Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Мнозинството луѓе во Германија се противат на тоа земјата да преземе улога на воено лидерство во Европа, според анкетата на Форса нарачана од Фондацијата Кербер. Анкетата покажа дека 61% од испитаниците одговориле со „не“ кога биле прашани дали Германија треба да преземе таква улога, додека 38% биле „за“. Отфрлањето било највисоко во источна Германија со 75%, во споредба со 58% на запад. Анкетата, спроведена помеѓу 15 и 26 септември меѓу 1.503 ...
Јапонската премиерка Санае Такаичи и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за односите со Кина за време на денешниот телефонски разговор. Ова е нивен прв разговор откако јапонската премиерка предизвика сериозен дипломатски скандал со Пекинг со нејзината изјава за Тајван. Одговорот на Такаичи на прашање во Парламентот претходно овој месец, дека хипотетички кинески напад врз Тајван може да предизвика воена реакција од страна на ...
Актуелниот претседател на САД Доналд Трамп синоќа иницираше постапка за означување на одредени делови на организацијата „Муслиманско братство“ како странски терористички организации и како специјално назначени глобални терористи, што би довело до воведување санкции против едно од најстарите и највлијателни исламистички движења во арапскиот свет. Според соопштението на Белата куќа, Трамп потпишал указ со кој му наложува на државниот секретар ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека предложениот мировен план, кој моментално се разгледува со САД и Европа, содржи „правилни точки“, но дека чувствителните прашања ќе бидат дискутирани директно со американскиот претседател Доналд Трамп. Во своето вечерно видеообраќање Зеленски посочи дека по преговорите во Женева бројот на точки се намалил од 28 и дека во новата рамка се вклучени многу „правилни елементи“. -Во ...
Според проценките на Обединетите нации, минатата година на секои 10 минути била убиена една жена или девојка од партнер или член на семејството. Најновиот извештај за фемициди – убиства на жена или девојка поради нејзиниот пол – беше објавен вчера од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДК) и UN Women. Во извештајот се вели дека околу 83.000 жени и девојки биле намерно убиени во светот во 2024 година. Во околу 60 отсто од ...
Најмалку две лица се убиени, а шест повредени во текот на ноќта во руски воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските служби за итни случаи. Две лица се убиени, а пет се повредени во бомбардирањето на деветкатна станбена зграда во областа Днепар, а уште едно лице е повредено во напад врз зграда во областа Печерск, соопштија службите за итни случаи. Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана ...
Врховниот судија на иранската покраина Семнан објави дека лице осудено за силување и принудување на две жени е јавно погубено во Бастам. Главниот судија на покраината Семнан, Хоџатолеслам Валмуслимин Акбари, изјави дека случајот е под посебна истрага, за време на која е утврдено дека обвинетиот „измамил две жени и извршил силување со сила и принуда“, објави Мизан. Исто така, беше додадено дека обвинетиот користел „заплашување и закани“ за да ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди и ниски утрински температури. Во западните делови ќе има повремен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 10 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 2 степна, а ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување. Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во свечената сала на Владата. По завршување на настанот прес-конференција за медиуми ќе одржи премиерот. Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување ...
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб. ...
Најстудено утрово е во Берово, - 2 степена Целзиусови, а максимални 7 степени се измерени во Виница. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот 1 степен е измерен во Струмица и Крива Паланка, 2 во Скопје-Петровец, Велес, Тетово и Битола, 3 во Скопје–Зајчев Рид, Охрид и Прилеп, 4 во Гевгелија, Штип, Кавадарци и Маврови Анови, како и 5 степени во Демир Капија. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во ...
Секој чекор од мировниот процес предводен од САД за Украина мора внимателно да се разгледа за да се обезбеди траен мир и безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од ДПА. „Украина работи што е можно поконструктивно“, нагласи Зеленски во соопштение објавено на Телеграм. Претходно тој се обрати преку видео врска до учесниците на Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм. Зеленски рече ...
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на неjзиниот фејсбук профил објави дека по пет години од поднесувањето на апликацијата пред Европскиот суд за човекови права, во однос на пресудата против неа за предметот „тенк“ за набавка на блиндирано возило за потребите на државата, Судот во Стразбур ги потврдил повредите на правото на правично судење во предметот. -Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара ...
Скептицизмот кај младите дека Македонија никогаш нема да стане членка на Европската Унија го вклучи алармот, барем во Законодавниот дом. Пратеници од младинскиот клуб, експерти и млади дебатираа – како да се убедат младите дека е можно Македонија да влезе во европското семејство. Ова доаѓа по публикацијата на Институтот за добро управување која укажува дека речиси половина од младите не веруваат дека Македонија некогаш ќе стане дел од ЕУ. ...
Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од испукан куршум и постои првично сомневање дека е застрелан. Случајот рано утринава во 2 часот во СВР Тетово го пријавила 33 ...
