Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Состојбата со водата во Гостивар посетепено се стабилизира. Бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење. Водата може да користи како техничка вода. Агенцијата за храна и ветеринарство е таа која што ќе каже кога водата ќе биде добра за пиење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој воедно е ...
Националниот дата центар којшто сакаме да го изградиме нема да биде со хипер големина, туку се работи за мал дата центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност којшто ќе служи исклучиво за потребите на државата - изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според Андоновски, на државата и треба ваков мал дата центар каде ќе бидат сместени 20-тината дата центри коишто сега се распоредени низ целата држава. ...
Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна ...
Вооружен со пиштол, тајландски тинејџер уби пет вработени во средно училиште, откако претходно ги убил своите баба и дедо. Убиените се наставници и персонал од училиштето. Во нападот биле повредени над 20 лица, од кои девет се во критична состојба. Тинејџерот, кој имал 14 години, го употребил пиштолот на својот дедо. Испукал 26 куршуми, а по нападот се самоубил. „Ова е тажен инцидент, но исто така беше и среќа што сè заврши, бидејќи студентот ...
Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги – објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, поради што повремено се ...
Иако е толку мала што е пократка од зрно ориз, најмалата коска во човечкото тело има исклучително важна улога. Станува збор за стапесот, познат и како узенгисна коска, поради неговата карактеристична форма која потсетува на узенгија. Стапесот е долг приближно 3 милиметри и се наоѓа длабоко во средното уво. Тој е една од трите ситни коски во увото, познати како слушни коски. Другите две се чеканчето (malleus) и наковалната (incus). Кога ...
Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...
Тетовец пријавил дека бил измамен при продажба на товарно моторно возило и дека останал и без возилото и без договорените 11.000 евра. Случајот вчера бил пријавен во СВР Тетово од 59-годишен жител на тетовско село. Според неговата пријава, во април годинава се договорил со С.Б. од Скопје да му продаде товарно возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Договорената цена изнесувала 11.000 евра, а плаќањето ...
Момче од Македонија паднало од тобоган на летување во Бодрум и се здобило со скршеница на вратен пршлен. Утре ќе биде транспортирано од Турција во Македонија со владиниот авион, потврдија од Службата за општи и заеднички работи. Лицето било хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет ниту со возило. Денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите ...
Момче загина попладнево на патот Радишани кон Побожје по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, информацијата ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош - Скопје. Според првичните информации, момчето - мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година. - По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот - изјави доктор ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на улицата „Радишанска“ во Скопје, при што животот го загубил 19-годишен мотоциклист. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а учествувале патничко возило „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот С.Б., и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Н.М. од скопско. Од здобиените повреди, младиот мотоциклист починал на ...
Институтот за јавно здравје продолжува да ја унапредува мобилната апликација „Беббо“, со цел родителите да имаат лесен пристап до сигурни и научно - засновани информации за здравјето и развојот на децата. Во рамките на Светската недела на доењето, апликацијата е дополнета со нови содржини, соопштија денеска од Институтот. Новите содржини на апликацијата вклучувале прашалник за родители - „Доење: практики, искуства и потешкотии“, информации ...
Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под ...
На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 ...
На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...
На 06.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето на Центар замолил едно машко лице да му помогне да извади пари од банкомат, но откако ги извадиле, лицето со употреба на сила ги земало парите и се дало во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР. На 06.08.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, С.С.(35) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот на подрачјето ...
На 06.08.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е ...
Нискиот водостој на Дунав продолжува да открива остатоци од Втората светска војна. Откако неодамна во Србија ниското ниво на реката откри германски воени бродови, сега слично откритие е направено и во Будимпешта. Во близина на пристаништето на плоштадот Батјани, спроти унгарскиот парламент, сушата откри германски воен мотоцикл стар повеќе од 80 години. Се претпоставува дека станува збор за модел DKW NZ 350-1, специјална верзија на мотоцикл ...
Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години ...
Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...
Вооружениот 14-годишен напаѓач, кој денеска отвори оган во училиште во близина на тајландскиот главен град Бангкок, првично ги застрелал своите баба и дедо во нивниот дом пред да се упати кон училиштето, соопшти тајландската полиција. Според најновите податоци од тајландското Министерство за здравство, објавени од Би-би-си, билансот на пукотницата е осум мртви, во која ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години убил пет ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сеута, по масовниот прилив на мигранти од Мароко минатата недела. Состанокот ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а Санчез ќе го води од државната резиденција Ла Марета на островот Ланзароте, објави ЕФЕ. Целта на средбата е да се координираат активностите на различните министерства и да се ...
Рано утринава, уште во 7:20 часот, на плажите во Полихроно, Грција, веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако самите плажи во тој се празни. Фотографиите се објавени во Facebook групата „Грчка инфо“, со краток опис: „Добро утро од Полихронo. Во 7:20 нема место на плажа.“ Снимките покажуваат интересна глетка – целата плажа е „зафатена“ со пешкири и столчиња, но без туристи на нив. Објавата привлече голем број коментари и реакции ...
Со натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс што се игра попладнево со почеток од 17 часот на стадионот Чаир ќе стартува второто коло од Првата фудбалска лига. Ова ќе биде и единствениот натпревар што ќе се игра денеска. Утре на програмата се два дуела во два термина. Во 17 часот во Куманово, Башкими го пречекува Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19 часот во Штип, Брегалница е домаќин на Арсими. Во недела двата дуела се играат во 17 ...
На 06.08.2026 во 17:35 часот во с.Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(77) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. При претрес во негови простории во с.Стрезовце, извршен со судска ...
На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ ГOБ “8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата - носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. - Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата ...
По повод одбележувањето 75 години од основањето на Музејот во Охрид, денеска напладне во Галеријата на икони ќе биде претставена исклучително вредната мозаична икона „Исус Христос на престол“ од XIV век. Мозаичната икона била откриена во 1960 година во црквата „Св. Богородица Перивлептос“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок пример на пренослива мозаична икона од византискиот период и значајно дело од охридското културно наследство. ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...