Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објавува јавен повик за експерти коишто ќе бидат дел од базата на експерти на Ресурсниот центар, кој е отворен за аплицирање до 15 декември годинава. Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се ...

Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата во ЕУ минатата година се зголемиле за 1,5 отсто на годишно ниво, што претставува речиси четирипати поголем раст во однос на 2023-та, кога стапката на ова зголемување беше 0,4 проценти. Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, најголем раст на трошоците лани европските домаќинства имале за „информации и комуникации“ и тоа за 5,7 отсто, по што следуваат издатоците за ...

Гризли мечка нападна деца од основно училиште во канадската провинција Британска Колумбија на западниот брег, јавија локалните медиуми. Како што пренесува ДПА, во нападот, кој се случил вчера, сериозно се повредени неколку лица, од кои две се во критична состојба, јави Канадиен прес (Canadian Press). Новинската агенција се повика на итните служби во заедницата Бела Кула (Bella Coola), околу 700 километри северозападно од Ванкувер. – Болничарите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред малку им се обрати на Украинците со видео порака во која предупреди дека земјата е во еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од САД и за тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели. „Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи ...

Во октомври се бележи годишен раст на вкупните депозити од 11,8 проценти, како и на вкупните кредити за 12,1 процент. Порастот на вкупните депозити, пред се, се должи на растот на депозитите кај домаќинствата, а растот кај кредитите произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор. Физичките лица најмногу земале потрошувачки и станбени кредити и кај нив е забележан годишен раст соодветно од 10,2 проценти и 16,1 проценти. Кај ...

Размена на искуства, донаторска координација, разгледување на реализираните активности и утврдување на приоритетите за следниот циклус на реформи, со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, беше целта на денешниот состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во свечената сала на Владата. На настанот присуствуваа ...

За 2,5 евра се зголемила просечната плата во септември во однос на претходниот месец. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат по 45.466 денари. Во споредба со истиот месец лани, просекот скокнал за скоро 9,5 осто, но реално, ако се одземе инфлацијата платите се зголемиле за 5,7 %. Најплатени и натаму се програмерите, со плати од 1700 евра, по што следат вработените во фармацијата, воздухолпловството, финансиите и ...

Анонимни телефонски линии за пријавување мито и останати девијантни појави во здравстото најави Премиерот Христијан Мицкоски. Ова следи по информациите кои стигнувале до Владата дека одредени здравствени работници повеќе ги интересирале парите, отколку здравјето на пациентите. - Луѓе алармираат, даваат одредени инндиции за одредени појави што не се добри кај одредени лица, но никако да дојдеме до реализација и до доказ. Тоа е она што за мене ...

„Продавам ваучер за електронски уреди во износ од 15.300 денари, за лаптоп, таблет, персонален компјутер, кој може да се искористи во поголемите продажни салони. Локација: Скопје. Цена: 11.000, лајк и ке ве контактирам“ – вакви огласи масовно се шират на социјалните мрежи. Студенти кои добиле ваучер од државата го продаваат за кеш и тоа за значајно помала сума. Но, се отвора дилемата како ќе го користи ваучерот тој што го купил? „Мислам дека и ...

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило„рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес. Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица ...

Основното јавно обвинителство Кочани ќе вложи жалба за определената мерка куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се опфатени во постапката за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”. -Основното јавно обвинителство Кочани ја прими одлуката за определената мерка куќен притвор за двајцата осомничени и ќе вложи жалба, се вели во писмениот одговор од Јавното обвинителство. МИА претходно информираше дека судија на ...

Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди денеска претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако ...

Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во партнерство со Меѓународните училишта NOVA и Земјоделскиот институт на Македонија, го одбележа годинашниот Традиционален словенечки појадок под слоганот „Мојот избор е словенечка храна“. Како што информираат од Амбасадата, настанот е дел од националната словенечка иницијатива за подигнување на свеста кај младите за здравата исхрана, важноста на редовниот и балансиран појадок и придобивките од ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Како што информираат од општината, темелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е ...

Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И се додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, изјави ...

- Во Национален парк „Маврово“ заврши есенското порибување на водите на територијата на паркот за разновидност на рибниот фонд. Како и претходните години, со порибување беа опфатени неколку локации по течението на реката Радика со нејзините притоки и Мавровското Езеро, кои се најзначајните водни живеалишта во Националниот парк. Во Мавровско Езеро се уфрлени 200 килограми крап и 100 килограми поточна пастрмка. Реката Радика и притоките се ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 и Транспорт и складирање за 11,5 ...

Во третото тримесечје од 2025 година за 25,7 отсто е зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во однос на истото тримесечје од претходната година. При тоа, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25,7 отсто, во железничкиот за 8, а во воздухопловниот превоз за 14,2 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички ...

