Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална царинска стапка од 15 проценти, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција внимателно ќе ја анализира ситуацијата. „Внимателно ќе ги проучиме точните последици, што може да се направи и ќе се прилагодиме“, рече францускиот претседател. Тој додаде дека „најфер можните правила подразбираат реципроцитет, а не толеранција на еднострани одлуки“. „Ако тоа ...
Вкупно 80 политички затвореници се ослободени синоќа во Венецуела како дел од неодамнешната амнестија, изјави претседателот на Парламентот, Хорхе Родригез. „Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија. Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот претседател Николас Мадуро од страна на САД. Законот, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека заедно со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, договорил да се испрати болнички брод во Гренланд, данска територија за која постојано повторува дека сака да ја анектира кон САД. Трамп го објави потегот на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во Белата куќа. – Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратиме одличен ...
Пет тела на мигранти, вклучувајќи две жени се пронајдени на брегот во Каср ал-Акјар, град кој се наоѓа 73 километри источно од либискиот главен град Триполи, изјави синоќа полициски офицер. Хасан Ал-Гавил, кој ја води истрагата, рече дека станува збор за тела на луѓе со темна кожа. Нивното пронаоѓање на плажата Емхамид Ал-Шариф во западниот дел од градот го пријавија локалните жители. Уште од падот на Гадафи во 2011 година, Либија стана ...
Пакистан соопшти дека извршил прекугранични напади врз милитантни бази во Авганистан како одговор на серијата неодамнешни самоубиствени напади за време на Рамазан, за кои тврди дека биле извршени од авганистанска територија. Нападите на Пакистан претставуваат повторна ескалација на конфликтот со земјата управувана од Талибанците, само неколку дена откако Кабул ослободи тројца пакистански војници во обид со посредство на Саудиска Арабија да ...
Една полицајка го загуби животот, а најмалку 15 лица се повредени во текот на ноќта во експлозии во градот Лавов во северозападна Украина, изјави градоначалникот на градот, опишувајќи го инцидентот како терористички чин. Според канцеларијата на регионалниот обвинител на Лавов, полицијата била повикана по полноќ во врска со кражба во продавница во центарот на градот, објавува Укринформ. Кога пристигнала патролата, се случила експлозија, по ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка, кој во моментов не се задржува на коловозот, информира АМСМ. Како што посочуваат оттаму, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...
Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги остават и гревовите со оставањето на мрсната храна, а во постот да се воздржуваат и од гревовноста. Прочка – Верниците меѓусебно си простуваат пред почетокот на Велигденскиот пост. Зборот „Прочка“ доаѓа од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ = простување или од „проштати“ = проштева. Прочка е духовната ...
Вечеравечер заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните и за мене најдраги инфраструктурни проекти, булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви. Оваа пракса на ...
Најниска температура од -6 степени Целзиусови утрово во 8:30 часот е измерена на Попова Шапка, каде има и највисока снежна покривка од 97 сантитметри. Во Mаврови Анови и Kрушево е измерена температура од -4, -2 во Берово, -1 Прилеп, 0 Крива Паланка, Штип, Охрид, Претор и Виница, 1 степен во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Кавадарци, 3 Демир Капија, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 4 ...
Французинките Емили Хароп и Тибо Анселмет денеска во Бормио го освоија златниот медал во мешаната штафета во скијачко планирање, со што ѝ го донесоа на Франција седмотo златно одличје на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026. Откако освоија сребро и бронза во своите поединечни дисциплини во четвртокот, во олимпиското деби на дисциплината скијачко планинарење, Хароп и Анселмет водеа денеска од почетокот до крајот, пред Швајцарците (Маријана ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро ги демантира изнесените наводи во јавноста од страна на новинарот Фуркан Салиу поврзани со натпреварите Вардар – Башкими и Шкендија Арачиново – Преспа. Ниту ФФМ, уште помалку претседателот Масар Омерагиќ, побарале, ниту дале било каква наредба за отстранување на албански знамиња на натпреварот Шкендија А. – Преспа. Таквите тврдења се целосно неточни и претставуваат груба манипулација со ...
Трамп не отстапува од царините по поразот во Врховниот суд на САД.. Од вторник воведува нова глобална царина од 10 проценти,како замена за оние што синока ги поништи Врхвовниот суд. Новата мерка ке трае до 150 дена а во овој случај ТРамп се повика на членот 122 од Законот за тргвоија од 1974 година, за кој не му е потребно одобрение од Конгресот за царини до 150 дена. . . Кандата и Мескико се поштедени со новиот маневар на ТРамп. - Денес ќе ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти. Објавата негова следи само еден ден откако Врховниот суд на САД ги укина неговите претходни царински тарифи од април минатата година. Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата Трут соушл дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти, ...
Да се повлече новиот предлог закон за извршување и да се вклучат забелешките од Конфедерацијата на синдикални организации. Бараат доверителот директно на должникот, односно на граѓаните да им ги доставува решенијата за неплатен долг, а не како сега , преку нотари, адвокати, извршители, сумата неколкукратно да им се зголеми. Образложението дека адвокатите не можат да ги најдат граѓаните на адреса, па затоа после ги даваат на извршител, според ...
