Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
За две недели спакувале двесте кутии полни со марихуана, наредбата била да бидат спакувани околу девет тони. Кутиите кои претходно биле царинети со друга роба, ги испразниле и во нив ја складирале марихуаната која од Македонија беше пренесена во Србија. Претоварот од едно возило во друго, го правеле во Свети Николе и атарот на селото Сармзалино. Отаму со камион и приколка, ја пренеле марихуаната преку граница, а полицијата во близина на ...
Сопругата на градоначалникот на Скопје јавно реагираше по обвинувањата дека носи луксузна чанта вредна десетици илјади долари, тврдејќи дека станува збор за неточни информации и политички напади. Таа објави и фотографија од продавницата од каде што, како што вели, ја купила чантата. Во својата објава посочи дека чантата не е брендот Hermès, ниту пак вреди 30.000 долари, како што, според неа, тврделе од СДСМ. Наместо тоа, истакна дека е ...
Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја, соопшти МВР. Денеска (20.02.2026) од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ...
Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Оттаму посочуваат дека ...
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола поднела кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира Министерството за внатрешни работи. -Пријавената, како поранешен директор на Јавна здравствена установа-Клиничка болница Битола, во текот на 2023 година, спротивно на одредбите од Законот за администаривни службеници, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти МВР. Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец ...
Идните наставници и професори ќе мора да имаат пракса и да работат со децата уште во студентски денови. Токму тоа е главната причина зошто предлог-законот за високо образование не дозволува вонредни студии на наставничките факултети. За ваква одлука пресудиле и лошите резултати кои во континутет ги имаат македонските ученици на ПИСА тестирањето. -За да можат да се соочат со новите методи на предавања и комуникација со децата од прво до ...
Имотно-правни, семејни и бракоразводни проблеми, постапки за изрекување на мерки при вршење на семејно насилство се само дел дел од барањата на граѓаните за добивање на бесплатна правна помош. Во континуиран пораст е бројот на граѓани кои ја користат бесплатната правна помош. Бесплатната правна помош ќе им овозможи на ранливите категории на граѓаните да добијат правен совет, подготовка на документи и застапување пред суд без финансиски товар. ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе нов пораз во групата од Лигата на шампионите откако синоќа Висла славеше во Битола со 28:25. Ова воедно беше и прв натпревар европски за новиот тренер на битолчани и македонската ракометна легенда Стевче Алушовски. – Не го отворивме дуелот како што сакаавме и не одигравме дел од она што се договаравме. Хендикеп е дека малку време сме заедно, се обидовме да покажеме добар карактер и ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повторно ќе се кандидира за претседател на конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на националната конференција на партијата во југозападниот град Штутгарт, јави ДПА. На дводневниот конгрес се очекува како почесен гостин да присуствува и поранешната канцеларка Ангела Меркел, што ќе претставува нејзина прва посета на федерална партиска конференција на ЦДУ од крајот на нејзиниот мандат. ...
Иран вчера предупреди дека ќе одговори „решително и пропорционално“ доколку биде нападнат поради зголемените тензии со Вашингтон, велејќи дека американските воени средства во регионот ќе се сметаат за легитимни цели. Во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, амбасадорот на Иран во Обединетите нации рече дека „сите бази, објекти и средства на непријателската сила во регионот ќе претставуваат легитимни цели“ во случај на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека Унгарија би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија на соседна Украина ако Киев продолжи да се меша во испораките на руска нафта, јавува ДПА. „Не сакам да се заканувам или да прејудицирам ништо. Но, Украина добива значителен дел од својата електрична енергија преку Унгарија“, изјави Орбан синоќа пред унгарските новинари во Вашингтон. Унгарскиот лидер рече дека Киев треба да ...
Ендру Маунтбатен-Виндзор вечерва е ослободен од притвор откако беше испрашуван од полицијата во Норфолк речиси 12 часа, по апсењето под сомнение за недолично однесување на јавна функција поради неговите врски со педофилот финансиер Џефри Епстин јави Гардијан. Полицијата соопшти дека тој е ослободен, но оти истрагата за неговата наводна злоупотреба на службената должност е сè уште во тек. Поранешниот принц, кој стана првиот висок член на ...
Неговиот коментар следеше по апсењето на поранешниот принц под сомнение за злоупотреба на јавна функција поради неговите врски со финансиерот и сексуален престапник Џефри Епстин. Во разговор со новинарите на пат кон настан во државата Џорџија, Трамп го пофали братот на Ендрју, британскиот крал Чарлс III, и додаде дека тој „многу наскоро ќе дојде во нашата земја“. Претседателот додаде дека „апсењето на Ендрју е срам“. „Мислам дека е многу ...