Најскапата куќа е 3,8 милиони евра на Савски Венац, а најскапото земјоделско земјиште е 1,2 милиони евра во општина Кула, според податоците од српскиот Републичкиот геодетски завод. Најскапата гаража е исто така во Савски Венац, за која се платени 66.000 евра. Најскапиот комерцијален простор е во Крагуевац – 2,4 милиони евра. Економистот Ервин Пашановиќ за РТС вели дека ова е најбезбедната форма на инвестиција што носи и највисок поврат на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва повтори дека „нема да има палестинска држава, дури ни по цена на нормализирање на односите на Израел со Саудиска Арабија“. Бидејќи, како што изјави, таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“. „Нема да има палестинска држава. Многу е едноставно: таа нема да биде воспоставена“, рече Нетанјаху. На прашањето од новинарите што го спречило нормализирањето на односите меѓу Тел ...

Тропски циклон се движи кон северна Австралија, при што австралиското Биро за метеорологија (BoM) предупредува дека до утре бурата би можела да зајакне до трета категорија. Циклонот Фина во моментов е систем од прва категорија, соопшти BoM денеска, но може да донесе ветрови од 165 до 224 километри на час како што се приближува до Северната Територија на Австралија. Се очекуваат обилни дождови, силни ветрови и потенцијални поплави во и околу ...

Белата куќа го бранеше претседателот Доналд Трамп откако тој нарече репортерка „прасенце“ додека таа го прашуваше за неодамна починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, наведувајќи дека коментарите на претседателот ја одразуваат неговата искреност и транспарентност. За време на разговорот во авионот „Ер Форс 1“ минатата недела, кој оттогаш се рашири на интернет, Трамп се наведна кон репортерката, ја покажал со прст и рекол: „Замолчи, ...

Рускиот парламент изгласа зголемување на даноците за лицата означени како „странски агенти“, статус што се користи за прогон на дисидентите, јави ДПА. Во иднина, тие ќе мора да плаќаат највисока даночна стапка од 30 отсто, наместо просечната од 13 отсто до 22 отсто. „Оние кои ја предадоа нашата земја, не треба да добиваат даночни олеснувања“, напиша претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, на апликацијата Телеграм. Терминот „странски ...

Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран дека Украина е подготвена за преговори околу мировниот план за ставање крај на војната што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе БТА. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со секретарот на Армијата на САД, Ден Дрискол, за начините за постигнување мир и вети дека двете страни ќе работат на точките од планот. Кабинетот на Зеленски претходно ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека верува оти Украина и Русија треба да тргуваат и да учествуваат во „културни размени“ наместо да војуваат. Венс, за време на разговорот со новинарот Метју Бојл од „Брајтбарт Њуз“, дискутираше за тоа како администрацијата на Доналд Трамп би можела да ја искористи својата економска моќ за да стави крај на војните низ светот. Во овој момент имаме осум мировни договори. Работиме на број 9 и број ...

Осум лица – членови на криминална организација кои краделе облека од продавници во Атина, со автобус ја праќале во Албанија и ја препродавале во Тирана, се уапсени во паралелната полициска акција во областа Атика поширокиот регион на Атина и во Тирана, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу уапсените на возраст од 33 до 63 години е и 54-годишната странска државјанка која била водач и координатор на криминалната ...

Мрежа за перење пари вредна милијарди долари, која оперирала на територијата на Обединетото Кралство, наводно купила контролен удел во една киргистанска банка со цел да се олесни избегнувањето на санкциите и да се поддржи руската војна во Украина, објави денеска Националната агенција за борба против криминалот (НАБК) на Велика Британија. Во ажурирање на меѓународната истрага за руските мрежи за перење пари, наречена „Операција Дестабилизација“, ...

Австралија ќе ја вклучи услугата на „Амазон“ за пренос во живо – „Твич“, во својата забрана за социјални мрежи за лица под 16 години од 10 декември, изјави австралискиот комесар за е-безбедност. Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки. „Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ ...

Руската војска синоќа објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели. „Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск“, му рекол командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин. Купјанск, кој имал население од 55.000 жители пред војната, бил во руски раце неколку месеци во 2022 година, но ...

Соопштение на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија „Не планирав да реагирам на поединци кои со месеци упорно се обидуваат да нарушат нешто што со години, со огромен труд и професионален ангажман е градено во нашиот спорт. Сепак, кога во јавноста со намерни неточности и манипулации се создава погрешна слика за работата на федерацијата, должни сме да одговориме јасно и недвосмислено. Сакам да појаснам дека нарачателот на претходниот текст со ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Сребро

2105.58

Бакар

10.93

Алуминиум

2.92

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04

Паладиум

53788.20

Платина

62683.26

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Калај

43.15

Иридиум

145787.60