Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Од 21 до 30 ноември македонската сениорска кикбокс репрезентација ќе настапи на ВАКО светското кикбокс првенство за сениори и ветерани во Абу Даби, ОАЕ. Нашата земја ќе настапи со 8 натпреварувачи во 9 натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски - Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, а во составот влегоа Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир, Петре ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа вечерва на домашен терен над Јахорина Пале со 96-77 во рамки на четвртото коло во регионалната АБА 2 лига. Македонскиот шампион сосема заслужено дојде до третата победа во АБА 2 лигата, контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар во салата „Јане Сандански“. Илајџа Мекејден со 28 и Чарлс Гил со 19 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, кој со вечерашниот триумф се ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска четврт ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Вчера беа разгледани и не добија поддршка амандмани поднесени од опозицијата, со кои меѓу другото се бараше дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, пари за формирање на единствен национален ...
Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8 проценти, а буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното гостување во Дневникот на МРТ. - Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме ...
Мексиканската Фатима Бош (25) е новата мис Универзум 2025, во драматичната завршница на престижниот избор на убавина на Тајланд, годинава полн со контраверзи, скандали и драматичен пад на мис Универзум Јамајка од сцената. Бош е манекенка и кралица на убавината од Табаско. Таа влезе во светот на натпреварите за убавина во 2018 година и ја освои титулата Мис Универзум Мексико 2025 откако победи на натпреварот Мис Универзум Табаско. Таа често ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Утврдувањето Предлог-листа за избор на претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска која поднесе оставка, откако беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Според обвинението, таа на лице обвинето во ...
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. На дневен ред на Комисија е Предлог-одлуката за одржување на Јавна расправа на тема:„Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“. Конвенцијата беше потпишана на 11 мај 2011 година во Истанбул, Република Турција, поради што е позната како ...
Интензивните врнежи од дожд кои паѓаат од синоќа предизвикаа појава на одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Според информации од возачи, поголеми одрони се забележани по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на патот има поголемо количество земја и камења. Поситни одрони има на повеќе делници долж овој патен правец, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со зголемено внимание. Колската површина е ...
Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е измерена во Претор каде наврнаа 66 литри на метар квадратен. Следуваат Крушево со 37 литри, Битола со 30, Прилеп 26 и Маврови Анови 25 литри. Високи вредности се забележани и во Тополчани, Пожаране и Виница со по 24 литри, како и Крива Паланка со 23 литри. Во Лазарополе се измерени 18 литри, а во Попова Шапка 17. Во Штип паднале 15 литри, во Берово и Тетово по 13, додека Кавадарци и Куманово ...
Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна ...
Актуелниот генерален секретар на Антикорупциска, Адем Чучуљ, поранешниот ревизор Бранко Смилевски и деканот Кимо Чавдар се трите имиња кои би требало да влезат во потесниот круг за избор на наследник на Татјана Димитровска. Сител дојде до неофицијалните средните оценки кои ги добија 10мината кандидати за нов претседател на Антикорупциска. Највисока оценка, 96,5 доби ген-секот Чучуљ, а потоа следуваат Бранко Смилевски и Кимо Чавдар. Најниски ...
Се проширува истрагата за работењето на дискотеката „Пулс“.. Во соработка со кочанското обвинителство и полицијата, денеска и во текот на вчерашниот ден, се упасени десетина лица, најголем дел од нив, се инспектори на УЈП од Штип и Струмица.. Според државниот обвинител Коцевски, за лицата постоел сомнеж дека земале мито, оддавале службена тајна и ја злоупотребиле положбата како даночни инспектори.. „Денеска се приведени нешто помалку, според мои ...
Актуелниот генерален секретар на Антокорупциската комисија Адем Чучуљ е највисоко рангиран на листата што ја направи Комисијата за селекција за прв човек на ДКСК и тој на утрешната седница на Комисијата за избори и именувања најверојатно и ќе биде утврден како предлог за претседател на ова независно тело, дознава Сител. Иако не мора да се водат од ранг листата, партиите, неофицијално, се согласиле овој пат да одат со кандидатот со најмногу поени ...
