Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Израелскиот претседател Исак Херцог ја пофали улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во посредувањето за договорот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас за ставање крај на војната во Газа, изјавувајќи дека Трамп заслужува Нобелова награда за мир за своите напори. -Нема сомнеж дека тој ја заслужува Нобеловата награда за мир за ова, напиша Херцог на X. -Овој договор ќе донесе моменти на неописливо олеснување за драгите ...
Израел и милитантната палестинска организација Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Трамп на Truth Social. -Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу скоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи до договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир, напиша Трамп. -Ова е голем ден за арапскиот и муслиманскиот свет, за Израел, сите соседни нации и ...
Семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас го поздравија договорот за нивно ослободување, опишувајќи го како „важен и значаен чекор напред“ кон враќање на сите заробени дома. Во соопштение на платформата X, Форумот на семејствата на заложниците изјави дека договорот ќе овозможи живите заложници да се обединат со своите семејства, а телата на починатите да бидат вратени за достоен погреб во Израел. -Ова ...
Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави објавувањето на договорот, кој предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и отворање на хуманитарна помош за Газа. „Ги повикувам сите страни целосно ...
Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа. Договорот вклучува прекин на огнот, размена на заложници и повлекување на израелски сили. Жителите на Газа почнаа да излегуваат на улиците во еуфорија, а на договорот еднакво се израдуваа Палестинците во Кан Јунис, како и родителите на израелските заложници кои конечно ќе имаат можност да бидат со своите деца по повеќе од две години. Семејствата на заложниците ...
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе присуствуваат на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „Боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе биде презентирана и новата набавка на униформа за припадниците на Армијата, ...
На единаесеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со претставување на своите програми и кандидати пред граѓаните. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Зелениково, Илинден, Центар и Кисела Вода, додека СДСМ ќе најавија ...
Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле. Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари. Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле. Процедуралните ...
Во периодот од 01.01.2025 година заклучно со минатиот месец 30.09.2025 година во рамки на континуираните полициски активности во делот на сообраќајот во сите Сектори за внатрешни работи, вклучително и активностите на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се 18.458 возачи кои учествувале во сообраќајот без притоа да имаат возачка дозвола. Притоа најмногу вакви прекршоци се евидентирани на подрачјата на ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Во спроведената претходна постапка, како што наведуваат од Обвинителството, обезбедени се докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската заедница – директор ...
Конзервативната партија Браќа на Италија на премиерката Џорџа Мелони поднесе предлог-закон, кој предвидува забрана за носење бурка или никаб на јавни места, присилните бракови помеѓу муслиманите и финансирањето на џамиите. Предлог-законот е дел од борбата против исламскиот сепаратизам и да се спречи создавање на „контраопштество“ во Италија, каде националните закони ќе бидат потиснати или заменети со шеријатот. За прекршителите, со ...
Максимална тригодишна казна затвор за тројцата обвинети за дивата депонија Вардариште. Кривичниот суд одлучи дека обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи се виновни за загрозување на животната средина. Тие од 2020-та година направиле инпровизиран склад без да формираат фирма. Во складот одлагале железо, стари акумулатори и отпад. По барање на Обвинителството, Судот одлучи тројцата да останат во притвор до правосилност на одлуката ...
Приведена сопругата на д-р Шаини кој вчера беше застрелан. Полицијата ја лиши од слобода 43г. тетовчанка поради сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг. Идентификуван е и напаѓачот кој испука неколку куршуми во возилото во кое беше кандидатот за советник од Липково. Се работи за 36г маж од Гостивар. „Во врска со настанот на службен разговор се повикани шест лица, а во домот на Б.С(50) од Куманово по судска наредба е ...
Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски двојки за претстојното машко Европско првенство што од 15.јануари до 1.февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Меѓу 18-те двојки за првпат ќе има и две македонски двојки. Своето деби на Европско првенство ќе го имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Секако очекувано на шампионатот се и едни од најдобрите ракометни светски судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Самиот факт ...