Преку својата платформа „Трут Сошал“, американскиот претседател Трамп објави дека ќе им наложи на федералните оддели и агенции да ги лоцираат и јавно да ги објават сите записи поврзани со вонземски живот и неидентификувани летечки објекти (НЛО). Тој прецизираше дека наредбата ќе биде упатена до секретарот за војна, Пит Хегсет, како и до сите други релевантни институции, со цел да започне процесот на разоткривање на владините податоци за ...
Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) вчера соопшти дека открила и следела повеќе руски воени авиони кои дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ) во близина на Алјаска. NORAD открил и следел два руски авиона „Ту-95“, два „Су-35“ и еден „ А-50“ што дејствувале во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопшти американската и канадската организација за одбрана. ...
Првиот состанок на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп се одржа во Вашингтон, со фокус на Појасот Газа и пакетот помош од повеќе милијарди долари за територијата. Трамп рече дека неколку ветија 7 милијарди долари за хуманитарен пакет и пакет за реконструкција за Газа. Покрај тоа, Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања собира дополнителни 2 милијарди долари за поддршка на палестинската ...
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не ги потврдил медиумските наводи дека новата рунда преговори за Украина во трилатерален формат Русија – САД – Украина може да се одржи идната недела во Женева. „Не, засега не можам да потврдам. Кога точно ќе се постигне разбирање, ќе ве информираме, како што вообичаено правиме во последно време“, изјави Песков за новинарите. Тој додаде дека Москва нема „претерани очекувања“ ...
Британските истражители продолжуваат со претресот во поранешната резиденција на Ендрју Маунтбатен-Виндзор во Беркшир откако поранешниот принц беше ослободен по апсењето под сомнение за злоупотреба на службената должност. Ендрју беше приведен вчераутро по обвиненијата што произлегоа од објавувањето на документи поврзани со педофилот и финансиер Џефри Епстин. Ова е првпат во модерната историја да биде уапсен истакнат член на британското ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во февруари се зголемени за речиси илјада денари во споредба со јануари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, кој ја прави синдикалната потрошувачка кошничка. Синдикалната минимална кошница за февруари изнесува 67.382 денара и во однос на синдикалната минимална кошница во јануари е зголемена за 969 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати вредноста на синдикалната ...
Утрово пристигнала дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, продолжувајќи ја серијата на последователни закани кои се регистрирани во оваа институција овој период, информира „ТетоваСот“. Според првичните информации, веднаш по пристигнувањето на известувањето се преземени стандардните безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. Од надлежните институции се очекува да потврдат дали ...
Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираат дека на подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на „Фејсбук“ објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски. - Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. ...
Кочани е првата општина во земјава каде што ќе биде воспоставена бесплатна интернет-мрежа. Проектот има за цел да ја подобри дигиталната поврзаност на граѓаните на локации каде што тие најчесто престојуваат, учат, работат и се социјализираат. Со неа се овозможува бесплатен јавен интернет во 64 општини, односно пристап до интернет на плоштади, паркови, библиотеки, училишта и културни институции. - Министерството за дигитална трансформација ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечер во 19:00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната конференција насловена „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“. Конференцијата е во организација на Паневропската унија на Македонија во соработка со Паневропската унија на Австрија, Фондацијата Ото фон Хабсбург и Институтот на регионите ...
Во 8.30 часот утрово се измерени температури над нулата. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, температура од 1 степен е измерена во Берово, 2 во Крива Паланка и Струмица, 4 во Тетово, 5 степени во Прилеп и Охрид, 7 во Скопје - Петровец и во Виница и 8 степени во Куманово. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од ...
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон манастирот во месноста Пеленица во близина на Драчево, објави денеска на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски во делот „Проекти за трајна промена - Општина Кисела Вода“. Со завршувањето на зафатот, како што се наведува, е обновена коловозната конструкција и изграден нов тротоар, со што се обезбедува побезбедно и пофункционално ...
45 евра казна ќе добиваат возачите кои ќе влезат на крстосница на зелено светло, но поради метеж ќе останат заглавени во нејзината средина. Ова е предвидено во рамки на системот „Сејф Сити“, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во ваквите ситуации прекршокот нема да се смета за поминување на црвено светло, туку како попречување или забавување на сообраќајот на самата крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен, a по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе достигне над 60 километри на час. Како што информира УХМР, за викендот ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре ќе има услови за провејување слаб снег. Од недела следува период на стабилно време со високи дневни температури. ...
СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Т.Б. (25) од Куманово поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година. Ја искористил околноста дека ...