Кумановското јавно обвинителство изврши увид во село Челопек и даде наредби за обезбедување докази и траги кои ќе се вештачат, соопшти денеска обвинителството. Од основното јавно обвинителство Куманово укажуваат дека едно лице е лишено од слобода под сомнение дека сторил кривично дело убиство. Од обвинителството наведуваат дека постојат сомневања дека лицето извршил и други кривични дела, за што исто така се преземаат дејствија. - Јавен ...

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани ...

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници, резиденти на државава кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа во странство, дека се приближува крајниот рок за поднесување на електронската пресметка и доставување на соодветни докази за остварениот доход. Како што соопшти УЈП, сите физички лица кои во 2025 година примиле плата или друг вид доход од странство се должни до 31 март 2026 година да поднесат пресметка преку ...

Ден на жалост во Сараево по трамвајска несреќа е прогласен од Владата на Кантонот Сараево откако трамвај излета од шините во централното градско подрачје, при што едно лице го загуби животот, а повеќе лица беа повредени, соопштија надлежните институции по одржаната вонредна седница. Со одлуката за Ден на жалост се предвидува знамињата да бидат спуштени на половина копје и да се откажат или одложат јавните настани на територијата на кантонот. ...

На половина од Зимските олимписки игри 2026, домаќинот Италија и Норвешка се најуспешните според бројот на освоените медали. Норвешка е лидер на табелата медалисти со осум златни, три сребрени и седум бронзени медали. Италија има исто така 18 медали, од кои шест златни, три сребрени и девет бронзени. Пет држави имаат по четири злата: САД, Франција, Германија, Шведска и Швајцарија. Досега 24 земји се закитија барем со едно одличје. Денес ќе ...

Поранешната српска тенисерка Татјана Јечменица на 47 години го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на обиколницата Белград. Трагедијата се случила на обиколница, каде автомобилот во кој се наоѓала Јечменица се движел наназад, по што во него удрил камион. Таа починала на самото место, додека нејзиниот сопруг се здобил со тешки повреди и бил итно пренесен на лекување. Пожарникарските екипи интервенирале веднаш по несреќата и ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција рече дека забележува предзнаци на намалувањето на тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО, објави ДПА. Писториус истакна дека во Европа и САД се зголемува взаемното признавање на целите кои треба да бидат постигнат заеднички во рамките на Алијансата. „Тензиите се намалија. Двете страни (САД и Европа) повторно ја гледаат ситуацијата ...

Во главниот град на Етиопија, Адис Абеба денеска и утре се одржува 39. Самит на Африканска Унија. Мали се изгледите за постигнување на консензус за решавање на спорните прашања поврзани со воените конфликти, државните удари и фалсификуваните избори во африканските држави/Основни теми на Самитот на АУ се ситуацијата во источниот дел на Демократска Република Конго, тензиите во Јужен Судан и Судан, каде повеќе од три години се води граѓанска ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“. – Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп. Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во ...

САД извршија нов напад во Карипско Море врз брод за кој се претпоставува дека пренесувал наркотици, при што загинаа три лица. Јужната команда на САД на платформата Икс објави дека во шестмесечната кампања против илегалната трговија со дрога убиени се најмалку 133 луѓе. Како дел од војната против наркокартелите, Вашингтон испрати воени сили во Каракас во јануари, кои ги заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга. ...

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха на Минхенската безбедносна конференција изјави дека завршувањето на војната помеѓу Русија и Украина е „нереално“ без американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на панелот „Во фокус – безбедносните гаранции за Украина“ посочи дека во Абу Даби се одржаа три рунди разговори во трилатерален формат – Украина, САД и Русија. - Напредуваме. И сме благодарни на нашите американски пријатели, бидејќи без ...

Синоќа околу 21:45 часот, на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац, во близина на Новска, се случила сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а уште две се тешко повредени. Како што вчера потврди полицијата за Индекс, несреќата се случила на јужната лента од автопатот А3, во близина на градот Рајиќ. Тројца неидентификувани мажи и една жена, како пешаци, трчале преку патот кога биле удрени од два автомобила. Двајца пешаци загинаа на ...

Жена од Тетово се породила во декември, а била пријавена за почината уште во 2006-та година. Институциите истражуваат како дошло до ситуацијата жената да се води 20 години како починато лице, а никој да не забележи? Официјалните информации од МВР се дека на 21.01.2026 во Центарот пристигнало известување од Управата за водење матични книги дека на 08.12.2025 во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С.(27), а при постапката за ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне ...

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка. Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На задушница се оди во ...

МПЦ-ОА и православните христијани во земјава денеска го слават празникот посветен на Светиот маченик Трифун, во народот познат како заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет ...

Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе се упатуваат по улица „Бутелска", лево по улица „Александар Урдаревски", ...

Најстудено утрово е во Берово -4 степени, на Попова Шапка се измерени -2, додека во Крива Паланка, Претор, Битола, Струмица, Mаврови Анови се измерени 0 Целзиусови степени. Над нулата е во Тетово, Прилеп, Штип, Kрушево каде се измерени еден степен, Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Виница по два, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци по 3 и Гевгелија пет Целзиусови степени, информира УХМР. Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината ...

За шест саати, собрани се над 46 илјади евра за лекување на Ана Јованчев која има осум години, а се бори со агресивен тумор на синусите со зафатена орбита. Конечната сума на кампањата која што беше објавена од Ecrowd е препопловена бидејќи и Фондот за здравство ќе учествува во лекувањето на девојчето кое ја бие најтешката битка. Фалат нешто помалку од 7.200 евра за кампањата да биде целосно завршена. Ова е еден од ретките рекорди кога во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во рамки на посетата на Минхен, оствари средба со Тед Дојч, извршен директор на Американскиот еврејски комитет, една од највлијателните организации која децении наназад работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи, на која, како што објави Мицкоски, разговарале за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, ...

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената. -Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од ...

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверцот со илегалната дрога, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Телевизискиот настап на Филипче во кој ја негира врската со поранешниот функционер на СДС, а воедно и ...

На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(23), З.А.(22) и Н.С.(24), сите од Гостивар. При преглед кај нив, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. едно пакување со бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Неготино го честита големиот празник Св. Трифун и посака многу добар род и добри откупни цени. На одбележувањето на, како што нагласи, најзначајниот празник за целиот Тиквешки Регион, Николоски посочи дека „убавите вести веќе стигнаа“ и дека „Владата ја заврши својата обврска и дека целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои што макотрпно ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Минхен разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц за глобалните предизвици, вклучително и унапредување на напорите за завршување на војната во Украина, зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа и обезбедување на синџирите на снабдување, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека Рубио му изразил благодарност на Мерц за силната поддршка на Германија за Украина, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја пропушти својата шанса за мир ако „не дејствува“, наведувајќи дека Русија сака да постигне договор. „Русија сака да постигне договор и Зеленски ќе мора да дејствува. Во спротивно, ќе пропушти голема можност. Мора да преземе чекори“, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа, објави Ен-Би-Си Њуз. Се очекува американските, украинските и ...

Германскиот канцелар Мерц со јасна порака кон земјите кандидати за ЕУ - „не сакам да ве изгубам“. На Минхенската безбедносна конференција признава дека се чувствува се понепријатно поради неможноста Унијата да постигне значаен напредок во процесот на пристапување, посебно кон земјите од Западен Балкан. - Мораме повторно да отвориме нова стратегија како да ги приближиме овие земји кон ЕУ. Вие сте дел од европскиот континент и затоа ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија. Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на ...

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска ќе го има вториот настап на ЗОИ во Милано Кортина. Тој ќе се појави на стартот во трката на 10 километри слободен стил. Јада имаше веќе еден настап во дисциплината спринт кога го освои 89.место во конкуренција на 94 натпреварувачи со пласман. Вчера настап имаше и Ана Цветановска во дисциплината 10 км, таа го освои 105.место во конкуренција на 108 натпреварувачки кои остварија пласман. Ова воедно е ...

Европската фудбалска асоцијација го објави распоредот на натпреварите во годинешното издание од Лигата на нации. Македонските фудбалери дебитантскиот настап во Б конкуренцијата ќе отворат на домашен терен и тоа против селекцијата на Швајцарија. Првиот натпревар во историјата против оваа репрезентација ќе го одиграме на 26.септември на арената Тодор Проески, a почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути. Во првиот циклус на натпревари кога на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
66%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 8ᴼ
1.54
66%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 2ᴼ
3.6
49%
1018
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.99
68%
1019
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.14
55%
1015
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
1015
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.09
69%
1018
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
1.79
53%
1013
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
6.17
68%
1018
Currency

61.645

Currency

53.5236

Currency

71.4881

Currency

37.9386

Currency

39.277

Currency

68.0672

Currency

7.79205

Currency

0.67329

Currency

0.33603

Currency

0.52476

Currency

1.2111

Currency

0.57974

Злато

163782.99

Иридиум

259874.72

Бакар

11.65

Паладиум

51087.54

Рутениум

54591.97

Цинк

0.00

Калај

49.93

Сребро

2661.49

Алуминиум

3.46

Платина

66777.10

Родиум

369733.59

Кобалт

3.86