Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, ...

Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости. Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица. Помеѓу петтемина повредени е и едно ...

Турските воздухопловни сили повторно ќе придонесат во мисиите за безбедност на воздушниот простор над Балтикот со распоредување на пет борбени авиони Ф-16 и и екипаж од 76 лица во Естонија, објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“. Турскиот контингент, кој е дел од 181-та ескадрила на воздухопловните сили со седиште во Дијарбакир, позната и како ескадрила „Пантер“, ќе биде стациониран во воздухопловната база Амари во Естонија. Турскиот ...

Италијанскиот тренер Андреа Пирло коментираше за контроверзноста околу неговиот договор со руска обложувалница. Претходно, неколку италијански пратеници се изјаснија против назначувањето на Пирло за селектор на италијанската репрезентација поради неговата соработка со руска обложувалница. Според „Ла Газета дело Спорт“, договорот на Пирло со обложувалницата е поврзан со неговата работа во клубот од Премиер лигата на ОАЕ, Дубаи Јунајтед. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се соочил со влошување на односите меѓу министерот за одбрана Михаил Федоров и началникот на вооружените сили Олександр Сирски, поради што, како што изјави, решил да ги отстрани двајцата „за доброто на нацијата“. Поранешниот министер за одбрана Михаило Федоров во Украина се смета за заслужен за воените успеси на Украина и примената на нови воени технологии и поддршката за подобрување на ...

Од утре нови повисоки цени на горивата. Барел сурова нафта од типот Брент на светските берзи се движи околу 96 долари, што е главен индикатор за раст на цените во земјава. Откако во понеделникот на вонредна седница се намалија акцизите за бензите за 1 денар, а за дизелот за 2 денари, премиерот Мицкоски вели дека состојбата се следи, а Владата е подготвена да интервенира во секој момент. - Ја следиме состојбата со нафтата. Ние остануваме земја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и ...

И 63 години подоцна, Скопје се сеќава на кобното утро на 26 јули кога за само неколку секунди градот беше разорен, а стотици семејства засекогаш беа променети. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Со солидарноста од светот, од правот, урнатините и солзите се роди нова надеж. Сеќавањата за тој кобен ден не бледнеат за скопјани. 80-годишниот Слободан раскажува како со неговата фамилија се спасувале ...

Со површина од 47 000 м2 и над 400 современи станбени единици, Футура 2 поставува нови стандарди во урбаното живеење. Лоциран на само пет минути од центарот на Скопје комплексот нуди совршен баланс меѓу естетиката, практичноста и заедницата, со соптвено плато, содржини за сите генерации и деловни простории. Зад овој истакнат проект стои Елена Лука, жена лидер која веќе 37 години успешно ја гради својата кариера во градежништвото со 100 ...

Загадената вода во Гостивар, продолжува да го полни дневниот билтен на Министерството за здравство. По два дена пад, вчера е забележан пораст на бројот на луѓе кои се пожалиле на симптоми поврзани со прогласената епидемија. Лекарска помош побарале 125 лица или 45 повеќе од вчера. Најмногу прегледи имало на одделението за инфективни болести и педијатрија, а таму имало и една болничка хоспитализација. Со ова вкупниот број на лица кои се ...

На 25.07.2026 во 16.22 часот во СВР Скопје, од Комплекс клники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник од с.Кондово, кој за кратко време починал. Според пријавеното, тој со неговата мајка бил на гости кај роднини во с.Сингелиќ, при што во еден момент му се слошило и паднал во бессознание. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било ...

На 25.07.2026 во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село. Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото. Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна ...

Во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес и Општинскиот огранок на борци, а со поддршка на Општина Велес, денеска пред спомен бистата на Мирка Гинева во Велес спроти Гимназијата во Велес, беа одбележани 80 години од нејзината херојска смрт, како и 77 години од крајот на Граѓансата војна во Грција 1946-1949 и 78 години од егзодусот на децата бегалци. ...

Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија - истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи. Ѓорѓиевски и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во присуство на неговата внука и претставници од ...

Превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“ е спроведена денеска во близина на наплатните станици Желино и Тетово, при што на возачите на моторни возила учесници во сообраќајот им биле поделени летоци со информативно - едукативна содржина изготвени од Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за бебзедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје. - Целта е зголемување на свеста кај возачите ...

Осум лица кај кои полицијата пронашла дрога се лишени од слобода на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие. - На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На ...

Граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ние и понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото иако тоа се берзански производи, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. - Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и се уште остануваме земја која е со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Ако е потребно ќе реагираме онака како што и досега реагиравме иако ...

Романските воздухопловни сили собориле уште еден дрон што неавторизирано навлегол во воздушниот простор на Романија, соопшти денеска Министерството за национална одбрана. Станува збор за трет таков случај во последните три дена. Дронот бил соборен во 10:13 часот од борбен авион „Ф-16“ над романските територијални води на Црното Море, на околу 12 километри североисточно од Сулина. „Дронот беше безбедно уништен во националниот воздушен простор ...

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се ...

Скопје денеска ја одбележува 63. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Во рамки на одбележувањето, делегација на Собранието составена од пратениците Сергеј Попов и Даниела Николова, во 10 часот ќе положи венец со цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на гробиштата во Бутел. Во исто време, цвеќе ќе положат и претставници ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за изградба на клучката „Момин Поток“ во Скопје. Како што најавува владината прес-служба, посетата е закажана за 12:00 часот, а предвидено е премиерот Мицкоски по увидот да даде изјава за медиумите. Клучката „Момин Поток“ е еден од позначајните инфраструктурни проекти во главниот град, чија цел е подобрување на сообраќајната поврзаност и намалување на сообраќајниот ...

Во Македонија денеска ќе се одржи спортско-авантуристичкиот предизвик „24h Адреналин“, во рамки на кој двајца учесници ќе се обидат во рок од 24 часа да поврзат девет различни активности низ воздух, земја и вода, соопштија организаторите. Според најавата, предизвикот ќе почне со изгрејсонце на аеродромот Стенковец, а ќе заврши доцна навечер на брегот на Охридското Езеро. Во текот на еден ден учесниците ќе поминат стотици километри низ ...

Локалната иницијатива „И Здравје и Работа“ смета дека јавната дебата за проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ предолго е заложник на стравови, шпекулации и дезинформации, наместо на научни факти, современи технологии и институционални процедури. Денес, современото рударство нема ништо заедничко со практиките од минатото. Технологиите што се применуваат во најразвиените земји овозможуваат високо ниво на заштита на животната средина и ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски утрово, преку својот фејсбук профил, соопшти дека се финализираат галериите - најтешкиот и најкомплицираниот дел од автопатот Кичево - Охрид. - Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи. Наскоро отвораме за сообраќај уште 10 километри автопат. Ја градиме Македонија, напиша Николоски, кој сподели и видео од изведувањето на градежните активности. МИА ...

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година. По тој повод, Ѓорѓиевски на Фејсбук порача дека Скопје и по шест децении се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година, во 5:17 часот, однесе повеќе од илјада животи и зад себе остави разурнати домови и разделени ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на одделни места ветерот ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час. Метеоролозите најавуваат дека по утрешната нестабилност, под влијание на поле со висок воздушен ...

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи. - Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само ...

Средствата обезбедени преку краткорочна позајмица од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и од сопствени извори на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка поврзани со изградбата на автопатите, а во текот на август ќе им бидат вратени на компаниите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Калај

46.54