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо стана првиот фудбалски милијардер во историјата, објави „Блумберг“. Четириесетгодишниот Роналдо ја мина границата од една милијарда евра со неговото последно продолжување на договорот со саудиски Ал Наср, во вредност од нешто помалку од 360 милиони евра. „Блумберг“ го проценува богатството на Роналдо на нешто повеќе од 1,2 милијарди евра со што Португалецот стана првиот фудбалер во историјата ...
Претседателката на ЕК обвини дека Русија сака да посее поделба меѓу земјите членки на ЕУ, па затоа, според неа, тие мора да одговорат со единство и акција на солидарност. Нешто ново и опасно се случува на нашето небо, при што само во последните две недели борбени авиони МиГ го нарушија воздушниот простор на Естонија, а дронови прелетаа над критични локации во Белгија, Полска, Романија, Данска и Германија, изјави претпладнево претседателката на ...
По наредба на Трамп, 200 припадници на Национална гарада на Тексас пристигнаа во Илиноис, пред планираното распредување во Чикаго, на кое остро се противат локалните власти. Американскиот претседател тврди дека присуството на војниците е неопходно за да се смири насилството во градовите контролирани од демократите, да се сузбие криминалот и да се поддржат неговите иницијативи за депортација. Државата Илиноис и градот Чикако поднесоа тужба за да ...
На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип - Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани. Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и ...
Со сослушување на сведок предложен од Основното јавно обвинителство, денеска продолжи судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, којшто заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Сведокот Александар Гаќев, сопруг на сега веќе почината пациентка пред Судот кажа дека по предлог на Васев, неговата сопруга примала терапија според експериментална програма. Лекувањето, посочи ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. На 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на присутните гости. По преземени мерки во ...
Во зградата на ЈП за Државни патишта, во центарот на Скопје, во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ било пријавено дека е поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава на терен се полицијата и екипите на антитерористичката единица при МВР. - Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле ...
Центрите за јавно здравје низ државава обезбедија 2.400 комерцијални вакцини. Од нив 1.000 дози има во Центарот за јавно здравје-Скопје. Примањето комерцијална вакцина ќе чини 700 денари, информираа за МИА од Министерството за здравство. Министерството за здравство вчера соопшти дека почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата ...
Кривичниот суд Скопје денеска ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата Вардариште. Тројцата обвинети ја признаа вината за кривичното дело „загрозување на животната средина и при природата со отпад“, а Судот одлучи да ги казни со максималната законски предвидена казна. Сите тројца добија максимална казна затвор од три години. Според обвинението, тие во периодот од 2020 до ...
Во тек e голема полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога. Од МВР велат дека се вршат претреси на повеќе локации, а детали најавија за утре. - Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден, велат од МВР. Според ...
Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видео надзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и ...
На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува ...
Исти проблеми, стари барања. Да се изгради инфраструктура до зоната во Визбегово, каде се лоцирани над 100 компании и работат околу 8,000 лица. Комората на северо-западна Македонија ги презентираше приоритетите пред лидерот на СДСМ. Бараат и домашните компании да имаат ист третман како странските кои се лоцирани во зоните, затоа што парите нашите ги оставаат дома, во матичната земја Економијата е во колапс, прогнозите на меѓународните институции ...
Владата ќе продолжи да води стабилна макроекономска политика без зголемување на даноците и без промени во старосната граница за пензионирање. Ова денеска го порача премиерот Христијан Мицкоски на средбата со претставници на бизнис заедницата во Струмица, каде што ги презентираше економските приоритети на извршната власт. Премиерот нагласи дека се очекува инфлацијата да продолжи да опаѓа , а економскиот раст во наредните два квартали да остане ...
Три градинки и едно училиште парично се казнети од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Несоодветно чувале и приготвувале храна за деца, а хигиената во кујните не била на задоволително ниво, констатирале инспекциските служби на АХВ за време на контролите во воспитно образовните установи во цела Македонија. Само во септември со почетокот на учебната година инспекторите спровеле 23 вонредни надзори во училишта и 91 контрола во градинки. ...