Првиот човек на Уставниот суд позитивно го оценува доаѓањето на Гоце Наумовски за нов уставен судија, за чиј избор Собранието ќе одлучува утре. Неговата стручност и кредибилитет ја оценува како корисна за судот и не гледа проблем во тоа што бил советник на премиерот.Според Костадиновски важно е почитувањето на Уставот во носењето одлуки. Освен Наумовски кој се наоѓа пред негов избор за уставен судија, се чека и завршувањето на огласот во ...

Инспекторатот за употреба на јазиците денеска влезе во министерството за правда да врши вонреден инспекциски надзор за тоа како се полага правосудниот испит. Иако инспекторатот е под министерството за правда, тие денеска го проверуваа системот одвнатре, бараа документи и објаснување како се одвива постапката за полагање на испитот, која низ годините никогаш не е променета и тој се полага само на македонски јазик. Денешниот надзор е прв од ...

Анита Тополова Исајловска, Лидија Рајичевиќ, Ленче Ристовска и Ненад Савевски добија позитивно мислење од советот на јавни обвинители за избор на државен јавен обвинител. Од 5 предложени, Владата ќе избира меѓу 4та кандидати. Од трката за избор излезе поранешниот прв човек на кривичен Владимир Панчевски кој според членовите на советот не ги исполнува посебните услови бидејќи беше разрешен и во моментов нема работен ангажман. Претседателот на ...

Екс министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е еден од деветемина нови амбасадори чии имиња поминале на денешната владина седница. Како што дознава Сител од свои извори, нов амбасадор во Лондон ќе биде Илина Мангова која зад себе има богата кариера во невладиниот сектор како дел од раководството на Меѓунароодниот републикански институт ИРИ. Останатите амбасадорски ...

Унапредување на билатералната соработка, заедничките приоритети и можностите за продлабочување на партнерството во области од заемен интерес биле темите за кои разговарале денеска премиерот Христијан Мицкоски и вршителката на должност амбасадор на САД Никол Варнс. За средбата информира Мицкоски преку својот Фејсбук профил, нагласувајќи дека средбата минала во пријателски дух и заедничка заложба за натамошно јакнење на односите. - Денес ...

Општина Кратово ги повикува граѓаните на традиционалното чествување на Св. Ѓорѓи Кратовски, заштитник на градот, кое ќе се одржи на 22 февруари 2026 година (недела). Програмата започнува во 07:40 часот со Света Архијерејска Литургија во црквата „Св. Ѓорѓи Кратовски“. По литургијата следи литија со иконата на светиот Ѓорѓи до споменикот во центарот на градот. Од 10:30 часот на Градскиот плоштад ќе се одржи патронскиот колач и Водокрст заедно ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во изјава за медиумите денеска информира дека за системот „Сјеф сити“ формирани се четири предмети. Нагласи дека овој проект покажал дека нашиот менталитет може многу брзо да се менува, односно да се прилагодува на правила. - Четири предмети се формирани. Точно е дека ќе се постапува, бидејќи е новина во нашата држава. Брзо ќе се постапува по тие предмети. Не можам пред време да давам своја ...

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд - Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека нема надлежност да одлучува за гаранција во оваа фаза од постапката. На истото рочиште беше ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Пониква, кој не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинскиот премин Пресека до 150 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци, кои поминуваат низ засеци и клисури, можна е појава на поситни одрони. ЈП ...

Во четвртото тримесечје од 2025 година вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 110.839 кубни метри и во споредба со истото тримесечје од 2024 година е зголемено за 16,3 отсто, информира Државниот завод за статистика. Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 107.718 кубни метри и бележи зголемување од 11,9 проценти. Најголем пораст на производството и продажбата е забележан кај рудничкото ...

По обилните врнежи, драстично пораснаа водостоите на реките низ целата држава. Треска кај Македонски брод е четирипати над просекот за февруари, а Вардар два ипол над вообичаеното за овој период од годината. Просечниот водостој на Треска во февруари изнесува 49 сантиметри. Вчера надлежните измериле дека водостојот изнесува 258 сантиметри, а денеска 196. Најголемата река во државата бележи значително зголемување на водостојот низ целиот свој ...

ЈП „Македонијапат' информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража се укинува од 17.20 часот. Јавното претрпријатие претходно соопшти дека забрана за сообраќај на камиони на овој патен правец се воведува од 17 часот поради обилни врнежи од снег. МИА ЈП „Македонијапат' информира дека забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Гостивар - Кичево преку ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) е сè позагрижена за недостатокот на интерес околу Светското првенство 2026, објавува „The Touchline“. Четири месеци пред турнирот, многу билети остануваат непродадени, а големината на настанот не го исполнува очекуваното ниво на интерес од гледачите и навивачите. Ова покренува прашања за ФИФА. Организацијата не може да го објасни нискиот интерес за турнирот, и покрај тоа што 48 земји учествуваат за прв ...

Едно лице е убиено, а двајца други се тешко повредени синоќа во напад со нож во Сиднеј, објави ДПА, повикувајќи се на полициско соопштение. Службите за Итна помош биле повикани во предградие западно од Сиднеј околу 10 часот по локално време поради пријави дека маж избодел неколку луѓе и избегал, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Нападот се случил на прометна улица. Медицинските лица им пружиле помош на три лица со тешки повреди, ...

