Москва очекува Вашингтон да ја достави преодната верзија на планот за решение во Украина, договорен со Европејците и Украинците, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој рече дека Русија очекува САД да ја информираат за резултатите од разговорите со Украина и се надева дека тоа ќе се случи во догледно време, пренесува РИА Новости. – Имаме канали за комуникација со нашите американски колеги и тие се користат. Очекуваме ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека, доколку САД не одобри нова лиценца за Нафтена индустрија на Србија (НИС), и доколку стапат во сила секундарни санкции против Народната банка на Србија и комерцијалните банки, последиците, покрај прекините во снабдувањето со гориво, ќе вклучуваат и прекин на плаќањата, плаќањата со картички, па дури и прекин на одобрувањето на кредити. На вонредното обраќање, Вучиќ рече дека „се соочуваме ...

Нафтена индустрија на Србија (НИС) попладнево соопшти дека рафинеријата за нафта Панчево почнува подготовки за прекин на работата, поради недостиг на нафта за преработка, предизвикан како резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата. „Во првата фаза, постројките се пуштени во топла циркулација, а целиот процес се спроведува во согласност со законите на Република Србија, внатрешните правила на компанијата ...

На 24.11.2025 во 21:10 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Табановце, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од М.Ц. (30) од Р.Албанија, во кое што биле превезувани осум лица– мигранти, седуммина од Египет и едно лице од Судан. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по ...

Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал. По наредба ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“. Според информациите на СВР Охрид, тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. „Пријавениот, од 2016 година, ...

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното рочиште треба да бидат повикани и ...

Општина Кисела Вода денеска уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираат од локалната самоуправа. -Општина Кисела Вода ќе ...

Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец. Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот, а доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот, информира директорот на Секторот за комуникации и административна поддршка на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Ирфан Лимани во врска со изјавите на СДСМ, дека исплатата на ...

Во септември годинава во земјава вкупно се потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија. - Во септември 2025 година ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски може да ги посети САД во следните неколку дена со цел да финализира договор со претседателот Доналд Трамп за ставање крај на војната на Украина со Русија, изјави секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров. „Со нетрпение очекуваме да организираме посета на претседателот на Украина на САД во најраниот соодветен датум во ноември, за да ги завршиме последните чекори ...

Иницијативата Европскиот штит на демократијата ја одразува посветеноста на заштитата и зајакнувањето на демократијата низ целата Европска Унија, но и во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство, истакна еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт во дебатата во Европскиот парламент по Извештајот за Штитот на демократијата. – Основите на демократијата се потпираат на слободните луѓе, слободни и фер ...

По четврти пат Општина Штип ќе доделува стипендии и еднократни парични награди на ученици од основните и средни училишта, кои имаат значајни достигнувања на натпревари на државно и меѓународно ниво. Право на учество имаат сите ученици кои се редовни и да имаат освоено прво, второ или трето место на државни натпревари. - Од општите услови кои треба да ги исполнуваат учениците кои што ќе конкурираат, да се жители на Општина Штип и да се редовни ...

За кратко ќе се знае цената на струјата, којашто ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето дали ги добил пресметките за цената на струјата и дали се останува на цената од 62 евра за мегават час или пак ќе се зголеми. Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година тендерот за набавка на струја за домаќинствата ќе биде годишен, а не полугодишен како досега. - Оваа година, ...

Тендерот за изведувач на Универзална сала не поминал и идната недела ќе биде одново објавен. Според министерот за култура и туризам Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи за дополнителни два месеца односно до средината на јануари. -За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба или поплака во однос на изведувачот, кој беше единствениот изведувач. Според мене, проблемот не е ...

Сирените повторно не им дадоа мир на граѓаните на Киев. Руските сили го нападнаа градот рано утрово предизвикувајќи пожари во најмалку две станбени згради и убивајќи две лица. Нова воздушна тревога беше прогласена во главниот град по 5 часот наутро (по локално време. Службите за итни случаи соопштија дека имало сериозна штета на на делови од згради, но пожарот е ставен под контрола. Седумнаесет лица се спасени. Градоначалникот на Киев, Виталиј ...

Поранешен заменик министер за земјоделство, еден директор и уште тројца раководители се му осомничените во рамки на големата акција која од утрово ја спроведува полицијата во координација со ОЈО Скопје на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово. Според информациите до кои дојде Сител станува збор за малверзации со стоковите резерви. Лицата, со неизвршување на својата службена должност, придонеле да се изврши отпишување на 1.500.000 ...