Етикетата здрава храна сe почесто се доживува како гаранција за квалитет. Но, последните засилени инспекциски контроли на АХВ покажуваат дека зад полиците со јаткасти плодови, суво овошје и разни природни производи, не секогаш стојат и безбедни услови за потрошувачите. Агенцијата изминатава недела уништи еден тон небезбедна храна од 14 продавници за здрава храна од речиси 400 направени контроли. Наместо очекуваниот стандард, инспекторите во ...
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како што информира ОЈО, на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети ...
На 21.02.2026 година, инспектори од ЕВР-ОКР Кисела Вода поднесоа кривична пријава против И.Ш.(20), Х.С.(20) и А.Г.(19), тројцата државјани на Р. Судан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од КЗ на РСМ. Кривичното дело било пријавено на 19.02.2026 година, а се случило на трим патеката на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје, додека оштетениот М.Т.(27) од Скопје се движел ...
Забрзано се гради автопатот од Гостивар до Букојчани, во должина од 31 километар, кој треба да биде готов до крајот на 2029-та година. 600 вработени и над 500 градежни машини се на терен и во моментов работат на најсложената делница, долга 11 километри. Автопатот, дел од Коридор 8, ќе ја поврзе Македонија со истокот и западот и ќе гарантира регионална стабилност. Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура ...
Не е добар пристап Европската унија да се прошири со држави без право на глас, туку сите кандидати кои ги исполнуваат критериумите треба да имаат полноправно членство, ова е ставот на Мегународната паневропска унија. Прашањето за проширувањето на унијата со вакво сценарио се актуелизира за Украина, но и за кандидатите од Западен Балкан вклучително и Македонија, кои ако станат дел од ЕУ, со спортски речник би играле во “втора или трета лига”. ...
Бугарија нема да може да го искористи своето право на вето доколку Македонија, заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, го прифати новиот план на ЕУ за проширување преку т.н. асоцијативно, односно постепено зачленување. Сепак, покрај двата услови што ги бара Брисел – заедничка надворешна политика со Унијата и реформи во делот на владеењето на правото – за Македонија ќе остане и дополнителниот услов: уставни измени, вели премиерот Мицкоски за ...
Судската медицина продолжува со анализите од ексхумираната жена која е почината пред еден месец, кои треба да се споредат за да се утврди дали уапсениот 25 годишник од Куманово бил и нејзиниот убиец. Траги од него се бараат и кај старицата од селото Челопек која синоќа ја сними Сител и сведочеше дека и таа била нападната од истиот осомничен, но за среќа преживеала. Доказите кои ќе треба да се обезбедат ќе покажат дали во кумановско имало ...
Обвинителството им забрани на две фирми да копаат близу изворите од каде стружани пијат вода Додека го истражува случајот за загадувањето на водата во Струга, Основното јавно обвинителство затекнало работни машини на две правни лица од Велешта кои кршеле, ископувале и транспортирале карпи во поголем обем во непосредба близина на изворите во селото Шум. (Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член ...
Неколку сенегалски навивачи се осудени на затворски казни поради инцидентите што се случија за време на натпреварите од Африканскиот куп на нации, соопштија локалните власти. Според судските информации, осудените биле вклучени во нарушување на јавниот ред и непочитување на безбедносните протоколи на стадионот, што довело до интервенција на безбедносните служби. Надлежните институции оценија дека ваквото однесување претставува сериозно ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, откако Врховниот суд вчера ги укина неговите царинските тарифи од април минатата година. – Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social. Неколку часа претходно, Трамп ja најави за мерката, велејќи дека новите тарифи од ...
– Најмалку 10 лица беа убиени, а 50 ранети во израелски напад во долината Бека во Либан. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале командни центри на Хезболах во областа Баалбек, дел од долината Бека. Хезболах сè уште не го коментирал инцидентот. Според изралекси извори, меѓу загинатите е и висок претставник на Хезболах. Нападот е меѓу најсмртоносните регистрирани во источен Либан во последните недели и ризикува да го наруши ...
Најмалку 11 лица се повредени во украинскиот напад врз руската република Удмуртија, регион познат по својата одбранбена индустрија, соопштија денеска тамошните власти. Три лица се пренесени во болница, објави регионалниот министер за здравство на републиката, Сергеј Багин, на Телеграм во главниот град Ижевск. Нема потврда дали цел на украинскиот напад била фабриката за оружје во Воткинск, околу 50 километри североисточно од Ижевск, која ...
Европскиот суд за човекови права во Стразбур разгледува случај за кој се смета дека може да има далекусежни последици за присуството на верски симболи во јавните институции низ Европа. Случајот, познат како „Сојуз на атеистите против Грција“, е поднесен од страна на грчкиот Сојуз на атеисти, кои бараат отстранување на православни христијански икони од судниците, тврдејќи дека тие го нарушуваат правото на фер судење и слободата на мисла, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите. – Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот земјоделски саем во Париз, ...