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот “Пулс”. За тројца од нив донесена е Наредба за спроведување истрага. Станува збор за двајца даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, кои ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ...
Во третото тримесечје од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници што е намалување за 6,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за 4,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 7,8, во меѓуградскиот за 8,6, а во меѓународниот превоз е намален за 12,5 отсто. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик против 30-годишен скопјанец, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 14 ноември на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и околните улици, со општоопасно ...
Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел. - Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од ...
Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 57 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди. Несреќата се случила кога брз воз се судрил со друг патнички воз што се движел во спротивна насока, во близина на градот Чешке Будејовице, што се наоѓа на околу 50 километри од германско-австриската граница. Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. ...
Австрија следната година планира да им забрани на девојчињата под 14 години да носат шамии во училиштата, најави денеска министерката за интеграција Клаудија Плаколм. Предлог-законот, кој наскоро треба да се дебатира во Парламентот, ќе се применува од учебната 2026/2027 година, изјави министерката, која е членка на централно-десничарската Австриска народна партија (ОВП). Плаколм истакна дека носењето шамија не е верски ритуал, туку ги учи ...
Американска воена делегација предводена од секретарот Ден Дрискол е во Киев на разговори со Зеленски за завршување на војната со Русија. Посетата следи по медиумските извештатите за нов мировен план составен од САД и Русија, кој бара значителни отстапки од Украина, вклучително и откажување од територија што сè уште ја контролира, да ја преполови својата армија и , да прифати ограничувања на одредени видови оружје. Кога ќе биде под контрола на ...
Граѓаните пазареле поевтино во ноември. Минимална кошница е намалена за 370 денари во споредба со октомври, што според синдикатот се должи на пониските цени на овошјето и зеленчукот во маркетите. Сепак, регистрирани се и поскапувања , а значителен скок има кај цената на јајцата. - Јајцата за еден месец поскапеле за 39 денари, додека пак кај овошјето и зеленчукот имало намалување, односно акции во маркетите, па граѓаните купувале на попуст. ...
Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во Цирих, денес беа извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026. Македонската репрезентација за ривал во полуфиналето ја доби репрезентацијата на Данска. Во евентуално финале, нашата репрезентација ќе игра со победникто од дуелот Чешка – Република Ирска, повторно на гостински терен. Другите полуфинални двојки за европскиот бараж се: Италија – Северна Ирска Украина – Шведска ...
Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП. Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава. - Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно ...
Од следната недела ќе се плаќа 18% данок и за нарачките до 22 евра од Тему, Алиекспрес и другите интернет продавници од странство. Собранието ги изгласа законските измени и тие ќе стапат во сила 8 дена по објавата во службен весник. Целта е да се зајакне домашната економија, велат од Министерството за финансии. Очекуваат прилив од околу 65 илјади евра секој месец – пари кои ќе се пренасочат во стопанството. „Трошокот за пресметката и плаќањето ...
На 19.11.2025 во 23:35 часот на ул.„Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода В.Ц.(24) од Република Албанија. При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко. Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е ...
Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување. Од Министерството за внатрешни работи попладнево информираат дека таа го пријавила случајот доцна синоќа. - Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по ...
Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите, со кое редовното месечно усогласување врз основа на порастот на платите и трошоците за живот се заменува со еднаква распределба на средствата за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, стажот или уплатениот придонес. Постапувајќи по овој предмет на ...
Четвртата конференција за мировно образование, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, ги сплотува практичарите, професионалците и активистите на уникатен настан, во хотел Холидеј Ин, Скопје. На прес конференцијата по повод „Меѓународниот ден на детето”, се потенцираше важноста на мировното образование – не само во поглед на темите, туку и како водечка рамка за дејствување во состојба на криза, врз основа на системот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали граѓаните може да очекуваат фер и правично судење за трагедијата во Кочани, одговори дека исклучува секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот. - Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Така што не знам ...