Од Јавното обвинителство се огласија за трагедијата во тетовско каде полиција пронашла безживотно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. – Извршен е увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите поради сомненија дека смртта е резултат на кривично дело. Дадена е наредба за обдукција, наредба за подигање на возилото и други траги од лице место на кои ќе се ...

Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови. Според одбраната, се очекува да се дададат воведни зборови и обвинетите да се произнесат за вина на текст од ...

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Оваа година го имаме најголемиот интерес досега – стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните имаат желба, знаење и самодоверба да ...

Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток кога ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Стабилизирање на времето се очекува од недела, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, се посочува во соопштението, во четврток на ...

Германскиот ракометен гигант Магдебург, актуелен европски шампион, утревечер по втор пат ќе гостува во Битола. Ракометните клубови Еурофарм Пелистер и Магдебург, во официјален европски натпревар, прв пат силите ги одмерија во сезоната 2020-2021, кога во осминафиналето од ЕХФ Европската лига, Германците остварија две победи од 35:24 во Магдебург и 32:24 во Битола. Во четиридецениската меѓународна ракометна историја на Пелистер, во Битола ...

Поранешниот светски рекет број еден, Шпанецот Рафаел Надал, му искажа поддршка на тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. – Реал предводен од Алонсо моментално е прв во Ла Лига и е во добра позиција во Лигата на шампионите. Не мислам дека некој во клубот би одбил да биде во негова кожа во моментов. Ова е нов проект, а тимот има многу да научи. Куќа не се гради за еден ден, изјави Надал за „Мадрид Универзал“. Реал ремизираше двапати во Ла Лига – ...

Македонската кошаркарска репрезентација в четврток ќе го одигра својот прв натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2029 година. На 27 ноември, влезот во СРЦ „Кале“ каде ќе гостува репрезентацијата на Азербејџан, ќе биде слободен. – Македонската федерација ги повикува сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра машка репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар, за кој влезот ...

Претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, коментирајќи го исходот од вонредните претседателски избори во Република Српска, изјави дека обидот на високиот претставник Кристијан Шмит, „пробошњачките структури“ и „антисрпските елементи“ да ја дестабилизираат РС – пропаднал, пренесе РТРС. – Сè беше насочено кон дестабилизација на Република Српска, но не успеаја. Народот, во невозможни услови, гласајќи за (кандидатот ...

По пожарот што го уништи облакодерот „Вјесник“ во Загреб и апсењето на две помлади полнолетни лица, во хрватската јавност се отвори полемика за начинот на кој треба да им се суди и пресуди, како и за начините за надоместување на големата материјална штета, со оглед на тоа дека тие неодамна наполнија 18 години. Експертите утврдија, а властите одлучија, дека зградата на „Вјесник“ мора да биде урната поради опасност од уривање. Сега забрзано се ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември. Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во еерото беше десет сантиметри под месечниот просек. Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови или речиси идентично ...

Околу една недела по лансирањето, мисијата „Ескапејд“ (‘ESCAPADE’ – Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers) на НАСА веќе ги направи своите први слики – пар автопортрети коишто прикажуваат дел од вселенските летала, познати како „близнаци-истражувачи“, додека се оддалечуваат од Земјата. На 21 ноември, едно од двете вселенски летала „Ескапејд“ ги користеше своите камери „ВИСИОНС“ за видливи и инфрацрвени набљудувања, обезбедени од ...

Првиот пациент со малиген меланом од Србија веќе е во Москва за да ја прими новоодобрената вакцина против рак со mRNA. Професорот д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки од Крагуевац, кој воспостави соработка со професор Сергеј Бољевиќ во Москва, ја потврди таа информација за Нова.рс и истакна дека пациентот ќе започне со терапија во наредните недели, што ќе трае речиси пет месеци. Пред неколку дена, руското Министерство за ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1028
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.83
89%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 5ᴼ
1.1
98%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1028
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
93%
1030
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1027
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
4.12
95%
1028
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Рутениум

29192.88

Калај

43.15

Кобалт

58.42

Злато

139298.91

Иридиум

145787.60

Паладиум

53788.20

Алуминиум

2.92

Родиум

258813.51

Сребро

2105.58

Платина

62683.26

Цинк

3.04

Бакар

10.93