Претседателот на Русија, Володимир Зеленски синоќа изјави дека според разузнавачки податоци Русија подготвува нови напади врз украинската енергетска инфраструктура. - Разузнавачките извештаи покажуваат дека Русија подготвува понатамошни масовни напади врз енергетската инфраструктура, па затоа мора да се осигураме дека сите системи за воздушна одбрана се правилно распоредени - наведе Зеленски во вечерното обраќање до нацијата. Тој додаде дека ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа ја повика Куба да склучи договор со Вашингтон, но ја отфрли идејата за операција за соборување на режимот во Хавана. - Куба во моментот е банкротирана држава, наведе Трамп. На прашањето дали САД би можеле да ја соборат кубанската влада, како што направија на почетокот на јануари кога ја нападнаа Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро, Трамп посочи „Не мислам дека тоа би било потребно“. ...

Од 6 часот утрово, таксистите во Атина започнаа тридневен штрајк, организиран од нивниот синдикат, додека пак во цела Грција ќе штрајкуваат утре и задутре, со што земјата ќе биде без такси превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Преку штрајкот, таксистите уште еднаш ги повторуваат нивните барања, а главното е пролонгирање на законската обврска сите такси возила во Атина и Солун постепено да се заменат со целосно електрични, што се ...

Демонстрантите маршираа низ Нови Сад вчера во вечерните часови продолжувајќи ги своите повици за избори и реформи по повеќе од 15 месеци демонстрации. Демонстрантите беа предводени од студентите повикуваат на антикорупциски реформи и предвремени избори. Маршот во понеделник вечерта се совпадна со настанот во градот по повод 200-годишнината од Матица Српска, најстарата културна институција во Србија, на кој се очекуваше да присуствуваат високи ...

„Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија. Од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија. Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна ...

На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Д.Р.(28) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 16.02.2026 во 10:30 часот во струшкото село Подгорци, ...

Управувањето моторно возило без возачка дозвола претставува кривично дело и согласно законските одредби, по насоки на Основното јавно обвинителство, полицијата има овластување да го одземе возилото. Како управување без дозвола се смета доколку лицето никогаш не положило возачки испит, доколку дозволата му е трајно одземена или доколку управува со возило и покрај изречена привремена забрана. Од 1 до 16 февруари, на територијата на целата ...

Бизнисот пред политиката, а образованието во служба на стопанството, вака најкратко може да се опише воспоставената меѓусебна соработка помеѓу Стопанската комора, УГД и штипската локална самоуправа. Образование насочено кон вештини, а не кон политики и науки кои не даваат резултат. - Општина Штип како најголема општина во источна Македонија и Универзитетот, кој што предничи кон бизнис определбата ќе бидат за некој месец и година, институции ...

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга. Стручен тим составен од тројца професори од Градежниот факултет од Скопје ќе врши теренски увид и детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, по што ќе биде изготвен извештај со конкретни препораки за надминување на состојбата со загадената вода посочуваат од Општина Струга. ...

И денеска се санираат штетите во кичевско по поплавите кои викеднов го зафатија градот. Надлежните и утрово се на терен, каде се испумпува вода од објектите додека 250 лица и натаму се евакуирани во спортската сала. Првиот човек на општината вели дека се преземаат сите мерки за што поскоро расчистување на нините домови. И денеска се санираат штетите во кичевско по поплавите кои викеднов го зафатија градот. Надлежните и утрово се на терен, ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од ...

Патничко возило било привремено одземено, а жител на неготинското село Тимјаник бил приведен, откако се констатирало дека тој возел без положен возачки испит, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода лице од село Тимјаник. При сообраќајна контрола на крстосница од улиците Фемо Кулаков и Марксова во Неготино, сопрено било патничко возило ...

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките. Според најновите податоци на Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на речиси сите поголеми водотеци е далеку над просекот за февруари, а на одредени мерни места се бележи зголемување и за повеќе од четири пати во однос на вообичаените вредности. Најдраматична е состојбата со реката Треска кај Македонски Брод, каде ...

Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за Онкологија, изјави на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ претставник од Државниот завод за ревизија, кој детално објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година. - Ревизија се изврши согласно редовна годишна програма од ДЗР за 2021 година, донесена по редовна постапка на ...

Припадниците на македонската и на белгиската армијата утре од 4 до 9 часот, ќе реализираат воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда. СВР Охрид денеска соопшти дека при извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција. - Апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување, како и придржување до насоките на ...

На падините на Галичица, таму каде што природата сè уште го диктира ритамот на животот, тивко и посветено се создава една поинаква приказна – приказна за враќање, зачувување и надеж. Во оваа возвишена тишина, далеку од градската врева, се наоѓа Репродуктивниот центар за елени – место каде што човекот не владее, туку внимателно соработува со природата. Токму тука, во заштитениот простор кој од остатокот од природата го дели само една ограда, ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
53%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
47%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
67%
1013
weather icon

Софија

9ᴼ / 4ᴼ
4.63
45%
1018
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.12
61%
1019
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1014
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.47
50%
1016
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1016
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 7ᴼ
3.6
57%
1019
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
5.14
66%
1018
Currency

61.645

Currency

53.5236

Currency

71.4881

Currency

37.9386

Currency

39.277

Currency

68.0672

Currency

7.79205

Currency

0.67329

Currency

0.33603

Currency

0.52476

Currency

1.2111

Currency

0.57974

Бакар

11.65

Рутениум

54591.97

Иридиум

259874.72

Калај

49.93

Сребро

2661.49

Родиум

369733.59

Алуминиум

3.46

Злато

163782.99

Платина

66777.10

Паладиум

51087.54

Цинк

0.00

Кобалт

3.86