покрај хиперхлорирањето и дезинфекцијата. Дури не се реши овој новонастанат проблем, водата смее да се употребува исклучиво како техничка. Квалитетот на водата во ...

Три нови случаи на западно-нилска треска потврдени изминатото деноноќие. Сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и според лекарите, состојбата им е стабилна. Еден од нив поради димптомите орво бил згрижен на Неврологија, но поради позитивноста на еден од тестовите за вест најл вирусот е префрлен за да биде под надзор на инфектолози. Засега осум заразени има на Инфективна од кои 76 годишниот скопјанец се уште е во критична ...

Деветгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 14:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (67) од село Арнакија, општина Сарај, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село. ...

Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“. Во текот на расправата за збор во однос на предлогот се јави пратеникот Сали Мурати од Европски фронт, кој забележа дека има административни грешки во биографијата на Дика Георгивска и побара процедурално и формално, во име на Европскиот фронт оваа точка да се ...

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата почнаа кабања за да не се користи мобилен телефон додека се управува со моторно возило. -Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само ...

Зголемената финансиска поддршка во земјоделството со ребалансот на Буџетот предвидува директни плаќања наследени од претходната Влада, информира премиерот Христијан Мицкоски. По извршениот увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти во Делчево, одговарајќи на новинарски прашања, посочи дека наследиле неисплатени двегодишни програми како директна поддршка за земјоделците, како и неисплатени плати во АД ...

Македонската женска одбојкарска репрезентација својот настап на претстојните Медитерански игри ќе го почне против Грција, соопштија денеска италијанските организатори. Македонската репрезентација е дел од групата Б, а натпреварите од групната фаза ќе ги игра во салата „Паламазола“ во Таранто. По воведниот дуел против Грција на 20 август, следуваат пресметките со Турција, Алжир и Косово во последното коло. Двете првопласирани репрезентации ќе ...

Земјите членки на Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе одржат итен состанок подоцна оваа недела за да разговараат во врска со контроверзните предлози на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за продажба на комерцијалните удели во нивните најголеми натпреварувања, а не е исклучено меѓу темите на состанокот да биде и прашањето за евентуален европски бојкот на Светското првенство. Како што објави денеска Би-Би-Си, 55-те членки на УЕФА ...

– Милицијата Хезболах за првпат по повеќе од еден месец лансираше вооружен дрон насочен кон возило на израелската армија во јужен Либан, соопшти денеска израелската војска. Групата поддржана од Иран последен пат користеше ваков тип дронови пред стапувањето во сила на најновиот прекин на огнот меѓу Израел и Либан во јуни. Претходните напади во неколку наврати резултираа со загинати израелски војници. Израелската војска го опиша најновиот ...

Поранешниот извршен директор на американската инвестициска банка „Ситигруп“, Едвард Џин Смит осуден е на 30 години затвор поради низа сексуални злосторства извршени од 2015 до 2024 година. Смит е осуден од Судот во Менхетн откако призна вина за сексуалните злосторства, примање на детска порнографија и попречување на правдата. Одбраната тврдеше дека „главната причина“ за неговите кривични дела е нарушување од спектарот аутизам и оти ...

Иран го одби вчерашниот предлог на Оман за заедничко регионално управување со Ормуска Теснина, изјави неименуван ирански извор. Техеран за предлогот на Оман тврди дека нема шанси за успех. – Заедничка контрола со Оман, по принципот 50-50 не е во интерес на Иран, иако Техеран смета дека Оман е скапоцен сосед, изјави ирански неименуван извор. Оман вчера презентираше предлог за управување со Ормуска Теснина, според кој Иран би можел да собира ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Регионалната депонија кај Новаци се очекува да биде готова и пуштена во употреба до крајот на 2027 година.И покрај претходните доцнења во активностите, рокот останува. Градоначалникот Пецаков вели дека процесот е забрзан набавени се комунални возила за јавните претпријатија во југозападниот и пелагонскиот регион и следува формирање на меѓуопштинско јавно претпријатие . Во Охрид на локацијата Мауцкер каде сега има и диво одлагање на отпад, ...

Следната недела Македонија ја очекува силен топлотен бран со продор на многу топол воздух од Африка. Времето ќе биде стабилно, сончево и суво, без врнежи, а температурите во поголемиот дел од земјата ќе надминуваат 35 степени. Во Скопската Котлина, Повардарието, централните и југоисточните региони се очекуваат и над 40°C. Се прогнозираат и тропски ноќи, кога температурите ниту во ноќните часови нема да се спуштаат под 20 степени. Топлотниот ...

Две млади лица од Охрид биле спасени од водите на Охридското Езеро откако поради нагло влошување на временските услови не можеле да се вратат на брегот со СУП даските. Случајот бил пријавен вчера (28 јули) околу 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Според пријавата, две лица кои пловеле со СУП даски на околу 1.000 метри од брегот, наспроти авто-камп во Охрид, со извикување барале помош. Езерската полиција ...

На денешната прес-конференција, Клековски информираше дека се потврдени три нови случаи на вектор-преносливи болести, два на Инфективна клиника и еден на неврологија кој има само една потврда. Министерот објасни дека се прават различни тестови за случаите, нагласувајќи дека веднаш се прават епидемиолошки анкети. - Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести која заседава по ова прашање е дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. - Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...

На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...

Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски во Штип, каде изврши увид во касарната „Јане Сандански“ на реновираниот објект кој е дел од инфраструктурните проекти кои се реализираат во касарните низ државава. -Во Гостивар ќе останеме како Армија, за давање дополнителна техничка вода, нашите капацитети што ги имаме ги ставивме на располагање насекаде, цистерни и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32