Претседателот на САД Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со „значителни“ царини откако, како што наведува, Брисел им наметна серија високи казни на американските технолошки гиганти. Во објава на неговата платформа Truth Social, американскиот претседател напиша: Соединетите Американски Држави не се „касичка“ за Европа, ниту пак ќе дозволиме да бидат!“ – Европската Унија повторно, како и обично, директно ги напаѓа ОДЛИЧНИТЕ американски компании! ...

Бела пена го прекри местото каде Лепенец се влева во Вардар. Густата материја најпрво била забележана во Злокуќани, но набрзо се прошири, па беше видлива од кејот во повеќе населби. На терен излегоа инспектори од Градот Скопје и Државниот инспекторат за животна средина за да утврдат од каде потекнува загадувањето и за каква материја станува збор. Во потрагата по можниот загадувач бил вклучен и дрон. „Бевме со соодветни стручни лица коишто ...

Грчката Цивилната заштита го активираше системот 112 и испрати СМС-предупредувања до граѓаните и туристите. Најкритичната ситуација се очекува од денеска попладне до сабота наутро, особено на популарните дестинации како што се Халкидики, Олимпискиот регион, Солун и островот Тасос Во Грција е на сила предупредување за вонредна состојба поради опасни временски услови донесени од циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни бури. Главниот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон, соопшти претставник на Белата куќа. Извор од украинските власти изјави дека Зеленски планира да отпатува во САД, но неговиот тим сè уште чека официјална потврда од Белата куќа за програмата на претседателот Трамп. Од кабинетот на украинскиот претседател засега нема официјален коментар за информацијата. Конзервативната ...

Американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“ и „СпејсИкс“, Илон Маск, изјави дека очекува системите за вештачка интелигенција во следните пет години да ја надминат вкупната човечка интелигенција, а повторно оцени и дека Велика Британија во наредните две децении би можела да се соочи со граѓански судир. Во интервју за британскиот неделник „Економист“, Маск изјави дека роботите во рок од десет години ќе преземат најголем дел од ...

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина или Русија се вмешани во конфликтот во Иран, но предупреди дека доколку се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“. „Претседателот Шји, за време на нашата неодамнешна средба во Пекинг, Кина, ми рече дека под никакви околности нема да ѝ обезбедува или продава оружје на Исламската Република Иран – а таа изјава ги вклучуваше и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната ...

Мицкоски ги заокружи промените во владиниот тим опфатени со реконструкцијата. Собранието денеска го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор, како дел од новата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Демократската партија на Турците и по преминот на пратеникот Бејџан Иљаз во владејачкото мнозинство. За опозицијата, изборот на Зејнула е политички пазар за добивање пратеници во мнозинството и борба за фотелји. За мнозинството, новиот министер е одраз ...

Заштедените пари во Вториот пензиски столб се загарантирани и сите осигуреници ќе ги добијат, дури и доколку државата се одлучи да го укине. Министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во интервју за утринската на Сител „Ја сакам Македонија“ уверува дека граѓаните не треба да се плашат дека ќе ги загубат заштедените пари. - Доколку се спојат првиот и вториот пензиски столб? Дали парите ќе бидат некако наследени? - Ова се што е штедено, ...

Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. -Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...

Друг договор со ЕУ не може да има, Македонија мора да најде начин како да ги вметне Бугарите во Уставот, ако сака да го продолжи евроинтегративниот пат, вели евроамбасадорот Рокас во интревју за КОХА. Потврди дека има разговори зад затворени врати, но за да успеат не сака да открива детали. Политичарите во Македонија вели, не се против уставните измени, но бараат гаранции дека тоа ќе биде последниот услов и нема да бидат опфатени македонскиот ...

Охрид и Македонија добија нов рок од 5 години да ги спроведат препораките на УНЕСКО за охридскиот регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. По одлуката на Комитетот кој заседава во Бусан, Јужна Кореја, до 2031 година Македонија треба да направи конкретни чекори за да го заштити стаусот на светско природно богатство. За владата ова е диломатска победа на државата. Дивоградбите и отпадните води се најгорливиот ...

Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната за користење на водата за пиење во Валандово и населените места Чалакли, Дедели и Раброво. Според последните анализ , кои денеска на прес конференција ги објави градоначалникот Ѓоко Камчев, концентрацијата на арсен е во рамките на дозволените граници и нема никаква опасност по здравјето на граѓаните. Камчев презентираше и документи со кои потврди дека во изминатата година целосно биле ...

За десет дена 3850 госиварци побарале лекарска помош поради стомачни тегоби. И покрај трендот на намалување на бројките на прегледи, се уште има болни кои со дијареа и повраќање се обратиле во болницата и здравствениот дом. Додека надлежните на терен работат и ветуваат што поскоро технички исправна а потоа и чиста вода што ќе тече од чешмите, состојбата ја следи и Комисијата за заразни болести која е советодавно тело на министерот за ...

Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар. Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен. - Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната ...

Денеска на планината Баба, на врвот Пелистер (2.601 м.н.в) падна снег, информираа од ЈУ национален парк „Пелистер“. Од јавната установа потврдија дека промнеливото време и ниската температура, дождот го претворија во снег, со што како што велат Пелистер како крал на планините во Македонија и понатаму е непредвидлив и моќен. Фотографијата е на вработените од пунктот на Националната радиодифузија на врв Пелистер, посочија од ЈУ НП ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари. Како што нагласува, во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, ветеринарните друштва и одгледувачите – доследно да ги почитуваат ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство „Мој Термин“, на која е разговарано за можноста матичните лекари побрзо и поефикасно обезбедуваат термини за специјалистички прегледи преку системот „Мој Термин“. На средбата, како што информираат од Министерството за здравство, на која учествувале претставници на ЗЛОМ и ЗПЛРМ, од Управата за електронско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „жестока воена одмазда“ против Иран и неговите сојузници Хути, кои нападнаа два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи ...

На 23.07.2026 во 08:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8“ во нас.Илинден, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од Илинден, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(18) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(32) од с.Миладиновци, скопско и патничко ...

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон. Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна ...

На 23.07.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државата да ги реализира мерките што ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од над 1,15 милион евра за осомничениот Муамед Сејдини, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по што му е укината мерката притвор и ќе се брани од слобода. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено, заради обезбедување на присуството ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. Ова, како што истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, претставува значаен дипломатски успех за нашата земја, кој е производ на координирана државна акција предводена од ...

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат во понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала ...

Собранието денеска ја почна расправата за избор на министер без ресор во Владата за која функција е предложен Зулфикар Зејнула, претседател на Демократската партија на Турците, со која партија ВМРО-ДПМНЕ неодамна потпиша коалициски договор. Премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците истакна дека зрелоста на Владата се гледа во отвореноста на институциите за сите што имаат знаење, капацитет и искрена намера да придонесат и да не прашува, ...

Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на ...

Во согласност со податоците што министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ги добил од клучни безбедносни институции - Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, нема конкретна информација за закана кон нашата држава од Техеран откако Иран претходно ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја смета за непријателска земја поради најавеното распоредување американски воени авиони на нејзина територија. - ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Калај

46.54

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Кобалт

33.53