Строго и внимателно ќе се следат настапите и концертите на естрадни уметници. Премиерот Мицкоски по апсењето на српскиот пејач Аца Лукас викендов во Каварадци, вели дека законите за ваков тип на настани се јасни и ќе важат за сите. Иако Лукас преку видео на социјалните мрежи обвини дека акцијата била насочена лично кон него со наредба од врвот на македонските власти, сепак премиерот вели дека воопшто не знаел за приведувањето. Јас и не знаев ...
Полицијата распиша потерница за пронаоѓање на Ремзи Мифтари кој треба да отслужи 10 годишна затворска казна за автобуската несреќа кај Ласкарци. Откако претходно одењето во затвор го одложи со операција на кила на тестиси, сега Мифтари стана недостапен за судот во Гостивар па тој побара МВР да го бара со потерница. Во меѓувреме Од скопскиот кривичен суд пак информираат дека осудениот Јане Бабаровски кој доби затвор од пет години од пред две ...
Власта ќе формира нова анкетна комисија во Собранието, што нема да ги испитува само околностите и одговорноста за трагедијата во Кочани, туку ќе ги разгледа и пожарот во модуларнатра болница во Тетово и автобуските несреки на БЕСА Транс и Дурмо Турс. Владејачките ВМРО ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се решиле на ваков чекор бидејки минатонеделниот предлог на СДСМ и Левица бил фаличен во составот, а и не ги опфаќа претходните несреќи како што очекуваше ...
Двајцата инспектори на УЈП меѓу кои и братот на претседателката на кривичниот суд, остануваат во куќен притвор. Иако обвинителството во Кочани бараше Драганчо Паунов и Дуле Димитриев да одат во ефективен притвор, судот не го прифати барањето и ги одби жалбите на двајцата даночни инспектори осомничени дека го алармирале сопственикот на дискотеката кога УЈП ќе прави контроли во „Пулс“. „Советот од тројца судии при Основен суд Кочани, постапувајќи ...
Европскиот Суд за човекови права побарал информации од Владата за постапката која таму ја води екс министерката Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“. Овој чекор значи дека Стразбур отвора постапка по жалбата на Јанкулоска дека во предметот за набавката на блиндираниот Мерцедес биле повредени нејзините права на правично судење Ова практично значи дека судот се сомнева дека во незаконските бомби можеби имало и снимки кои ќе потврдат дека ...
Сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат општините ќе се решаваат со експертка помош преку Ресурсниот центар кој го промовира Министерството за локална самоуправа. Градоначалниците преку една точка ќе можат да остваруваат поголема меѓусебна соработка, да креираат програми за развој, а од следната година ќе им биде достапна и ажурирана база на даночни обврзници за да се детектираат должниците. Премиерот Мицкоски ги повика градоначалниците ...
Новите станови кои се продаваат за првпат и натаму ќе се даночат со повластена стапка од 5 отсто ДДВ. Мерката која се применува 15 години и истекува на 31 декември, ќе продолжи да важи и од 1 јануари. Од Министерството за финансии велат дека предложените измени веќе се во владина процедура. Здружението на градежништво го поздрави ваквиот чекор. Сметаат дека најголем бенефит ќе имаат купувачите. „Доколку оваа мерка во 2010-та година беше донесена ...
Малку е веројатен пробив оваа недела за мировниот договор за Украина, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по денешните консултации со лидерите на Европската Унија. – Тоа е напорен процес, рече Мерц по разговорите на маргините на самитот Европска Унија-Африканска Унија во главниот град на Ангола, Луанда. „Во најдобар случај, оваа недела ќе има мали чекори напред“, додаде тој. Коментарите доаѓаат откако претставници на САД, Европа и Украина ...
Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети. Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со Русија, но не дадоа детали за тоа како ќе се решат некои ...
Психолог од ЈЗУ Општа болница во Струга, магистер по специјална едукација и рехабилитација и психотерапевт со долгогодишно искуство и бројни обуки што лично ги финансирала во последните 14 години, останала без работа веднаш откако информирала дека е бремена, пишува СДК.мк Поради силниот стрес од непродолжувањето на договорот и фактот што по нејзиното заминување во болницата биле вработени 65 нови лица, жената го изгубила своето бебе во 27. ...
Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински ...
Кочанскиот суд ги одби жалбите на јавното обвинителство со кои бараше куќниот притвор за осомничените инспектори на УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев да го замени со ефективен затворски притвор. „Советот од тројца судии при Основен суд Кочани, постапувајќи по изјавените жалби од страна на ОЈО Кочани против решенијата на Судија на преходна постапка со кои спрема двајца осомничени им беше определена мерка за обезбедување присуство – Куќен ...
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди ...
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 75 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 77, а ЕУРОДИЗЕЛ БС ...
Безбедноста е темел на Националната развојна стратегија, безбедно и отпорно општество е предуслов за развој на држават, истакна заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени во своето обраќање на состанокот на Работниот комитет на Националната развојна стратегија, кој беше посветен на темата „Безбедно општество со фокус на внатрешната безбедносна политика“. На настанот, како што соопшти МВР, присуствуваа и постојаниот претставник на УНДП, ...